Знаат колку години има, дека нема запишано/завршено факултет и дека неговите се разведени. Од ова колку информации можат да изведат за неговиот карактер? Ич?
Да, ич, но јас од прво сфатив дека ни толку не знаат. Небитно. Многу е чудно што сеа дотолку те контролираат, со доаѓање ненајавени, со закани, глупости. Не знам, нема логика. Можда ти си утнала негде, си сменила понашање, си имала некој кикс. Не може преку ноќ така да се сменат ако досега биле скроз ок. Плус дечкото не го знаат за да го “осудат”, а според пишаното не делуваат ко такви луѓе. Да биле такви и претходно ќе покажеле рогови... Многу чудно.
Изгледа им смета тоа што се променив. Според нив, тоа било поради него, иако не е точно. Само веќе не си преќутувам, се спротивставувам, си кажувам шо ми смета и какво однесување нема да толерирам, и тоа нема никаква врска со него.
Дали си 100% сигурна дека не си сменета заради него? Дали си сигурна дека не си жртва на манипулација и си заљубена и слепа? Не мораш мене да ми одговориш туку размисли си сама малку подлабоко. Имав таква врска, драстично се сменив мислев дека се борам за љубов уствари испаднав најголема глупача на крај. Среќа моите родители не ме оставија и покрај тоа што бев многу лоша со нив. И мене ме проверуваа нонстоп, ми се појавуваа на врата (и јас живеев сама), ми ветуваа сешто само да го оставам, а јас одбив се и бев спремна да живеам во сиромаштија со него (не работеше и коцкаше во кладилница). После кога сфатив што правам не можев моите во очи да ги погледнам, се извинував секој ден и си мислев како не ми ги искршија нозете пред 5 години да не можам да станам од кревет да го видам. Помалку ќе ме болеше. Ти ја раскажав накратко мојата приказна за да ме разбереш што сакам да кажам. Од напишаното не делуваат како токсични родители туку како загрижени и те молам размисли си дали вреди за тој дечко да поминуваш низ пекол. Со среќа.
А дечко ти каков е, нешто за него? Ако биле толерантни за претходниот и во средно си имала слобода, нема шанси од нигде никаде сега да се вакви за овој и да те контролираат.Родители кои се токсични се секогаш такви, а не повремено. Јас истото го мислам како Јана, размисли убаво дали не го прават тоа за твое добро и многу битно размисли дали твојата промена е позитивна или не и дали си правиш некаква штета.Ама биди реална.
Па и јас спаѓам овде мајка ми е биполарна 100 посто кога е во добро расположение кога во лошо или сум јас пречуствителна незнам, улеземем у соба кај неа она нон стоп е на телефон ни да ја подигне главата ни ништо тоа ме највеке разочарува, сама одам по психијатри заболекари, никогаш не е дошла со мене да ми биде подршка од како сум полнолетна, среќа имам пари и добра заработка па не сум зависна од неа ако сум зависна со еден пар фармерки ке одам 2 години... Воопшто не ми е никаква подршка, не чустувам мајчинска фигура енергија, подршка напроив како страец дома кој е нонстоп на социјални мрежи и нема 2 минути време за разговор.
сосем исто и кај мене беше. Никакво внимание не добив никаква поддршка никогаш не ме сослушала не ме поддржала... Уште и згора на се муабети ми има ваѓано, за се што ми се случило си има таа своја верзија. Да ме гушне некогаш .... Скраја да е. Немало такво нешто. Само што мојава не користела никакогаш социјални мрежи. Нејзе кафето и турските серии како и комшивките и неа окупација.
Исто и мајка ми , ниту ми се јавува ниту прашува како сум , единствено знае да ми зборува кога ќе си купам некој работи облека или штикли да ми зборува како трошам многу пари . Јас бев во болница два месеци ниту ми се јавила да праша како сум или што сум јадела или дали сум испила лекови буквално воопшто не се замара со мене исто и со брат ми он е 13 години со нив живее ниту го проверува дали станал на време за во школо ниту дали напишал домашна буквално ништо не се замара само си гледа серии и дреме на таблет а за татко ми да не правам муабет. Јас никогаш не сум осетила родителска љубов, јас не знам што е тоа. Ниту поддршка сум добила од нив за нешто. Кога ќе дојдам кај нив таква негативна енергија чувствувам и да не направат ништо. Срцето ми се кине што вака зборувам но ужасни родители се , за жал не ги бираме родителите. Од друга страна за мене чичко ми ми е и мајка и татко јас сум пресреќна што го имам не знам што би правела без него. Он ми е поддршка за се и секогаш е тука за мене . Со солзи го пишувам ова .
Како може да постои ваков родител? Како и зошто? Зошто???? Многу е невкусно да кажам, ама зошто деца сакаат, вакви родители? Не разбирам и никогаш нрма да разберам.
Затоа што така требало... Така треба,ме полуде додека не се омажив,сега дека далеку сум мажена кога ќе дојде ме гушка... 27 години не се сеќавам да ме гушнала ,сега... Не ми е ни пријатно ко ќе ме гушне ,ни па осеќам потреба од нејзина прегратка.
Ниту јас , подобро да немале деца. Се чувствувам како да сум далеку посозреана од нив , јас мајка ми не се сеќавам кога ме гушнала? Дали воопшто ме гушнала ме знам ,никогаш не ми има речено те сакам. Искрено многу им љубоморам на тие што имаат прекрасни родители за жал јас никогаш нема да осетам родителска љубов. Поради нив одам на психијатар мајка ми ниту еднашка не ме прашала ништо во врска со тоа а татко ми е многу против тоа кога му кажав дека ќе почнам да одма на психијатар он ми го рече ова , цитирам " Јас не знам што ти е на тебе од здраво право убаво девојче со сила се правиш луда , на работа кога ќе ме прашаат за тебе што ќе им кажам " . Јас пробувам да се помирам дека никогаш нема да се сменат но многу ми е тешко. Кај чичко ми живеам уште од летоска и почнав да одам и на психијатар . Многу ми помагаат разговорите со психијатарот.
Не токсична не знам како да ја наречам. Друг некој да ми го кажува ова ќе нема да поверувам. Татко ми ме лажеше дека има рак . Зошто? Затоа што сметал дека не го сакам доволно и дека така повеќе ќе го сакам и ќе сфатам колку вредел......
Да се поправам да не бидам сфатена погрешно , затоа што сметам дека погрешно се изразив. Додека бев во болница постојано ми се јавуваа и доаѓаа во посета но поради ковид не ги примаа и моравме јас да искочам на тераса а они од доле да ми мафтаат. Не смеам да се пожалам за тоа секој ден доаѓаа и тоа по неколку пати понекогаш . Но откако се вратив од болница имаше периоди каде што не се замара дали сум јадела дали сум испила лекови.
Биди силна, гледај да си погодиш тебе да ти е убаво. Знам дека боли, ама нека ти бидат пример за тоа каков родител не треба да бидеш ако некогаш имаш свое дете.