Токсична врска со родител

Дискусија во 'Психологија' започната од thequeen95, 27 ноември 2019.

  1. Mazegin

    Mazegin Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    105
    Татко ми се понаша дивјачки, се дере ако не е по негово, додека студирав ми збореше дека не смеам да имам ниту еден неположен предмет, ако не ќе ми ги земел документите од факс ќе ме отпишел. На крај од семестар не можев да пристигнам и ми ствараше дополнителен стрес од тоа што тој го зборуваше и му реков дека ќе се отпишам. Се отпишав, сите знаеа дека многу сскав да учам, ми велеа татко ти ли те отпиша, јас глупа тогаш реков не јас неќев да учам.. Требаше да им кажам како се однесувсше.
    Додека студирав, ми ги броеше парите, на секое одење за Скопје ми збореше само за пари, за цела недела ми оставаше само 200денари, а му имав кажано дека храната во студентски беше многу лоша. И покрај тоа што финансиски бевме одлични, немаше потреба ни за студентски да седам, ниту по 200денари да носам неделно за во Скопје, ама го правеше намерно за да не сум се разгалела многу, и изговор му беше дека имам сестра помала дека и за неа ќе требале пари, а знаеше дека сестра ми немаше желба да студира.
    Додека учев, збореше за ѓабе учиш, нема кај да работиш, ти си глупа што си го трошиш времето вака. Оди работи.
    Го оставив тогаш факултетот, почнав со работа, ми контролираше кај сум ги трошела парите, па ми правеше финти имаш ли 200евра да ми позајмиш само за да види дали имам пари у мене. Дали штедам.
    На теретана одев за кифозата, мајка ми финансираше, и рече нема да и даваш пари, нема да одиш веќе, што има да му се прчиш на шипки на тој инструкторот таму...:x има денес се на интернет од интернет учи..
    Исто на сред караница ми фрли чаша вино у фаца, јас бев свртена со грб само што се свртив со лице, ми го фрли виното у фаца. Ме чукаше силно по грб да сум внимавала како сум се однесувала а ништо лошо не сторив.
    Ми збореше лоши работи за дечко ми, како бил прост. Ова у повеќе наврати.
    Намерно ми збореше како некој лик бил поубав од мене, за да ме истренирал да не сум била мекуш и да не плачам на секој збор. Ова константно го правеше неколку месеци.

    Не се издржува, не можам да го поднесам дома. Кај братучедка ми седам неколку дена да ја одморам главата бидејќи е многу токсичен.
    Ми ја уништи иднината, кариерата, немам правец во животот заради него. Немам цел, а имам 22години.
    Не знам што понатаму. Психички попуштам луѓе..
     
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.281
    Допаѓања:
    6.712
    Пол:
    Женски
    @Mazegin прво да си се вратиш на факултет. Ако треба врати се назад и издржи уште малку. Тоа е броено време на факултетот, после работа ќе си најдеш, па и место некаде под кирија. Никако немој да не го завршиш, игнорирај ги луѓето, зацрти си цел и гоу фор ит. Ама најозбилно.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FridaodaMk

    FridaodaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Не можам да повервам какви родители постојат. Фрустрации лечат на децата. Возрасна си ако имаш баба дедо живи побарај помош да те финансират да си го завршиш факултетот. Немој да се откажуваш сепак тоа е твојата иднина, а не на твојот родител. Па со 200 денари не можиш цела недела да преживејш во Скопје. Сташно
     
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.281
    Допаѓања:
    6.712
    Пол:
    Женски
    @thequeen95 што направи..одамна те нема?