Засега немам.. ама се надевам дека прилика ќе ми се отвори. Затоа системот на страна дозволува младите да си живеат оделно... овде за здробив од работа и по кирија неможам да си дозволам да бидам.
Треба да разговараш со домашните ако упорно ти кажуваат да студираш медицина или што и да е, а тоа не го сакаш. За се што се учи мора да постои љубов и желба, со сила не се завршува. По студиите треба да работиш долги години, ако не го работиш тоа што те исполнува и што те прави среќна џабе е и работа и плата и се. Понуди им ги сите опции кои ги имаш со факултетот кој го сакаш, кажи им дека не е морално да останеш во тој град, дека во иднина ќе мораш да се осамостоиш. Претпоставувам дека ќе ти речат ние најдоброрто го мислиме за тебе и твојата иднина, ама ќе кажеш ако го мислите најдоброто тогаш ќе гледате каде јас сум среќна, каде ме исполнува тоа што го работам и што го учам. И за другово обиди се да разговараш да кажеш што ти смета, ќе бидеш упорна, ако и после се не успее ќе ги игнорираш, додека не се осамостоиш.
Што се прави кога мајка ви ви се меша у животот за све? Ама буквално за све? Последен пример кошула за сликање на матура. Идеме низ гтц и викам "оваа ја сакам". Ми вика "што бираш глупости". Си викам така? Добро. Ме носи у друг бутик ми вика "ти се свиѓа ова" и викам "незнам тебе дали ти се свиѓа". Искачаме од бутикот и ми се дере зашо сум била таква, зашо така се понашам со неа. И нормално купив кошула каква што сакаше она не ја. У понеделник се сликам и ме фаќа уште сега нервоза пошто ќе ми се меша како да ја носам косава. Некни се испокарав за глупости, за пари. Ми купи јакна од 1490, патики од 1800, и тренерки од 500-600. И ми вика "ти знаеш колку пари дадов јас за тебе?". И викам "добро ти незнаеше да речеш од моите да трошам?". Почна да се дере како сум била неблагодарна, незнам што незнам како. Моментално ми чади главава од нервоза само што го пишувам ова и што се потсеќам.
Штом ти се меша во се, разговарај со неа, кажи и што ти смета и дека не си веќе на таа возраст каде што треба да има целосна контрола врз тебе. Не знам каква е ситуацијата меѓу тебе и мајка ти, ама мислам со смирен разговор би и дала до знаење дека треба да постави некоја граница до каде треба да оди. Не се нервирај.
од една страна те разбирам сум била во такви ситуации… и знам како размислуваш. Од друга страна ги разбирам родителите.Стресот и немањето финансии им ги испокина живците. И несвесно им е влезено во карактерот да се истураат на децата. И нормално произведуваат деца со комплекси. Единствено решение е човек да се осамостали и да работи и живее посебно. Што овде е тешко, а ако си млада и шансите за работа не се големи. Ако си во прилика вработи се и имај свои пари, барем за облека. Јас така еден фустан што купив за мајка ми беше врека и фустан за баба се додека не виде една принцеза која го носела истиот и за неа сега во тој фустан изгледам како принцеза. Ако си избувлива како мене потешко ти е. Обично тие кои не си зимаат при срце вакви муабети и го гледат иходот и аха повеке успеват. Со родители тешко оти со разговор ке се разбереш. Самосталноста е решение, само тоа.
Devojko ne si ti voopsto kriva ni 1%,ako imas roditeli sto vrsat kontrola i ti go zemaat zivotot sto e tvoj.Poveketo ne se ni svesni deka imaat toksicni roditeli,jas imav kako dete i uste imam .Tie ne se menuvaat ni koga stanuvas vozrasen, imas svoja kuka ,pari i rabota i celosno si nezavisen..Toa e za navek ,vozrasni luge tesko se menuvaat i ostavaat tragi za cel zivot,edinstveno moze da gi prifatis kako takvi,i eden den ako mozes da im prostis.Mene tesko mi odi,ama toa go pravam samo za moj duhoven mir,i ucam da ne bidam takov roditel.
Буквално.. 20 години имам и уште ме замараат ,,ајде кај си" ,,ајде доаѓај" Ме нервира тоа.А дома кога ќе дојдам или е штама или ,,шо е ова од тебе ти уличарка ќе си" На моменти ми иде да се иселам, на моменти ги обожавам
Наместо да трпиш, седни со нив разговарај. Возрасна си штом имаш 20 години, ама за нив уште си дете. Очигледно штом уште се обидуваат да те контролираат. Ќе мора да олабават со контролата и ќе мора да се прилагодат, секако со твоја помош. Седни и смирено кажи им ги твоите причини зошто ти треба поголема слобода (сосе тоа дека си доволно возрасна и доволно одговорна за да не ти вршат контрола зошто колку и да е очигледно, може треба да го слушнат од твоја уста тоа). Прашај ги и ислушај ги зошто имаат потреба да те контролираат. Значи што и да е, било страв за твојата безбедност, или правило на заедничко живеење, или едноставно им смета тропањето кога се враќаш, што и да е причината, ама нека ја кажат. Кога ќе знаете сите што кому смета, ќе направите разумен договор што ќе одговара на двете страни. Може да се најде решение ако соработувате.
Имам 18 години и веќе не можам да живеам со мајка ми. За се мора да крене паника. Еднаш сум се накашлала готово корона имам се јавува таму на матичната да ме тестира. Секој пат и 1 ден да ми закасни менструацијата она се трипа паѓа у несвест дека сум трудна. Кога идам кај дечко ми кој живее во друг град само ми се јавува на телефон да и сликам што ќе јадам или сум јадела инаку ја фаќа страв дека ќе сум нејадена. Многу е токсична не се живее со неа веќе. Кога ми касни ко сега не можам да одам во ВЦ бидејќи секој пат кога ќе излезам ме прашува ДОБИ ЛИ ДОБИ ЛИ Преку глава ми е и сум почнала ситници да кријам од неа. На пр ќе речам да јадев а уште немам каснато само за да го избегнам нејзиното неуротично бладање. Веќе приметувам дека станувам како неа и барам спас некој еве за на факултет да си заминам и ретко да ја гледам ама знам дека ќе ме замара и тогаш. Кога сум кај дечко ми жи бара да и ѕвонам на телефон барем 3 пати дневно за да и давам updates како дете мало. Знам дека и кога ќе живеам одвоено ќе проба да го прави ова ама нема да дозволам.
Здраво! Те прочитав внимателно и ако дозволиш би ти дала совет. Балансот помеѓу давање слобода и поставување правила и ограничувања тешко се одржува кога се работи за воспитување на тинејџери. Многу родители имаат проблем со тоа. Мајка ти веројатно се плаши дека ќе ја изгуби контролата врз тебе, можеби заради самиот факт дека стануваш свој човек, веќе полнолетна си, си имаш дечко кај кој одиш и каде што не може да си и под директен надзор. Зошто ја плаши сето тоа е една посебна тема и можно е да е поврзано со некои нејзини лични стравови, лоши искуства или со големи очекувања од тебе. Но тоа не е твој проблем и не треба да трпиш заради тоа. Претпоставувам дека сите тие напорни правила, проверки и препрашувања се затоа што мисли дека се додека е строга и нештата ќе и бидат под контрола, детето безбедно и насочено кон прав пат. За жал методите на цврста рака (или на претерана строгост и контрола) во воспитувањето на децата се покажале низ децениите како неефиксани. Дури и контра ефект предизвикуваат- наместо да те поттикнат да соработуваш со родителите, првичната послушност со тек на време преоѓа во револт и во однесување спротивно од тоа што го бараат родителите. Типичен пример е ова што го спомнуваш - дека и покрај сите нејзини инсистирања да и кажуваш се, наместо да те поттикне да и се доверуваш и да си искрена со неа, те поттикнува на обратното - да почнеш да и криеш. Добиваш желба да избегаш, дури. Мило ми е што си свесна дека бегството не е начин и дека не го решава суштински проблемот. Затоа мораш да седнеш со родителите, пред се со мајка ти и да разговараш. Направи го тоа во некој момент кога ќе има пријатна атмосфера дома и кога ќе може смирено да разговарате. Разговарај со неа отворено, без високи тонови, нервози и премногу емоции. Во атмосфера на меѓусебна почит кажи и што сакаш, што ти пречи и што ти смета. Ислушај ја вистински за нејзините аргументи и имај разбирање за нејзините стравови, но објасни и дека ти се преголем товар. Објасни и какви штетни ефекти имаат на тебе. Стави и до знаење дека ти се јасни опасностите за кои те предупредува, дека многу добро знаеш дека се реални, но дека постојанот потсетување на нив ти прави непотребна анксиозност. Се надевам дека со правилна комуникација ќе ги решите проблемите меѓу вас. Нема да е доволно еден разговор, но со тек на време ако имате воља, ќе стигнете и до тоа.
Со години пробувам мирно да разговарам со неа, но секој пат почнуваше да го крева гласот на мене. Сега дури е опуштена, порано дозна дека сум се допишувала со девојче од друг град и ме натера да ја блокнам и неа и и сите на фб што не ми се од град. Имав 13-14 и немав многу пријатели како мене, а баш со девојчево си го имавме муабетот за метал и рок. И тоа, за музиката исто стравови и фобии , се истрипала дека да си емо значи да си секта, и ме имаше казнувано само затоа што ставав црно креонче и на фризер таква фризура напраив. Не верувам дека сака контрола за да ме манипулира туку за нејзините паники...
Не би се согласила и ја сум некоја година постара, па уште барам дозвола за некои работи од моите. Убаво и поучно ти напиша Cosmic Girl.