Па ако наполнила 18 години не значи дека веќе не е дете. Плус има дечко од друг град, нормално дека мајка и се грижи каде би отишло тоа, не ја оправдувам за некои работи кои и ги прави али МАЈКА Е и го сака најдоброто за неа.
Никој не сака али се додека е зависна од своите родители, односно не е самостална, ќе живее под надзор и тоа е до некаде нормално, мој совет е да разговара со мајка и
Од искуство, нема спас Сега сум мажена, и не и кажувам ништо за да не драми. Мн слично однесување има на ова што го опиша. Само поставување граница со нејзе. Муабет во мојот случај не помогна. 30 години имам уште мисли дека сум неспособна и дека треба да контролира и да се меша. Затоа терам со животот и не и кажувам апсолутно ништо. Раат главата. Инаку на тие години истото ми го правеше. Ќе одев кај дечко или другарка и ете ја ѕвони, зашто е таму тивко, што правиш... еднаш дури и пред да ср мажам ми го напраи ова па имашр брканици дома се каравме со месеци не зборевме, бидејќи ако нешто кажеш после жртва се праи и така... отров што да кажам...
Ги заборавате напредниве генерации и колку времето е сменето, треба надзор али најважно треба разговор. Како што реков, јас некоја година што сум постара, па уште им кажувам некои работи на моите и норамалнo не им кажувам се ..али меѓу нас има доверба, знаат дека не треба да ме прашуваат по 100 пати, па видете дали не е битна комуникацијата.
Не споредувам генерации на децата. Споредувам психичка состојба на родител. Ако си немал контрол фрик родител, не знаеш за што правиме муабет. Не станува збор ни за доверба ни за разговор. Паранојата и трае цел живот. Јас имам 30 години, не 18.
Знам за што правите муабет и јасно ми е се али кое е тоа постапување не и кажувај ништо и биди со раат глава? И намерно ги споменав моите генерации пошто пред 10 години било и подруго, а да не зборам за колку е изреметена психичката состојба на сите нас денес. И баш затоа што се работи за таков родител, тој родител бара и сака блискост, затоа наместо да крие, треба она сама да почне да и кажува за и двете да си ја стекнат довербата.
Не знам зошто ме цитираш. Секој наоѓа начин како ќе се справи. Ние ставивме граници. Јас сум возрасна она е возрасна. Јас сум мажена живеам посебно, која е потррбата да кажувам се на нејзе?? за да паничи да ми прави тензии да се нервира да не спие? Мислам дај те молам ако е изреметена психичката состојба не треба да ја упропасти на сите околу неа и да прави паранои, си има лекар за тоа.
Јас ништо не реков за верзијата сега која си. Извини али ако 18год девојка може да се справи со својот живот и со предизвиците сама, плус да прави што сака и да не и чуе, не знам што да ви кажам. Ниту го оправдав однесувањето на мајка и во целост, само гледам од двете страни. Ниту еден лекар не може да ви помогне, колку што вие сами меѓусебно можете, така да гуд лак.
Епа не читаш внимателно не знам што да ти кажам. Упорно зборувам како се однесувам на овие години. Не и кажав на членката што треба да прави на 18 години, секој ќе си најде свој начин. Јас мојот го најдов многу касно. Ако мислиш дека е твојот отворена комуникација и дека така родителот нема да има параноја, слободно терајте. Јас не успеав. А за психолошки состојби, може само лекар да помогне. И овде не постои простор за дебата. Секоја претерана паника параноја депресија анкзиозност треба да се лечи. Нема да и помогне ако и кажам каде одам и со кого, она секако тоне во паника и ѕвони 200 пати. Секое добро.
Таа едноставно има направено заштитен обрач кон тебе па се плаши да не ти се случи нешто. Одржувај баланс не мора се да и кажуваш, само немој да и докажуваш дека не ја сакаш и не ти значи.
Во најголем дел ваквите случаи завршуваат - при прва прилика детето бега од дома колку што го држат нозете. И така треба, ако си паничар не ти дава тоа право да си го угушиш сопственото дете. Она што можам да ти го кажам е да гледаш да се осамостоиш што побрзо и да се одделиш и кога не ти се крева слушалка да не и креваш и ич да не ти е гајле за тоа. Овде на секој проблем со родител истото го пишат - седни, разговарај мирно со родителот, божем тебе не ти текнало да разговараш милион пати пред да пишеш овде така да не се замарај. Тешко се менува таков угушлив карактер, твоја обврска е да си ја заштитиш слободата, учи или фаќај работа и верувај во тоа дека можеш да си самостојна, немиј да те убеди во спротивното дека не можеш без неа.
Нема да се осамостали ако избега кај дечкото од друг град, па се земе со него на 18год, па што е следно дете? Ете ти уништен живот, па на крај ќе си плачете што не ја слушавте мајка ви. Можам да кажам и дека тоа е една од главните причини зошто мајка и толку се грижи и ја напнува за секоја ситуација. Ќе живееш сама, ќе бидеш самостална, ТОЧНО, најважно ти е да учиш и да се изградиш како личност, на крај ќе си отидеш и од мајка ти, па дај боже и од земјава, али верувај после тоа ќе сфатиш колку била битна блискоста со твоите родители.
Тоа е тоа манипулативно однесување. Те прави паразит дека не знаеш да преживееш без нејзе. И на секока препрека која ја доживуваш она е главна улога, дели совети, се меша, објаснува, ние другите сме глупи ама она е се ултра паметна. Не знам што да кажам, кој не осетил не знае. Не те остава да го вкусиш животот, да научиш да се носиш со ситуации, да направиш грешка. До тој степен што она знеше и кој партнер е за мене, кој не е. Ех брцате во рани...
Истово што го збориш ти за блискоста со родителите, го зборат +30 годишни мажи што не можат да се одделат од мама, не знаат гаќите кај им стојат, пошто блиски се нели, како смееш да ги одделуваш од неа. Романтизирање отров-понашање. Блискост со родител не е да одиш во друг град и да бара да и ја сликаш храната. Ти ако сакаш така да живееш слободно продолжи. Ама нај пријателски совет ти давам, да не се најдеш во ситуација да дојдеш +30 години и да сфатиш дека не можеш многу работи да направиш без помошта од мама и тато пошто не те оставиле да пораснеш. Го заборави класичното - ќе се разболам без тебе или нешто во тој стил