Да точно и за твоето девојче да не има проблеми и стравови како моите на 23 сега е време да се поставиш како другарка со неа Мене не ми доликува да ти кажувам како да воспитуваш дете сигурно си добра мајка само можеш да прочиташ што мене ми сметаше кај мојата и да се поправиш
Не мислев само на религијата, на се, не можам да го разберам таквиот однос. Мора д аима нешто друго тука. Не знам. Веројатно влијаат други фактори.
Мајка ми е таква жена таков карактер паничар. Мојот дечко вчера ми рече “да не идевме толку долго јас тебе ќе ти раскинев само заради мајка ти зошто е полна со негативна енергија” Не е токсична само за мене буквално за целата околина е секогаш најлошото сценарио си го прави во глава Пред 3 дена бев излезена со една другарка подалечна и ми звони мајка ми во 12 ајде иди си немој да се качуваш во кола кај неа којзнае што може да направи ќе викне другари ќе си играат со тебе а девојчето седи до мене и слуша на што личи тоа ? Кога се вратив дома се расправавме многу ми вика само ми е страв да не ти се случи нешто
Не и кревај на телефон. Дури пукаш ти од нервоза и срам нека пука она од неосновани грижи. Дома после расправај се, но на телефон не и кревај. Секако ќе се расправаш после. Зошто и дозволуваш на социјални мрежи да те контролира? Блок секаде.
Пробав кога имав 16тина години ме бараше низ град пешки сама во 11 саат Ако не и кревам на дечкото му звони
И он нека не и крева. И нека те бара низ град. Нека шета сама во ниедно време. И полиција нека викне и нека им каже дека си полнолетна и нека и се изнасмеат. Има начини да поставиш граници зависи до кај сакаш да одиш. Јас само велам ако физички те тепа тогаш треба да тактизираш, да и одиш по ќејф дури не се одселиш. Ама ако не те тепа тогаш што те спречува?
Некои мајки СЕ непријатели на своите деца! Ние сме нација со страшно ниска свест па токсични родители има премногу, а најлошо е што тие самите не се свесни колку се разурно присуство во животот на своите деца. Напротив, тие мислат дека се супер родители кои му го мислат најдоброто на своето дете. A тука девојките си ги отвараат душите за да ти кажат дека постои и друга реалност. Нема други фактори. Мајката е токсична, не знам што не е јасно во постот на девојката. Или мора @thequeen95 нешто да е крива, нешто да направила, да ја „изиграла“ довербата па мајка и да се однесува така? Не разбирам еве навистина. Само зошто и ти си мајка, ќе се обидуваш да најдеш причина, друг фактор, само да ја „одбраниш“ мајката, да и ја намалиш токсичноста. Не знам дали тоа ти е намерата, ама таков впечаток мене ми оставаш со постовите. Ако стварно си искрена во намерите, учи од искуствата на девојкиве.
Јас во ниеден момент не ги генерализирав работите. Кажав секоја приказна е сама за себе. Јасно и гласно ја поддржав @thequeen95 , факторите кои не ги знам не се однесуваат на тоа дека таа со нешто заслужила таков третман. Се чудам како се толку различни. Во случајов мајката се разбира дека претерала и го повредила девојчето, можеби дури и го осакатила психички. Реалноста е таа, ДА, некои мајки СЕ непријатели на своите деца, свесно или несвесно, и да, тука се можеби и меѓу моите пријателки. Но не сакав да ме ставите и мене во тој кош, отварајќи се и барајќи совет, и јас ја отворив душата.
@Kolin мајка ми кога дозна дека имам кандидијаза се однесуваше со мене како да сум донела црна чума дома. Крај на прва факс летото секој ден ми се дереше, понекогаш удираше зашто сум оставила два испити во август кои тогаш ги положив со 9 и 10. На 20 години ми најде кондоми во фиока, знаеше дека сум две години со дечко ми и ме удри и за тоа. Ова е само дел. Гледам сега да го завршам факсот и да се тргнам после од неа. Во една прилика кога тргна да ме удри, ао раката замавнав да се одбранам и ја удрив. Ми се закануваше дека ќе ме пријави. А да би била со Албанец мислам дека жива нема да ме остави знаејќи колку ги мрази. Еве разумни ли се овие причини за вака да се однесува? Зашто велиш секогаш мора да има некој фактор/причина.
Не те редиме во ист кош, да си била во ист кош немало да си тука да бараш совет, обично тие мајки се толку себични и самоуверени што недај боже да им каже некој дека грешат. Членките сакаат да кажат како изгледа од другата страна, и јас имам ќерка и не би сакала да отворам некогаш форум и да се мислам дали на оваа девојка на која и е смачено од мајка и, е ќерка ми. Не би сакала и ти, затоа пишуваме овде, се советуваме.
Заврши факс и бегај. Пак да ја удриш ако ти крене рака. И ти да и се заканиш дека ќе ја пријавиш. И да ја пријавиш. Умот не им доаѓа дури не им покажеш заби. Родителите може да ги удираат децата а обратно не може а? Секое тело исто боли. Ќе сфатат еден ден дека они биле помоќни некогаш, сега децата станале помоќни и заби ќе им скршат. Се врти кругот.
@Kolin, не сакам да ти ставам зборови во уста, ама... на првиот пост реплика на твојот, што и пиша на девојката? Си ни ја отворила душата и? Ќе видите кога ќе станете мајки. Ете колку прифаќаш туѓо мислење и туѓи гледишта. Ние не знаеме како е, ние не сме биле деца, не сме имале мајки кога сме растеле. Некој од нас имале среќа па имале разбрани и нормални родители, другите и ден-денес уште влечат последици од токсичните родители. Пак ќе кажам, ако навистина сакаш нешто да научиш, читај што кажуваат тука девојките. Без дефанзивен однос, без „ вие ќе бидете бетер кога ќе станете мајки“ коментари. Ама ова ако навистина сакаш да разбереш. А ако сакаш некој да те потапша по рамо и да ти каже дека си добра мајка, ова не е темата за тоа. Дај им место на оние кои имаат потреба да се искажат да го направат тоа, без некој да им кажува дека утре ќе бидат исти, ако не и полоши.
Колин па тоа и го правиме сите.. ти даваме совет како во наредниве години да не станеш лоша во очите на својата ќерка. @Tan4ence и @thequeen95 со оглед на тоа дека веќе сте жени, заземајте став. Пари на страна, разгледувајте опции за понатаму. Со мајките ко што ви кажаа, на игнор кога ви ѕвонат за глупости и не им се доверувајте ич. Можеби во иднина ќе се свестат, некогаш ќе имате и убав однос. Можеби секогаш ќе останат болни за контрола. Кој и да е исходот, вашето здравје и иднина се сега најважни.
Многу ми е жал што читам вакви ствари.. Односот мајка-ќерка за мене е светост, нераскинлива врска, љубов која трае засекогаш. Жалам што повеќето од вас ја немале таа среќа да искусат вакво нешто. Има да и здосадам после кога ќе ја видам од гушкање, во знак на благодарност. Бидете јаки додека да застанете на свои нозе, ќе дојдат и подобри денови,верувајте
@thequeen95 Мојата ситуација ли ја опишуваш... Мене никогаш не ми одело и не сум сакала математика, под нивна присила без никаква математичка основа се запишав на факултет на кој е 80% математика и еве 3 од 5 предмети ги паднав на колоквиум, збеснаа, неспособна сум била, сите други можеле јас не, толку сум била глупава. Имав другарка муслиманка која ми беше преблиска и со која бев среќна, не ме оставаа да се дружам со неа.. Ќе ме натерала да си фатам муслиман, ќе сум им го зацрнела образот, дома да не сум им се враќала, не ќе сакале очи да ми видат... Сите овие драми само затоа што другарка ми беше муслиманка.. Кога ќе кажев дека излегувам со неа или не ме пуштаа или ќе направеа 300 драми па ќе излезев пренервирана. Воопшто не сме финансиски добри, мајка ми секогаш ми викаше да сум најдела некој финансиски стабилен за да сум среќна, пошто се било до парите.. Секако дека нема да ја послушам за тоа, меѓутоа си имам дечко кој што не е богаташ, ама живее во странство. Мајка ми кога дозна дека не живее мк нели одма си поврза дека чим живее во странство е и богат, ден денес ми труби како тој не можел да ме купи со пари, да не сум се залетувала по богатството негово.. Значи не може ни сама да се разбере, еднаш вика едно, еднаш друго, ама битно да ме нападне психички нели.. Во последно почна и да ми вика не те давам за него, многу е далеку, или нека дојде тука да живее или ти не одиш никаде, ќе си најдеш некој поблиску да можам да те гледам. Ниту другарки, ниту факултет, ниту дечко.. Во ништо немам мир и се ми е низ нос извадено. Немам некој паметен совет, само ете сакав да ти кажам дека не си сама. Еве кај тебе се ближи крајот, последна година на факултет, одкога ќе завршиш се ќе биде полесно, можеш да си го бараш чарето и да заминеш некаде. Јас имам уште многу...
@thequeen95 мила а каде е татко ти во целава оваа приказна? неможе да е до толку лабав,зошто не разговараш со него тој да и каже на мајка ти да се смири..сепак и он ти е родител зборувај со него види и он како размислува на сите овие теми
Лабав е татко ми не знае која год сум на факултет ни ме прашал како ми е он е тука само за пари да ми даде И он ја слуша мајка ми нема некој збор како секој татко
А можеш да одиш во странство и да баталиш факултет кој не го сакаш? Да средите некако со дечкото, он кај е во приказнава те разбира може да ти помогне? И кога заминуваш да не и кажеш, уствари една порака само дека била ужасна со тебе и дека едвај си дочекала да заминеш и да смениш број. Како би сакала на сите да ви помогнам