Не. Ќе се разболам од тебе. Пример, пошто сакав да раскинам со дечкото од 5 години, и немаше да најдам друг. Ќе останев сама и мизерна. Или ќе најдев полош, пошо она знае каква ми била врската.
Зошто сосема друга приказна? И нив мајките им правеле така и овие мажи и жени зеле и деца родиле ама самите тие останале деца, оди во Снаи и Свекрви, страшни глупости има од мажи што никогаш не пораснале.
Тежок карактер е, ко тип на жена што ќе врти ќе суче и нема да признае дека не е у право. Иначе фала ви на сите за советиве само може е океј да додадам дека уште малце ќе се преселам од дома, ќе седам у Скопје за да не ми е факултетот толку далеку. Само ќе морам до тогаш некако да најдам начин да си останам нормална а и после за таму да научам како да поставам здрави граници со неа.
Епа океј, во тој случај треба да разликуваш што значи нормална блискост со родители и поставување некои граници, а што опсесивна контрола. Секако дека ќе бара излез, дури и ако тоа значи преселување и намалување контакт. Сакам да ја прашам членката, дали има разговарано. Претпоставувам дека одговорот е да, ама ајде.
Да бе! Да ти наметни чувство на вина за се' што ќе направиш! Мајка ми така ми праеше. Таа се обидуваше да одбери со кој излегувам, кој дејтам, кои ми се другарки, кај одам, со кој одам. Ама премногу револт развив во пубертетот, оти и по прируда сум слободарски дух и не мом да трпам друг да ме контролира. Ден-денес ми остана нетолерација кон авторитети, како последица. Додека не ми докажеш дека вредиш во мои очи, ич не ме интересира кој/а си и шо си.
Види ја се сложувам со тебе дека има мажи што без мама ништо не прават али тоа не беше темата и не сакам за тоа да зборувам. Само да те надополнам дека има мажи и кои и над 30+ години живеат сами, работат, успешни се АЛИ си ги ценат родителите и си ги почитуваат. Тоа не е срамота.
Немој да имап високи очекувања за здрави граници. Нема да сфати што е тоа. Едноставно ќе се научиш да живееш и да игонираш. И НАЈВАЖНО, да не си ваква ти кога ќе бидеш жена. Ти посакувам што поскоро да се справиш со ова, да научиш да не се нервираш. Јас на возрасни години уште ме вади од контакт некогаш и не можам да се соочам дека е таква.
Едно е да ги сакаш и почитуваш родителите, друго е целосно да им ги предадеш конците и тие како марионета да те движат низ животот.
Прво нешто што треба да го сфатиш е да пробаш да не ти е гајле дали ќе признае некогаш или не дека е во право. Дали ќе признае или не, не го менува фактот дека ти МОЖЕШ да бидеш слободна. И на 30 и на 40 години некогаш бараме потврда од родител, ама ќе се потсеќаш дека не е тоа важно, кога ќе си го повторуваш доволно долго, ќе ти влезе во главата. Второ, кога ќе се иселиш, иако сега ти се чини дека едвај чекаш, ќе имаш моменти кај што нејзиното влијание толку било големо што ќе потклекнеш на чувствата и ќе и го сликаш сендвичот за ручек, и тоа е во ред, ама ќе си свесна во моментот и денес ако и го сликаш, утре нема да и го сликаш. И трето, НЕМА да се разболи ако и заминеш. Ти гарантирам. Ако се разболи, нејзин проблем. Нејзиното здравје е нејзина одговорност не твоја. Твоја одговорност е само твоето здравје. И ќе си благодарна на себе еден ден. Ова ти што го збориш за ценење и почитување е друга тема, не моето.
Да, имам разговарано, и секогаш е истата ситуација. Станува емотивна, ми вели како ќе живеам јас без тебе, дека не и' била намерата да ми забранува, туку страв некој дека нема да знае кај сум и дека ќе умре многу брзо (има рак на коски, со години се мачи со тоа) и ако продолжам со добро да и викам дека не е у ред, станува ептен нервозна. Ме набедува дека сум неспособна и ништп не знам, не ми дава ништосама да рабптам боже ќе ја запалам кујната. Буквално кога и беше најлошо со терапиите на 13 години самата пазарував и правев ручеци со рандом рецепти што ги наоѓав онлајн, зашто она нр можеше од кревет да стане а не да готви. Ама пак е строго убедена дека ако не сме заедно она ќе умре а мене нешто лошо ќе жи се случи.
Леле... знам дека и' е страв и нејзе, ама не и' дозволувај. Цел живот ќе останеш заглавена во чувство дека 'им должиш нешто' на оние кои треба да те сакаат... партнер, деца, пријатели... И на милион различни начини може да ти се одрази тоа во животот...
Не знам колку години е мајка ти, ама мајка ми никогаш нема да се смени. Не ни го смета за проблем ... ден-денес. Уште се обидува да ме контролира... Таа има 70, а јас скоро 44
И јас ќе го кажев истото. Разговарајте за таа опција, ама пази да не направиш да мисли дека ја напаѓаш...затоа што ваков тип луѓе веднаш на тоа ќе скокнат.
Сум осетила дека ми се одразило. На пример во прва средно бев у врска со еден што многу ме навредуваше а кога ќе се решев готово е крај ми викаше ќе се самоубиел ако го оставам. И сето тоа траеше скоро пола година! Мене ќе ме фати жал, ќе мислам што ќе прави без да си ги каже маките на мене, ќе го најдат мртов не знам што ли не. И откако раскинав имав толку голема грижа на совест што попуштив психички дур не сфатив колку сум станала people pleaser