Токсична врска со родител

Дискусија во 'Психологија' започната од thequeen95, 27 ноември 2019.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Леле божеее.
    Слушај сега вака.
    Родител на дете треба да му кажува сто пати дека не е одговорно за здравјето на родители, не е одговорно ако се разведат, не е одговорно да се грижи за помалото братче/сестриче.
    Сите овие работи се одговорност САМО на родителите и никој друг, никогаш на детето.
    Јас имав ист проблем, мајка ми - ако си одиш, ќе умрам.
    И таа со триста болести.
    И јас и реков нејзе дека не е нормална што онака од ракав на сопственото родено дете му наметнува чувство на убиец.
    И заминав без да погледнам.
    Најдобра одлука на свет пошто да се ослободиш од манипулаторски срања е многу олеснително.
    Погоди што, не умре.
    Во семејството ми умреа луѓе од рак, од корона, ама уште никој не умрел од моето заминување. :D
    И најдобриот дел - денес со мајка ми имам преубав однос зошто јас ја пресеков папочната врвца што не можеше да ја пресече таа.
    Жити мене не си ги поминувај младите години во секирации.
    И мене ми викаше не си способна - јас направив работи што таа ни на сон не може да ги направи.
    Проекции :)
     
    На noteforself, Luminary, andrejko82 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    3.276
    Нема да се смени ама има денови кога не можам ни на телефон да правам муабет со неа. Иритабилна сум уште кога ме бара. Псоле имам грижа на совест ама брзо ми проаѓа.

    Еве ти еден конкретен муабет. Шо праиш? Еве јадам. Што јадеш? Ајвар јадам. Епа затоа крвта ти е слаба, се на сува храна сте дома. Ќе се разболете...

    Еве ти втор. Шо праиш? Еве седам. Сакаш сарма да ти пратам? Не. Добро. Прајме 5 мин за др муабет. А сарма да ти пратам, се си на суво не готвиш. Не не сум на суво готвам. Аха добро. Ѕвони сабајлето во 9 саат. Татко ти е у спат, да ти донесе сарма сакаш, да не си без ручек денес.

    Како да ти објаснам дека нема муабет некогаш што да правам, од трауми од порано на ваков муабет се губам а тек за поголеми караници.

    50 има, јас скоро 30.
     
    На WildMk, Калатеа и Mantub им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Речи и пушти сарма и после кажи и ми се одјаде им ја дадов на мачките пред зграда.
    Нема да ти досаѓа уште еднаш :D
    Tips and trickѕ, цена инбокс :D
     
    На WildMk, mal.ecka и Ljubova им се допаѓа ова.
  4. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    3.276
    :rofl::bow:
    Акцентот е дека сум недомаќинка, на суво сме дома гладуваме. :rofl:


    Ова беше пример дека не можам ни маубет да праам со неа. А тек ако ти кажам дека маж ми не го сакаше, одеше позади мене и ме убедуваше дека грешам ќе се заебам. И еднаш ја кажав на маж ми пред неа за ова за да ја засрамам колку е досадна и се меша, и не признава за жива глава дека вака правела. Нема шанса, само она е во право. :D

    Во 11 сеа притисок ми кревате. Ај чао :D:D
     
    На WildMk и Mantub им се допаѓа ова.
  5. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Мене ме замара манџи да носам кај дечко ми зашо не ќе сме се снашле... нема врска што он година веќе живее одвоено од неговите...
     
    На WildMk и Ljubova им се допаѓа ова.
  6. Panicarka21

    Panicarka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Девојко, ти зборувам како врсничка и другарка која до сега сум истрпела многу али токму тоа ме направило силна и стабилна личност, ме научило премногу во животот да знам кои се вистинските вредности и горда сум на себе. Се е до тебе, со бегање од проблемите нема ништо да решиш, само ќе си направиш поголем проблем, ќе живееш дополнително под стрес, ќе бидеш среќна некое време и после што? Ќе им нанесеш ист таков стрес и на твоите. Боли :) Не е моја работа али уште студираш, сама сигурно нема да си ги плаќаш трошоците, огромен чекор е ова што го правиш ако си свесна, а верувам не си затоа што си многу лута и тоа е океј. Верувај, на мајка ти само ти можеш да и помогнеш, како што реков, пробај и не се откажувај да изградиш убав однос, зборувај по малку со неа секој ден, не и се лути, не ја отфрлувај и не ја одбегнувај затоа што токму тоа ствара такви бујни реакции кај неа, а ни она не го сака тоа. Со години се затворав во соба и не ми се збореше, бегав од неа, не ја погледнував и тоа уште повеќе и влијаеше на нејзината состојба. Не викам дека се треба да и кажуваш, али раскажи и мал детал од твојот ден, прашај ја како е, помини малку време со неа, дозволи и да ти се исповеда, сигурно и она има проблеми и ќе видиш како ќе ја омекнеш. Покажи и блискост и она ќе биде подобра према тебе. Она те има само тебе на светов и сака да те заштити. Можеш да ја смириш и не се откажувај, послушај ја за некои работи, сигурно е во право. Никој подобро не ти мисли и нема да ти мисли. Иначе и јас одвај чекам да завршам факултет и да почнам свој живот али ќе си ги бараме и овие денови и ќе се смееме после за нив, ќе биде се полека и ти ќе завршиш, ќе се преселиш и ќе си го најдеш правилниот пат. Сите луѓе што ги имаш сега во животот, другарки, дечко ќе си отидат, а некои можда и ќе останат да не грешам, но сепак мајка, татко секогаш ќе остане, затоа пази какви одлуки донесуваш и колку тие одлуки можат да те коштаат понатака. Толку од мене и среќно!
     
  7. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    3.798
    Пол:
    Женски
    Не си сама и мајка ми е иста па дури и полоша:wasntme: Плус јас имам 21 год...
     
    Последна измена: 17 февруари 2022
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Исто.
    Недомаќинка, не штедите пари...

    “Мамо, ми се напрај чир, ќе треба да го сечам“
    “Колку пари?“

    И затоа се слушам еднаш на 2 недели... и строго со површни муабети.
    “Арни сме. Нема ништо ново. Секој со својата работа“
     
    На Ljubova и FroggyLover им се допаѓа ова.
  9. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Може не замараат толку кога веќе си во брак или имаш деца
     
  10. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    3.798
    Пол:
    Женски
    Секогаш ќе замараат нека се живи и здрави само.
     
    На Ljubova му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Исто замараше, се додека и дозволував.
    Односно, додека и' кажував работи.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.750
    Пол:
    Женски
    Некако како да се забега малку.
    За мене едно е опсесивна грижа, страв и паника дека нешто ќе се случи лошо, здравствено, а друго е манипулациите и сакањето контрола врз секој аспект од животот.
    Бидејќи опседната од страв не значи дека ќе кажува и ќе се меша за сите други работи.

    Ама, само стручно советување би помогнало, за стравот особено, да се види каде е коренот и да се работи на тоа.

    Можеби @FroggyLover треба отворено да ѝ кажеш дека вака ќе те изгуби сосема, ако не е свесна да се освести.

    Ако на крајот мислиш дека нема надеж, да, што помалку контакт тоа подобро за тебе.
     
    На Glowy, crimson и FroggyLover им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Замараат, ама тогаш имаш шанса да им дозволиш колку сакаш и кога сакаш.
    Ако не сакаш ич не мора.
    Ништо од животот на мајка ти - здравје, дали те има само тебе, дружба, и така натака - не и должиш.
    Децата не ни бараат да ги родиме, ние ги раѓаме пошто ние така сакаме. Децата не ни должат ништо, не се родени за да ни ги пополнуваат дупките во животот.
    Ти си имаш свој живот со свои потреби и желби и мајка ти не е дете за кое што треба да се грижиш.
    Сте ги ротирале улогите малце.
     
    На staycalm, noteforself, andrejko82 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Ако и' бара да и' праќа слики каде е и со кого е, повеќе од страв е.
    Сака да има контрола врз нејзе.
    Не оти ја мрази, туку оти опсесивно ја сака и опсесивно се грижи.

    И без разлика кој е мотивот за поседување на таа контрола, секако тоа не е вина на детето.
     
    На Ljubova и FroggyLover им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.750
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би рекла дека е вина на детето. Зашто и не е.
    Само сакав да кажам дека тие две состојби може и да се одделни, не мора да значи дека ако е паничар е и манипулатир, општо ова.
     
    На mal.ecka, WildMk и Ljubova им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Без разлика.
    Притисокот врз детето е ист.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.750
    Пол:
    Женски
    Нема врска, не се разбираме, како и да е, ги преместив мислењата во соодветната тема, па може членката да прочита и други искуства.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    @FroggyLover
    Бидејќи се надоврзаа членки кои имале искуство со нарцисоидни родители и ти кажаа какви искуства имале со нив, морам да ти предочам дека секој случај е различен и приказна за себе. Можеби и мајка ти има нарцисоидни тенденции, не викам не, но тоа може да се утврди само од страна на психолог, со примена на соодветни тестови, прашалници, со разговор и сл.

    Кај мајка ти е клучен моментот што се бори со рак, што претходно не го знаев, а си го пишала подоцна. Кај неа станува збор дека таа во минатото и сегашноста реално се соочува со смртта. Значи за неа заканата е реална, не таму негде далечна и евентуална. Многу е веројатно тоа чуство на контрола што се обидува да го наметне и што ги надминува границите на нормална, прифатлива некоја контрола, да е предизвикано од искуството со ракот, претрпениот страв и чуството дека нема контрола врз животот и случувањата.

    Сосема друго е кога некој има проблем со нарцисоидност, па заради тоа се однесува манипулаторски со блиските. Имам многу пишувано на темата за нарцисоидност, можеш да провериш таму за детали.
    Не мора да значи дека е само едното или другото во нејзиниот случај, може да се и двете работи. Ама тоа може само стручњак да одреди, откако ќе работи со неа.. а не вака на форум.

    Како и да е, што и да е причината, било да е пациент со рак, било да е нарцисоидна личност, на блиските на ваков човек им е најтешко и им треба поддршка, совет, разговор, за да издржат и да останат психички и физички здрави покрај нив.
    Добро е што ќе се дистанцираш физички од неа во иднина, но најверојатно ќе те бара и покрај тоа. Така да ќе имаш предизвик пред себе во тоа да процениш колку треба да дадеш време, енергија, внимание, грижа за другиот. Колку е стварно доволно и здраво и до каде е границата. Слушај си се себе, биди во дослух со твоето тело, мисли и емоции, со своите потреби. Тоа ќе ти биде најдобар водич дали си добро поставена во односот со неа. И ќе научиш како да практикуваш self-care, self-perseverance, self-love, (извинете на анг., ама не ми се соодветни македонските замени) на начин кој не ја повредува мајка ти/другиот а тебе нема да ти ствара чуство на вина, фрустрираност и сл.

    Инаку на прашањето дали грижата за детето престанува и откако ќе стапи во брак и ќе има свое семејство одговорот е НЕ. Ова го знаат сите што имаат свое дете. И нормално е да сака родителот, кога мисли дека има потреба, да ти даде совет и ум на детето, сепак се поискусни од нив. А дали детето ќе го прифати е негов избор и тоа треба да им е јасно на родителите, ако веќе не им е. Во здрави врски децата и родителите може да имаат различни мислења, без да е тоа проблем. И немаат потреба да се мешаат во небитните детали од животот на другиот, зошто се свесни дека имаат свој живот. Но каде е границата? Што е небитно, а што е вредно да се сподели? Тоа веќе се учи и се тактизира.

    Една крајност е односот родител- дете да е однос на меѓусебна зависност, паразитски однос, а друга крајност да не те боли уво еден за друг и да не комуницирате. Јас искрено како родител не би сакала да имам ваква врска со моите деца. А има врски секакви, па и од двете крајности. Убаво би било да се најде некоја средина која ќе биде прифатлива и за двете страни. Ама биди сигурна дека тоа нема да биде плукни-залепи.
     
    На Glowy, FroggyLover, firequeenn и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    8.966
    Пол:
    Женски
    @FroggyLover Не можеш да им го менуваш карактерот на луѓето, фамилија или не. Не се напрегај да се убедуваш и докажуваш, едноставно работи на себе да имаш ментална дистанца кон сѐ она што има врска со однесувањето на мајка ти и она што го зборува, затоа што повеќе од јасно е дека таа не гледа проблем во сопствените постапки и затоа нема ни да ги ревидира или промени. Ќе си дозволам да кажам дека тоа што ќе си отидеш од дома или ќе се омажиш само привремено или површно ќе ги реши проблемот, затоа што траумата е таква, секогаш ќе ти остане тригер ако не си го избришеш од сопствената матрица. Кога тоа ќе го направиш, форевер си слободна, и што ѝ да ти каже мајка ти, нема да ти предизвикува турбуленции. И за десет/дваесет години од сега нема да трзаш веќе на муабети за ручек/ништо не знаеш да направиш/ќе ме разболиш и слично. Нема да бидат наелектризирани со негативни емоции. Не е лесно, но делумно се сложувам со @Panicarka21 , привремено решение е игнорирање или дистанцирање.
     
    На FroggyLover и Panicarka21 им се допаѓа ова.
  20. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Малце ми го разубави денот со поракава, оти повторно имав расправии со мајка ми, ми го уништи денот. Ја фати некоја паника и ми вртеше на телефон да ми збори дека се плашела полначот сум го заборавила и не ќе сум можела да и се јавувам (а дечко ми и другарка ми шо се со мене имаат исти телефони и полначи) ама нее...битно драми! И сега нервозна отворов фемина и се сжирив малце :)

    Не знам колку има нарцисоидни тенденции, бев многу мала кога она се разболи за да направам некоја проценка. Само памтам дека имаше опсесии со чистење. Некој ќе ја налути, растажи, стресира и она одма крпата. Па ќе преуредува, ќе преместува чаши од едно на друго место, што мислам дека поише е ко OCD симптом, што и самата мислам дека имам, само што уште немам никаква дијагноза.
    Само имало моменти кога јас ќе направев некоја утка, ќе ја исплашев со нешто и она одма "ти ми одмагаш со болеста". Порано и поради терапиите еден период стана ко 5 пати по неурптична од што беше обично.
    У право си, сакам а и морам да најдам некој начин на self care, self protection за да останам нормална. Сметам дека колку и да е болен некој близок, не треба целиот живот да им го посветиме на нив и живци да губиме, иако е прелесно тоа да се случи бидејќи ни се родители.
     
    Последна измена од модератор: 21 февруари 2022
    На Cosmic Girl и Abel им се допаѓа ова.