Токсична врска со родител

Дискусија во 'Психологија' започната од thequeen95, 27 ноември 2019.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.283
    Допаѓања:
    12.145
    Пол:
    Женски
    Ве читам што имате проблеми со родителите, што Ве контролираат. Понекогаш не значи дека сакаат да манипулираат со Вас, туку се грижат некои и премногу.
    Знам дека и јас ќе бидам ваков лош родител ама не дека ќе се работи за недоверба, или како јаде, што јаде и слично него за безбедноста.
    Уште сега коса ми се крева колку е далеку училиштето на син ми, секако првите години ќе го земаме ама пак на мисла ми е.
    Родителите имаат право што паничат, иако не треба толку гласно да покажуваме, некои од нас и тешко се контролираме кога паничиме.
    Факт е дека живееме во лошо време, многу лошо време. Морници ме лазат.
    Живеам во мал град, стана како Тексас со пиштоли и дрога. Дали ке ѕвонам на мое дете, да, ќе ѕвонам, по се ова што се случи овде, последните години, нека ми се лути колку сака, едноставно мора да знам ако го нема во 3 ноќеска каде е.
    Постојано луѓе исчезнуваат. Пред неколку години моја врсничка беше дрогирана, сега психички е многу лошо. Имам уште неколку морбидни работи од последните години што се случија што не сакам ни да ги напишам, затоа што ме тресат од помислата а на родителите не можам ни да замислам како им е сега.
    Разбирам дека и децата сакаат да се опуштени, ама разберете дека секогаш не се работи за недоверба, туку за грижа кон вас.
    Не чекајте секогаш тие да ве бараат, јавувајте им се почесто кога доцните, барем јас така правев со моите до пред да се омажам. Дури и сега сама за некои ситуации да им ја намалам грижата и мислата ги обавестувам. Ако доцнев им вртев дека ќе задоцнам.
    Се сеќавам еднаш од работа се враќам и морав да купам неколку работи а немав батерија. Задоцнив еден час дома, мајками испаничила а возрасна бев.
    Родител е најтешко да се биди од се.
    Ве разбирам и вас децата, ама и родителите. Најдете некое заедничко решение.
     
    На mimiiiii, Anne Boleyn, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  2. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Луѓе работата не се трпи веќе. Ескалираше до премногу лош степен. Не сакам да навлегувам но жими се ќе ја пријавам. Не сакам да сум околу неа, сите ми велат дека нејзината опсесија со тоа дали имам секс или не е крајно морничава. Ми се гади од неа. Еве сега знам дека треба да станам од кревет и ми се врти желудникот.
    Сакам да ја пријавам за психичко малтретирање и да се отселам од дома (lowkey сексуално малтретирање, бидејќи ми збореше да се соблечам да видела што исцедот на гаќите сум имала)
    Би одела кај дечко ми (и ако уште еден ми пише не бегај од дома иде на блок) ама живее у друг град и не знам како да одам у школо така. Не сакам да сум и на другарка ми на терет, зашо дома има и естра и не сакам плус пари и нервози на мене. Дечко ми има примања и може да ми дава за карта ова она, а за храна тие работи што он- тоа и јас.
    И ако некој ми рече "како ќе ја пројавиш мајка ти што има рак ти си ЗЛОБНААА" и тој ќе оди блок.
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    За бело прање те прашала?
     
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    8.965
    Пол:
    Женски
    Имаш ли некој друг од фамилија во твојот град или во близина? Или некој саглам возрасен што може малку муабет да направи со неа онака објективно, со дистанца, да ѝ каже збор два? Психолог, педагог или можеби родителите на дечко ти? Ти треба да процениш кој би можел да ти помогне, барем привремено да се тргнеш од дома. Разговор со возрасен по мене, можеби? ќе ѝ помогне на мајка ти да укапира дека границите се поминати, вака тебе ко да не те сфаќа озбилно.
    На тема болест. Болните луѓе се често многу себични, затоа што стравот и тагата ги преплавуваат. Каков е нејзиниот статус сега? Се лекува, излечена е, можеби нешто се случува што не сака да го сподели со тебе. Оваа состојба и однос меѓу вас се константни?
     
    На FroggyLover му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    А да разговарате со стручно лице?
    Би биле отворени за таква опција?
     
    На FroggyLover му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    Мислам дека родителиве треба колективно, сите без исклучок, да одат на една едукација за воспитување на деца. Редовно. Периодично. Дур не се осамостојат децата.
    Никој не е совршен родител ама некои стварно претеруваат. :@
     
    На Glowy, staycalm, Hecate и 9 други им се допаѓа ова.
  7. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е преголем нарцис за тоа... она не сака у мала расправија да признае дека згрешила а не тоа...
    Ништо, планирам да си заминам ако продолжи. Знам дека у многу случаи родителите обожаваат да ги држат личните документи во заложништво. Така да полека скришно ќе приберам све у една кутија. Здравствена легитимација, пасош тие ствари. Само незнам изводот од матична кај ми е.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Апсолутно се согласувам.
    Појма немаме како се одгледуваат деца.

    Секогаш кога разговарам со психолог, се консултирам и за мојот родителски однос.
    .... и така ја грешавам, не пак без гајднс :tmi:
    Можеш да извадиш нов извод.
    Не мора да е оригиналот.
    Ионака имаат рок на важење.
     
    На Cosmic Girl и FroggyLover им се допаѓа ова.
  9. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Би разговарала со мајка му на дечко ми, а таткото на другарка ми е социјален работник.
    Она уште се лечи не ми кажува детали. Роднините пошо не живеат со нас она им глуми, и ме гледаат со лоши очи како "малтретирач на болна мајка" затоа што има им се жали КОЛКАВИ СТРЕСОВИ и правам

    Нешто друго што би требала да си чувам настрана? Се заштедам и пари за карта и уште некој динар за недајбоже
     
    Последна измена од модератор: 24 февруари 2022
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Барај таму работа, уште пред да заминеш.
    Полесно ќе ти биде ако одма имаш прилив на пари.
     
    На FroggyLover му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Кај дечко ми цело маало е со дуќани и продавници. Видов дека кам маркет барале уште работници. Баш ќе одам да прашам.
     
    На Mantub и WildMk им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    :hug: Многу си храбра
    Се гордеам со тебе... шо е чудно, пошто не те ни знам :D
     
    На Ljubova и Mikha4 им се допаѓа ова.
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Извини вака што ќе те прашам, може и имаш пишано веќе, но татко ти кај е во целава ситуација?
    Инаку ако си малолетна, а мајка ти те пријави кога ќе избегаш, полиција ќе те врати дома без разлика што ќе им кажеш околу вашите односи. Подобро оди денес во социјално и разговарај таму со некој околу опциите што ги имаш.
     
    На Ljubova, buba4e89, FroggyLover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Мислам рече дека има 18....
    Чеј да проверам.. да не ја посерам работава...

    18 има :whew:
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Полнолетна сум
     
    На Mikha4 и WildMk им се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    8.965
    Пол:
    Женски
    Малолетна си? Како прелазно решение може да се обидат со мајката на дечко ти и другиот човек што е социјален работник малку да поразговараат со неа. Што зборуваат другите не треба да те интересира, затоа што нема да ги спречиш секако да зборуваат глупости. Јас можеби би се обидела да се вклучам и во процесот на лечење, ако не си малечка треба да имаш увид каква е ситуацијата, можеби можете заедно да посетите и психолог или некоја група за поддршка, чисто да знае мајка ти дека не е е сама.
    Искрено не гледам како ја малтретираш со тоа што сакаш да бидеш интимна со дечкото или сакашнда поминуваш време со него. Ниту еден тинејџер не е мераклија за дружба со родителите. Од друга страна, ако мајка ти е сама, ако те има само тебе, нејзината хистерија е разбирлива. Не е за оправдување, ама е разбирлива.
    пс. видов дека си полнолетна
     
    На Panicarka21, buba4e89 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.320
    Пол:
    Женски
    Секој сам за себе одлучува, секако е полнолетна. Ама колку и да е убаво да е самостоен, снаодлив и самоиницијатвен млад човек, поубаво е да е таков ама на паметен начин. А паметниот начин некогаш бара и трпение, и вложување и време и труд. Во афект, зошто ти пукнал филмот, ако носиш одлуки, може и да погрешиш на долги стази. Јас повеќе би се гордеела со @FroggyLover ако наместо да избега скришум од дома, се соочи отворено со мајка и и го решат меѓусебниот проблем (или бар да се обидат на сите начини кои и се достапни). Ете и да избега, да се вработи во маркет, што понатака и за неа лично и за односот со мајка и и со дечко и и неговите? Размисли си @FroggyLover убаво за твојата иднина:
    - ќе студираш ли или нема ли да студираш понатака?
    - Кои се твоите професионални амбиции и што сакаш да работиш во иднина?
    - Како ќе ги реализираш тие амбиции и кој е патот што треба да го изодиш за да стигнеш до нивна реализација? За колку време тоа би се случило?
    - Дали е тоа остварливо ако работиш на одредено место, за таа плата?
    - Ќе прекинеш секаков контакт со мајка ти додека е жива? Нејзиното отсуство кои последици може да ги има утре за тебе (позитивни и негативни, извагај ги)?
    - Како ќе влијае твојата одлука врз твојот однос со дечкото? Што размислува тој за целата ситуација?
    - Како твоето доаѓање кај дечко ти ќе влијае на неговото семејство? Како ќе го решиш со нив заедничкото живеење?

    Ако прифаќа мајка ти медијаторство и помош ок, пробај, искористи ја приликата.
    Дај и неколку предлози каде се може да се обратите за совет, заедно разгледајте ги опциите и во кого таа би имала доверба да се довери за проблемите.
    А, ако категорично одбива такво нешто седни со неа и отвори ги картите на маса. Разговарај како сериозна и зрела личност, смирено колку што можеш (знам дека ти врие лутина во тебе, ама број до 10). Објасни и дека нејзиниото преминување на границите и претераното навлегување во интимата ќе те натера да си заминеш. Дека ти е неиздржлив животот со неа и дека си спремна да се отселиш. Мислам дека тоа ќе ја освести да те олабави малку. Можеби ќе се обиде да биде уште построга и да ти забранува (добро е што ќе си ги земеш битните работи кај себе), ама потсети ја дека ти си полнолетна и дека нема право да те држи на сила. Ако треба постави и услови и правила кои таа би требало да ги почитува, (исто како што ти ги почитуваш нејзините правила-потсети ја на ова и барај реципроцитет) доколку сака да продолжиш да живееш со неа под исти кров. И потсети ја дека треба да прифати дека секако еден ден, во иднина, ќе си формираш свое семејство, дека ќе имаш маж, деца и дека моментот да си заминеш кога тогаш ќе дојде и дека тоа колку и да и е страшно мора да го прифати. Дека тоа не значи дека ќе ја оставиш и заборавиш. Прашај ја дали тоа не го посакува за својата ќерка?! Да ја види ќерка си самостојна, реализирана на сите полиња во животот, со свое семејство?! Кажи и дека сакаш кога ќе дојде тој момент да си заминеш од дома, да бидеш во добри односи со неа и со сознанието дека нејзината врата за тебе ќе и остане отворена ако имаш потреба и (нагласи и!) и ако таа има потреба. Мислам дека ако и дадеш малку надеж дека нема да ја оставиш засекогаш, на милост и на немилост на болеста, дека ќе попушти.

    И побарај и да те вклучи во лечењето, барем да бидеш информирана за состојбата. Ако веќе се барало од тебе, уште пред години, да носиш товар како возрасна, да преземеш обврски низ дома како возрасна, иако си била дете, па сега кога си и по години возрасна, сосема фер е да бараш да бидеш и третирана како таква (со сите права и обврски). Побарај и да не се однесува презаштитнички, зошто си посилна отколку што ти признава. Треба да и побараш да не ти таи и крие информации. Реално, за тебе, подобро е и да бидеш информирана за нејзината состојба, а не отпосле да имаш непријатни изненадувања.
     
    На Avery, Panicarka21, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    8.965
    Пол:
    Женски
    @Cosmic Girl се сложувам апсолутно. Бегање од проблем е само негово игнорирање и ризик да се амплифицира и да стане уште поголем.
    @FroggyLover
    Нормално е да си нервозна и исплашена, и фрустрирана и тажна. Затоа ќе побараш помош и ќе видиш како ќе се тркала работата. Запомни дека имаш цел живот пред тебе да не ѝ збориш на мајка ти ако сакаш, тоа решение секогаш ќе биде опција.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.307
    Пол:
    Женски
    @FroggyLover Пријави ја. Треба некој со поголема функција да и влијае, сама не можеш ништо, од искуство ти кажувам.
    А се дур не си иселена ќе немаш избор освен да ја трпиш...
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Не знам дали не прочитавте 200 пати дека напиша дека разговарала.
    Ама тоа кога се нема искуство со ваков карактер на човек, ко автори на некое позитив психолошко книџе ми звучите некои, кај што решение за све е комуникација.
    За комуникација требаат двајца.
    Со ова само имплицирате дека проблемот не е решен пошто членкава не се обидела да зборне.
    Виктим блејминг на најјако, браво :clap:
    На некои луѓе им се потребни драстични мерки за да се сменат .
    Мајка што е опседната со своето дете, еден ден кога ќе и избега детето, ќе сфати дека го оттурнала од себе.
    Разговарај, та разговарај (facepalm)

    А ти пошто од искуство зборуваш дека нема друго чаре освен да ја трпиш дури се иселиш, си пробала ли да разговараш со твоите?
    Одма да се иселуваш сакаш.
    Разговарај!

    Се зезам :D
     
    Последна измена од модератор: 24 февруари 2022
    На Glowy, staycalm, Konfetka и 10 други им се допаѓа ова.