Се сложувам со тебе, крајно ме нервира кога за се викаат дека треба комуникација. Значи, ЏАБЕ е кога другата страна очигледно не сака да разговара, туку да те утепа психички. А и да продолжи да те замара кога ќе се иселиш, барем вратата може да им ја треснеш, па да видиме дали пак ќе те малтретираат. Сите можни граници се поминати тука. Ова не се средува со разговор.
Тоа ти се вика Моите родители беа прекрасни и заради нивниот пример уште верувам во тоа дека сите родители на светот се прекрасни и нема шанси да не те послуша ако само Разговараш!
Не знам за вас ама родител што е опседнат со интимноста на детето, без разлика од кој пол се двајцата, за мене веќе оди према манијак. За другиот дел ќе речам претерана контрола. За ова...малце повеќе и од контрола. Замислете татко ѝ да беше тој што бара да ѝ ги гледа гаќите
Не таа да разговара, туку да се обрати кај стручњаци пошто ниту мојот, ниту твојот, ниту било чиј совет нем ад ае соодветен затоа што не сме ѝ во кожа и секоја динамика на однесување, макар и патолошко, е различна. Да имаше единствено решение, никој немаше мука да си има. Да избега е најлесно, ама не и ослободувачки.
И јас имав токсична врска со родител, колку и да разговарате никогаш нема да најдите заедничка средина од проста причина што тие се од друго време, или пак евентуално карактерот им е таков каков што е и мислат дека е добро. Лично од мене искуство, како пораснав да речам кога наполнив 20 години почнав да се спротиставувам на мајка ми затоа што сметам дека не ми правеше добро во никој случај, нити финансиски ме помагаше, ниту пак нешто да ме посоветува. А и згора на тоа ми бараше пари, и ме тераше да прекинам да учам факултет. Како и да е, ако сметате дека можите сами за себе да се грижите пред се финансиски, не верувам да ве избрка од дома, не му давајте причина да ве надзборуваат со тоа што, додека си под мој кров и ми бараш пари че ме слушаш мене.. Тоа е многу погрешно ама такви се родителите.. се надевам не се сите вакви, оти че имате parent issues на некој начин на постари години.
Абе супер е да разговараш не викам не, ама да разговараш со човек а не со дрво. Значи џабе е се кога другата страна, прво не признава за грешките, самобендисана е, второ продолжува по старо. И многу е лесно да седне некој тука да паметува а немал ни 10 мин работа со таков родител или сличен, па да види како губиш нерви моментално. Ја сеа кога читам работава до кај отишла, викам аман ќути Љубова па ти си топ бре Пази сеа, имаше еден пост за токсични родители и ја суптилно пуштам клизачи линк у група со моите. Прв коментар на мајка ми беше, "баба ти ми ги праеше траумиве". Види Бога ти, си викам, и мене мајка ми Значи не пробува да размисли, чекај дали ја како родител праам нешто такво, одма е исклучена таа могучност. Али едно е јасно, пренослива работа е токсичноста. Берете памет.
Да избега е све само не е најлесно. Треба да се грижиш за себе, да работиш, да плаќаш сметки. Ама некогаш има луѓе што атмосферата ти ја прават толку пеколна така што сите горе наброени предизвици ти се смешни. Најголемиот предизвик е да живееш со таков човек. И да, ослободувачки е. Поголема слобода нема од тоа да се ослободиш од манипулатор и човек што наместо да ти е најголема поддршка, ти дише во врат. Нема ништо поослободувачко. Јас радо би работела 16 саати дневно, одколку да треба на некого да му ги сликам гаѓите. Никој што избегал не рекол - колку ми беше убаво да бидам загушуван, грешка направив. Може се вратил - ако финансиски не можел, или со сместување или од било какви практични причини. Ама не зажалил што осетил малку слобода од такви манипулатори. А кои се тие стручњаци? За какви стручњаци зборуваш? На психолог мислиш или на полиција, нешто такво? На психолог секако дека може да се обрати во секое време, си знае членката дека форумов е неформална собиранка и мислењата не држат тежина како професионално мислење што држи. Тоа не значи дека не треба да разговараме вака, или исуства да споделиме. Ако мислиш на полиција, социјални служби и слично - мајка и не прави ништо нелегално. Ама и покрај тоа, пред мене и пред полицаец една мајка шамар му влепи на детето и никако не изреагира тој. Така да зборов Стручњаци, се повеќе и повеќе не значи ништо, за жал. Она што е универзална вистина е следното - за проблеми што не си ги доживеал, мислењата се многу оскудни, вештачки, звучат ко пример од учебник да читаш, го немаат оној вајб дека го разбираш тој што ти се жали, затоа што реално и не можеш да го разбереш кога не си бил на негово место. И Вајлд пишала дека била со насилник дечко и најмногу она што јас можам да и го кажам е - Е аман, напушти го. И тоа е во ред мислење, да, логично е да го напуштиш, ама пошто сум немала дечко насилник, не знам како е баш да бидеш во моментот со сите чувства и предизвици. И мојот совет "Напушти го" иако е добронамерен, звучи игнорантно. Исто ко "Разговарај" што звучи игнорантно пошто не си имал работа со таков, да се превртиш на глава и не можеш да разговараш. Ако сакаш да ги слушаш децата, одсекогаш комуницираат и пробуваат да ти кажат што не им чини, уште од бебиња плачат кога ќе ги крене во раце некој од кого се плашат. Низ цело детство и возрасна доба детето пробува на сите начини да разговара. Ама ако си го фураш само својот филм, нема што да си изненаџен ако еден ден му ја кидне.
Колку што луѓево помагаат на жени за семејно насилство кај нас, е на деца 10 пати помалку помагаат. Дури воопшто. А ова "разговарај"... Таа 18 години не научила да биде мајка, сеа со еден муабет ќе научи. Важи..
Не е ослободувачки затоа што никогаш нема да се ослободиш од помислата дали си можела да изреагираш и да постапиш поинаку. Не мислев воопшто на финансискиот аспект, туку на фактот дека траумата нема да исчезне ако избега. Мене лично исто игнорантни ми делуваат коментарите, собирај пари, зимај документи и бегај. Да бега каде? Откако ќе избега ќе прави што? Ќе отиде кај либето и така пригмечена од сите проблеми, ќе направи што? Колку ќе издржи, таа и сите околу неа? Психолог или психијатар очигледно не биле воопшто во игра и затоа не знаеме дали може да помогнат или не, јас заклучив (можеби погрешно) по тоа што девојката има 18 години и поим нема што ѝ се случува на сопствената мајка, само знае "дека има рак откако таа била мала"? Тоа не ми е сигнал дека тие двете воопшто седнале било каков муабет да направат, а не пак нешто посериозно. Ако ти ми ѕврцакш цело време, а јас ти викам да не ме замараш, тоа не е разговор. Нормално дека нема ништо да реши. И штом ниту еден друг член од семејството воопшто не се спомнува ни одблиску, може да се вклучат родителите на дечкото или социјалниот работник, ете како семеен пријател. Пошто за собирање партали секогаш има време.
А тоа поинаку е? Разговор ли? 18 годишно девојче ќе учи жена од 40 години како да биде мајка? Имала време да научи таа, сега еден муабет нема да биде од корист. Сѐ додека озбилно не ги сфатиме малтретирањата на деца од родители, ама се грозиме од темата семејно насилство (патем и ова е семејно насилство, не само маж што удрил жена) не идеме нигде. Траумата нема да исчезне ако избега ама ако избега таа траума ќе биде само лоша меморија, не и сегашност.
Само што ќе излезеш од врата ќе се ослободиш. Пошто и ова е манипулација - божем мајката е мало дете па детето треба да се грижи за неа наместо да е обратно, па да се секира како требало да изреагира, па седи во токсична средина со години, помини ја младоста во нервирање. Досега неколку луѓе на темава пишаа дека заминале и се осеќале слободни. Во живо уште толку луѓе знам истото што го велат. Така да оваа теорија не се реализира во пракса. Единствен кој може да се кае е мајка и, ама тоа не е проблем на членката пошто мајка и е возрасна особа што треба да си понесе одговорност за себе и второ, секој си ги трпиме последиците на нашите дела.
Извини, како сум јас крива што мојата мајка одбива да ми каже што било у врска со нејзината болест? Од каде тоа дека воопште не сум зборела со неа. Ти со мене живееш? Може комшија си ми? И ослободувачки е, бидејќи време ќе помине и нема секој ден да се секирам кога и ги слушам чекорите поблизу до мојата соба. Ќе бидам опкружена со луѓе кои не се такви и полека ќе почнд процесот на лечење. Ама не- траумата ќе се излечи САМО АКО СЕДАМ И ЈА ТРПАМ! Како што спомна членката погоре, виктим блејминг!
Не, не треба да ја учи како да стане мајка, ама секако не треба да ја имитира. Треба да научи таа како да комуницира во тешки ситуации и со тешки луѓе затоа што утре таа ќе биде мајка и ако не ја читаме тука, ќе ја читаме во темите за врски, пропали бракови, снаи и свекрви. Еден проблем влече уште десет со себе. Таа треба да се охрабри и да комуницира заради себе а не заради мајка ѝ. Јас многу озбилно ја сфатив и затоа и кажав не на форум туку кај стручњак. И тоа под хитно и обавезно. Затоа што еден ден мајка ѝ ќе престане да биде проблем и тогаш ќе се декомпресираат работите и траумата ќе исплива ко гпвно у канализација и ќе избие на најлош можен начин.
Не нема да разговарам со жена што за едно "не се поминуваше од таа улица за до таму" збесмува на мене. Сум дигнала раце од неа више.
Ама разговор не е монолог. Што дека девојчево ќе комуницира ако мајка ѝ од едно уво ѝ влегува, од друго ѝ излегува? Еве ќе разговара, мајка ѝ ќе рече Ама мајка сум ти, нема што мене да ми кажуваш како, за твое добро е, бла бла. И? Да збори пак, океј. Пак истите зборови ќе ги каже. По трет пат и пак истите зборови. И до кога? А и не знам зашо сметаш дека ако избега, утре ќе има лош брак.
Каде прочита дека ти си виновна? Каде го искористив тој збор? Јас прашав кога и како сте зборувале за нејзината болест и нејзиното лечење и дали си запознаена. Штом вака храбро пишуваш извичници и го препозна моето виктимизирање на жртва, не ти треба психолог, ти си спремна да си одиш од дома и да се соочиш со светот. Ти посакувам среќа. Добро е тоа штом си решила.
Кажано е веќе све, гледај само да не носиш големи одлуки во афект, испланирај си ги следните чекори, малце храброст и тоа е тоа. Секако дека почетоците се тешки, факултет, работа, дечко, но што и да правиш гледај да не ти влијаат мислења кои се обидуваат чувства на вина да ти створат, така сме задоени и пораснати, менталитетот ни е - што и да правиш, од мама делење никако, затоа и сме нација на возрасни луѓе многу зависни еден од друг. Среќно
Не правам victim shaming/blaming. Напротив јас искрено и верувам дека и е многу тешко и дека трпи иако не е крива и должна. Никогаш не би му рекла на некој што е во опасност да остане и да трпи. Ако сум дала совет кој фаворизира комуникација не значи дека не знам како е или дека имам родители кои знаат да ме ислушаат и знаат да разговараат. Не значи дека немам искуство со злоупотреба. Не значи ни дека не знам како изгледа да те манипулираат. Не значи дека не знам што е нарцисоиден родител. Не брзајте со заклучоците за луѓе што не ги познавате доволно! Јас доволно сум свесна да разликувам до каде е мое, а до каде не е кога одлучувам што да пишам некому. Кога и пишав да разговара со мајка и не појдов од себе, појдов од членката. И тоа откако внимателно ја прочитав се што напишала за ситуацијата, колку и да се оскудни постовите со информации. А секако се оскудни, зошто факт е дека никој овде не ја знае целата приказна (и не може да ја знае), не бил сведок на нивна комуникација и не знае како реално функционираат. Конечно, секоја приказна има две страни. Може и мене ме нервира страшно мајка и, може и не се согласувам со нејзините начини, може во неа гледам слика и прилика на некој што мене ми го правел истото па ми е тригер, може и во себе да ја осудувам што така се однесува кон ќерката, АМА заради тоа сигурно нема да и сугерирам на ќерка и да избега од неа и од дома во револт. Конечно, станува збор за нечие дете. Не би сакала утре девојкава да се најде во многу поголема опасност, или нешто да и се случи, зошто донела одлука да замине од дома охрабрена од он-лајн совети. Утре може и вашето дете овде да побара совет. Дали ќе бидете ок ако некој овде и советува да избега од дома? Само сакам да предочам дека секоја акција има и реакција. Секоја постапка има последица. Секој збор има тежина. Мислете пред да рипнете. Вагајте кое зло е помало! Ако дошол нож под грло, спасувај се, јас не викам не. Ама дали е оваа ситуација е навистина таква или не е? Кои сме ние овде од неколку поста да кажеме каква е? Таа е девојка од 18 години, не од 48. Сеуште нема диплома од средно, нема приходи и работа, вели дека нема поддршката од некој роднина. Зборува дека само на дечко и неговите може да се потпре, но сите добро знаете дека не е исто дечко и маж. Па дури и да е сериозен, врските немора да траат вечно. Што ако утре и без него остане? Таа допрва треба да процвета, да напредува во работа, едукација, кариера и воопшто во животот. Зошто да не почне со подобар старт? Зошто да не изигра попаметно? Зошто да се мачи да работи во маркет, ако има подобар начин? 12 часа работат, физичка работа, на нога, со дигање тежини, 6 (до вчера беше 7) дена во неделата, а со која перспектива? Планира да учи и да работи на таква работа? Никој за ова не и зборите! Значи не ја омаловажувам ниту една професија, ама никогаш на млад човек не би му рекла да си ги спушти амбициите. Би му рекла ако веќе е вреден, трудољубив и е борец да инвестира време и труд во нешто што утре ќе му се исплати. Како образование, пракса во подобра компанија, подобра и поперспективна почетна позиција. Би му рекла прво да обезбеди повеќе од 100 денари во џеб пред да реши сама да живее. И како сакајте наречете ги советиве - позитивна психологија, совет од книџе, од неискусен, ама сум реална. Конечно не ми е битно што мислат другите за нив, ако на @FroggyLover бар малку и помогнам.
Исто ко тебе што ти е страв да не избега од дома и да се најде во некоја ситуација сама, поткрепена од онлајн совети, така и нас ни е страв дека ќе остане дома и ќе плаче секој божји ден или да не и се случи нешто, поткрепена од онлајн совети. Не ти е страв за ова? Никој не и рече пакувај ги куферите утре, без да завршиш 4та година средно, туку посочувањето беше дека мајка и многу веројатно нема да се смени штом не се сменала досега и дека чарето е во тоа да се пресели физички од неа, а дали тоа ќе биде на 18 или на 28, членката сама ќе одлучи во однос на надворешните услови. Никој не и сугерираше да си оди одма туку се подразбира тоа дека кога ќе има услови и пари. Ти на никого не би му рекла да ги намали амбициите, ама го забораваш моментот дека некои луѓе не можат ни еден испит да спремаат со таков психички терет од родителот. Ако може да се пресели во друг град на факултет и да го заврши, супер. Ако не може, муабетот беше дека не треба да очајува пошто не е мајка и единствена личност на светов и без неа нема да може ништо, како што и таа самата ја убедувала. Ќе си ја најде поддршката на други начини Ова сега го прочитав. Не знам што да кажам. Стварно сум без збор. Одлучи дали сакаш на факултет да се тргнеш од наесен или работа да фаќаш. Секако тоа одкако ќе завршиш средно, поинаку мислам секако не може, штом си нашколо, мораш да си кај неа. Не би ти рекла да одиш кај дечкото и тој да плаќа за храна, карти, ако сакаш кај него, фати работа одкако ќе завршиш со школо. Ама за нештово не знам што да кажам, некоја возрасна личност на која и веруваш да и се довериш и да и подрече, на што личи ова.