Девојката почна да размислува каде да се смести, што да понесе и да собира документи. Не би рекла дека се подразбира.. А огромна е разликата во тајмингот во ситуацијава. Претходно реков дека никој од вас тука не може да каже дали е мајка и нарцисоидна (манипулатор) или е последица од болеста таква станата или е од двете. Јас од она што го пишала добив впечаток дека претерано ја проверува, а не дека ја искористува. (Еве ако не е така нека ме корегира) Верувам дека зад таа претерана контрола има и грижа за детето, поголема од онаа што може да ја има некој што не и е родител. Дали ќе се смени мајка и или не, е знак прашалник. Ни тоа не може да го знаете. Ако никој не се менуваше тогаш сите ќе бевме ко што сме биле на 16 години. И немаше да има потреба од психолози и психијатри. Како и да е. Ирелевантно е дали ќе се подобри мајка и зошто конечно што и да биде со мајка и, таа мора да се научи да се носи со неа и со сите идни како неа. Не треба таа да се обидува да ја смени. Не е тоа нејзина задача и обврска. Треба да најде начин додека е на овој свет мајка и, да коегзистираат во него. И самата членка рече дека и да се тргне физички тоа нема да ја смени, пак ќе и се плетка. Бегството не е начин.
Океј. Како би го решила ти, ова погоре, и бара да и ги даде гаѓите на проверка? Разговарано, неброени пати. Стварно ме интересира.
Мене татко ми да ми побара да смкнам гаќи да види шо има на нив, мислам никогаш веќе нема да спијам мирно во иста куќа. Ама ок, пошо е мајка, за оваа е ок. Само се грижела. Како да ви кажам ама со некои мислења само им набивате его на такви родители дека што и да му прави на детето, тие мора да бидат во добра комуникација, мора да се сакаат, мора да бидат заедно во добро и лошо. А истовремено и вина на детето дека мора да биде фин со родителот колку и да е лош. И затоа децата што се жртви нема никогаш да бидат сериозно сфатени. А вистината е дека не мора. Не си должен да се клањаш на родител, да збориш со него, да се секираш за него, ако не заслужил. Родител за мене е тој што ќе признае дека ако му згреши на детето, може слободно веќе да не го гледа во лице, а не што смета дека детето мора да го смета како бог, макар и ќотек јадел од него. Второво е све освен родителство. А еве друго Жена што веќе 25 години има менструација треба да знае дека менструација може да касни од 100 причини, не само бременост. Зошто детето тоа да ѝ го кажува, кога сама требала да сфати досега?
Не решив итре да заминам, мислев ако продолжи наредниве месец два. Не знам за тебе ама мене "имаш ли исцедок ти? Дај да видам" не е домашна ситуација во која би седела, во никој случај. После ситуацијата имавме расправија, кога повторно со мирно сакав да и' кажам да прекине со таа обсесија со мене, дека стварно ми е непријатно да ме прашива за нај интимните детали, и ми се развика. Ми рече "добро, ама нема да сум со тебе кога ќе си на улица". Смешно како assume-а дека без неа ќе сум на улица затоа што цел живот кога она беше неарна сама се перев и се хранев ама според нејзиното височество јас сум хендикепирана без неа. Така!!!! Коментаров на маица ќе си го ставам.
Не мислам дека можеш да со одиш дури си нашколо, затоа и родителите уште одат на родителски иако децата се полнолетни во 4та. План прави за после матура, работа или факултет во друг град, без работа немој кај дечкото, прилично е нестабилна опција тоа.
Не сум сигурна, нас класната сама ни ги дава тие оценките за полугодие или тромесечие. Иначе другарка ми има нејзин стан сеа во Ѓорче, ми рече боље кај неа да си дојдам затоа што и онака осамена е таму сега. Иако сум прилично долго време со дечко ми, неа ја знам 10+ години и посигурно ми е. Мајка и' дозна за ова и рече дека нема никаков проблем да и' праќа повеќе пари за да има и за мене, бидејќи знае мајка ми каква е (плус и професорка ми е) Сега размислувам дали кај неа или кај него, ама пак ќе си најдам некоја работа затоа што не сакам да двојат за мене
Конечно ете ја поентата! Проблемот е во нејзиното пикање нос во работи за кои не си и дозволила или во твојата интима. Во немањето доверба кон тебе и во твојата способност. Ова што ти го рекла дека без неа неможеш е gaslighting. Мајка ти е свесна дека и се лизгаш од раце. А уплашена е да остане сама. Прави се да останеш до неа. Мислам дека тој страв да не останеш трудна е уствари заради стравот дека ако забремениш ќе мора да се омажиш и да ја напуштиш. Дотогаш си кај неа. Шејмингот што ти го прави пред други е со истата цел. За да те фати на вина и плус за да и другите ти направат притисок место неа. Претпоставувам дека имала таква жичка и порано ама сега е премногу уплашена заради болеста па оваа егоистичност е на максимум. Некој погоре ме праша како јас би реагирала ама тоа што мене ми е вистински избор не значи дека и на тебе ќе ти биде. Затоа реков илјада пати: вагај, бирај, проценувај и размислувај. Можеби мирот сама да си тебе повеќе ќе ти значи него ли било што друго. Па ќе одлучиш да не чекаш. Друг може нема да се нервира, ќе може да издржи подолго со вакви луѓе и ќе научи од едно уво да му влезе од друго да му излезе, се само да не прифати билокаква работа и билокакво сместување. Секој за себе решава. Ама што и да решиш ќе има последици и треба да си свесна за сите нив и за сите опции. И да те прими повремено треба да те помагаат финасиски зошто не заработуваш. Ако другарката не ти зема за кирија, барем за други работи како сметки и храна треба да не си и товар. Инаку ќе си го расипете пријателството, 100%. Пресметај колку приход ти треба месечно и ќе знаеш колкава плата од работа ќе ти треба. Додека да ја најдеш мора да имаш план како ќе се издржуваш финансиски. Затоа викам планирај и работи на случајот
Да, другарка ми што ја знае и неа долго време пошо цел живот и се жалам ми го кажа истово скрос. Ја погоди 100%
Ако е за утеха, најчесто се подобрува односот со вакви родители откако ќе се тргнеш од дома. Само јас би те советувала да почекаш, уште малку има до факултет, заврши средно, па преку лето можеш да седиш кај другарка ти и да работиш. Вака ќе си направиш хаос во животот и ќе ти биде тешко да се прилагодиш. Не прави импулсивни одлуки од бес, нека ти биде се убаво испланирано и се ќе биде океј. Во меѓувреме гледај да направиш некаков баланс, мајка ти не мора да знае се што ти се случува, ама понекогаш и сама јави и се, распрашувај ја за болеста, ама и постави некакви граници, за мир во куќа. Некогаш треба да бидеме посилниот човек, попаметниот, тој што попушта, затоа што во вакви ситуации и да си во право не можеш да победиш.
Ме фаќа инат и ќе зеам ќе се омажам негде уџум да неможат ни да ми дојдат некад. Жмс. Не ми се седи дома више. Поише свекрвата ќе ме сака него ли од дома некој.
Заврши средно, најди си некоја работа за да можеш да се преселиш на друго место. Во иднина можеш и на факултет да си се запишеш кога ќе имаш можност. Ама ако стварно ти е пеколно дома и не те сакаат фаќај штрафта.
Мисли си ти дека ако се омажиш ке то се среди животот. Може и полошо да биде. Најди работа и биди свој човек. Биди независна. Не губи време на форум, земи јазик учи и најди си добро платена работа.
Така се осамостојувало тоа со 200е плата. Јазик незнам да учам, пошто незнам да памтам, ама мака на све ќе те натера. Ахм да мене главата ми чури од нервоза скоро секој ден јазик ќе учела женската. Важи, утре од посабајле.
Ти даваме совет. 200 никој не зема. Келнери не се под 500 евра. Ако знаеш јазик можеш и поубава работа да работиш. Темата за снаи и свекрва е доволно за поука. Ама таму има жени кои имаат своја пара и има каде да се вратат. И пак си имаа проблеми куп. Ти ако се омажиш, и немаш каде да се вратиш, немаш свои пари, што мислиш дека ке правиш? На улица. Во најдобар случај свекрвата ке е лоша. Во најлош може да се омажиш за будала. Млтретирање психичко и физичко. Уште и дете ако ти направи. Не летај.
Од Скопје беше така? Вработи се ко келнерка, испод 25000 нема шанси да си. Скромно станче со цимерки месечно кирија и сметки заедно ќе те кошта 6/7000. Две години живеев не лупам од памет. Сега ќе ми речиш као да најлесно е на друг да му се соли памет или 1000 стапови по туѓ грб не болат, ама чим ти е толку тешко и неподносливо дома подобро да се стегниш финансиски ама барем мирот ќе го имаш. Од константно жалење и кукање нема фајде. Шо мислиш, топ ќе ти биди со свекрва ако живееш? Избрзана мажачка е најлошата одлука шо можиш да ја направиш.