Девојки, бегање и брза мажачка не се решение. Може само да си направите проблем. Подобро вработете се и/или надоградувајте го образованието.
Мажење за да избегаш од дома, искачаш од лошо за да влезеш во пекол. Не го гледај мажењето како дострел и немој да се поткопуваш. Јас работам со жени и немаш појма колку јаки жени имам сретнато кои сами се осамостоиле. Работи на себе, работи на образование. Курсеви за јазици, програмирање, шминка, фризури, физиотерапија нешто било што, не може за ништо да не те бива, само немаш воопшто самодоверба. Обиди се
^ Уште ова, не само за Малечка туку општо. Млади сте и бунтовни, не дека нема секакви родители, ама мажењето колку да се избегнат не е решение, туку влегување од еден во друг проблем. За брак треба многу повеќе работи да се погодат, оти на почеток се' е мед и млеко. За млад човек, ова е еден од најдобрите совети од постарите кој треба да го послушате, во иднина ќе сте благодарни.
Имаш бесплатно образование буквално на достап со еден клик, и јазик се учи со вежбање, не со памтење.
ако се мажиш глеј mr Right да живее сам зашо поголема е шансата да се разведуваш ради свекрвата него ли ради мажот ова плус живот со уште еден човек со примања е таманка според мене. А во маркет да не знаеш отприлика колку плаќаат?
Кажав прво што ми падна на памет. Јазик акк знае многу работи можеш да работиш. Неформално образование каде што никој не те зеза. Ако знаеш ке си работиш и ке земаш добра плата. Убаво и кажале погоре, има курсеви за масажа, потоа може фризер козметичар. Како келнер и шанкер за почеток добро се заработува.
Па минимална сега ако е 18, или 18 или нешто над тоа. Немојте да бегате од дома без работа. Знам дека ви е тешко ама парите се многу битни. Побарајте некаква работа по интернет, со пандемијава многу работи се отворија онлајн. Пробувајте, ќе најдете. Не се потпирајте целосно на друг. Минимална плата нека е, битно да е ваша плата.
Ја сум професорка по гер и анг би те усмерила шо како да учиш ако сакаш секако. Реално у денешно време се има на нет, 1 саат за јазик секој ден ти е доста да бидеш солидна у зборење и пишување за некој месец.( нели зависи колку знаеш сега) Труд треба да, али јазик е фина ствар ( може фул тајм јоб да ти биде и како хонорарна работа со фина заработка)
Знам да програмирам во C++ и Python, да најдам некој курс за да ми дадат сертификат? Во меѓувреме келнерка можам да бидам додека најдам работа
Сериозна си? Ако знаеш добро да програмираш во ц++ и пајтон, има работа, работа ехеееј. Барај работа онлајн, барај компании што вработуваат from anywhere in the world. Така пишувај и барај. Направи профил на upwork, freelancer, ако ги познаваш убаво пајтон и ц++ верувај ми можеш да заработуваш одлично. Ако те бива за овие јазици земи усоврши ги. Учи го пајтон за дата анализа. Курсеви имаш бесплатни или со малку плаќање. Дата аналисти се бараат ептен и платени се многу. Програмери исто.
Програмирање годиниве учев нешто во средно и нешто со братучед ми на финки што е, само не знам кои сертификати се по признаени од другите? Мислам дека цената за плаќање е симболична, ама има некои ептен fancy што се поскапи. Братучед ми уште во средно гледаше еден онлајн многу добар ама преку 100 евра испадна хахах
@FroggyLover сертификат не бараат сите. Бараат само да ја знаеш работата. Прилично си млада, браво ако ги знаеш добро Ако не ги знаеш ама можеш да ги научиш, фокусирај се тука штом те бива. Мене лично не ме бива баш за програмирање иначе одамна ќе се заинтересирав Ќе разгледам со сертификати како е, дали можеш да земеш од некаде. А да се запишеш и ти на финки, не е опција тоа?
Барај работа како практикант. Сертификатите значат дека си присуствувала на некаква настава, а не дека имаш знаење. Доколку навистина знаеш, можеш да најдеш работа и како самоук.
Знаеш или знаеш нешто? Има голема разлика од знаење и познавање. Ако те интересира одлично, ке ае надоградуваш. Сертификат никој е ти бара. Ти даваат конкретна задача да покажеш знаење.
Не само за млад човек, туку за секој човек што на Планетава чекори. Во брак се влегува со ќеиф, љубов и поштовање кон другата единка и кон вашиот заеднички живот, а не само уште некого да дозаебеш, од страв, немајкаде или себичлук.
Одев на натпревари пред коронава, одамна немам вежбано интензивно треба да се вратам во колосек. Иначе тоа е една од малкуте предмети што ме интересирале во школо. Тоа и биологија. Скоро све друго сум ужасна