Денес на пример ми вика "нема врска што ќе правиш 19, изгледа ти си заборавила како те влечев за коса ќе те потсетам". Нема врска.
Имавте некој страшен конфликт? Има она некој проблем (психички?) или? Ме интересира што треба да се слули меѓу вас за она да те потсети како те влечела за коса.. Барај работа да се осамостоиш. Се надевам дека не посегнува физички да те нападне (иако психичкото е и полошо...)
Нишо не направив за така да ми рече. За школо зборевме и од нигде никаде така ми рече. Иначе тепана сум ја цел живот, колку што треба и не треба..
Малечко, предолго време трпиш. Јака ти душа, но мислам дека е време да се осамостоиш. Полнолетна си, ќе успееш да најдеш работа, а кога ќе собереш доволно пари, оди си од дома. Нема да ти кажам да разговараш со нив затоа што очигледно е дека не помага тоа. Во нормална држава ваквите родители се санкционираат, овде малку потешко, ретко кој се замара од високите органи, но размисли за таа опција да ги пријавиш. Секако дека ништо не губиш. Почни да бараш и читаш огласи, работа било каква ќе ти помогне да се тргнеш од дома. Мислам дека е време за тоа. Годините што треба да ти поминат најубаво, ги поминуваш најлошо. Не оставај ништо така, земи ги работите во твои раце, зошто еден ден ќе се каеш што не си собрала храброст да се спротиставиш порано. Те молам, послушај ги членките што те советуваат, не е срамно да побараш било каква помош.
Дадино мое , ја имаш цела љубов и поддршка на светов од мене , не заборавај . Не знам како да ти помогнам , навистина .. Да не прочитав тука , немаше ниту да знам низ што поминуваш .. Бори се дадино , знам дека не е лесно , но мораш да издржиш уште малку , барем додека не се снајдеш за работа ..
Не можам повеќе да издржам со мајка ми. Скоро 20 години имам и премногу ме контролира и се меша, а исто така е и огромна паничарка. Секогаш кога сум излезена, ме бара по 50 пати и доколку не ѝ кренам, ми праќа уште толку пораки. Ме има и следено низ град. Се обидува да одбере со кој излегувам, каде одам, колку време ќе останам. Пример кога се запишав на факултет и почнав да се дружам со колешките, таа се мрштеше и не сакаше да излегувам со нив затоа што според неа, сум немала ум во главата и нешто лошо ќе ми се случело. Кога ќе се поздравам со некој на улица, особено другар, веднаш се распрашува од каква фамилија бил, па коментира за нивниот изглед, па кажува дали треба со такви да се дружам или не. Не сака ниту да работам. Веќе најдов работа и кога дозна, многу се изнервира и ми забрани да работам, но не ја послушав нормално. Не знае дека за брзо ќе почнам да работам. Морам да напоменам дека е опседната со мојата менструација. Мора да знае кога добивам. Сум разговарала многу пати и сум ѝ кажала искрено што ми смета, но секогаш почнува да се дере и да се прави жртва. Секој разговор завршува со караница и таа си продолжува по старо. Веќе некое време размислувам да се иселам. Но, страв ми е од нејзината реакција и дали ќе се снајдам финансиски. Совет? *се извинувам доколку не бев доволно јасна, многу ми е лошо во моментов и не можам мислите да си ги организирам
Ти си полнолетна и научи веќе да удриш по маса и да кажеш ова е мој живот и ако сакам за нешто ќе те информирам јас ако не нема и нема што толку да се интресираш. Се разбира дека не смееш да паднеш на емоции кога таа се претставува како жртва туку во тие моменти да го искажеш твојот револт уште посилно. Ти си ворзрана девојка и можеш да си се иселиш кога сакаш и ни најмалку да не се секираш за нечија реакција макар и била од твојата мајка. Дали можеш сама да се снајдеш финансиски тоа само ти си знаеш и никој друг, ако сакаш помали трошоци можеш да живееш и со цимерки.
Можи не е лошо во комуни да живееме. Да си најдиш родители што ти одговараат и на кои ти им одговараш. Можи хипиците се во право...
Смири се прво, диши длабоко. Потруди се некој период да не си ја трошиш енергијата на конфронтации со неа и сконцентрирај се на твоето осамостојување, направи си проценка колку ќе ти треба за почеток и барај начини да дојдеш до таа бројка. И ако ти треба помош не се срами да ја побараш. Може да сонуваме, сепак сме на Балканот.
Само вие две сами живеете? Доколку сеуште живееш со мајка ти и татко ти зошто не се обидеш отворено да разговараш со него и да му кажеш што осеќаш и се што ти смета па тој малце да ја смири и да ја спушти ‘топката’ искрено многу жално и тешко време за младинава, општество труло кое не дава можност секој млад човек да се исели од дома и самостојно да живее, направи си добро пресметка со платата која би ја зела колку би ти оделе на трошоци за сметки и колку би ти останале за живот, доколку си во можност тоа ти е најдобра опција
Не знам дали имаш пишувано ти порано, но се ова го имам прочитано пред некое време на форумов. Ако си ти тогаш редно е да се вработиш, она не може да ти забрани ако си полнолетна. Види, другарски, цимерки нешто ако имаш да ти биде полесно на почеток. Вака не можеш, постојано во караници и контрола
Сум разговарала со татко ми и свесен е дека таа премногу притисок ми врши. И тој разговарал многу пати со мајка ми, но џабе било, пак се дере и се нервира и се прави жртва. Што и да направиш, што и да кажеш, таа нема да признае дека згрешила. А да се извини? Боже пази.
Токсичен родител. -нездраво контролира -сѐ е забрането -што и да правиш,ништо не чини -секоја одлука е погрешна -имаш погрешен дечко/девојка -имаш погрешен маж/жена -тој/таа одлучува со кого ќе се гледаш и до кого треба во брак да бидеш. -децата ако се побунат ти се невоспитани -што и да одлучиш ќе се каеш,зошто родителот така мисли -постојано се кара со сите дома за најмали ситници и прави дено ноќни драми -со ништо не се удоволува -на ништо не се радува -или се сложуваш со неговото/нејзиното мислење за одредена тема или тешко тебе и си под критики -што и да ти даде,понатаму ќе се покае и ќе рече дека згрешил/а -континуирано потценување на твоите способности и недоверба дека нешто ќе успееш -постојано критика за сѐ -никој не чини,сите се за нигде -продавачите се расипани,докторите ништо не знаат,комшиите се за нигде,роднините се за нигде со никого нема комуникација само карање -фаќање за ситници,мерење на секој збор на вага и кавга од мравка слон -те брка од животот те вреѓа,после уште повеќе те вреѓа за да се вратиш назад.......... .......... Anyone knows this feeling?
Мајка ми е многу токсична. На почетокот мислев дека проблемот е во мене се додека не почнав да сфаќам некои работи. Со ништо не е задоволна на ништо не знае да се израдува. Постојано критикува, мојот дечко не и одговара и си замислила во главата дека тој мене само сака да ме контролира. Ми вика ти него го сакаш повеќе од нас, оди кај него што чекаш итн итн. Пред секое излегување мора да направи некоја кавга и јас нерасположена да излезам од дома. Едноставно не се радува жената кога на нејзиното дете му е убаво, исто како да љубомори. Веќе не знам со неа како да постапувам, студент сум финансиски сум зависна од моите дома. И факултетот ми е 100 пати преречен. Ништо немам право да побарам, кога и да побарам нешто секогаш немаат пари да ми дадат, ми ствараат грижа на совест што не работам а што студирам и се осеќам како да сум некому на товар. А и пред да започнам со факултет со нив сум разговарала дали се во можност да ми го финансираат студирањето на што се согласија без проблем. Цело лето ми го прават истиот муабет немој да планираш да одиш некаде на одмор, ќе бараш пари знаеш дека немаме дека треба за факултет. Јас тоа го разбирам, ама они тоа го кажуваат и го потенцираат на многу лош начин што лрави да се чувствубаш лошо. А реално за ништо не барам пари, еднаш месечно излегувам, секогаш сум дома. Веќе немам желба ни за факултет, сакам да го оставам и да продолжам да работам па здравје ако можам да го завршам зошто ова не се трпи веќе.
Како да се справам со родители што постојано ме контролираат, ми ја планираат иднината, ме критикуваат, се што правам според нив е погрешно. Живеам сама, тие очекуваат да живеам со нив и го планираат тоа и ми планираат што ќе работам, а кога ќе им кажам дека не сакам, не ме сфаќаат сериозно. Им имам кажано дека не сакам да живеам со нив и дека ми се токсични и ме обвинуваат мене дека бегам од реалноста и на крај јас се чувствувам виновна и се преиспитувам дали е во мене приблемот.
@LoveRain Кога веќе живееш сама, полесно ти е да држиш дистанца која тебе ти одговара, можеш комотно да ја сведеш комуникацијата на минимум. Ќе мораш да научиш низ едно уво да ти влезе, низ друго да ти излезе, кучињата лаат, караванот си врви. Нема потреба да се преиспитуваш, ти одговараш за себе, своите постапки и резултати и дела, но пред себе, не пред нив. Особено ако гледаш и чувствуваш разлика во атмосферата и твоето однесување и размислување кога си одделена од нив и кога си со нив. Не си должна да исполнуваш туѓи желби освен ако свесно не одлучиш дека сакаш.