Токсична врска со родител

Дискусија во 'Психологија' започната од thequeen95, 27 ноември 2019.

  1. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.606
    Пол:
    Женски
    Боже што прочитав овде, што луѓе биле овие.
    Испаѓа, долго време психопати си се шеткале меѓу нас, ама ние не сме знаеле.
    Пак ќе кажам, ако некој си го мрази сопственото дете, своја крв, тој не е човек, се мрази сам себе.
    Зошто им е дозволена репродукција на овие?
    Се гледа дека биле за живот во планина со диви животни. Не меѓу цивилизиран свет.
    Срам е ова и за држава и за социјални служби кои не ги интересира ама баш ништо.
     
    На GirlLove, Осе и hermosa им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.651
    Допаѓања:
    14.106
    Еве ќе ви споделам пример од тоа како родител критикува дете на запад. Значи при една посета во странство, престојувавме во семејства, е сега во тоа семејство имаше дечко кој на 22 години дипломирал економија, и на свои 23.5 години не беше вработен. Државата е економски јака, работа се наоѓа. Мајката алудираше дека треба да се вработи, но со позитивни афирмации, „Еве и Лудовик ќе бара работа“, „Што ќе прави дома, сите сме на работа, поубаво ќе биде да најде работа, ќе му е исполнет денот со обврски, да не се досадува“. А овде како е? Навреди, пцовки, закани, уништување на сите планови и желби на детето, саботирање, дури има и родители кои се фрустрирани и неуспешни и сакаат своето дете да го видат ниво испод себе, за да имаат кому да префрлаат. Ние велиме странците се себични, не тие се реални и одговорни, ние сме себични, клети, невоспитани.
     
    На GirlLove, butterfly_91, АринаАрина и 8 други им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    15.462
    Пол:
    Женски
    Има и уште полоши од овие погореопишаниве случки. Така да, ова не е ништо. Балканот е сам по себе посебен правец во психологијата.
     
    На GirlLove, Trexane, INNERBEAUTY и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.606
    Пол:
    Женски
    Знам дека можи и полошо и дека на нивни 18 години ги бркаат од дома некаде таму на запад. Ама па, психолошково насилство што го прават Балканциве на свои деца е убиство на его и самодоверба. Мислам, без шега, треба да се пополнуваат прашалници, психолошки тестови, што год и да користат психолози, да се утврди кој е спремен за родител. Совршенство нема, тоа јасно ни е на сите. Ама бар да се намали страдањето.
     
    На Trexane, ThiccFit, Superlejdi27 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. potatoface

    potatoface Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2020
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Секој ден е многу лош. Моите не ми зборуваат.
    Денес зборуваше мајка ми на телефон како на запад сите заминувале да работат од 14 години. Како таа е жртва за сите и плаќа сметки, и прави доручек/ручек/вечера и како јас му сум велела дека таа одлучила да има дете. Потоа ме праша дали ќе сум излегувала негде па реков да, па цинично рече ,,ааа ќе оди у живот" (цело време е на телефон со баба ми). Потоа продолжи како немала сцет видено, дека останала кај што е, дека во 5 години никогаш не дошла кај мене (во странство кај што студирав). Па продолжи да зборува како и татко ми бил пекол направен од сите страни, сакајќи да каже дека и јас сум дел од тоа како тој се чувствува.

    Дали сум јас крива за се? Дали е во право?
     
    На GirlLove и Superlejdi27 им се допаѓа ова.
  6. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    А зошто ти си крива? Затоа што мајка ти не се остварила како што сакала и сега ги исфрла фрустрациите на тебе?!
    Ти си последната на која треба да се нафрла. Причина за нејзиниот "промашен" живот си е таа и само таа. Како бе на свое дете да сум љубоморна дека оди "во провод"?!

    Затоа памет во глава, и прво остварете се како личности, бидете задоволни со самите себе, па дури потоа оформувајте семејство.

    А тебе би ти советувала да ја игнорираш максимално и да се осамостоиш, само така нема да ти набива вина
     
    На SummerGirl, hermosa, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. potatoface

    potatoface Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2020
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Не можам да ја игнорирам. Се чувстувам виновно бидејќи кријам дека не успеав на факултет и си мислам дека заслужувам така да се однесува со мене. Цело време сум уплашена и не знам како да продолжам понатаму :(
    Цело време ми зборуваше како треба да одлучувам за себе без разлика што мислат луѓетои дека е горда на мене, па ми испраќање срциња, па убави зборови секој ден, и сега кога одлучив да се вратам си мислев таа ќе ми биди најголема поддршка, но згрешив. Си мислам дека сето тоа беше за корист иако не знам сама да проценам и си мислам дека грешам.
    пс. фала многу за се што напиша, ми прави да се чувстувам подобро :inlove:
     
    На tanjaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.443
    Допаѓања:
    40.946
    Пол:
    Машки
    Немој да се чувствуваш виновно за твоите избори во животот. Си одлучила дека не можеш да успееш во таа средина и не е тоа за тебе, не се пронаоѓаш и не сакаш таков живот да живееш.

    Сега, кога веќе си се вратила, продолжи понатаму со животот и плановите кои ги имаш. Дали е тоа барање на работа или можеби повторно одење во странство за работа... Но, време е да продолжиш понатаму и да си ја градиш својата финансиска независност од родителите.
     
    На SummerGirl, potatoface, tanjaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.651
    Допаѓања:
    14.106
    Не си крива. Тоа што во Македонија има многу неуспешни ликови, не е твој проблем. Очигледно, многу мајки му префрлаат на детето дека заради него не успеале нешто во животот. Но, вистината е дека биле глупави, наивни, слушале тетки, стрини дека треба што побрзо да се мажат, не учеле, не работеле, не прошетале, не виделе ништо во животот, не знаат ништо и некој нив им е крив. Не, самите биле без карактер и визија како сакаат да го живеат животот. Игноририрај ги.

    Исто на работа имаше една колешка која тврдеше дека работи за синот, да не бил тој, дома ќе седела, ќе си спиела, немала да станува да оди на работа. Каква себичност. И да не е синот, ќе треба да плаќа сметки, даноци, храна да купува, ќе треба да се облекува, да функционира, а вака перење со мубает демек е посветена мајка.
     
    Последна измена: 9 декември 2023
    На SummerGirl, tanjaaa, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.606
    Пол:
    Женски
    Ако извадиш закључок, како поминале претходни генерации со свои родители, како поминале милениумци. Ќе сфатиш дека бумерите во улогата на родител комплетно потфрлиле. Зошто-како и кој ги направил себични, тоа си е друга тема.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ми стигна известување дека мене ме цитираш :D.

    Како и да е. Го делам твоето мислење за бумерите. Создадоа генерации несигурни во себе. Се надевам дека ќе научиме нешто од нивните грешки.

    :l: па не застанувај. Продолжи понатаму и превземи го животот во свои раце. Презапиши друг факултет тука. Или најди работа додека да се одлучиш. Бар денес е лесно. Покажи став, така и повеќе ќе те почитуваат
     
    На SummerGirl и potatoface им се допаѓа ова.
  12. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    5.320
    Пол:
    Женски
    Ај мајка ти нека не лечи комплекси на тебе. По голема бедоќа да кажеш на дете”ти ги имаш сите поволности јас шро ги немав” … ок перса земи и учи и ти нњ ти е касно.
    Не дозволувај да те тоне, ќе и кажеш мајко ако сакаш иди и учи, благодарна суѓ ама ете едноставно не е за мене. Шо срам да не си утепала човек? Ограбила продавница?
    Ајде жити све па ако е родител не е бог, собери сила и кажи, имај си свое јас и глава крената!
     
    На SummerGirl, christinnn, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Geronimo

    Geronimo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    132
    Не е секогаш видливо јасно. Многу може и да си се препознаете во моја кожа. Јас цел живот живеев со одвратно чувство дека имам потреба од афирмација од родителите за се што правам. Дека јас што и да направам неисправно добивам одвратно осудување и терор од нив и дека тоа е оправдано пошто тие се, нели, морална вертикала..

    Нормално, настанато од нивното преовладување во мојот живот кога бев помал (тинејџер) . Златно правило- правилата ги поставува тој што располага со златото .. А родител има 1000 начини да изнуди од тебе некакво понашање, зависиш од неговиот дом, пари, храна, "те пуштам-не те пуштам"... Најлошо е шо сам тоа неможев да го согледам дека се случува, не изгледаше така...

    След на настани на големи промени во мојот живот доведоја до тоа да се оддалечиме потполно. Во иста куќа да се случува со денови и да не се ни сретниме меѓу спратови. Тогаш ми кликна
    КОЕ ОСВЕСТУВАЊЕ, ејјјј!!
    Тогаш видов од каде било сето мое животно незадоволство, цел неуспех, анксиозност, немање храброст, воља, зошто ми пропаднала врската што ми значеше СЕ на светов, зошто немав другари на место, зошто јас сум далеку од реален живот...

    Хорор... Барем за мене
     
    На FreeToGo, ThiccFit, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.651
    Допаѓања:
    14.106
    Слика и прилика на македонските родители. Дури и ако не постигнале ништо, ама баш ништо во животот, се однесуваат дека нивното дете да мора да е Ајнштајн инаку ќе бидат страшно разочарани. Ретко има родители во Македонија, има луѓе кои родиле дете „да не им замине возот“ и да не ги озборува сосетката и тоа е се. И не е само родител, и пријатели, роднини ако ти ја црпат енергијата, кога ќе се отарасиш од нив ќе сфатиш што е раат.
     
    На GirlLove, SummerGirl, Golden и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Heidi__9

    Heidi__9 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2024
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Јас со мајка ми никогаш не сум имала однос како мајка-ќерка. Секогаш сум имала голем страв од неа за било што. Многу работи не направив ради неа и се каам реално. Ми наби страв за возење иако имам положено едвај се опуштам да возам кога сум со некој. Имам 21 скоро 22 и нема враќање касно навечер. Да јас разбирам дека како родител се грижи и се тоа, но јас не сум излезена со некои рандом луѓе што она не ги знае тоа е друштво што доаѓало кај мене дома, со дечко итн. Ме нервира тоа што од мене се очекува премногу а јас се нервирам поради тоа што не го давам максимумот за нејзе да и угодам. Кога ќе видам другарки со мајките каков однос имаат искрено им љубоморам. Сите да кажам интимни работи ги споделувам со баба ми или со најблиската другарка, мајка ми пола од работите не ги ни знае и тоа со причина. Попрво ќе ми се развика отколку да ме сослуша и да поразговара со мене.
     
    На SummerGirl и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  16. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    5.684
    Пол:
    Женски
    Не секогаш тоа што родителите мислат дека е најдобро според нив е најдобро и за детето. Секако зависи за колкаво дете станува збор, но родителот може да посоветува, не и да одлучува во име на децата.

    На темата, мојата токсична врска со родителот заврши така што прекинав секаков контакт. Мирот нема цена.
     
    На SummerGirl, Selena01, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.651
    Допаѓања:
    14.106
    Не контактираш воопшто? Со еден или со двајца родители? Моите порано беа токсични, додека материјалната состојба им беше лоша, сега има е подобра, и цело време се со некоја смисла за хумор. Исто, мои роднини, тоест вујна ми беше токсична цел живот. Кога ќе отидев кај братучетка ми која воедно и ми беше школска, жената хистеризираше, се издеруваше за ништо, сега децата се во Германија, им праќаат пари и како препородени се. Нема хистерии, нема токсичност, ама и тоа не е фер од друга страна. Не си се борел максимално за своето дете, а сега кога детето ти праќа пари ти е ок.
     
  18. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    5.684
    Пол:
    Женски
    Со едниот немам апсолутно никаков контакт. Сметам дека ми е подобро вака. Проблемот не е решлив од причина што другата страна нема никаква желба да го реши, а јас не планирам да го минам животот во обиди некого да премислам.
     
    На queen19, iloveyou29, FridaodaMk и 3 други им се допаѓа ова.
  19. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Реткост е денеска да најдете 25-30 годишни луѓе во земјава ,што имаат навистина добар однос со родителите.Многу е жално...Тоа се генерациски трауми што се пренесуваат на секое мало дете.Се разбира ,доколку се свестите и го прекинете тој образец.
    Мислев дека имам океј однос со моите ,посебно со мајка ми.Знаете кога се смени тоа?!Кога ја родив ќерка ми...Едно мило,мало слатко бебенце што не знае ништо за светот за околу неа ,и сака само љубов.
    Сватив многу работи ,душата ми се корнеше.И јас бев бебе ,дете.Сакав да бидам само сакано.Мајка ми бараше од мене да ја штитам,од како памтам за себе. Бев крива за секој нејзин проблем,требаше да го решавам.И знаете и кажав онака смирено.Јас одлучив да бидам мајка ,тоа е мое чедо и на маж ми, наша должност е да ја заштитиме,дадеме подршка и безусловна љубов.Кровот над глава и јадењето нели го имаат и децата во дом.И јас испаднав неблагодарна ,оти требало да бидам среќна оти ме родила.Да напоменам милион пати ми кажала,дека подобро да сум умрела ,оти сум и го уништила животот.Знаете зошто?!
    Кога сум била бебе,сум се заоѓала од плачење.Не велам дека им била лесна таа глетка,ама да претепуваш бебе за да се освести ми е ментално.Тоа траело две години.И оп гледам дека тоа била честа појава кај мали бебиња, и ме интересираше што всушност е тоа.Можеле да ме разбудат со алхохол ама,ете ова им била подобра метода Најбитното е тоа дека мајка ми го користеше целиот живот тоа за нејзини уцени и да ме контролира.А јас правев се да им удоволам за зрно љубов.Навистина ее каам ,што немав храброст и мислев дека сум крива,да се изборам за себе .
     
    На Milaaaaaaaaaa, Deus ex mahina, Cosmic Girl и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    9.325
    Пол:
    Женски
    Не се обвинувај веќе себе си.
    Престани да се каеш што не си се спортиставила порано.

    Не можеш да ги брзаш некои процеси.

    За да дојдеш до тоа да се заземеш за себе прво треба да препознаеш и да се освестиш дека односот на другиот не е во ред и дека не треба да трпиш. Ако тоа е единствената реалност што си ја знаела додека си растела како си крива што не си знаела за друга?

    Тебе тоа сознание ти дошло кога и самата си станала родител. Си се омажила, си видела дека односите меѓу партнерите, меѓу децата и родителите може да бидат и поинакви.
    Затоа и сега почнуваш да се поставуваш во одбрамбена позиција кон таквите луѓе. Сега имаш одговорност и пред себе и пред твоето дете да бидеш ментално здрава и способна, зошто сега некој друг зависи од твојата добросостојба.

    Се си е на место, верувај.
    Кога некој цел живот ти трубел дека ти си крива, тешко се менува навиката да престанеш да се обвинуваш.
    Ама почни да препознаваш кога ќе влезеш во тој круг на самокритичност, погледни се колку можеш пообјективно, присети се дека тоа е научен и наметнат тек на мислите и дека ти имаш моќ да го контролираш својот тек на мислите и своите емоции.
    Луѓето треба почесто да вежбаат до каде е нивното, а до каде е туѓото. Некогаш мислите што си ги кажуваме на себе не се наши. Некој друг ни ги кажал и ние сме ги прифатиле.
    И друг пат мајка ти кога ќе почне да ти кука и да те обвинува, само речи и „не е така“ и замини си или спушти и слушалка.
    Не се убедувај и разубедувај, не се докажувај со неа и не и го потфаќај муабетот. Не и дозволувај дури ни емотивна реакција од тебе да добие.
     
    На Glowy, CameliaMiller, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.