Јас малце да си ја олеснам душата. Никогаш сум немала убав однос со татко ми. Знам дека ме сака, и јас него, единствено дете сум му, татина ќерка сум, ама тоа како дете и тинејџер што ми го има правено никогаш нема да му го заборавам. Човекот си е таков по природа, малце агресивен, брз на јазин, кажува и тоа што требаи тоа што не треба. Како тинејџер ме држеше многу стегнато, дури и премногу пошто од секогаш сум била мирна. Во последниве две години, како растам воспоставив малку повеќе однос со мајка ми. Ни со неа сум немала мајка-ќерка однос, ама еве како растам се повеќе има. На моменти го гледам дека љубомори кога искачам со неа, кога праиме муабет. Што да праиме кога сме жени, сигурно нема да зборувам за бандажите на колата. Пред една недела толку многу ме изнервира, што уште од сабајлечки кога идевме накај работа, се што ми лежеше на душата му изнакажав. 5 дена не ми збореше, очигледно лут ми беше. Мислам дека сфати дека не сум више мала и дека сепак нема више толку авторитет врз мене. Сега више не ми е лут хахха.
Сметам дека треба да поминуваш повеќе време правејќи активности и со двата родители заедно, пример ручек и патување некое, една си им, нормално да се малку љубоморни еден на друг ако еден од нив се осеќа запоставено.
Здраво, сите! Јас сум младaи многу сакам да готвам, но мојата баба е многу страсна кога станува збор за храната и вели дека не треба да трошам многу состојки или време на готвење. Често ми забранува да користам повеќе брашно или други работи, иако само сакам да научам нешто ново, јас разбирам дека е времето сега такво,се е скапо, ама зарем да штедиме и на храна? дали некој може да ми помогне со некој едноставен рецепт што не бара многу состојки? Сакам да покажам дека можам да направам нешто добро и вкусно, но мојата баба не ми дозволува да експериментирам. Како да и објаснам дека сакам да учам да готвам и дека тоа не е ништо лошо? Едноставно живеам кај нив, можеби и тоа е причината, сепак некако сум многу лута, а знам да готвам, имам талент ајде да немам да речеме, добро, се надевам нема да ми се смеете бидејќи ова е стварно сериозно, еднаш барем да зготвам нешто и јас, млада сум кога ќе се научам ако не сега? Таква си е жената стварно, многу почнувам да се нервирам, кога би можела да си живеам сама но ете не можам, инаку имам 19 години и студирам факултет, знам дека не може да се смени таква е ситничарка, ама претерано е стварно, и не само за готвење, за секакви работи ми се мешаат, за дружење, за патување за било што, за нив роа не е во ред, но сепак, тоа е друга тема, ова најмногу ме допре, јас не сум должна да гладувам Благодарам многу!
Нема многу да се замараш со баба ти,нема да види колку ставаш и што во храната.Имаш здрави и лесни за подготовка рецепти,пребарај низ нет ќе најдеш и купи си готвач списание има доста добри рецепти.И ако можеш најди си работа иако студираш немој да зависиш од никој ,и живеј ти како што сакаш .Тоа се глупавите македонски сфаќања дека женското треба да е ограничено,не потпаѓај под влијание на ниско интелигентни луѓе.Никој нема право да ти се меша во извор за било какви животни одлуки.
Ја отварам темата после по долго време. Одамна имам проблеми со родителите, односно со мајка ми, кога бев по мала мислев дека вината е во мене, бидејќи таа секогаш така посочуваше, но како созревав сфатив дека проблемот е во нејзе. Никогаш немавме добар однос, секогаш ме критикуваше дека се што правам не е добро, го има изгубено татко и, сестра и мајка и, и на крајот и брат и. Секогаш кога ќе се скараме посочува на тоа дека од тоа што сум била пророк ќе закопале уште некој. Таа е приврзана со нејзината страна, тие не толку со неа, и секогаш ја величи нејзината страна, а страната на татко ми ја погазува. Откако почина вујко ми, братучедка ми се оттргна од мене, таа упорно се фати за тоа дека јас сум ја оставила кога и било најтешко. Кога требаше да дипломирам, мајка ми сакаше да ја викнам и братучедка ми на дипломска, јас не сакав, настана хаос, рече и јас не одам, татко ми застана на нејзина страна и тој не дојде, на денот кога дипломирав само јас знам каква празнина имав. Од тогаш не зборував со нив, веќе една година, во меѓувреме татко ми доби удар, јас со него комуницирав онака формално, со нејзе не, за до пред неколку дена да настане пак кавга после една година и да ми кажат мајка ми и сестра ми дека дома седам како кираџика и што уште барам дома, мајка ми тврди дека не ја подучила сестра ми така бидејќи таа и сестра ми се едно, јас сум навистина сама, татко ми е немоќен, туку дека некој трет човек од надвор кажал што уште барам дома, кога не придонесувам дома ниту пак зборувам со нив. Во овие години што добро и да се случуваше секогаш таа правеше скандал, кога беше нешто убаво ќе направи погреб од истото, ако треба да одам на пат истото ми го прави, не знаеше да се израдува на убаво, а кога ќе се случеше кавгата секогаш велеше дека тие што починале починале од мене. Сега кога се случи последната кавга толку бев немоќна и уште немам сила да функционирам како што треба, немам финансии да се иселам, имам автомобил го ставив на продажба за да се преселам, бидејќи мајка ми ми го има оцрнето образот пред сите има раскажано дека не зборувам со нив и дека не знае ништо за мене, ме има направено црна овца пред сите дека јас за се сум крива а таа не признава вина. Ова е накратко од она што се случува, во целост има уште многу. Се извинувам на долгиот пост.
Макар со цимери, исели се. Друго решение за жал - немаш. Не комуницираш со нив (правилно според постов), а живееш со нив. Нема логика. Работиш? Ако не, почни од таму.
Ваквите луѓе нема да ги промениш, батали ги и родителите и сестрата и околината на која тие се обидуваат да влијаат. Имаш диплома, верувам ако побараш работа ќе ти се пружат добри можности за истата. Не знам од каде си ама супер опција е да заминеш во друг град па дури и друга држава. И така сакаат да се исселиш. А реално и треба, не се живее под ист покрив со луѓе со кои ни муабет не правиш. За млад човек се нудат можности, потруди се да ги искористиш. Не си ги троши најубавите години седејќи дома без приходи и под постојани притисоци и нервози кои ти ги приредуваат тие токсични ликови кои очигледно е дека не знаат што сакаат.
Ви благодарам на советите. <3 Инаку не работам моментално, работев 8 месеци, ама трпев ижживување и напуштив, цел период активно барав работа, но бидејќи сум од мало место помали се можностите. Па по последните случувања дома сфатив дека не ми е местото овде, место каде што треба да ти бидат поддршка и да ти биде најсигурно јас дома се чувствувам како тотален странец и како да им бодам во очи и морам да си го барам решението.
Ако си од мало место, можеби добро решение е да разгледаш за работа во поголемо место. Секако е паметно да се иселиш, ќе имаш две во едно. Верувам дека ти е многу е тешко, но мораш ти сама да се потпреш, не можеш да очекуваш ниту да разберат, ниту да се сменат. Можеби нешто и Е до тебе, но, сигурна сум дека има луѓе кои и те како знаат да те направат да се осеќаш виновно за се и сешто, а особено да го извртат приказните пред други. Додуша, тоа и не е битно. Исели се и најди си работа, раат да си видиш.
Многу ми е жал низ ова што поминуваш. Според ова, премногу токсично семејство се твоите. Барем еден да застанел на твоја страна. Да си ставам дете пред внука, и јас имам внука, ја сакам премногу ама теоретски шанси нема да ја ставам пред мое дете. Како дете што се сака никој не можеш да сакаш. Најди било каква работа не мора по струка, за почеток за да имаш да се отселиш. Со тек на време ќе си бараш работа на професијата. Не сите што сме со диплома работиме на струката. Колку години си? Да бевме нормална држава, со услови за нормален живот сите после 18 год ќе бевме отселени од кај родителите. А вака сме катастрофа, не чини ни за родителите, ниту за нас. Понекогаш, (неповрзано со ова) немајки избор младите немајки работа седат и трпат родителите, а родителите од што не се моќни да финансираат настанува хаос и кавги по дома.
25 години имам, но никогаш немам чекано од нив, работев и како студент по многу часови во Германија, сама си обезбедив и автомобил и возачка и се што ми требаше но тоа не го ценеа никогаш, факултетот и сама си го имам плаќано некои семестри, а некогаш и тие, ако имав повеќе пари во мене гледаа како на банкомат, дури еднаш ми ја земаа и заштедата додека бев во Германија која што ми беше останала овде.Сега кога останав 2 месеци дома веднаш префрлаат и ме гледаат како терет, па дури и ме бркаат.
Не знам како можат така, отсекогаш ли се такви? Па дури да те бркаат, навистина ми е жал. Имаш ли кај некој да одиш привремено додека се снајдеш, роднина, другарка? Најдобро ако можеш што подалеку од нив, во Германија ако можеш пак. Прекини секаков однос со нив колку и да ти е тешко, да имаш мир барем. Со сестра ти исто се однесуваат така или само со тебе?
Maјка ми од секогаш е таква со мене, доброто секогаш ќе го направи пекол, не знае да се израдува, дури како и да е љубоморна што веќе сум сигурна и дека е. Официјално ме немаат избркано но ми го има оцрнето образот пред сите дека јас сум лошата, дека јас не разговарам со нив а секако има и причина зошто не разговарам. Само сестра ми ми рече дека џабе седам овде како кираџика што уште сум барала, татко ми порано повеќе застануваше на моја страна но откако се разболе е немоќен па повеќе се сврте накај мајка ми, така да сама сум во ова. Мајка ми со сестра ми се однесува сосема спротивно бидејќи ја заврте против роднините на татко ми од х причини и бодат во очи и сестра ми ја води по нејзин терк. И од секогаш се е однесувала така со мене, а по различно со сестра ми, мене ме доведе до уништување.
Мораш да се иселиш од таму ќе те исцедат психички. Најди било каква работа за почеток и отсели се. Штом се такви немој и парите од автомобилот да ти соберат.
не можам да ти пишам приватна порака .... искрено сакам да споделам со тебе нешто на темава ама не јавно тука пред сите. Ако сакаш контактирај ме ...