Истото го пишував, се чудам како да ви се помогне девојки , толку тажни судбини, мајки бе ... какви се тие мајки, не, не можам даго читам ова повеќе. Никогаш нема да го дозволам тоа, ќерката да ја доведам до размислување како да се спаси од мене.
Не може на 18_20 години да се ослонуваат на дечко. Не е поентата да се избега од лошо семејство па да се влета во лоша врска. Може летна работа во странство на 2-3 месеци па ако успее да си среди за подолго. Инаку само дистанца од ваквите родители. Без да има се кажува детали за вашиот живот како што советуваа и членките. Секогаш имајте на ум дека е само период и ќе помине, ќе почнете да заработувате па ќе може да си живеете со цимери и да се тргнете од нив.
Дечко ми знае се и многу ме разбира, ама не може да ми помогне, прво затоа што живее со неговите во стан, второ заедно сме само неколку месеци и уште не сме размислувале за ништо сериозно.. Решив да се потрудам да го завршам факултетов и тек после ќе се мислам што како, само тоа ми останува сега, немам можност за ништо друго. Долго сум размислувала и сум барала чаре, ама не може да се најде за жал. Како и да е, пишувам само да си ја искажам душата пошто ми се погоди темата, не барам совети.
Не е само да бидеме мајки, туку и какви мајки ќе бидеме @Kolin Оти не треба многу да го направиш и родиш. Да го израснеш и воспиташ бара многу нели? Искрено јас ради неа изгубив желба некогаш да имам свое зашто се плашам дека ќе бидам како неа и моето дете ќе го трпи истото што и јас. Поарно никогаш да немам дете отколку да имам за само да се рече ете сум родила.
Не мислев конкретно за нивната врска туку дека има милион примери каде девојките за да избегаат од дома влетуваат во лоши врски или бракови. Со таа намера го пишав.
Поставување јасни граници е најдобар начин. Додека не го решите тој проблем - ќе си имате мака постојано. Има куп психолози што пишуваат за влијанието на родителите над нас, и за коплексен PTSD што влече корени од детаството. Читајте и работете на себе. Јас многу работев на односот кој го имам со моите родители во последно време, поставив јасни граници. Им дадов до знаење дека ги сакам ама сум полнолетна и мојот живот е моја одговорност. И да, озбилно, читајте. Има луѓе што цел живот го посветиле на тоа како родителите влијаат на децата.
Препорака книга за сите повредени "Отровни родители". https://suzanamiljkovic.files.wordpress.com/2013/08/otrovni_roditelji_i_prevladavanje.pdf
Верувам дека сите што споделивме исто или слично искуство, сите се имаме трудено да го смениме тој однос што го имаме со родителите. Конкретно јас секогаш кога и да сум и се спротиставила на мајка ми и сум и укажувала каква е и дека треба да се смени, и дека тоа нејзино понашање ме уништува, дека ништо добро не придонесува, туку само ме оддалечува од нејзе. Секогаш почнува да се дере, доста престани, ти што знаеш, мора да ме слушаш и со навреди ти си оваква, онаква, неспособна, а ако за се буквално зависи од мене, и пак јас сум неспособната. Постојано и давам до знаење дека веќе сум возрасна и зрела личност, дека јас сама можам да одлучувам што е добро а што лошо за мене, дека сама знам да се заштитам од лошо, бидејќи и повеќе лошо сум видела во животот и веќе знам како да се носам со тоа, она нема разбирање за мене, од целиот свет она мисли дека е најпаметна, најдомаќинка и се нај, сите други се глупи, не совесни, ништо не разбираат, за се е она во право. И со таква личност едноставно не можеш да најдеш разбирање и заеднички јазик, освен постојано да се расправаш за се едно нешто.
Тоа што ми се правдаш мене нема ништо да ти смени Цел пост ти е само правдање и правдање и правдање. Оправдувањата твои ич не ме занимаат. Знам дека не е едноставно, ама тоа што мене ќе ми кажеш зошто не е едноставно нема да ти ја подобри ситуацијата. Да, пак ќе кажам, во мојот пост освен за односот родител-дете се збореше и за читање книги на пример, ама очигледно тоа не те интересира. Луѓе кои не се спремни да работат на себе не може да очекуваат промени. А со луѓе кои не се спремни да работат на себе немам ни што да разговарам. Поздрав.
Немам што да ти се правдам јас тебе, само ти ја доловив ситуацијата како изгледа, бидејќи тоа поставување јасни граници го кажа како да е толку едноставно, и сите што сме во оваа "каша" со прст не помрднуваме да смениме нешто, а секој се труди. Искоментирав за тоа што бев засегната, а за читањето, читам и јас книги и се едуцирам, без гајле.
Читајќи ве веќе навистина незнам што е што... Девојќи изборете се за своите права и животи..Мајки глеј те си ги децата и слушајте си ги повеќе.. од денес повеќе ќе слушам отколку да зборувам...
@Tan4ence , @thequeen95 Поставете граници. Додека не се иселите,одредете ниво на емоционална дистанца. Игнорирајте колку што можете,но на некои нешта јасно спротивставете се. Мајките и татковците не ве одредуваат,вие имате свое „јас“ и тоа треба да го истакнете.
Имав другарка која татко ѝ не ја пушташе во моја населба да доаѓа зашто во кафичот можело да дојде некој терорист и да нѐ убие сите или да нѐ киднапира. И најсериозно го кажуваше ова. Ја ова веќе не би го нарекла грижа, дури параноја е.
Татко ми слични работи збореше,ама еднаш ми скисна и му реков дека сфаќам дека е загрижен,но дека сега како возрасна знам да се чувам и не можам да дишам по цели денови дома. Постигнавме компромис,ми рече дека нема да ми вика не иди ваму,не иди таму ако ми е телефонот цело време вклучен и да му одговарам на повиците или да му пратам порака каде сум.
Благодарение на мајка ми точно знам каков родител НЕ треба да бидам. Не би да навлагам длабоко али знам дека лични фрустрации како денес неа не и денот па тебе ќе ти го ебе со критики ми е познат. Работам од 18 години со мисла дека ако работам додека студирам и плаќам сметки дома ќе имам мир у куќа, и имав. Си го купував мирот со пари. Од плата се задолжував по кредити за реновирање, за покривање нејзини долгови ма за свачега. Еве сеа ме брка од куќа зашо сум вложила кредит у стан што се издава а она ја лапа киријата без денар да дае. Така да коа од родител можеш вакви срањурии да очекуеш со набивање вина цело време "помогни ми" и препис на сите услуги за себе со муабетот "ја ова напраив ја она напраив", од секого се очекувам. Чаре кај мене е да се изборам и да шитнам тоа станот и конечно да заживеам и да мафнам тоа негативетот.
Една од поболните теми во нашево труло, затуцано општество. Се пронајдов во многу делови од тоа што сте пишале. За мајка ми отсекогаш не сум била доволна, што и да правам. Отсекогаш сум била воспитано дете за кое луѓето немаат лош збор да кажат, на прсти се брои колку пати имам донесено дома нешто пониско од 5ка до средно, на факултет стипендија за просек освоив и земав. Сепак во секој период уште од дете ме има споредувано со сите, ако не за уште поголеми успеси, тогаш за тоа дека повеќе се снаоѓаат и се вклопуваат насекаде, за разлика од јас „ненормалната“ што бев стварно уште многу позатворена како помала. Кога и да не било нешто како што треба, уште од пред тинејџерски години ме има труено со тоа што преживеала со роднините на татко ми, дека имала тешка бременост со мене, за можностите и кариерата што можела да ја има при други околности - сето тоа со прекор и исфрлање фрустрации кон мене, каење за тоа што жртвувала, куп навреди. Татко ми беше мек и питом човек што се гордееше со моите успеси, знаеше да ме сфати по карактер, и да балансира со своите поздрави, нормални амбиции и разбирање. Откако ненадејно почина пред две ипол години, за мене животот дома голем дел од времето е во суштина психички пекол. И кога ни беше најтешко ме има притискано и ми го има омаловажувано трудот што го вложувам за испитите, ме вреѓала уште повеќе, ме колнела, па и ме обвинувала дека ради мене починал татко ми... и за крај да, и рака има кревано врз мене. Тоа што отсекогаш на зборови била „тука за мене“ и „требало да ѝ кажувам сè отворено, а не како другите во денешно време што се доверуваат на другарки место на мајките“, а потоа сум добила само осуда за отварање душа, кулминираше кога пробав да ѝ кажам за мојата љубов и врска. Не, не се работи ни за девојка, ни за дечко од друга националност што по дифолт мора и да спаѓа во некоја друга вера според постариве, многу помалку „неприфатливо“ е, а пак добив паѓање во трансови и филмови до таму дека ќе сум се продала, ќе сум завршела силувана и ќе ѝ донесам дома бебе да чува и што уште не. Во бес кога ме колне и спомнува дека не сум ја почитувала ко родител како што доликува по божји заповеди, сум спомнала дека ништо од тоа не ме плаши и не верувам во тие глупости, и ме има направено секташка што ѝ го поматил умот читањето по интернет. Имам спомнато дека не сакам деца да имам, и за неа сум изрод и болен ум поради тоа. За работа ме обесхрабрува дека нема никогаш да најдам ништо стабилно и профитабилно, итн. Едноставно поголем дел од времето тешко и да може со мојот карактер и изградени ставови да разговарам нормално за нешто подлабоко со неа. Додека надвор сите ја знаат како цивилизирана, отворена личност што ќе успее да се вклопи во разговор со секого, пријатели ја поддржуваат во својата верзија на „проблемите“ со мене - па дури во два наврати познанички, формално врвни интелектуалки, ја „утешиле“ дека и ним дома им се случуваат конфликти и со по некој шамар кон детето. Најманипулативно е тоа што кога веќе спомнувам сериозно дека сакам да се отселам откако дипломирам, таа го сфаќа тоа секогаш како предавство (дури и да не е во афект), ми вели дека нема да ми даде во тој случај ништо ни да понесам освен самата облека што во моментот ја носам, сè во домов било нејзино, а јас ќе сум била бесчувствителна и ужасна ќерка ако кога почнам да заработувам не останам да вложувам во домов и да се грижам за неа во постари години - како што таа ме школувала и се грижела за мене. Јас иако знам дека сум во право за сè, дека за ништо од ова во нејзините испади нема оправдување и ниеден родител не смее да се однесува вака - сепак сум емотивна и сентиментална личност, ме допира кога после сè најлошо изнакажано ми ги враќа моментите на родителска basic human decency што ги правела за мене, ми ги вади најголемите стравови кога не ѝ е добро дури и кога тоа е поради целата злоба и негативна енергија што хистерично ги насочила и истурила токму на мене. И да, дома не може да „ми се слушне зборот“ или како и да ви беше узречицата, па тука отворено кажувам што сè ме погодува во општеството. Можете да го злоупотребувате тоа колку сакате, го имаат начнато така и некои што сум им се доверила и повеќе од ова, ама нема тоа да ме спречи да сум искрена. Точно, и без некој друг да ми каже - знам што треба да правам, но ете не е толку лесно. Вчера имаше вест дека според УНИЦЕФ, 8 од 10 родители се психички и/или физички abusive кон децата, со шлаканици и навреди во нивното „воспитување“. 8 од 10. Факинг 80%. Секоја поддршка за сопругите кои се справуваат и со психичко насилство и несреќни бракови, но децата (од двата пола) на грото од народов над 40-50 години што шета по балкансково патријархално тло, сме најголеми жртви на општествово и токсичниве семејства на секој чекор.
Женски еден совет од мене. Замислете дека некој друг ве третира како што ве третира мајка ви? Како ќе се поставите? Ќе му ќутите? Не. Епа не ќутете ни на родител, дајте му до знаење дека сте возрасни. Не мислам да се дерете и колнете и да се спуштате на нивно ниво, ама покажете отпор. Што може да е најлошиот исход ако покажете заби? Ќе ве стави мајка ви под клуч на 20+ години? Физички ќе се пресмета? Мислам дека нема да има сила пошто не сте деца веќе. Ако користат уцени и закани не потпаѓајте лесно, не брка никој дете од дома поради кавга. Не секогаш контра тоа што ќе кажат од инат, ако се согласувате со нив дајте им до знаење, терајте им по ќеф, ама за ситуации што вас лично ве тангираат и се одлуки за ваш живот, на врат и на гла наместете се, по ваше да испадне одлуката. И погрешна да е, ваша да е. Пошто кога самите грешиме се помируваме, наше дело е, учиме како да живееме. Кога некој друг ни греши, со тој гнев кон него потешко се живее. Имаше случај неодамна во државава каде што девојка пријавила дека родителите ја тепаат оти не сакала да има ја даде платата. Не се сеќавам точно ама мислам дека вака или нешто слично беше случајот. Нејзината факинг заработка. Па тие нека одлучат колку пари ќе и дадат и што ќе и купат. И ваква експлоатација на свое возрасно дете постои. Ама арно и текнало да ги пријави. Мислам дека сам човек треба да се избори за својата слобода. Не можеме да очекуваме друг да ни ја даде слободата ако самите дозволуваме од него да ни зависи. Поготово ако си возрасен и свесен дека постои проблем. Реагирај да го решиш.
Hug yourself, walk it off! Ни моите не се за пример, ама искрено, веќе не им замерам. Знам дека дале се од себе. И што можам повеќе да барам од нив.