1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Токсична врска со родител

Дискусија во 'Психологија' започната од thequeen95, 27 ноември 2019.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Девојки, повеќето сте во тек на студии, тоа ја менува ситуацијата од корен за сопствена заработувачка, разбирам каков данок си зема факултетот, повеќето факултети имаат задолжително присуство кое ако го немаш нема да добиеш потпис и со тоа нема да можеш да завериш семестар, потоа, факултети кои захтеваат учење буквално секој ден,а не кампањски пред колоквиуми и испити, доолги предавања секој ден и паузи поголеми од предвидените пошто патенициве нели од професори не можат да стигнат, кафето ги закочило кхм кхммм овајјј метеж у градот, ради кои не можеш да си го испланираш денот продуктивно. Од друга страна, работодавците кои не се благонаклонети и флексибилни кон студентите, кои мислам дека станаа најранливата категорија во државава. Никако не си.

    Морате да поставите еден зид околу вас, да одбивате на глупост и отрови, додека дојде денот, кога ќе застанете на свои нозе, ќе си најдете работа каква таква, дали тука, дали во странство - небитно, битно да ги плаќа сметките за почеток, па постепено ќе идете нагоре. Разбирам дека е тешко, ама еве пример сменете го аголот на гледање на нештата, за да ве повреди некој првин треба да ви е битно што таа особа има да каже или да направи, да е валидна истата особа у ваши очи. Тргнете од тоа, од едно уво влегло, од друго излегло.
    Злоставувачите свесно или несвесно, ја обожаваат болката или стравот кај жртвата, и затоа немаат стоп. Се додека гледаат дека до вас допираат нивните зборови, ќе продолжат со уште поголем напор, бидејќи така се осеќаат авторитетни и супериорни. Гледајте го периодов како време на себе зајакнување и учење за ако утре ако се најдете во родителските води - да ја вршите улогата на родител на најдобар можен начин.
     
    На theowndemon, Lella, Blue.Sky и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    Не знам дали и колку би ги нарекла токсични моите родители. Позитивна страна е тоа што финансиски сум добро обезбедена (за тоа и јас си давам значење бидејќи им помагам во земјоделската работа цело лето плус некој ден и претходно што треба нешто да се заврши, и со тоа имам удел во приходот што се остварува), никогаш не ми рекле "не" откако сум тинејџерка да излезам некаде, не сум имала ограничено време на излегување (и сепак не се имам вратено дома после 1-2 ноќе), не ми забраниле да имам дечко, кога дозна мајка ми дека имам односи не ми викаше само рече да се пазам од несакана бременост (а за сексуална едукација сама се едуцирав). Ми дозволија и на одмор да одам со него уште на почеток кога бевме.

    Ама некогаш се стварно неподносливи и дома се викало се дерело за џабе. Како прво, не оствариле некоја блискост со мене па да се чувствувам дека секогаш можам да сметам на нив. Цел живот ми викаат и ме критикуваат за тежината, побитно им е што ќе речат луѓето отколку дали сум здрава или не. Уште од мала ме споредувале со други деца нашколо, огромен притисок правеле да ги имам сите 5ки (каков урнебес беше дома ко добив 4+ првиот пат, а да не зборувам за 3ката по математика, и секоја наредна таква оцена кога сум се тресела од страв да кажам), значи оценките им беа пред знаењето. Па како можело Трајанка да има 5ка а јас 4ка, или како можело таа да е послаба јас подебела, не сум вредела ни за неа. Физички колку пати кренал рака татко ми, повеќето за џабе (сега среќа се нема случено, можеби дека поголема сум не се осудува како порано). Ко ќе е нанервиран за нешто и сега поарно да не си во близина, сите други му се криви освен самиот тој и ќе ти се изнаразвика ако му се најдиш на патот. И ред други слични работи. Физички и психички лузни имам и беа дел од причините што сум затворена личност, со trust issues и преемотивна.

    Имаат и позитивни и негативни страни иако вториве мислам дека повеќе натежнуваат. Но едно што ме научија е дека ако станам родител нема да бидам како нив. Со мајка ми имам поотворена комуникација, со татко ми сум повеќе на дистанца.
    Можеби се обидувале да бидат добри родители но не знаеле како и направија ужасни грешки.
    Сега едвај чекам да завршам факултет и да се тргам настрана. Не можам уште долго да поднесам да живеам со нив (плус затоа што и нашето семејство патријархално функционира/ло). Сакам свое живеалиште, своја слобода, сакам да дишам без да се плашам дека ќе направам грешка. Со тоа и целиме со либе, да се обезбедиме финансиски двајцата и да не зависиме од никој. Тој сега се труди да почни свој бизнис, јас да го завршам факсов ќе гледам да најдам некаква работа.
    На крај, би требало да е се' во ред.
     
    На H.VAGA, Anabelle.Amorette, theowndemon и 18 други им се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Убава тема.
    Како родител пред да донесам некоја одлука (односно одговор да/не/може/ не може) која го засега и се однесува на моето дете, се враќам години наназад кога јас бев колку нејзе и буквално ги споредувам желбите, барањата и решенијата кои она сама би ги нашла ако се спротиставам. Нај позитивно ме изненадува кога ќе побара дозвола за некои работи за кои јас своевремено немав храброст да прашам, а ќе ги направев "тајно". Во тие ситуации сум горда и на нејзе и на себе, зошто знам дека може се да ми каже.
    Сосема е нормално да имаме страв и грижа за своето дете, ама да им ускратуваме радост заради наш раат не е во ред.
    Далеку сум од совршен родител, ако тоа совршен воопшто постои. Пред секој нејзин тренинг/натпревар припаѓам од страв, се потресувам за секоја писмена, припаѓам ако не ми одговори на телефон до 3то звонење, неколку пати имам умрено кога била недостапна, не спијам додека не се прибере, правам скрининг на профилите на нејзините другари/ки, измислувам страшни сценарија, се молам да воведат закон за полагање за возачка од барем 21 год., ... и дејствувам сосема спротивно на моите стравови. Упорно ја носам на тренинзи 8 години, секој ден, никогаш не сум ја казнила за оценка различна од 5ка, стрпливо звонам додека не ми се јави, се преправам дека спијам кога си доаѓа од град, и кажувам дека сите деца се добри штом ги одбрала за другари, бирам со саати кола со која сакам да ја изненадиме за 18ти роденден...
    Мајка ми знае да каже - што мислевте од што се старее :D. Со оглед на тоа што МиуМиу е адреналински зависник јас стареам со брзина на светлината 8-|, ама среќно и гордо.
    Утре мица моја ќе оди на пракса 2 недели надвор од МК, па ако имате некој рецепт за подмладување ве молам споделете :lol:
     
    На ivi1987, joy1, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.
  4. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Јас само едно ќе кажам.Тоа што е пишано ќе биде па макар вие колку сакате чувајте го бранете го тоа нешто.Знаеме дека ги сакате децата ама размислете дали љубовта е слобода или затвор.

    Јас мислам дека можеш да избеишеш секого кој животот ти го прави затвор.
     
    Последна измена од модератор: 1 декември 2019
    На emiliana, Biljarkata и thequeen95 им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.047
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе се најдете да кажете дека некои родители се поставуваат премногу заштитнички кон своите деца, ама кога родител на своето дете му вели, за нешто што го почнало, дека нема да успее, тоа што е? Поддршка нула. Среќа па тие зборови не ме демотивираат, да бев слаб карактер одма ќе се посомневав во себе и од се' ќе се откажев.
    Има токсични родители и тоа како. Ти ги сечат крилата да не одлеташ никаде. Колку осакатени деца произлегле од такви семејства, жално.
     
    На Lolipop23, emiliana, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  6. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Понекогаш и ние децата немаме храброст да се спротивставиме на родителите и да имаме свое “јас”.
    Зборувам од аспект на дете на кое се што може да се купи со пари му се купило, но оние духовни, психички потреби или како да ги наречам, чувства, не ми биле задоволени. Секој си го гледаше својот живот, мене ме манипулираа, особено татко ми, никој за мене не чинеше, ни дечко, ни другарка итн.
    Психата ми е сјебана од мала, наоѓав утеха и поддршка во баба ми која почина и тогаш како да останав сама на себе. Родители имам на документ.

    Ме образуваа, ми дадоја се материјално, но никогаш љубов, поддршка, разбирање.
    Можеби касно, а можеби не, пресеков и застанав на свои нозе. Немав муабет подолги периоди и со мајка ми и со татко ми, но не попуштив. Сами си ја видоа грешката дека ме губат ради нивни сфаќања и глупости.

    Сега имам онака службен однос. Разговараме, но не за се. Практично не знаат ништо за мојот приватен живот и не можат да ме контролираат. Финансиски не зависам од нив и ни тука не можат да ме контролираат.

    Зборот ми е, и ние децата сме криви. Дозволуваме, затоа така ни прават. Животов е наш, не нивни. Нив ќе ги нема, а ние остануваме да живееме со последиците кои ни ги нанеле со изговор дека се грижат.
     
    На H.VAGA, Lolipop23, emiliana и 9 други им се допаѓа ова.
  7. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Родителите се виновни за децата.
    Тоа сум го кажала 100 пати.
    Не е само напрај го детето, роди го па што сака нека прави, епа не детето е како цвеќе , сака нега и внимание. Како што ќе го одгледуваш и растиш, на крајот такви цветови ќе ти даде за возврат.
     
    На Tanjamm, Shalitra, Bella* и 3 други им се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Не е секогаш лесно да се избориш и да се тргнеш од токсична средина, иако можеби од страна изгледа така. Тоа што на некои ви изгледа очигледно „најди си работа, блокирај ги на фб“, во реалноста не е баш толку едноставно.

    Години и години емоционално запоставување и малтретирање оставаат трага на човекот, па не секогаш е спремен да се избори сам, или уште полошо, не секогаш знае како. Убиена самодоверба од тој што треба да те сака најмногу и безусловно е товар кој жртвата ќе си го носи цел живот со себе.

    Ова е тема за која недоволно се зборува, а кога се зборува претежно се осуди. Патот до осамостојување и среќен живот после децении живот со токсично семејство е мачен и тежок, потребно е многу разбирање, толеранција и разговор со стручна личност.
     
    На Dennings, H.VAGA, Lolipop23 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    39.962
    Пол:
    Женски
    Би сакала да побарам совет.
    Воедно ќе кажам дека се работи за моја пријателка која е доста помлада од мене која вечерва ми се довери со плачење 2 часа на мобилен.

    Првично, на стартот не сакав да верувам но како минуваше времето сфатив дека ситуацијата од ден на ден се влошува.
    Односот со мајка и е влошен веќе со години, причината не ја знам но и не верувам дека другарка ми е виновна поради тоа бидејќи нејзината мајка со сите во околината е супер освен со нејзе.
    Постојано е навредувана од мајка и, од татко и, со погрдни како будало, неспособна, никој не те сака, и да не набројувам.
    Да не го фалам девојчето, но помирно и помило од нејзе немам запознаено, секогаш спремна да помогне, да ислуша, да излезе во пресрет, сите од околината ја фалат освен нејзините домашни. Од ден на ден и е полошо, се гуши и бори со депресија.
    Моментално студира, не е во можност да заработува бидејќи учи на тежок факултет на кој мора да се посвети па засега мора да зависи од нејзините и живеење сама со цимери не доаѓа во предвид поради финансиската ситуација.
    Нејзините никогаш не се задоволни иако беше првенец во генерација и успешна речиси на секое поле.


    И предложив да го стави на пауза нејзиниот факултет, да се вработи и да си најде стан со пристапна кирија но се плашам за тоа како се одвива ситуацијата кај некзе дома.
    Многу пати ја имам фатено како се гуши од плачење а не знам како да и помогнам.
    Преку летото работеше, но сите пари ги даде за факултет и основни потреби па и останаа само за преживување.

    Ова не е прв пат како се случува ова, често имав забележано дека мамјка и ја провоцира пред мене или останати гости, сметав дека се работи за обична караница, но згрешив. Колку и да се обидува да ја смири топката, мајка и се повеќе е нападна.

    Па, отворена сум за совети.
     
    На tina2018 и thequeen95 им се допаѓа ова.
  10. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека идејата да го паузира факултетор и да работи за да се тргне на страна и е најдобра опција. Колку и да сака да учи, психичкото здравје е најважно. Или ако може да отиде кај блиски роднини.. Нема сестра/брат?

    Се ежам од вакви приказни.. моја најдобра другарка беше во слична ситуација, малку поблага. Само што стана полнолетна почна да работи и да учи паралелно за да има пари за себе, нејзините само факултет и плаќаа. Ама, и сите пари да и ги даваа на светот, тоа што ниеден нејзин успех и добра особина не признаваа, ја гушеше.. Односот со нејзините сеха и е подобар многу, затоа што се искажа и разговараше со нив. Не знам другарка ти дали пробала да разговара, ако не - треба..
     
    На Tanjamm и bicycle им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    39.962
    Пол:
    Женски

    Како што зборував со нејзе пред некој час повторно ми рече дека почна да размислува за таа опција и ќе се обиде веднаш по празниците да најде работа.
    Има постар брат но тој е ист како нејзините што значи сама е во тоа. Роднините и се во туѓина, останатите се некои далечни роднини на кого не може и баш да смета, и понудив финансиска помош, не мора да ги враќа парите, само сакам да бидам од помош за да се среди но ме одби но одлучив да настојувам.

    Има разговарано, илјада пати, има многу проблеми а разговорот наместо да помогне уште повеќе одмага и секогаш разговарот завршува со навреди од страна на мајка и. Не е таква личност да прави скандали и да притиска но чувствувам како во секој момент може да пукне.

    Ќе видам како ќе се одвиваат работите во иднина, но се надевам дека ќе биде подобро.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Јас имав токсична врска со татко ми и денес ме фака гнев кога помислам на него само лоши сеќавања некако го мразам колку и да се праве лицемерен и добар со мене сега.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  13. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да идам на психијатар чисто за разговор таа ми рече да си поставам граници да го променам начинот на однесување таа ме третира како мало дете зашто јас и дозволувам
    Со тек на време се подобрува
    Сеќавам кога го тера разговорот за кавга и ја игнорирам а инаку ќе дофрлав и таа беше среќна јас нервозна
    Пробајте
     
    На Sexychica, SexiLy, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  14. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Мислиш на психолог? Иначе, мило ми е и уште подобра да ти е ситуацијата ти посакувам. Ама мораш и на љубовно поле да се подобриш малку..
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  15. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Психијатар е професорка ми е на факултет се обратив кај неа
    Фала ти
     
    На WildMk, bicycle и candy.cane им се допаѓа ова.
  16. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    А тоа на љубовно поле стварно не знам мислам дека се произлегува од овој проблем со мајка ми што го имам
    Сега сум на тоа фокусирана
     
    На WildMk и bicycle им се допаѓа ова.
  17. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Јас тргнувам од себе за овие работи. Никогаш нема да сум задоволна од себе како човек, ниту вистински среќна доколку повредувам некој намерно.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  18. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Да ама јас сум соочувана со закани од негова страна демек ќе биде како јас што ќе кажам иди и до други ама јас не те оставам
    И сум дојдена до период кај што не ми е гајле дали е повреден или не
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  19. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ама не си среќна. Дозволуваш некој да ти го води животот, како да си кукла.
     
  20. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Јас лично би одбрала второто, не ради динамиката туку затоа што мразам да сум на место кај што не познавам никој, плус одалечена од семејство и другарки.
    Ако ти можеш да отидеш негде сама (секако и таму ќе запознаеш луѓе) првата опција е одлична.