Сакам еден ден да идам во полиција да ги пријавам.. ама пак јас ќе испаднам крива тие ќе испаднат во право еве баш некни спомнав семејно насилство пред нив татко ми вика да те слушне некој ќе помисли стварно и му викам насилство не е само ќотекот и зборовите се таа само се насмеа тој само ме погледна онака а со кој мерак ги кажуваат сите тие зборови па уште кога ме предупредуваат дека ќе ме тепаат сум имала среќа што се на работа инаку секој ден ќе сум јадела ќотек
Кога ќе почнат да те навредуваат или тепаат застани погледни ги во очи и прашај ги " Зошто ми го правите ова? Зарем не ме сакате? Зошто сте ме створиле ако не сакате деца, што не сте ме оставеле во дом поарно ќе ми било? Зарем не гледате дека ме боли ова што ми го правите, вие треба да ме сакате, а не да ме мразите. Какви родители сте вие? Зарем јас не сум ви чедо зарем не ме сакате? И види како ќе реагираат, притоа застани пред нив и гледај ги во очи без да плачеш, можеби тогаш ќе се свестат за тоа што ти го прават...
Немој да дозволиш нивниот однос да биде причина за да мислиш дека никој не те сака или нема да те сака. Многу вредиш, и верувам дека ќе пронајдеш некој кој ќе те цени колку што заслужуваш. Не дозволувај зборовите на луѓе кои не гледаат колку си вредна, да ти влијаат врз надежта. Не се откажувај, еден ден ќе станеш голем човек, верувам во тебе.
Гледај да се осамостоиш и да си го смениш бројот телефонски и да не контактираш со нив. Кој и да те повредува во животов се тргаш од него. Нема разлика дали ти е мајка татко или непознат. И да ги пријавиш кога ќе можеш. Никој не смее да остане неказнет, никој нема таква привилегија. Јас стално ги пишам, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, контактирај ги ако сакаш, помагаат, насочуваат, се борат многу против насилство, добри се ептен.
Мислам дека е малолетна, ако е така нека и каже на баба и нека и објасни што се случува ако не знае. Нека пријави во полиција, социална служба мора да дојде и да поразговара со родителите и со неа.
Имам пробано се и да разговарам со нив и се.. но џабе е така требало да биде мојов живот така било пишано и ќе си трпам.. ама ќе помине се.. не сум сама има Господ Ви благодарам многу навистина многу
Не можам мора да имам возрасен над 18 да сведочи.. баба ми знае со нас живее гледа слуша се ама нема да се одлучи на таков чекор..
Pobaraj socijalna sluzba,ke ti ponudat psiholog. Ne e nisto strasno ne e nisto loso. Ke se soocis so sebe so site raboti koi te macat,ke dobies profesionalen sovet. Ne go potcenuvaj tvoeto momentalno raspozenie,ne me raduva toa sto go kazuvas i kako razmisluvas deka nikoj ne te saka... Sekoj se rodil so pricina...ti ke ja doznaaes svojata, i ke bides najdobrata majka na svet,zasto znaes kako izgleda najlosata...l:
Брат ти/сестра ти како се однесуваат со тебе? Јас би ти препорачала ако имаш можност да работиш, да си ги штедиш парите и кога ќе наполниш 18 години да си отидеш од тој дом.
Благодарам за советот.. така кажуваат благодарејќи на нив ми покажаа каков родител не треба да бидам Таа нема право за збор што и да каже избледува исто како да не е слушнато или поголема драма настанува.. Брат ми? тој е неопределен граѓанин како сите со мене така и тој ако нешто се кажува лошо за мене тој ќе направи уште полошо да се збори.. колку пати имам пробано да разговарам со нив џабе е.. никој не ме слуша.. и јас така планирам да си собирам пари за мој дом макар 2 собен дневна и вц
@edna_malecka доволно е да отидеш негде под кирија, да си работиш за сметки и за живот, се останато ќе ти дојде со време.. Колкава си?
Кога ќе се среди ситуацијава, најди си работа. Дома дистанцирај се од сите, не им покажувај како ти влијаат и не барај ништо од нив. Ако не си ја сфатат грешката, за една година патот под нозе и започни нов живот. А дали проба да се јавиш кај што ти препорачаа претходно?
За сите кои психолошкото насилство не го сметаат за насилство, еве што вели законот Член 3Под семејно насилство се подразбира малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко ,физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност ,загрозување или страв, вклучувајќи и закани за такви дејствија ,спрема брачен другар ,родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство ,како и спрема сегашен или поранешен брачен другар ,вонбрачен партнер или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи,без оглед дали сторителот го дели или го делеле истото живеалиште со жртвата или не.