Еве,драги мои,уште една тема која мислам дека ќе развие дискусија-дали и колку се толерираме со брачните другари. Што можеме да толерираме,колкав ни е прагот на толеранција,дали му обрнуваме внимание на брачниот другар дека го поминал прагот на толеранција за некое прашање или пак премолчуваме,а во себе вриеме од нервоза? Дали тој не толерира за некои работи? Доколку темата е дупла,се знае!
Јас мислам дека доколку имаат иста цел партнерите, секоја маана и грешка може да се толерира. Барем јас сум таков човек. Ако претходно не ми сметале неговите маани, нема ни во брак, битна е целта. Да се успее да се биде среќен
Лесно е да се скараш со некого, тешко е да одржиш добар однос. Имаме взаемна толеранција. Ме толерира кога сум во ПМС, а и јас него кога го фаќа неговиот ВТС (викендски тинејџерски синдром) Прагот на толеранција не ми е тешко недостижен . Среќа што добро се разбираме со мм и секој негов даден чекор кон тој праг, го исправа со два на назад.
Ако нема толеранција односно изнаоѓање на компромиси тешко дека ќе успее еден брак. Не сме од оние кои функционираат на тој начин што предолго толерираат/молчат/трпат и трупаат грешки и на крај експлозија, туку напротив било каков проблем да се појави се решава веднаш. Иако до сега чувал Господ не сме имале некои кој знае какви проблеми, туку онака т.н секојдневни проблемчиња. Можеби баш поради тоа сеуште сме заедно, се надополнуваме еден со друг. Некое мерило за мојот праг на толеранција би било она што мислам дека нема да можам да поминам покрај таков проблем, како што е на пр. неверство, насилство, алкохолизам....Тоа е некој си мој мах на толеранција. Ако се ставам во позиција да му образложувам дека го поминал мојот праг на толеранција, тогаш е веќе доцна за било што, односно спасување на бракот. Одамна сватив дека нема молчење и набивање нервоза во себе. Тоа е еднакво на трупање на проблеми и губење во тој магичен круг, кој зачинет со ПМС може многу да ја чини стабилноста на една врска. Сигурно дека и тој толерира некои работи спрема мене. Никој не е совршен, па така ни јас. (тука треба тој да си се изјасни ). Заедничките идеали, амбиции, љубовта, поврзаноста се само дел од атрибутите зошто сме заедно. Клучот на еден брак е истрајноста во него. Можеш да склучиш брак кога сакаш ама треба да го одржиш.
Многу се ретки оние жени кои ќе толерираат неверство,алкохолизам,насилство-но има и некои поситни работи кои едноставно -мене лично,ме вадат од такт и неможам да премолчам-толерирам.Конкретно ,ми оди на нерви кога ѓубрето што го исфрла од дома -половина по пат го истресува,редовно остава влакна во мијалникот,шампонот секогаш го оставен отворен,а даската во ВЦ ...... Ајде ,еден период се правев дека не гледам-одев по него и поправав-чистев,ама веќе преку таквото ми стана. Знам ,ќе речете,не е ништо страшно,ама почнувам да мислам дека намерно го прави тоа. Секогаш кога ќе му укажам на стореното,вика дека случајно било и веќе нема да се повтори,а утредента иста приказна. Знам дека е ситна работа во однос на тоа какви се мажи има,ама мене ова веќе стварно ме вади од кожа.
Спојлер Ме насмеа за ѓубрето , па врзувај му ги кесите. Тоа се повеќе навики. Знае дека ќе помине некој после него и ќе ја доврши работата. Ми текнува на почетокот имаше навика да мајка му му спрема алишта кога оди да се бања . И првпат тој на мене, ,,ај спреми ми што да облечам,, и јас целата и само му кажав ,,имаш раце, знаеш каде стои облеката можеш сам да си земеш,, и толку. (бидејќи 6 год има сам живеено знае дека некои работи ќе мора сам да ги заврши )
Јас пак 15 год.како се му спремам ,на кревет во спална ,алишта за да облече после бањање.Ако не му ги јас извадам,2 саата ќе седи во бањарка и ќе вика што да облечам,кај ми е ова,кај ми е она... Ама јас така си го заучив,тоа е... А,ова со влакната...Ќе го избричам на спиење-друго чаре нема
Домакинот мој, ќе си дојде некој ден порано и ќе му текне да ја пушти пералната. Човекот сака да помогне низ дома, ама крвта ми зоврие кога пречекорам преку врата и при златна(бела) сушална на располагање он наредил чорапи по радијаторите од еден крај на друг, па и уште по боја и по должина наредени небаре за украс! Ај се трпи тоа ама тоа што раскрева нелогично на некој свој начин, па заборава што каде ставил а јас поради тоа не можам некое сабајле клучевите да си ги најдам пола саат, е за тоа понекогаш јаде А кај мене, многу јасно, нема нешто што треба тој да толерира ако смее да рече дека има, ќе јаде
Па ќе чистиш влакна во кревет Лично - ич, ама ич не се потресувам за детали....не знам зошто така Не ме интересира дали чорапите ги оставил на земја - ќе ги кренам и ќе ги ставам во корпата; ако има влакна на лавабото - ќе го пуштам тушот и ќе исчистам; има навика во дневна по столици да ги остава алиштата - му ги оставам се` додека не мислам дека треба да одат за перење и толку. Некако, ваквите ситници ми се тотално небитни за да си го расипувам односот со човекот со кој делам добро и лошо, а не перфекција во домот... Многу повеќе ќе ме боли нетолеранција кон моја ситуација (било на работа, било со домашните), игнорирање и незаинтересираност, и во основа мислам дека сите проблеми од „небитни“ работи (како погоре наведените) произлегуваат од вакви емотивни празнини.
Сум го прифатила мажот ми со сите негови мани и доблести и навики.Некои навики со текот на времето се менуваат.Навики од типот чорапи,гаќи,маици не ми претставуваат предмет на нервоза.Доколку истите ми создаваат главоболки,малку подлабоко ќе го барам проблемот. За секој проблем или криза која се јавува мора да се зборува отворено.Не ги занемарувам проблемите,било да се тоа и ситници. Единствено што не би можела да толерирам (а исто така и он)е лагата.И се што следува после тоа.
Толеранцијата значи попуштање. Попаметниот попушта секогаш, ама за работи кои не се во ред не смее да има попуштање. Како и да е, за се мора да има разговор. Со разговор се се решава. Овде кажувам за поголеми работи, а за тоа кој каде ги оставил чорапите и слично ми се ситници со кои непотребно си го комплицираме животот. Поретки се педантни, средени мажи, затоа сме тука ние жените да расчистуваме по нив.
Од денес објавувам КРАЈ на толеранцијата па што биде нека биде. Не сакам повеќе да толерирам некои глупости само заради мир во куќа, а мене да ме јаде одвнатре нервоза. Може сум премногу малку во брак, за вака да зборувам ама денес ми пукна филмот за тоа што колку повеќе толерираш толку повеќе се размазуваат. Значи мажите (повеќето, не сите) се едни големи деца и со нив треба само строго, малку ако попуштиш веднаш забегуваат. Толеранција само во исклучителни колку е можно поретки ситации, како ние жените можеме да се организираме и да мислиме на се, да ги завршиме сите обврски навреме а тие не можеле да ги фрлаат чорапите во корпа, или да завршат една обврска на време и како што треба? Е богами можат, само треба да сфатат дека не се повеќе кај мама за да им оди по газот цело време. А ако толку сака некој да го гали и мази без збор да му каже, нека полни куферот и правец мама, па нека го толерираат таму до бескрај.
И порано за во врска сум зборела: Компромисот/толеранцијата секогаш мора да е тука.Ако нема компромис/толеранција во љубовта (небитно дали е врска или брак) и ако нема разбирање и почитување на партнерот, нема ништо.
Кај нас толеранцијата е на многу ниско ниво. Како што почна годинава, почнавме многу да се караме. изгледа не фатил некој малер.