Колку вие сте толерантни личности? Дали сте толерантни и колку? -Имате некоја граница или имате само работи кои ги секојдневно ги толерирате или никогаш не ги толерирате? Што можете, а што неможете да толерирате? не знаев каде да ја сместам темава, ако не е спаѓа во овој кош, преместете или ако е дупла - канта.
доста толерантна сум, многу трпам. Добро имам некоја граница секако, највеќе можам да истрпам од некој што ми е многу близок, а од некој онака од страна кога ќе ме изнервира толку е! навистина не можам да толерирам кога на пример праиме некој проект во школо и сега еден работи другите уживаат или пак кога некој ти се прави другар а зад грб ти збори глупости и слично...
Зависи за што и кого. Татко ми не го трпам, ама ич. Нивото на толеранција за него ми е нула, зашто сите му попуштаат и демек - не се замарам, нека лае, па некако со годините самодовербата и ноншалантноста во изразувањето му се надуваа ко крофна со диго квасец. Јас несвесно ја преземав улогата на главниот нетолерантен противник и вечно сме во војна. Немам толеранција, он избувнува, јас го надвикувам, циркузи. Му викам - ќе плачеш кога ќе ме нема, ми возвраќа - ќе платам да те земат. (па и се римува чудово). Зависи и од моментот и ситуацијата, некогаш сум подготвена да толерирам, а некогаш вулкански бувнувам... Во секој случај, генерално - не сум толерантна личност.
Толерантнна личност сум и можам многу да трпам, и треба да помине многу долго време додека да ми пукне филмот. Секако, си имам поставено некоја граница до каде може да се оди. Толерирам скоро се, освен дволичност, издавање тајни и себичност.
Толеранција? Што значи тој збор? Ма нееее јас и толеранција, магаре и козметика. Ич ама ич не сум толерантна личност. Таква сум едноставно неможам да толерирам некој да прави што сака. Секогаш избувнувам. Можеби ми се случило некогаш да истолерирам некој или нешто, но не се сеќавам.
Толерирам одредени личности со кои не сакам да западнам во конфликт, но за некои личности не можам да преќутам. Највеќе го толерирам брат ми. Можам да му се развикам и да му изнакажам се', но подоцна се чувствувам како виновна. Чувам се' во себе и ретко избувнувам пред некои личности. Умеам тоа да го истерам од мене со плачење. Не можам да толерирам кога некој така наивно ме гледа во фаца, а упорно ме лаже. Тука само иронично се смеам и со ирноија враќам. Но, сепак постои но, не е секогаш така.
Тешко кој ја има (нема). Секој различно, толерантните луѓе ми се за греота, трпат, трпат и успеваат во тоа, ама тие се најопасни кога ќе им пукне филмот, а пука. Нетолерантните, меѓу кои спаѓам и јас друга приказна. Ни вака, ни така не си. Иако е убаво да се биде толерантен ама не секој го може тоа
во зависност од ситуацијата и од личностите кои се вклучени.. некогаш толерирам, некогаш избувнувам.. но почесто некое време трпам...
Толерирам и тоа премногу...ретко ми пука филот но кога ке ми пукне е тогаш е страшно Нешто што сум го берела во мене со месеци 2,3 пати во годината мора да излезе на виделина
Не сум ич, во глобала ретко кога трпам некој или нешто. Некој да ми се се*е над глава и јас да трпам? А зошто? Сигурно не добивам ништо добро од тоа. Ни сум преќутела ни сум прогледала низ прсти за нешто, нема ни да го направам тоа. Проблемот е што две нетолерантни личности заедно не можат да опстојат, па секогаш тој што не толерира го трпи некој што го може тоа. Не е фер, ама.. Не знам, некоја златна средина би била најдобра, јас лично тешко дека ќе се најдам у неа
Многу сум толерантна, и самата се чудам. Ако некој ми направил нешто што не ми се допаѓа, макар било и шега, и јас сум навредена, не-не го толерирам тоа, простувам, и после извесно време заборавам што било, често се случувало на луѓе кои добиле дилит, да ги сретнувам некаде, и да ги поздравувам, и се чудев-што му е, зошто така ме гледа? Оу, да, го избришав.
Секогаш собирам се во мене. Цела нервоза, значи се, буквално се! Толеранција имам, и тоа ненормална толеранција, но кога ќе пукне..
Имам многу, многу, многу висок степен на толеранција.Од мојот речник веќе е исфрлен терминот трпење зашто тоа ми асоцира на измачување.Значи мојот филм не пука. Кога некој ме навредува или на било кој начин ме повредува, јас најискрено го жалам.Не е свесен дека самиот си прави зло(законот за сетва, жетва).
премногу сум толерантна и трпелива.. ја толерирам секоја личност до крајна граница додека не ми ја премине точката . ама кога ќе ја премине тогаш е страшно ..
Во принцип сум ладна личност, не се замарам мн, за толерантна, шознам, можда сум, но не многу, дерктна личност сум и не толерирам многу
Се трудам да сум што по толерантна личност ама ми се случува да избрзам за жал...Немам никакви предрасуди, не сум конзервативна(бар јас така мислам) и се трудам и на тој што згрешил да му дадам совет.
Не толерирам кога некој лаже и упорно ме убедува дека е така како што вика... не толерирам нарцисоидни личности и личности што сакаат да се во центар на внимание
Еден психијатар има кажано: „Се она што не иритира кај другите, всушност не води кон самозапознавање“ понекогаш пред да избувнам си го повторувам ова во глава и се придржувам кон истото :geek: Но зависи и од ситуацијата и од личноста со која си имам работа.. Во принцип сум доста толерантна, само ќутам и собирам но кога ќе ми дојде премногу тогаш сум прилично опасна и тешко на соговорникот ми хохохо