Не знам дали е тоа добро но премногу сум толерантна. Секако дека тоа има своја граница но многу ретко избувнувам, а ако веќе тоа се случи личам на психијатриски случај, можам да убијам жими све.
Толерирам додека толерирам, ама после ако бувнам, тешко некого. Ако некого толерирам, очекувам особата да има свест и да не го злоупотреби тоа. Се што е вон нормала, веќе предизвикува бес кај мене. Да се разбереме, за се треба да се има мерка.
Според мене имам голема толеранција, секогаш гледам да не избувнам пред некој колку и да сум нервозна, па нели да не има лошо мислење за тебе.... А пак дома постојано ми велат дека сум многу избувлива мајка ми го криви хороскопот....
Толерантна сум, според мене дури и премногу толерантна! Трпам, трпам ама па затоа кога ќе пукнам, експлозијата надалеку се слуша
Толеранција - потиснување на своите мисли = потиснување на себе. Премногу сум толерантна со луѓето што ги сакам, оваа мислам ми е првата работа што би ја сменила кај мене и која ми ствара многу нервози. Ќе пламнам во СЕБЕ, а со време ги оставам работите така и секогаш сум тука за луѓе кој реално и не го заслужиле тоа. На моменти ми се случуваат сценарија како -Ајде сега пламни, не се замарај! ....но најчесто си останува како замисла во мојата глава Проблем ми е, со секого се соживувам и НЕМОЖАМ да не бидам тука, да помогнам. Ма све јас сфаќам, се е океј, ти си океј- ама и НЕ Е ОКЕЈ. Зборот избубливост е кај мене скоро па непознат. Кај мене доаѓаат кога е тесна ситуација а не им е потребно паничење и возбудување.
Ни најмналку не сум толерантна веднаш узбувнувам и плескам се во лице а знам дека тоа не ми чини би требало да бидам малку потолерантна само то е
Се научив да бидам толерантна но до граница да не ме загрозуваат на некој начин мене или некој мој близок нечии мислења или дејствија спротивни на моите, па дури и несфатливи...Или тоа е чисто игнорирање или незаинтересираност? Не знам, важно толерирам, игнорирам, боли ме (тииит)... А дали би можела да бидам толерантна надвор од таа граница? Дали некој воопшто може? Да, може, тоа би дошло како трпење најверојатно... Јас мојот праг си го знам и се држам до него, ми помага да си го зачувувам мирот...
Воопшто не сум толерантна, и за мене е многу полесно во мментот да избувнам и да кажам се што мислам, отколку да премолчам и себеси да си трупам внатрешен немир за еден ден кога ќе ми пукне филмот се у неповрт да пратам. Луѓето кои ме познаваат лично и кои секако многу добро ме знаат каква сум, и знаат дека доколку нешто не испуњава некои мои стандарди нема да помине не забележано, туку баш напротив ќе си кажам, ако треба и ќе викнам ама работите ќе бидат по ред и редослед како што треба. Знам дека во одредени ситуции треба да бидам по толерантна и да се обидам да се прилагодам на туѓите можности/способности/желби, ама неможам едноставно тешко ми паѓа, освен секако во некои случаи кога причините се навистина преочигледни и навистина оправдани.
Важам за многу трпелива личност, но кога некој ќе ја премине онаа црвената граница ми пука филм и воопшто не сум толерантна. Кажувам се што ми лежи на срце, што мислам за тебе, дури понекогаш претерувам и кажувам работи кои не ги мислам така како што сум направила да звучат и сето тоа во момент на избезуменост, па потоа ми е мака зошто сум изреагирала така, а не посмирено. Но едноставно во некои ситуации не ти оставаат простор да реагираш смирено . Ги будат тие хормони во тебе што се што го кажуваш го правиш инстиктивно. Многу сум директна и во лице имам срце да ти кажам баш се, нема трта-мрта ! Но сега тоа нели важи за оние поблиските. Многу јасно нема на некој што го знам 2 саати да му кажам ти си таков, ти си онаков. Бог да чува, којзнае како ќе те свати ! Некогаш сум претерано реално што боли, па тоа и не го сметам за моја најдобра особина. Понекогаш е подобро некои работи да се премолчат, особено кога и да ги кажеш или не ништо нема да смениш ! Дури може да ти се налутат и да те сватат лошо и на погрешен начин , иако твојата намера била сосема спротивно. Но пуста јас, ако не ги кажам мислам се ќе ме гребка нешто внатре.
Не трпам многу... Кој ќе ме изнервира 2 пати за една работа му изнакажувам се што мислам и не обрнувам внимание дали му било лошо или добро... Секако за негативни работи
Па, не можам да кажам дали лесно ми пука филмот. Зависи. Друго е навреда во стилот „сиктер стани ма, оди гони се“ . Друго е обична караница со другарка, брат сестра, оти ти настапнале моливото за цртање или ти истуриле сок врз влечката. Е, она првото повеќе боли. Можам да изнакажам апсолутно се’ . После не се каам. Толерирам, ако не е преку црвената шарка. Ама, ако некој ја помине, нема враќање и броење до десет. Избувлива сум и дрдорка. Ама, се контролирам и се обидувам да бидам толерантна. 'But, what happens when karma turns right around and bites you?' Ее, има карма за тие работи. Гледав една слика, ама не можам да ја најдам сега беше нешто во стил: 'Revenge? Nah, I'm too lazy for that. Karma will be back. And, karma is a bitch.' Ако те згазат каде што најмногу боли, значи не мислеле со тоа кај газат, а тука и мојава толеранција се губи. Па, и јас имам душа. И јас имам слаба точка. Уствари, не само јас, туку сите ние.
Толерантна личност сум.. толерирам до граница.. ако некој ја прејде - тешко него ДОЛЖНА НЕ ОСТАНУВАМ!!
Толерантна сум, кон некои и повеќе од што треба. Секако, сé си има своја граница. Кога сé ќе ми се собере или избувнувам, или се повлекувам и ја игнорирам личноста, а некогаш знам да се затворам во себе и да си трпам. Ако некој ми значи ќе пробам да му укажам на тоа, ама ако не почне да се поправа едноставно ќе го баталам и крај. Има и работи за кои воопшто и не поставувам граница на толеранција, тоа се дволичност и лажење. Неретко, толерантноста ми зависи од расположените. Ако ми е убав денот, никој не може да ме изнервира, туку напротив, можам сите да ги истрпам. Некогаш сум многу раздразлива и секоја ситница може да ме изнервира и разбесни. Имало и случаи кога некого премногу сум толерирала, па сака да ме користи и го злоупотребува тоа што сум добра кон него и спрема таквите луѓе сум отворена и одма им кажувам каде им е местото.
Толерирам до некоја граница,но ако ми дојде преку глава бегај Во ред е да имаш толеранција но се си има свои граници.Ако секогаш си таков следен пат ке ти се качи на глава ма мавај се после од зид. Полека станувам ладна личност и повеке немам намера да толерирам зошто секогаш јас сум таа што страда во таа ситуација а некој друг си свирка
колку мн толерирам што некогаш сама себе си се чудам,мн толерирам и трпам нешто, мн тешко на нешто да кажам нема више ова ,или готово више со тебе ,ама кога еднаш ке кажам нема назад тогаш вистина е готово,
Секогаш си го собирам до крај, а кога ке преврие е крај на прикаската не сакам да контактирам со таа личност
Толерантна? Премногу. Треба некој СТВАРНО, ама СТВАРНО да ми каже или направи нешто кое до срце ќе ме пецне за да земам и да му вратам се мило за драго. До сега, во тоа успеала само сестра ми и често се случувало од нашето тепање да испадне некое добро хорорче. (најозбилно, се тепаме така крвнички, она карате ја аикидо, и не мама, свети мама не може да не раздели :geek: ) Се надевам дека друг и нема да ја премине границата, зошто, еве тука кажувам, не одговарам за последиците.
додека трпам трпам ама после ... инаку многу лесно можам да избувнам во ситуации кога таа личност кај ја трпам и пак уште се праи некоја си ...