можам да кажам дека сум доста толерантна,тоа една од најголемите мои мани е. секогаш добра со сите,и ќе ме искористваат нормално,ама веќе не им се замарам,нека прават што сакаат,јас насмеана ќе си останам
Толерирам до последниот моменти, додека не ми се качи на глава што се вика, човек треба да се чува од толеранцијата на стрпливиот човек
Секоја толеранција си има своја граница. А сето тоа е и субјективно и објективно. Зависи од лицето кое треба да толерира, но посекако исто така зависи и што треба да се толерира. Па и кај тие ситуации, пак зависи од мозочните сигнали во тој момент, она што го велиме расположение/состојба на телото и умот. Дури и во тој контекст, поимот праг на толеранцијата колку е реален и одржлив зависи и од трето лице, односно ако мојот праг на толеранција за одредена ситуација или лице е тој, за друго лице истиот праг е премал или преголем. Сложена работа ова со толеранцијава, дури кога пишав, видов колку фактори влијаат за реално некое ниво на толеранција, премногу.
Кон луѓето сум премногу толерантна, секогаш ислушувам, имам разбирање, а се случува тоа да се смени ако некој сака да ја злоупотреби мојата толеранција и добрина, таков - тешко си поминува со мене.
Не сум којзнае колку толетантна, бидејќи имам црвена линја. Се додека си позади неа е во ред, толетитрам. Ама кога е ја поминеш, крај. Не размислувам што кажувам или како се однесувам. Посебно не сум толерантна за моите родители. Секако сакаш да се најпаметни луѓе, но фактот што мајка ми е плавуша понекогаш објаснувам по сто пати, и женава не сфаќа. Е во тој миг немам толеранција , не ја толерирам и почнувам да викам додека објаснувам, се додека не кренам раце. Кога сум кај толеранција, мојот инструктор за возење, е неверојатно толерантен. Значи одиш да згазиш човек, а он кочи и смирено ти се врти „ Полека, не брзај, пази го човекот. “ За малку ќе удрев тротоар, ( колата е негова) а тој смирен, „ Полека, врти, не оди право, ќе удреше во тротоарот... “ Дури некогаш ме нервира сакам да му кажам, „ Аман човеку, издери ми се ! “ Пред некое време, на семафор застанува циганче и почнува да му вика погрдни зборови, а овој, „ Немој така, зашто вака викаш, биди мирна “ Почна да го воспитува Да беше некој друг, ќе му затвореше прозор или ќе му се исповикаше.
Толерирам многу (споредено со народов околу мене) и тоа до точка на топење. Обично дома многу не толерирам пошо секој ден е исто , со дечко ми имам убав муабет, ама за поширокава околина (читај се живо) молчам и молчам, на моменти ќе се насмеам, ама кога ќе дојди до тоа критичната темпаратура,... е тогаш,... не ќе знаат кај да се пикнат.
Најверојатно спаѓам во толерантните. Единствена причина за избувнување е неправда, тоа не можам да толерирам, па што сака нека биде. А вака на дневна база имам моменти кога некои луѓе од што се досадни ми се качуваат на глава, па не го штедам гласот, за жал.
Толеранција волшебен збор кој многу ни е потребен особено во ова време. Толеранција значи отвореност за туѓи различни сфаќања и ставови дури и за сосема спротивните.Толерирам но не премногу.Значи таму каде што може не може некој да ми праве што сака а јас да го толерирам.Се има своја граница па така и толерирањето. Не толерирам кога некој ме лаже знае и тој дека знам дека тоа не е така но упорно ме лаже.(сега на ова ми текна мислам ова најне го толерирам) Толерирам го тоа што е за толерирање али за нешто кога избувнам тешко на тој што ке се истурам.
. .....толерантна сум и тоа многу,многу... ..поднесувам да ме повредуваат,навредуваат,игнорираат, и секогаш наоѓам изговор дека така треба да биди,и едноставно не се замарам...кој мене еднаш јас враќам со три пати без да осетат...ако нешто е моментално тогаш длабоко земам воздух и бројам до десет,за среќа што имам одлична самоконтрола и ретко излегувам од ,,колосек,,...... а ако случајно се премини онаа линија,за која е потребно многу,многу,тогаш станувам немилосрдна,хахаа...ама обично вербално...едноставно ги бранам моите гледишта и ставови......и клавам точка,крај.. на се......
Секогаш зависи за што се работи. Доколу некој збори нешто против мене, можам и да му преќутам или полесно да помине, но затоа доколку се збори за моите блиски личности, работи кои баш и не се најпријатни, е тогаш од маче станувам ѕвер. Се околу мене партал правам и никогаш не дозволувам некој да ми наметнува свое мислење. Исто така уцени, никогаш не толерирам. Но во секој случај, имам видено многу луѓе кои се раздеруваат за многу мали и ситни, скоро неважни работи, па си го расипуваат и својот и туѓиот ден. Како и да е, такво време дојде, да мораме нервите скржаво да си ги чуваме и колку можеме помалку да се расправаме и едноставно во туѓите животи да не се пикаме и да се трудиме нам да не ни се мешаат !
Толерантна особа сум и некогаш ми е дури и криво што сум таква. Попуштам и кога знам дека не другиот не е во право, само да избегнам расправија. Умеам да трпам, да премолчувам, собирам во себе, и токму поради тоа претераната толеранција си ја сметам како негативна особина.
Потполно исто, само кај мене го има и следниот момент: Кога од толку што сум собирала ќе ми дојде преку глава и ќе експлодирам, тогаш страда оној кој е до мене, без разлика дали виновен или не. Ќе се истурам на првиот и после ми е криво, но тоа е. Најчесто дечко ми страда
Толерантност, што беше тоа ? Јас не сум толерантна личност и не толерирам никого, освен моите дома и вереникот до одреден степен.Не сакам да толерирам затоа што се знае до каде е границата на култура и навредливост ама некои луѓе не ја почитуваат ни таа граница па заради тоа немам потреба и јас да ги толерарам, затоа што мене ретко кој ме толерира.Многупати сум преќутувала порано, сега веќе не.