Многу толерантна. Сфатив дека толеранцијата ми е на превисоко ниво. Луѓето не го заслужуваат тоа. Но, имам црвена линија т.е граница до која трпам. Допреш ли до таму, пукам брате се живо. Затоа што веќе чувствувам дека ја искористиле мојата толерантност.
Темпирана бомба се разбира некој треба да ја активира не пука сама . Се додека е нешто разумно се толерира потоа следуваат опомени санкции итн итн
Толерантна сум и тоа премногу,сакам да им угодувам на луѓето,ќутам и трпам и трпам и давам шанса ама кога ке експлодирам е тогаш е лошо ,викам и газам се пред себе
Толерантна - колку што ни самата не се доживувам,ама кога ќе пукне,погубно е за сите присутни виновници
Толерантна сум и тоа премногу,сакам да им угодувам на луѓето,ќутам и трпам и трпам ама кога ке експлодирам е тогаш е лошо ,викам и газам се пред себе...
Мислев дека сум толерантна до бескрај, ама сретнав и такви што ме убедија во спротивното. Е, аман де.
ТОЛЕРАНТНА??? за мене непознат поим немоза да толерирам нисто особе не некаква неправда еве на пример заставникот по историја на едно дете сто многу ме нервира и би го убила му стави 3 посто не донел домасно.(имасе донесено ама наставникот забораил). тогас јас фино-лепо се испокарав и го натерав да ми ја отвори папката кај сто ги собра домасните и му го најдов (тогаш морасе да му стаи 5, а јас не добив ни едно фала од детето ) исто така истиот наставник на едно дете друго дете му стави 1 пошто зборел (уствари зборесе тој до него со тој од другата клупа и детето плачеше и јас разговарав со наставникот и му дозболи да одговара за 3. детето одговарасе а јас пак не добив ни едно ФАЛА ама тоа ти
исто така немозам да го толерирам брат ми кога ми пее и скока по соба па често си добива некоја клоца за да замолчи или татко ми кога ке ми нареди несто... ке се испокарам и и да сум сакала да го сторам тоа сто ми го наредил ке го сторам спротивното од инат ( се недевам дека така ке свати дека не треба да ми наредува али за жал не учи од греските туки ги повторува а мојот инает
Не сум толерантна воопшто. И најискрено, не си го сметам тоа за мана. Увидов дека некои луѓе намерно сакаат да те нервираат, испровоцираат, тормозат, а јас такви срања не сакам да трпам од никој. Па кој сака нека е, ми е гајле. А изгледа дека животов ми е преполн со вакви добри душички, решив одамна да ги ставам на игнор и терај си. Така што никој не толерирам, криво ми е само за тие што треба да се толерираат некогаш, јас ни за нив не го правам тоа баш.
Иако важам за лесно избувлива личност, сепак имам висок праг на толеранција. И искрено - срам ми е, зашто во денешно време, ретко кој ја заслужува. Понекогаш (читај, секогаш) толерирам и трпам глупости, дозволувам и да ми се качат на глава, а потоа се трескам од земја, плачам, кукам и пекам. Е па, нека ми е, нека ми личи - сама сум си крива за тоа што премногу им дозволувам на луѓето, само за да не повредам некој и да не остане нечија замисла неисполнета. Искрено, тоа си го сметам за најголема мана и се сомневам дека некогаш ќе успеам да го сменам. Почнав да ги избегнувам сите оние кои на било каков начин ја злоупотребиле мојата толерантност (и моите веќе попуштени нерви) и мислам дека тоа е најдоброто решение.
Јас сум од оние личности кои можат да трпат, да толерираат, да прогледуваат низ прсти, но сепак и тоа си има некоја граница. Па така, кога некој ќе го премине прагот на мојата толеранција, е тогаш е тешко.
ee isto i jas trpam trpam ama na krajooo ke pukne filmo ednška [mod-kirilica:12lexttm][/mod-kirilica:12lexttm]