1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Топилница Велес

Дискусија во 'Политика и настани' започната од TeddyGrey, 28 октомври 2011.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Ќе се врати ли велешки Чернобил?
    38- години велешка топилница е синоним за македонски Чернобил. Отровни метали се навлезени длабоко во почвата, но и во крвта на велешани, а последиците се и за генерациите што допрва доаѓаат. Но и покрај тоа има најави за нејзино повторно заживување. Дали оџаците на фабриката на смртта одново ќе зачадат, ќе одлучи Министерството за екологија.

    Топилницата за прв пат ги запали печките за олово и цинк во 1973 – та година. Оттогаш почна голготата. Тивкиот убиец ги уништува животите на велешани. Отровни метали се навлезени длабоко во почвата низ целиот град.

    „ Тоа подрачје може да се каже дека е подрачје за интервенција. Не смее да се дозволи да постојат толку загадени почви. Почвите од дворовите, од парковите, од бавчите од тој регион се екстремно загадени со кадмиум“, вели проф. Трајче Стафилов – Природно - математички факултет Скопје

    Топилницата не работи веќе 8 години. Но, и кога е згасната е опасна по живот. И новите генерации се раѓаат со последици од тешките метали. Во крвта на велешани има олово, жива, кадмиум кој во го има и до 110 пати над дозволеното.

    „Во мојата пракса сум видел бројни аномалии кај фетусите, најчести се аномалиите на мозокот или т.н. жабји израсток кај главата на плодот кога од отворот на задниот дел на черепот излегуваат израстоци исполнети со вода“, вели д-р Атанас Василев

    За загадувањето од Топилница, направени се голем број истражувања. Резултатите се застрашувачки. Но и покрај тоа,
    има најави за повторно заживување на Топилница, велешкиот Чернобил кој сее смрт над градот. Последниот збор ќе го има Министерството за животна средина, кое треба да одлучи дали Топилницата смее повторно да зачади.

    Извор: Канал 5


    Значи, додека јадев гледав вести и се изначудив како можело велешкиот суд да одлучи дека топилницава треба да почне повторно со работа.

    Па побогу, сите од тој воздух дишеме... :@

    http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=82069

    Како вие гледате на оваа ситуација што е актуелна деновиве? И дали и вас, вака како мене, ве фаќа страв од огромно загадување и раѓање на се повеќе деца со аномалии?
     
  2. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Гледам деновиве вести, емисии и не можам да се изначудам. Какви луѓе постојат! Зар парите току им го поматија умот? Со какво срце, со која совест некој би дал дозвола тоа чудовиште, тој убиец повторно да проработи? Мала бев но сеуште се сеќавам на хоророт кој се случуваше пред 7-8 години, кој сеуште има последици. Зарем има нешто поважно од животот и здравјето?
    Велешани не попуштајте, ја имате поддршката од цела Македонија!
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.230
    Пол:
    Женски
    немам коментар. Повторно парите пред луѓето. Јас не знам како можат да спијат мирно оние кои се свесни што прават и пак упорно ја игнорираат вистината. Жално. Но ова не е борба на велешани, за ова треба цела македонија да стане на нозе.
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Збореше доктор гинеколог на тв. колкав процент на олова, жива и други материи има во крвта на Велешани, и со какви деформитети се раѓаат идните генерации. Дали тие луѓе што ја донеле пресудата за повторно ресетирање на топилницата живеат во Велес?
     
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    :x :x :x
    Сега гледав вести и сум шокирана.
    Мислев дека прашањето околу топилницата се затвори одамна, ама изгледа дека не... :tmi:
    Сепак пари се во прашање, а на некој отстрана парите му се побитни отколку здравјето на жителите.

    Се надевам дека жестоко ќе протестираат граѓаните со подршка од сите нас, и сите надлежни институции, како екологистите. :!:
     
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Протест и ништо друго!!!
     
  7. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Срамота луѓе. Немам коментар, се згрозив. Не сум од Велес, ама едноставно за мене е едно од поубавите градчиња во Македонија, зошто не можам да опишам. Не се правам драма квин нити нешто слично, али се осеќам ко да ми ја отвараат топилницата пред куќа, едноставно толку се шокирав кога прочитав сега дека добиле дозвола за рестартирање на топилницава... :x Само порака до Велешани, што и да треба да се преземе, здравјето мора да биде буквално пред се. Или да се направи некаква петиција на ниво на Македонија, да потпишуваат граѓани. Страшно до каде стигнавме, сташно е ова што се случува. Сега читам на интернет дека се спремни да постават и жив штит, а кој не би бил?! Таа топилница мора да се сруши, дали со дозвола или без едноставно мора да ја снема!
     
  8. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Срамота луѓе, срамота! Од Велес сум знам како ни беше пред 8/9 години знам и како ни е сега. Знам дека кога се затвори топилницата многу луѓе останаа без работа, ама знам и колку животи за време на работењето се уништија. Не викам дека цветаме сега, дека почвата е исчистена, но многу е подобро од порано.
    Парите ги ставаат пред луѓето, а можат ли со парите да го платат здравјето, животот?
    Ова не е борба само на Велес, борба на цела Македонија е, ние околу Велес немаме ѕид ставено, така да сите материи се шират и подалеку од Велес. Се надевам на поддршка од цела Македонија!

    [​IMG]
     
    На GeorGinnA и Li0ness им се допаѓа ова.
  9. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
  10. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    :!:
    [​IMG]
     
    На GeorGinnA и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Не само Велес, туку ЦЕЛА Македонија треба да се крене на нозе! :!:
    треба да се спречи оваа глупост, ама за жал не е ни прва, а како ми мириса ни последна :(
     
  12. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе незнам стварно шо е работава, јас сум од Велес, и стварно не ми е јасно како може да ја отворат топилницата во населено место, нека биде на друго по далеку ако веќе ја отвараат а на нејзино место треба да се изгради друга фабрика за луѓето да се вработуваат, оти во Велес многу тешко да најдеш работа, сите бегаат надвор од градот. Значи топилницаата на друго место или ич нека не ја отвараат, на тоа место друга фабрика за вработување. Иначе мислам и да ја отворат топилницата ќе има луѓе кои ќе се вработат од шо мораат да работат или нема каде. Но, се надевам дека нема тоа да се случи.
     
  13. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    9 ноември, среда, плоштад сармаале, 17 часот, повеќе информации ќе има оваа среда попладне, ќе дојдат да не подржат членови на еколошки друштва од Скопје, ајде велешани, СИТЕ.
     
  14. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    КАТЕГОРИЧНО НЕ ЗА ПОВТОРНО ОТВАРАЊЕ НА ТОПИЛИЦАТА!!!

    Само луд човек повторно би го пуштил монструмот на слобода.
     
  15. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Уште едно потсетување!

    [​IMG]
     
  16. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 9lCnE8doiQ
    Кога се работи за твојот град, твојата улица, твоето маало, кога се работи за здравјето на тие што ги сакаш, почитуваш, кога се работи за твоите кои ти се се во животот, нема место за компромис, животот нема цена, за во велес никогаш да не умираат децата! Зелената коалција те повикува на ПРОТЕСТ на денот на ослободувањето 9 НОЕМВРИ велес кажува НЕ на геноцидната намера за рестарт на топилница, 17 часот, плоштад сармаале, СИТЕ СИТЕ СИТЕ!
     
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Се гледаме на плоштад ! ;)
     
  18. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Да ги прашам дотичниве ајдуци, млатачи на пари кој ќе ми го поврати времето кога децата си играа народна, крижи-мижи а јас со игли, инхалации го поминував во болници?

    Да ги прашам кој ќе им ги компензира солзите и непроспиените ноќи на илјадници мајки, додека се справуваа со болестите на нивните деца?

    Да правиш пари на нечија несреќа, да градиш бизниси на сметка на нечии лелеци и болка е еднакво со грев кој го заслужува деветиот круг на пеколот!!

    Електрична столица бре, кашикара за нив е љубов.

    И да биде трагедијата поголема, ќе работат со истите машини, печки, стари 40 години. Апла кажуваат луѓето, ќе ве труеме, маме ќе ви расплачеме.

    Е нечете мочи!!!
    Во Велес освен сеирџиството има и друг занает што ќе го осетите на своја кожа, па да видиме во која нива кукуруз ќе садите!
     
    На Hiii, JuLleE, FBI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас сум искрено разочарана од ова што се случува во државава!
    Колку се спремни да наштетат на граѓаните- оние кои ги избрале, за сума која ќе си ја пикнат во џебот (сепак незначајна сума за цената која ќе ја платат луѓето во околината на Велес).
    Безобразлук невиден!
    Се прашувам дали навистина никој нема моќ да ги спречи ваквите неразумни потези на неколкумина поединци во државата |(

    Ејјјј! Нека се свестат, за младината се работи....има и млади луѓе и мали дечиња кои живеат во градот. Тие не се виновни што се родиле токму таму и не се должни да бидат жтрви на ваквите с*ања!

    И после младината им била лоша! Постариве и демек “разумни“ поставуваат отров на сред населен град и очекуваат некој да им ракоплеска и да им го одобри потегот!

    Да ви се плукнам во лицемерите.....да имавте вие семејство во Велес, да видам дали ќе ја рестартиравте работата на топилницата!
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Денес сите во 17 часот на плоштад Сармаале! Денес на 9 ноември, денот кога Велес беше ослободен, денес велес повторно ќе го ослободиме! Се работи за нас, за нашата иднина, за иднината на нашите деца!!