1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Топче под пазувата

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од didicool, 31 октомври 2013.

  1. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85
    Девојки, сакав да прашам дали некој има искуство да ви се направи топче под (лева) пазува и притоа да биде болно на допир? Мене ми се направи пред 2 дена и многу ме боли изгледа како подкожно влакно ;( (имам неколку црни точки од влакната што растат навнатре и не можам да ги извадам ме боли), ми кажаа дека ако е некоја жлезда дека нема да ме боли, па ај ако знае нешто нека сподели. Фала однапред :*
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    топче под пазувата

    Поткожно влакно и поткожно топче се разликуваат и те како. Ако е баш топчем со големина од барем пола сантим и е под кожа, можно е да е некоја жлезда, се јавува така од бричење и дезодоранси. Мене ми се појавила двапати и уште пред да одам на доктор сама помина. За да си мирна, провери се, ама не е ништо страшно :)
     
    На Glasna и didicool им се допаѓа ова.
  3. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85
    топче под пазувата

    Фала на советот, ќе проверам само ме буни што тоа е некако како развлечено и испакнато и се познаваат како црни точки од влакната што не израснале. А тебе колку време ти стоеле така топчињата пред да ти исчезнат? (да знам дали моево до сега требало да исчезне) Мислев дека може некако да се олесне барем да не боли ќе пробам со некакви облоги денеска, ако не биде ќе си одам на лекар :)
     
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.572
    Пол:
    Женски
    топче под пазувата

    Ja богами голема мака видов со тоа поткожно топче. Тоа е запушена жлезда која ми се направи неколку пати од користење на Нивеа дезодорансот.Што е трагедијата и на другарками од дезодорансите на Нивеа истото и се напраи,така да избегнувај ги нив. Мене многу ме болеше и морав да одам на лекар па ми дадоа да пијам антибиотици за тоа. Од кога престанав да се шљакам со дезодоранси (користам исклучиво Алоеволушн или Еуцерин) под пазуви веке не ми се појави.Иначе неколку дена стои максимум недела дена.
     
    На didicool му/ѝ се допаѓа ова.
  5. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85
    топче под пазувата

    ех значи е честа појава ова, да не се паничам, ќе појдам на лекар ако не се повлече барем малку и јас ќе внимавам што ќе купувам. Инаку користев рексона ја купив во саботата, претходно користев гарниер и немав проблем. фала :*
     
  6. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    топче под пазувата

    Ми се повеќе пати и секоаш си мислам ај ако прснам еднаш део спреј од подалеку ништо нема да ми биде, ама секогаш се прави топче кое боли до толку да не можеш рака да поткренеш, и да не можеш да се свртиш на таа страна цела ноќ- па затоа користам „вода за тело“, ја има во ДМ маркет и е супер. Неколку пати ми се случило и од стик (тетка ми ми има препорачано да користам за да не ме болеле пазувите), ама џабе е. Само „водава“ и едно време користев „кристален камен“ кој сега не можам да го најдам лесно, а и доста е скап.
     
  7. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85
    топче под пазувата

    И што правиш кога ќе ти излезе такво болно топче? земаш некоја маст, облоги ставаш?
     
  8. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    топче под пазувата

    Ништо- чекаш да ти помине, спреј никако не користиш, замена ти е сода бикарбона (ја мачкаш пазувата со сода)- ако не помине за 3 дена одиш на доктор (само еднаш се случило да одам).
     
  9. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85
    топче под пазувата

    Е фала многу ќе пробам денеска и со ациди борици и со сода, па ако не биде ќе одам и јас инаку еве 2 дена не користам ништо и не се бричам. Фала уште еднаш :*
     
  10. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    топче под пазувата

    Ова е „водата“ која ја споменав, претходно ја купував од странсво- сега од МК.
     

    Прикачени фајлови:

    На didicool му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    топче под пазувата


    Сите дезодоранси или стикчиња кои содржат алуминиум (а, тоа се скоро сите антиперспиранти) се штетни и прават проблеми со жлездите, а да не спомнуваме и пострашни работи. Гледајте да ги користите оние без алуминиум кои дозволуваат телото да се поти, но не и да мириса. Јас досега кај нас открив само две стикчиња и неколку дезодоранси такви. Еве, сега гледам дека во ДМ добиле нови дезодоранси на кои со големи букви пишува "без алуминиум". А, не како јас досега што правев да читам во составот на производите во тие ситните букви дали содржи или не :lol: , па често нашиве имаат залепено декларација врз составот на производот и не можеш да се снајдеш освен ако не почнеш да одлепуваш
     
    На didicool му/ѝ се допаѓа ова.
  12. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    557
    топче под пазувата

    Ме боли под пазувата, и мислам дека има едно како топче...користам овие денови еден ролон, дали е можно е е од тоа? Се плашам, веднаш мислам на тумори и слични работи...Туморот не боли нели? ;(
     
  13. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    130
    топче под пазувата

    Токму така, многу често се појавува кај оние што ги отстрануваат влакната со жилет и може да се појават и на други делови од телото кои ги бричиме.
     
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    топче под пазувата

    Штом боли, не е тумор, веројатно е жлезда а ролонот право во канта :)
     
  15. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    топче под пазувата

    офф јас имав лани ама почна да расте многу и многу ме болеше, ме пратија во државна болница на сечење, не бесе тумур него како некоја жлезда, од тогаш неставам ништо под пазувите освен бебешка пудра бекутан :)
     
  16. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    557
    топче под пазувата

    Фала ви многу на сите за одговорите. :* Всушност и не ебаш топче, туку така нешто како нормално тие што си постојат под пазувите и само малку испакнато, незнам и јас да објаснам добро и само имам болка на тоа место, како да сака нешто да ми излезе, пример некоја акна, а неможе да пробие....Јас многу лошо си направив, користев брич и веднаш потоа ставив ролон...И еве после 3 дена ми се јави болкава....Инаку треба да добијам утре-задутре, па дали ова е можно да е поврзано со тоа?
    Ролонот дефинитивно ќе лета во канта :D
     
  17. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    топче под пазувата


    Можеш да си користиш дезодоранси и ствари. Таа жлездата нема врска со што ти ставаш на кожата. Таа веројатно е реакција на некоја бактерија или вирус.

    Не верувам дека е поврзано со менструација. Ако е околу 1-2цм значи не е акна туку воспалена лимфна жлезда. Иди си на лекар, ќе ти дадат антибиотици.
     
  18. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    топче под пазувата

    Може да е од бактерија и вирус, но може да е и од дезедоранси, стикови, антиперспиранти... Некоја состојка од составот на овие продукти може да е предизвикала некој тип на алергиска реакција или пак иритација на горенаведената жлезда. Исто така антиперспирантите ја спречуваат нормалната секреција на телесни течности(под пазувите) што исто така може да доведе до воспаление на ова. Така да не би било паметно користење на истиот продукт кој го предизвикал ова(ако го предизвикал) и користење на било какви козметчики средства додека не се залечи проблемот.
     
  19. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    топче под пазувата

    држи вода. прифаќам забелешка :P

    ...како и да е, иди си ти на лекар. остај ние овде што си нагаѓаме :)
     
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Феминки за да не отворам нова тема, ќе пишам тука за непријатниот мирис под пазувите


    Направете спреј (раствор) против непријатниот мирис на потта по следниот рецепт:

    3 супени лажици сушена камилица прелијте со 1 литар вода. Ставете на оган да зоврие. Штом зоврие, тргнете го садот и поклопете да отстои еден час. Процедете го чајот и додадете 1 супена лажица сода бикарбона. Добро промешајте за да се раствори содата, па складирајте во празен распрскувач. Овој спреј може да се користи неколку пати дневно. Или пак можете да натопете памучна крпа и со неа да се бришете под пазувите неколку пати дневно. Одлично го сузбива мирисот на потта.


    Исто така, можете да направите солен раствор кој е одлично средство за отстранување на непријатните телесни мириси:

    Во 1 литар вода растворете половина лажичка сол. Со овој раствор пребришувајте ги пазувите неколку пати во денот. Меѓутоа, после еден час треба да се исплакнете за да не дојде до пресушување на кожата, перутање или јадеж. Доколку се користи солениот раствор 12 дена по ред, непријатниот мирис од потта исчезнува.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.