и јас имав,лекарката ми кажа да го чисчам почесто со памук и хидроген за рани 3% + маст белогент ми помина за дена и ми избија влакно. не ми се повтори пу пу да не се подречам
кај нас во градот имаше еден мн добар доктор еден мегу најдобрите и хирург беше секогас велеше "штом боле не е страшно ако не боле тогаш е за плашење"
Мислам дека имам сличен проблем, само не е топче туку малку како да е отечено местото под левата рака. На допир ме боли и при кревање на раката . Користам рексона антиперспирант од розевата, досега сум користела рексона и не сум го имала овој проблем. Што да правам овој период алтернативно наместо дезодоранс? За колку време се повлекува од ваше искуство?
Здраво... сакав да прашам, пред 2 дена насетив на допир како топче или можеби отечена жлезда ама на едно место само, и се двиши и ме боли тоа одредено местенце коа ке го пронајдам и допрам.. Не знам што може да е, се наоѓа од лева страна веднаш под рамото...
Moze da objasbite kako ja koristite soda i koja soda fala vi odnapred i dali imate kako topce podkozno i dali kako otok pod pazuvata custvuvate
Имав и јас вакво, уште пред 5-6години. Внатре има насобрана бела и гадна течност. Јас така го имав оставено со месеци и не го пипкав, еден ден решив да пробам да го истискам и се повлече и намали. После некое време па се појавуваше и пак го средив, ме фати инат, иако ептен е нежно местото и доста боли, не е како бубулица на лице кога се стиска и од тогаш веќе ми го нема 2-3год. Иначе болно ми беше ептен ова. Не знам од што се појавува, јас и се депилирам под пазуви, плус рексона користам, веројатно се тоа си влијаело...
Под пазувите вчера додека се туширав приметив на допир, топче тврдо кога се погледнав во огледало местото беше црвено и ме боли на допир. Што може да биде многу ми е страв секако ќе одам на лекар, но сакав да прашам дали можеби некоја од вас имала вакво нешто?
Јас имав пред 2,3 години. Мене ми се појави во лето, од нон стоп поминување со бричот под пазувите и поголемото количество користење на антипреспиранти. Но не ми беше црвено и немав болки за 3,4 дена само ми се повлече.
Здраво, дали има некој со искуство како моето... Пред се да напоменам дека пред 4 години се оперирав од фиброаденом на десна дојка... А сега пред два дена напипкав грутка по десна пазува... Не е болно и не е подвижно... Иначе сум во петтиот месец од бременоста... Закажан ми е преглед на лекар утре... Но сакав да чујам дали има некоја со слично искуство, ке полудам до утре
Веќе недела дена имам црвено топче под пазувите, кога се појави болеше и кога ја мрдав раката, сега боли само на допир, но многу слабо, имал некој слично искуство?
Од дезодоранс се појавува, најчесто после туширање, бричење и ако одма ставиш, се појавува, и е болно на допир, се повлекува за некој ден. Следи ситуација, ако не се повлече на доктор.
Како што кажа членката погоре од дезодоранс може да е и јас имав такво, болеше на допир. Гледај едно време ако можеш избегнувај дезодоранс или земи некој на природна база.
Zdravo na site, sakam da prasam kaj koj doktor da se obratam (prvo kaj maticen ili...?) bidejki mi se pojavi topka pod levata pazuva. Goleminata se menuva vo tek na den i na dopir e bolno mestoto. Mislev ke pomine ama eve okolu 10tina dena ednas go ima ednas go nema pogolemo pomalo ne znam od sto bi mozelo da bide. Ako moze da mi kaze nekoj koi doktori vrsat takvi ispituvanja bi bilo super. Fala vo sekoj slucaj , pozdrav!
Можеш кај матичен доктор да ти даде упат за радиолог, јас пример еве конкретно кога одам кај мојот матичен гинеколог за преглед на гради ме гледа и под пазуви со ехото... секако одам и кај специјалист радиолог за преглед на гради и тој исто ме гледа и под пазувите. Поздрав.
Zdravo, pred 3 dena mi se pojavi kako cista pod desnata pazuva. Bolno e i se razrani i se ligavi, preku nok stavav zelka no ne probiva.
Најверојатно од бикче и од дезодоранс ти се има створено некоја внатрешна инфекција. Оди на доктор можеби треба антибиотик.