Ме интересира како реагирате ако вашиот дечко изразува мислење ама буквално за се поврзано со вас? Значи да појаснам се меша во изборот на пудра,штикли,долзина на фустанче,па до начинот и темите на кои разговарате со др.луѓе ама навистина ДЕТАЛНО и исцрпно и исцрпувачки?! Дали мислите дека е лудо вљубен во вас и сака ама баш се да знае зошто премногу му значите или е control freak? И што ако повеќето негови мислења се критички настроени дали му удоволувате или сакате да ве прифати каква што сте? Јас лично сметам дека претерано навлегување во она што си е мој типично зенски дел е непотребно, а и претезно не сакам да се менувам додека сама не осетам потреба за тоа. Не баш дека не трпам никаква критика, ама тој ме видел каква сум во секој поглед и сега да ме менува од корен НЕ ПРИФАЃАМ!!!
Со таков напорен створ не би можела ни 5 секунди во иста соба.Ја како знам да бидам живчана уште тоа ми фали Би сакала да чујам негов коментар за пудра,шминка,гардероба или муабет со друга личност само ако јас побарам негово мислење,а вака за се нешто др др др др др, „ноу веј„ А има еден куп такви,само мене ми треба маж,а не свекрва
Добронамерна критика е секогаш добредојдена, немам против, но кога се претерува тогаш тоа не е љубов ниту љубомомора, туку сака да ве скрои по негов терк. Да му бидеш послушна, да му се поклонуваш, слепо да му веруваш во секој негов збор. Тогаш си набиваш комплекс на пониска вредност и секогаш неговото мислење е точно. Многу пати во такви случаеви сами во себе си ја бараме вината, дури и кога тој ќе ни ја префрли веруваме дека е во право и бараме што се вели влакно во јајцето само за да ги оправдаме неговите постапки и како што кажав себеси се прогласуваме за виновни.
Извини ама јас мислам дека е или некој контрол фрик или некој простак за да ти кажува вакви работи. Јас одев со еден ваков што знаеше многу да скажува и еднаш добив коментар од типот на Сенката на очи ти изгледа грозно . Среќа не ми значеше ништо а и врската не траеше долго. Значи ако не си многу залетана по него откачи го што побрзо, не ти треба некој таков неизживеан.
Ок е да се дава понекогаш некоја критика, посебно од човек со кој си во врска затоа што ти е близок и те знае у секој поглед затоа што нешто можеби навистина не чини па ние не го приметуваме па тоа би се сватило добронамерно, но не секогаш, треба да се зачува и нешо за себе и бла бла бла да не пишуам до утре-Он сигурно дека претерува, се си кажала ти убаво самата.. Ако некого сакаш искрено, не би се трудел да го менуваш нели?? значи го сакаш онаков каков што е..со сите негови мани и убави страни.. пробај укажи му ги грешките или па прави го истото шо и он да свати дека и не е баш најпријатно..ако продожи кажи му дека никад нема да најде совршена а деа не е ни он и Чаоо пријатно
Можам само да го ислушам и да не го послушам Не сакам кога некој ми коментира како сум облечена , нашминкана освен ако не побарам сама мислење или пак ако ептен изгледам лошо. Ако дозволам тој да ми кажува што да носам, како да се шминкам, тогаш што сум јас во врската? Кукла? Па ајде тој ќе ме среди. Ако сака да ми даде комплимент ок, ама имам некоја грешка нека ми каже да ја исправам, но да бидам таква какво што сака тој, нема шанси. Па и да ми кажува тој за што да разговарам, не , не.
Moжеби ужива во женските работи Ееее колку ги има такви кои ги интересира таков муабет, женските ствари.... Не мора да значи дека сака да ја поседува. Не го знаеме карактерот негов, можеби е душа човек, онака, добар, мил... и занимливи му се тие теми. Додуша, има ваков еден сличен проблем една другарка, т.е за неа не е проблем Тоа е нормално Со тоа што, таа мисле дека нешто е така доколку пред тоа тој се согласил за истото. Ако тој и рече дека ѕидот е црн, таа ќе тврди дека е црн. Е така ја истренира Ама дечкото пати од ниска вредност, па затоа така се постави уште првиот ден кон неа, како демек голем фраер, од се' се разбира, неговиот збор закон за неа, бла , бла.... а всушност дечково е
Јас не дозволувам некој лесно да ме покори и модифицира нема шанси, само сакав да знам дали и на др. им се случува да имаат коментари од нивните дечковци и кога не бараат од нив мислење. Тој и не е толку лош и неиззивеан, ама сака да показува некое си соврсенство надворешно и секакво пред др. па ми наметнува и мене. А јас од стално сум си слободоумна и не се мислам многу каков впечаток нешто остава ако мене многу ми се свиѓа, сега не баш да не пазам ич да појаснам со пр. кога бев средно сакав vampire look користев многу бела пудра, темна шминка и облека, знам дека не изгледав нај за сите, но мене ми се свиѓаше и го отфрлив овој имиџ кога јас го иззивеав и одлучив да го сменам, а не дека некој ме терал на тоа...
Е вакви фрикови да земеш да ги обесиш. Имам една другарка ист ваков има, се жали за неговите коментари и пак е со него. Ама не смее буквално да направи нешто без негово одобрение. Лани јас си ги скратив шишките, они тогаш без раскинати 3-4 месеца па ај и она шишки (се договоривме хехе ). После пак се смирија и овој и вика чувај си ги шишките вака коа се испеглаш како шлем ти е косата . За други работи за кои и преговара, не ставај пудра зошто ставаш? само ќе си го оштетуваш лицето, немој да ставаш шминка те сакам природна. И она за гревче не смее да си се нашминка, ја жалам На лето и вика еднаш, прекратко си се облекла.. О боже мој! Море да сум на нејзино место еден ден си викам само..
па не мораше вакво нешто да ми се случи мене од скопје си? ако си од скопје не е сигурно а ако си од друг град ќути не ми кажувај