Тој не сака дете

Дискусија во 'Брак' започната од irenadaniel, 28 април 2015.

  1. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.328
    Пол:
    Женски
    Znaci vaka se raboti za sestrami koja e vo brak podolgo vreme nema deca a normalno saka no soprugot e cudo priroda ni samiot neznae dali saka toj dete ili ne kako vtoro taa zapadna vo teska depresija a toj uteha i pomos nikakva ne i dal bukvalno toj si go zivee zivotot a taa sekoj den propaga za razvod ne saka da cue a mislam treba da mu kaze zbogum ova e dolga prikazna no ako moze nekoj sovet kako da i pomognam ili da se razvede ili barem da go natera nekako da zasaka i toj da imaat dete:(
     
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.834
    Допаѓања:
    236.066
    Доколку е со нарушено здравје треба да и се помогне да ја надмине состојбата и да и биде пружена поддршка и помош во наоѓањето на соодветна стручна нега.
    Само со воспоставување на внатрешен мир и баланс она ќе биде способна да донесува драстични одлуки за својата, а и иднината со својот сопруг.

    Со сила не може никој да се натера да засака нешто што нејќе, а најмалку во дисфункционален брак.
    А во моментов она не е способна ниту за донесување на драстични одлуки во стилот на развод бидејќи пресудбата за истата е намалена.
    За разговор, без разлика за иднината или за ставање крај, потребно е бистри глави .
     
    На galapce, irenadaniel и anel им се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.400
    Пол:
    Женски
    Пропаѓа поради неговиот индифирентен однос и невнимание спрема неа. Дете не е проблем, има милион бракови без деца па опстануваат. Пред да го допре дното патот под нозе и да си ја земете.
    Вие треба да сте и најголемата подршка, змете ја кај вас барем на неколку дена па ќе видите како ќе се одвиваат работите иако не верувам дека тој брак ќе опстане. Ќе го изгуби здравјето, а веќе го губи.
     
    На Dust, DigY, okcenzi и 7 други им се допаѓа ова.
  4. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.526
    Двајцата да одат на психијатар и да си ги средат работите да ги најдат корените , зошто кога си во брак желбите на двајцата трева да се исполнуваат
     
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.266
    Не е исклучена можноста тој нејзиниот воопшто да не сака да има деца со неа. Познавам многу мажи кои откако со тешки муки ќе се кандисаат за брак, потоа само наоѓаат изговори за да ги одбегнат брачните обврски, однесувајќи се како никогаш да не се ожениле. Е сега, не сакам да претерувам, бидејќи не знам каква е ситуацијата. Но, ако тој досега не седнал со неа да разговара со неа на темата, тогаш голема е веројатноста да им се разидуваат гледиштата, или тој воопшто да нема план да има деца со неа. Освен тоа, мочај му се на брак без емпатија и разбирање кон проблемите. Затоа, најпаметно решение во случајов, ти е да ја убедиш како знаеш и умееш да си ги собере парталите и врати назад.
     
    Последна измена: 28 април 2015
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.389
    Znaci vaka se raboti za sestrami koja e vo brak podolgo vreme nema deca a normalno saka no soprugot e cudo priroda ni samiot neznae dali saka toj dete ili ne kako vtoro taa zapadna vo teska depresija a toj uteha i pomos nikakva ne i dal bukvalno toj si go zivee zivotot a taa sekoj den propaga za razvod ne saka da cue a mislam treba da mu kaze zbogum ova e dolga prikazna no ako moze nekoj sovet kako da i pomognam ili da se razvede ili barem da go natera nekako da zasaka i toj da imaat dete
    ----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Odamna me nema na forumov ,no eve ke se vklucam i ke go napisam slednovo:
    nemoze da se ima dete ako se nema vzaemna zelba.Ne moze da se ima dobar brak ako edniot boleduva a drugiot zivee...dobro treba da se preispita sto ke dobie ako e so nego ,sto ke izgubi ako e bez nego...
    sto i da ja posovetuva nekoj od strana ne dopira do nea...vo nea e odlukata ,no ne poradi narodot tuku poradi nea dali e podobro zivot bes STRES ili unistuvanje na sama sebe...
    lesno se davaat soveti no tesko na onoj sto si ja ima makata,ne poradi neso drugo tuku poradi toa sto ne e vo realnosta,site koi sme imale i imame problemi ja odbegnuvame realnosta ,no koga togas ke mora da i pogledame vo lice pa kolku i da boli...
    taa e klucot za se samo i treba vreme da ja donese vistinskata odluka
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.930
    Пол:
    Женски
    Според мене сопругот на сестрати изгубил секаков интерес за овај брак ако можам воопшто брак да го наречам...Секако дека сестрати ќе биди тажна и потиштена кога сопругот не се труди воопшто околу неа,и не му помага да излези од таја ситуација,туку си го живее живот како да е сам а и јасно е од неговото понашање дека тој не сака да има деца...Дополнително се влошува ситуацијата со тоа што сестрати е во таква состојба,нормално таја не е крива за тоа немој погрешно да ме сватиш,но тој најверојатно незнај како да се справи со ситуацијата или не сака,и сега не е јасно дали од секогаш тој не сакал да има деца или тоа е од неодамна,а сега сестрати кога не е добро тој уште помалку размислува за тоа...
    Најдобро е сестрати да ја однесите на психијатар и да разговара со стручно лице кое ќе му помогни да се извлечи од оваја ситуација и да се справи со све... Нека замини од домот на мажотму и нека се оделечи од него нека му дај простор него а и нека си дај простор таја,да рзмислат каде води нивниот брак и што понатаму,и тој кога ќе остани сам ќе почни поинаку да размислува вака само се гушат еден со друг и само се влошува цела ситуација...
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.400
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам со ова. Прашај паталец, а не гаталец. Жената треба да го остави сопругот, ама се додека не го искрши ѕидот со сопствената глупава глава нема да си оди, за жал.;(
     
    На okcenzi и Glasna им се допаѓа ова.
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.930
    Пол:
    Женски
    Подобро требаше да го прочиташ мојот пост,напишав дека сестраму треба да си замини од кај него и да го остави сам,за и таја и тој да размислат каде води нивниот брак а не да се гушат еден со друг,и таја кога ќе си замини од кај него сигурно него нема да му биди сеедно...Но исто така сестраму покрај него неможи да се ја среди психичката состојба,значи го кажав тоа само со поинакви зборови...
     
    На zalosna и galapce им се допаѓа ова.
  10. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    20.050
    Пол:
    Женски
    А јас најсрдечно ќе те посоветувам да ја оставиш сестра ти сама да си одлучи што понатака. Сепак тоа е нејзин маж, нејзин брак и нејзина треба да биде и одлуката за тоа дали ќе биде со него или не !
    Не и се мешај, зошто недај боже, тебе ќе те окривува понатака.
     
    Последна измена: 28 април 2015
    На zalosna, mims-89, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    84.833
    Според мене, побитно е детето отколку мажот. Свесни сме сите колку гориме од желба да имаме дете кога немаме, свесни сме дека кога имаме дете дека е најбитно од сите на светов.
    Која и да ја прашаш мајка, ќе каже дека детето и е побитно од мажот. Дека кога би вагала за кој да го даде животот, без рамислување ќе каже детето.
    Кога една жена сака дете, тоа е таква желба што би го срушила светов и повторно би го изградила само да го има детето. Нејзиниот сопуг во случајов не сака дете и тоа е сосема во ред. Ко што некој сака дете, некој не сака дете. Moже има и педофобија :) Иако во генот ни е размноужањето и продолжувањето на родот, кај некој можеби затаил генот и нема потреба од потомок.

    Прашањето е дали жената сака дете, по секоја цена или сака живот со маж и без дете? Тешко е да се определи што сака, живее во надеж дека тој ќе се смени и ќе реши да имаат дете.
    Нејзина е одлуката, а ти како сесра треба да ја поддржиш што и да одлучи.

    Мислам дека треба да разговара со него, да решат што сакаат и ако дефинитивно не сака дете, да одлучи сама што понатаму.
     
    На Dust, fallenangel, zalosna и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.400
    Пол:
    Женски
    А мор а ако е стерилен?
    Се соочив со неколку такви случаеви (моите 5 годишни патешествија, фала богу се направи ќерето со мои милион напори) каде што жената беше обвинета, а мажот МАЖ без ниту еден жив сперматозоид. Не е тоа во прашање. Моите брат и снаа немаа деца 17 години па останаа заедно е сега тие си знаат како, ама ако тој не е заинтересиран тури му пепел да не псујам оти ќе биде и мајќи и шајќи............................. и се на куп. Едноставно кај нив нештто не функционира.
     
    На irenadaniel, WORRIED.BT, MilaP и 2 други им се допаѓа ова.
  13. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.934
    Пол:
    Женски
    Друга ситуација е кога не можеш да створиш потомство заради стерилитет, но во денешно време е полесно достапно и ин витро и посвојување. Многу бракови опстанале без деца ама направиле се' да дојдат до тоа дете. Познавам брачен пар кој после 20 год. упорност, прво со зачнување, потоа по институции за посвојување се израдуваа на своето дете. Верувајте, не знам дали мајка која родила толку многу би се радувала како таа жена.
    Не разбирам која е смислата на постоењето на било која индивидуа, ако не неговото потомство. Каков човек може да не сака да ја даде и почувствува најголемата љубов, нема ништо поубаво од тоа. Освен во случај ако партнерот има веќе деца или моментално не е спремен за такво нешто. Сепак сестра ти мора прво да се извлече од таквата психичка состојба, а потоа да расчисти што сака во животот, верувам секоја нормална личност би се одлучила за дете доколку мора да направи избор.
     
    На zalosna, irenadaniel и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.400
    Пол:
    Женски
    Дете со кого?
    Некој кој што не е дораснат и не знае што сака?
    Си го живее сопствениот живот, а ѓената венее. Убаво напиша членката погоре не е само тоа шт го нпиша, овде постои нешто подлабоко, а ние само може да нагаѓаме. Лесно е кога читаш и гледаш од страна, ама многу е тешко да го живееш животот кој што не е твој туку на некој друг.
    ААдмините го изменија насловот кој што нема врска со првичниот.
     
    На irenadaniel, НаталиЛили и Glasna им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    84.833
    Во право си Далерон, ама тоа е ситуација кога двајцата сакаат, имаат иста цел, се борат за неа, и на крај прифаќаат дека ете нема начин. Ама они се другари заедно, заедно имаат желба. Поинаку е кога она има желба, него не му е битно што сака таа и има проблем. Точно е да има парови без деца, парови со посвоени деца, ама тие луѓе заедничката желба за нешто, ги споила. Овие немаат иста жеба и тоа ги раздвојува.

    Едниот треба да се откаже од тоа што го сака и е тешко. Кога се двајца и кога е тешко се посилни. Вака сама се бори за дете, кое може да и биде дадено, ама не е заради туѓа желба. Не неможност.
     
    На Hipica, zalosna, Dalida♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  16. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.934
    Пол:
    Женски
    Дете со некој што прво ќе ја почитува нејзината личност, а потоа ќе сака потомство со неа. Секако дека не функционира нешто во нивниот брак кога дури и тоа да е единствен проблем, мажот нема разбирање за желбата на жената. Само што на жената и треба и стручна помош и помош од семејството прво да се извлече од таквата состојба, зашто не е во можност правилно да расудува, а уште помалку да донесе одлука во таква состојба.
     
    На joy1 и Daleron им се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    19.095
    Реално, ние од едвај напишани пет реда текст не ни можеме да и дадеме конкретен совет.

    Колку години имаат и двајцата, колку време се во брак, дали разговарале за деца пред да се земат, каков е моменталниот однос меѓу сопружниците, има ли љубов итн.

    Се спомна дека сопругата има „тешка депресија“, дали тоа е народски кажано за „тажна е“ или станува збор за сериозен психолошки проблем? Се спомна и дека сопругот си го живее животот, што точно значи тоа? Оди на работа и повремено седнува со другарите на пиво или оди на работи и не се прибира дома од кафана?

    Премалку работи се напишани а се бара помош за многу комплициран проблем...
     
    На Hipica, Sunshine.Sunshine, anichka94 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.400
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa тоа цело време сакам да го кажам, таа наговести дека има многу работи, а само од нафрлени зборови ние нагаѓаме.
    Самиот нејзин напис „Долга приказна“ има многу недокажани работи, всушност ништо кажано свен дека тој не сака дете, таа е во дпресија, не сака да се разведе, го живее животот (тој) и толку.
    Според напишаното нека си ја земат и носат дома.(грубо звучам).
     
    На irenadaniel, Cka, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    19.095
    Воопшто не звучиш грубо, тоа е единственото нешто што семејството може да го направи ако бракот е дојден до тоа дереџе таа дома да се убива од плачење а тој да шета и да не се замара со ништо. Сем тоа, со одлуката за станување родител нема компромис-или сакаш дете или не сакаш, не можеш поради партнерот да донесеш одлука со која одиш против своите желби (ова се однесува на обајцата) . Ако таа сака дете а тој не, толку од бракот.
     
    На ♡BuBaLe♡, irenadaniel, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.326
    I jas ke recham naslovot na temata ne odgovara za problemot. Najgolemiot problem gledam e deka na dvajca drug se obiduva da im kazhe shto sakaat. Da se razvela najdobro. Epa ete ne mislela na razvod ni pod razno. Mene duri ljubopitno me interesira koj'pritiska za dete. Dali nevestava koja ja ogovarame ili celata nejzina familija.
    Sega, ima i takvi shto ne sakaat da se razmnozhat, lepete etiketi, ama disheme megu site normalni luge.

    Chudete se, ama shto jas nemam deca site gi interesira i od poshiroka familija i mi baraat duri pomosh, zejtin vo koj manastir da nosam mi kazhuvaat. Se spomna dete vo problemot i naslovot na temata otide na toa.

    Vo takvi privatnosti ne se mesha, pa sestra ne sestra. Ako nekoj se grizhi za tebe, ke te poddrzhi vo odlukite. Nevestava ne saka razvod. Potomstvo si e muabet megu niv dvajca, i nema vozrasen chovek koj ne mozhe da odluchi na taa rabota za sebe, so shto ili bez shto zhivee. Mene mi e sram shto pishuvam, oti se osekam deka prislushkuvam preku zid, koga gospogata so navodniot problem ne e tuka da si kazhe, tuku i se shiri muabet na selska cheshma za mnogu privatna rabota.
     
    На Madam-A, Giovanna, poenta и 9 други им се допаѓа ова.