Нема нешто што сакам во животот повеќе од да бидам мајка! Мислам дека ќе бидам одлична мајка и искрено одвај чекам да дојди време да бидам нечија мајка. Здравје Боже. Доколку имам дечко и од старт знам дека не сака деца, без разлика колку и да го сакам нема да прифатам да сум во брак со него. Ни јас да го присилувам на деца, ни тој мене да ме осуди на живот без деца. Затоа постои компактибилност која се зема во обзир во изборот на партнер. А доколку пред да сум во брак и дечкото е за деца и се е во ред, а од како ќе сме во брак одеднаш не сака деца значи тука има поголем проблем. Доколку тој проблем не биде решен со еден, два, пет, десет отворени разговори и компромиси... Жалам. Јас ќе имам деца, макар и самостојно! Толку многу сакам. И мислам дека е фер да го кажам ова пред да стапам во брак со било кој, како што е фер кон мене личноста со која што ќе стапам во брак да ми даде до знаење какви се неговите размислувања на оваа тема. И толку.
Јас мислам како прво сестрата е среќна шо нема дете во таков брак во тој случај болката ќе му биди голема кога ќе го гледа детето кај шо страда однајмали нозе заради нив, а како второ не ми е јасно како дотичниот незаинтересиран маж се кандисал за да се земат да речиш трудна била па морал ама не му тргнало можам да го сватам ама ова не, а уште помалку неа шо е свесна дека бродот одамна потонал а упорно се труди да го врати на површина па дури и да заплови шо и сама знај дека не е можно.
Samo nekoj sto pominal niz slicna situacija moze fa znae kako i e nejze se iznacitav deka saka da bide skopjanka deka i treba strucna pomosh itn sestrami bese covek so svoe jas no blagodarenie na depresijata taa sega e bukvalno bezpomosna i nema sila da prevzeme nekoj pogolem cekor jas od srce posakuvam da im se vrati ljubovta ili ako vejke nema nadez sekoj po svoj pat no vi rekov ova e komplicirano se slucilo da mu kaze na soprugot e pa ok ke si odam no toj togas pocnuva te sakam vaka ke bide taka i znaete toj i pravi toplo ladno i taa neznae dali ja saka dali toj ima nekoj stravovi ako si zamine i od koja pricina ne mi e jasno ednas ja brka ednas mnogu ja saka
Јас незнам зошто постојано се дискутира сакал-несакал дете... Овде од старт се гледа дека се е наопаку Да бидам искрена, ДА НЕМАМ ДЕЦА и да ме брка од дома и да не сака да ме допре.....ОДМА си одам. Обично за ОДМА ОДЕЊЕ пречка се децата, созададена фамилија...а овде ем нема ништо заедничко со него , ем тој не ја рецка ем ја брка, ем цела фамилија и ја гази со нозе и она пак назад кај него. Што очекува - незнам ? А тоа дека однапред пред брак се разговара за деца, за стан, за тоа дали ке се живее со стари или не...си имам свој став кој кај мене во мојот живот се потврдил - од фини приказни и сањарење до реален живот има милиони светлосни години далечина. Кај некои устева разговор и се држат до планираните соништа, ама кај голем дел -ЈОК. Ми ветуваа убав живот, разговаравме за дечиња па дури и имиња имавме, ама бате, ништо во реалноста. Плус тоа и човек се менува.Ке те ,,исклеса,, животот како што не си мислел дека ќе бидеш.
Od zbor do zbor ste vo pravo sekoj pameten go veli ova deka treba da si go prodolzi zivotot i sekoj po svoj pat i onaka nema deca pa ajde zaradi decata mada i toa ne go opravduvam trpenje zaradi deca
Жаки, ај срце батали вакви објаснувања. Секако нема да те сфати. Толку идеализира "љубов" што според мене - или е 15-годишна, или е малоумна. Се извинувам за дрскоста, ама мери и го умот по тоа што го треска, а ни самата не го разбира!
Ниту е 15 годишна, ниту е малоумна.И да, баш е дрско така да ја нарече човек посебно после ``.мерењето на нејзиниот памет`` на најразлични теми во изминативе години најразлични теми. За мене коментарите воопшто не беа трескање, туку изнесување на една поинаква перспектива која е далеку од неразбирлива за сите. Што е тоа толку идеализирање на љубовта доколку искрено и од срце го сакаш и поддржуваш партнерот? Што е несваќање на бракот доколку решиш да останеш со таа личност и покрај многуте препреки кој ги поставил животот? Примерите кои беа набројани за паровите кои живеат без дечиња зарем не се тоа за што зборуваше Мимс? Постои вистинска љубов, разбирање и поддршка...а фали детенце(зборуваме без сопствена желба за отсуство за истото). Тие случаеви се оние каде што спомена таа дека партнерот не би го оставила поради непостоечко дете, и би останала до крај.
Vo red e ako i dvajcata se ao isto razmisluvanje no ako edniot od partnerite saka a dr ne koja ljubov e tuka
Ирена тука побара помош за сестра и која има далеку подлабоки проблеми од добивањето дете... Како одговор доби се и сешто (дури го жалевме и дотичниот што трпи таква лепенка до него), па затоа не сакам плус со моите коментари да ја носам темата во друга (несоодветна) насока... Секој има право на свој начин на размислување, да. И факт е дека има многу парови кои функционираат без деца, да. Но, да ми тврди некој дека ако жената толку го сака, ќе остане со него и без дете, то е УТОПИЈА мила моја. Тоа е далеку од реалноста (ете затоа го употребив тој збор - или мала или малоумна!). И како што кажа Референтка - од желби, планови и разговори пред брак, па до реалност и случувања во брак, има милиони светлосни години разлика! Затоа тврдам дека девојкава која ја запрашав колку години има е сеуште многу мала (во години или барем во размислувања) за да може да даде соодветен совет на темава и пишува само колку да пише... Па нека ми одговори (а сигурна сум дека сеуште не може) дали таа ќе остане со ЉУБЕНИОТ без деца (и во случај навистина да ги посакува) само од жртва за љубовта спрема него. По таква изјава од страна на животниот сопатник - дека не сака да има деца, тој веќе нема никогаш да биде ист во нејзините очи. Е тогаш љубовта ќе исчезне за миг. Тоа е реалност. За такво идеалирирање на љубовта зборував! п.с. Ако продолжуваме само со теории и полемизирања (ова се теории, проблемот е далеку поинаков и подлабок) - ајде тој нека има дете со неа, само затоа што таа сака. Е тогаш дотичниот ќе сфати што значи вистинска љубов спрема (како што девојкава неколку пати нагласи) НЕПОСТОЕЧКО ДЕТЕ.
Ljubov postoj se dodeka ima razbiranje doverba i pocit megu partnerite vo situacijata na sestrami se toa se izgubilo i kakva ljubov zboruvate zatoa jas pogore rekov se molam da im se vrati ljubovta sto znaci pocitta doverbata ili sekoj po svoj pat soveti i kazav mnogu no badiala e i moeto i vaseto ostavam na vremeto i gospod pozz inajte ubav den
Утопијата е факт за многумина, тоа беше и општата дискусија која се надоврза на конкретниот случај. Да беше се друго погодено(љубов, разбирање, поддршка, внимание...) некои препреки(во стилот немање детенце) се надминуваат. Ама кога ништо не е погодено џабе е. А за во конкретниот случај сите се сложивме дека со сила убавина не бива. Ниту хармоничен брак ниту дете...ниту љубов. Доколку целта на бракот е само размножување многу препреки и евентуални шокови кои ги нуди животот потешко, или воопшто нема да бидат совладани.
@Kiflicka05 прво да ти кажам дека не си достојна да дебатираш со мене судејќи по твоите коментари. Зошто ти велам дека не си достојна? Затоа што сум неколку нивоа над тебе во размислувањата, не мислам само на себе и на своите потреби. Можеби јас ја живеам утопијата од каде знаеш? Моите години ако толку те интересираат можеш да ги видиш на мојот профил, ако ти се тие мерило за нешто, јас слободно можам да кажам дека сум по зрела од дотичната 40годишна госпоѓа за која и се отвори темата. Да ти одговорам на прашањето, да, би останала со мојата љубов до крај и по цена да немам дете никогаш доколку тој не го сака. Не би сакала со сила да му наметнувам некому да има дете со мене, тој ми е побитен во секој случај одколку дете кое не ни постои. Знаеш зошто? Затоа што тоа е идеална љубов, и тоа ќе биде љубов и брак кој нема да опстојува поради деца туку поради чиста и искрена љубов, без калкулации. Јас сакам некогаш да имам дете, но сакам само со него, доколку тој несака нема да го терам со сила. Сакам детето да биде со љубов и со желба направено, несакам да биде само затоа што јас сум сакала, сакам и двајцата да сакаме. Дете нема да ми фали никогаш затоа што и никогаш не сум го имала и незнам како е да бидеш мајка, а неговата љубов може да ми фали засекогаш ако се одлучам да најдам некој друг кој би ми служел само да ми направи дете и да глумиме хепи фемили. Мене ми е многу полесно да се прилагодам на него и да немаме дете одколку тој да се прилагоди на мене и да имаме дете само затоа што ЈАС сакам, а тој незаинтересирано да се однесува кон детето цел живот и да не го сака. Па после да му рече, ти постоиш само затоа што мајка ти ме напнуваше. И пак ќе речам, ова е МОЕ размислување, свесна сум што пишувам затоа што го мислам тоа искрено, тоа е МОЈ начин на живот, јас така длабоко ја чувствувам љубовта. Оние жени на кои целта во животот е само да родат дете без да им биде битно со кого и како слободно нека си ја исполнат целта. Јас никого не осудив, вие сте пристрасни само затоа што сте мајки, а јас пак сум објективна затоа што не сум. Секој си ги знае приоритетите во животот. Една членка погоре убаво напиша дека штом би и кажал партнерот дека несака деца инстант ќе го отсака, епа јас не чувствувам така и сега треба очи да си вадиме? Баш и го почитувам мислењето затоа што убаво знае што сака во животот. Ако добро ме прочита ќе го прочиташе советот што и го дадов на госпоѓата на крај, ама си се задржала само на деловите во кои можеби си се пронашла.
Абе луѓе...тој не ја пипнал со месеци...ја брка од дома како куче да е...и ја понижува цела фамилија Тоа не е брак, тоа е мачилиште. Баталете совети и овде само меѓу себе ке се закачкаме, а нема потреба Многу народ сме овде, сите различно размислуваме и добро е тоа...ке се чујат мислења
Затоа се сложувам со мислењата дека проблемот е друг и е многу подлабок од тоа да се добие дете во овој брак. Со сила убавина нема! И во ваков случај, подобро е да немаат дете! Пред се треба да постои љубов, почит и поддршка помеѓу партнерите, а потоа детето ќе дојде како дар од Бог. И да @mims-89, мајка сум и затоа поинаку размислувам, а и во моментов на втора бременост хормоните ми се прилично луди и поинаку гледам на работите. Дај Боже да имаш идеална љубов (но тврдам дека идеализам не постои!), само сепак ќе речам - сигурна сум дека не ја живееш утопијата за која напишав... И, ќе видиш колку поразлични ќе бидат твоите размислувања само после неколку изминати години... Поздрав!
Пак неможеш да речеш така, она што е за мене идеално ете за тебе не е. Тоа е релативна работа, мене други работи ме прават среќна, тебе други. Моите разлислувања нема да се сменат затоа што јас сум веќе зрела изградена личност и знам што сакам во животот. Поздрав.
@Kiflicka05 оно што преставува за тебе утопија, некому му е реалност, секој со своите приоритети. Мојот сопруг ме стави мене пред се, јас му бев побитна од сонот да има семејство, ниту беше заљубен малолетник а далеку е од малоумен. Кога почна врската да ни станува сериозна јас нему му објаснив дека имам милијарда проблеми со репродуктивните органи така да ако сака семејство веројатноста дека ќе ја има со мене се скоро никакви така да подобро е да се разделиме со време. Тој ми кажа дека јас сум му била побитна од дете, дека сакал со мене да го помине остатокот од животот и ако имаме дете добро ако немаме пак ќе бил среќен само со мене. Тој беше иницијатор да престанам со сонот за семејство, тој не сакаше да ме гледа како се разочарувам секој пат после инсеминации, терапии со хормони итн а тие беа на моја иницијатива никогаш збор не рекол околу тоа и од кога престанав со се станавме родители. За сопругот мој не е утопија да се откаже од дете ради љубов, нему му било поважно да ме има мене него да има семејство.
@bittersweet , сите се сложија претходно дека поинаква ситуација е ако партнерот не може да има деца. Затоа медицината е напредна денес, постојат вештачки оплодувања, донори на јајници, сперми, сурогат мајки и што ли не, а постои и можноста за посвојување. Тоа е друга приказна. Па еве вас Господ ве дарувал со дечиња, и секако дека тоа ве направило многу среќни и двајцата. И мене партнерот да ми каже дека не може да има деца, поради здравствени причини, би останала со него, па и би си посвоила дечиња. И да не посвојам воопшто, барем ќе знам дека не е поради различни желби. Ама дали сака или не сака е насловот. Не може еден да сака семејство, а друг да не сака. Значи зборувавме дека во бракот треба да се има исти погледи кон тие важни прашања. Затоа мислам дека мешање на темите НЕ МОЖЕ и НЕ САКА нема смисла. Тие два поими се сосема различни. И види, паднавме на муабет исто, ако човекот кажал уште пред да се земат дека не сака деца, а таа прифатила... тоа е друго, и таа нема потреба да се лути. Но ако на човек му текне во бракот да каже... слушај, јас не сакам деца, тоа е себично. Кај тебе, битер ситуацијта е многу поинаква, ама си била фер и си кажала уште пред да се земете. На крајот исапаѓа дека сите имаме исто мислење, ама различно се изразуваме.
Во врска со мајчинството, секој си е одговорен за себе и има право да донесе секаква одлука. За мене е несфатливо да не посакаш да дадеш мајчинска љубов и не почувствуваш возвратна детска, ама не осудувам ако некој донесе таква одлука. Само се надевам дека нема да се разбуди еден ден на 50 год. и се покае за својата одлука. Ова го зборувам од лично искуство, зашто јас бев таа што не сака второ дете, маж ми прифати иако многу сакаше , сега јас се каам што не одлучив поинаку, не заради него, лично за себе. Зашто размислувањата, приоритетите се менуваат со тек на годините и љубовта спрема партнерот не може да надокнади некои работи.
Твојата ситуација @bittersweet е сосема различна. Сум те читала и во други теми и симнувам капа пред тебе и сопругот. Ете тоа се вика вистинска љубов! Таа е клучот за успехот и за вашите 3 златни дечиња! Јас имам роднини кои немаат деца поради стерилитет на едниот партнер (постари се, тогаш немало ваква технологија), но имаат супер брак. Тоа е многу многу различно од ова за кое јас напишав...