Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој не сака дете

Дискусија во 'Брак' започната од irenadaniel, 28 април 2015.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од навреди... Мое лично мислење е дека нема идеална љубов, те живи луѓе сме, се менуваме секојдневно но ако некогаш донесеш одлука да се откажеш од нешто што силно го сакаш сосема нормално е дека тоа ќе се таложи во тебе и со тек на време и ќе почнува да избива преку најмали ситници и кавги...
    Сеа не ја правете работата дека тие што имаат желба да се остварат во улогата на мајка ќе соберат некој од улица само да имаат дете:D

    Затоа и сите си бараме партнер кој ни одговара со кој ќе делиме заедничка иднина. Може спротивностите се привлекуваат ама тешко опстануваат заедно..

    Не можам да замислам како и е на жената која сака да се оствари во улогата на мајка а се откажала ради сопругот. Сигурно е тешка болката кришум да ги гледаш туѓите дечиња и да знаеш дека никогаш нема да го имаш тоа ниту па да не можеш да се израдуваш убаво кога и блиските ќе имаат свои деца.
    Не знам која љубов може да го преброди тоа, човек паѓа во депресија, се чуствува дека е неисполнет. А не можеш да имаш среќен брак ако ти и самиот не си среќен.... А и па другиот партнер кој ете не сака деца и гледа дека љубената е несреќна или пак секојдневно му се врши притаен притисок.. Па тоа е неиздржливо..

    Љубовта не победува се, знам многу луѓе кои се сакаат па не се заедно.. Едноставно не се сложуваат, кавги и за многу побанални работи. Некогаш и треба да се пресече отколку секој ден во кавги и да се бркаат од дома.(facepalm)
    И пак вртиме во круг, друг е муабетот кога некој има проблеми со зачнување а друг е муабетот кога некој не сака да има деца. Тоа е друга филозофија и друг начин на живот. Немањето желба за потомство носи други психолошки корени и се работи за сосем различни личности...

    Каква е сестрата на девојката впрочем и ние не знаеме. Овде се најдовме у муабет само.:D
    На сите им е јасно дека тој брак не функционира друг совет нема освен развод.
     
    На zalosna, anichka94, Bridget и 6 други им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Кој сака кој не сака деца одамна се разбравме дека не е целиот проблем на темава. Арно ама како што вика мими се ставивме на муабет па нека иде и на таа тема :) Макар нели, и од тој проблем се да е почнато па да завршило на вакво дереџе и тоа е и како можно.

    Тотално ќе се согласам со тоа дека е сосем друг муабет кога еден од партнерите, или двајцата не можат.

    Од страна на жена, како што кој ме читал знае, која има решено уште во раните 20ти години, а можеби и порано дека не сака да се оставри како мајка, тоа е работа што едноставно си ја знаев, не сакам да бидам родител, и тој муабет падна уште првите неколку излегувања со сегашното ми момче. Ни се погодија ставовите околу овоа прашање, и никој не се нервира, не тагува или пати по цена на другиот.

    Сакаш да се оставриш како родител а не можеш поарди тоа што партнерот не сака, сосем различно влијае на една врска, на самиот себе, во твојата глава, во срцето. Еднаш да ми спомнал низ годиниве, нешто како, јас мислев некогаш ќе се премислиш, се надевав, млади бевме, или во тој контекст, не тој мене да ме остава, јас ќе го оставам него, да си ја бара среќата со некоја што ќе му го даде тоа. Затоа што ќе знам со мене нема да е исполнет ако тоа го посакал. Заради мене не сакам никој да пати, а најмалку човекот кој го викам мојата друга половина. Мене, не знам за каква љубов да станува збор, неизмерна, најискрена, идеална, ма не знам, Ромео и Јулија, еве тука дека сум најтенка сечете ме, ако тоа ми е изборот тогаш давам слободно, сечете, ама јас не раѓам за никој на овој свет. И навистина не ми е јасно како некои луѓе не го сфаќаат тоа и влегуваат во бракови( или остануваат во такви )со надеж дека ќе предомислат некого, или пак има примери кога жената ќе го „зафркне„ мажот.
     
    На anakonda88, kjukli, veronikaveronika и 13 други им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    @jacqueline.s точно е дека не може и не сака не е исто меѓутоа ако веќе како мене знаеш дека имаш проблем фер е да го кажеш пред врската да стане сериозна, да си знае другиот дали може да го прифати тоа да остане без сопствено дете или не може. Од тој аспект го пишав постот, дека такви битни работи треба да се избистрат уште пред да се стапи во брак, ете како @imelda, си кажала однапред не сакам деца ако сакаш да бидеме заедно добро ако не секој нека си ја брка својата работа.

    Мене ми е не сериозно стапување во брак без да се дискутираат битните работи како деца, финансии, место на живеење, проблемите обично настануваат од тоа што овие работи не се дискутираат или едната страна мисли дека ќе ја предомисли другата страна, значи влегуваат во брак под илузија дека ќе го сменат партнерот.

    За проблемот не знам што да кажам, да немаш секс во брак една година а да нема сериозен здраствен проблем и сеуште да се надеваш дека ќе имаш дете е најголем облик на самозалажување, мислам во брак е и еден месец е многу да немаш секс а камоли една година.
    На ниедно поле женава не е задоволена а сеуште гаји илузии дека тој ќе се смени, се гледа од авион дека нема да се смени, џабе си го губи времето со него, само ќе навлегува во се подлабока депресија, со време нека се тргне настрана и нека си го живее животот. Нека не ја плашат годините, љубовта не гледа години, една врата кога ќе се затвори друга се отвара, може баш кај таа враат ја чека вистинска среќна љубов.
     
    На kjukli, irenadaniel, referentka и 14 други им се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Од многу блиско искуство знам сличен пример: проблематична врска, сепак се случи брак, се роди дете, на огромна желба нарочито на жената, а од аспект на бракот не се смени на подобро, само си продолжи тој да си го живее своето, без романтика, љубов,секс... детето треба да е и по сите правила е плод, резултат, чекор понатаму на успешна љубов и разбирање на двајца кои понатаму остануваат во таа улога и само добиват уште една нова - родител. Потребата за партнерот во секоја смисла останува и после 10 деца,а децата имаат потреба за семејство. Ако така е НЕфункционален нивниот брак, па ја брка, па се враќа, не ја рецка, не ја е** Буквално !!! па само би страдало детето ако би дошло во ваква средина. Од мојот пример знам , и со дете ќе е и полошо, и пак ќе ја брка и со дете.....само детето ќе страда, сестра ти уште повеќе.. знам,видов, гледам..... УБЕДИ ЈА да оди сама на психолог, да собере сила, да собере партали и да каже достоинствено на тој маж ЗБОГУМ
     
    На kjukli и stefanija70 им се допаѓа ова.
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Вината не е само кај жената.Очигледно е дека е мажена за "пе.ериште" у душа,кој не сака брак ама не сака да биде тој што ќе биде прв да поднесе барање за еазвод.Вака му е супер,она седи,чека дете,а он една година немал односи со неа,ја брка од дома и итн итн....страшно,типично машки.
     
    На kjukli, irenadaniel, Kuntz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Kuntz

    Kuntz Нов член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Nekoi deca ostanuvat mamini sinchinja zasekogash i nema spas od nivnite budalashtini. Toa pochnuva od domashnoto vospituvanje. Mnogu teshko se menuva takviot da kazham nikakov karakter.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    ДРУГАРКА МИ ИСТИОТ ПРОБЛЕЕМ ГО ИМА. СЕ ОЖЕНИ, ПРЕТХОДНО ВО ВРСКА 10 ГООДИНИ НО СЕГАШНИОТ СОПРУГ НЕ САКА ДЕТЕ. МЕ ПРАША КАКО МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БРЕМЕНА, БЕЗ НЕГОВА ЖЕЛБА?? :(
     
  8. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    може да остане да има секс со друг и ке остане.
     
    На fallenangel, joy1, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Па што се мажела за него ако знае дека не сака да има дете?
     
    На joy1, Hipica, SimonaTino и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    кaкo вaкa педерски?
    Тoј имa прaвo дa не сaкa дете. Штo и е нa неa?
    Акo не нaoѓaaт зaеднички јaзик секoј пo свoј пaт и чao пријaтнo. Кoјa е тaa дa му прaви избoр?
    Кaкo штo oнa нејќе тoј дa oдлучувa зa неa дa немa децa, тaкa и oнa не смее дa oдлучувa зa негo дa имa.
    Немa дa се ни први ни пoследни aкo се разведат.
     
    На galapce, Waka-waka, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Добро бе луѓе, постојат две разумни и едноставни алатки со кои треба да се послужите, а се нарекуваат разговор и компромис. Јас не знам, толку ли е тешко бе во период на врска покрај цмокањето, убаво да се седне и открие дали постои заеднички интерес? После имало проблеми? Е ај да нема...:^)

    И не, не само што ако тоа го направи другарка ти ќе биде нехуамно, туку проблем ќе си направи и себе си`, пошто знаеш, родителски (читај татковски) инстикти не се раѓаат преку ноќ, па типов магично после видувањето на синот да го смени мислењето како во шпанска серија. Туку, постојат само две можни сценарија. Или комплетно ќе ги игнорира цел живот, или избрка сосе партали без пардон. Па после пак нека и текне да раѓа без дозвола. ;)
     
    Последна измена: 16 јуни 2015
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Kakvo e toa prashanje kako da ostane bremena? Se znae kako se ostanuva. Ochigledno e edna od tie zheni, pa pederski li e ili ne, ako taka naumila ke si najde nachin. Ama kako taa znae kako se pravat deca podmolno, taka nejziniot znae deka pazi da ne napravi. Utre, jas sum trudna. Ili ke zastane kako odgovoren makar izlagan i cel zhivot ke znaat dvajcata deka zhiveat takva najpodla laga, na zdravje kako im odi toa, ili pak ke reche jas sum svesen shto sum rabotil, za partalot i koj pravil dete toj neka si go chuva.

    Moja poznanichka vaka dve deca mu podmetna na gordiot tatko koj ne sakal da chue za deca pred toa, i site znaat oti sama si ima zhenava trubeno po site, aham, vo doverba, a samo toj bozhem ne znae kako gi ima dobieno, ama gordost, pa lepi sliki po fejsbuk, a prashaj ja nea kolku e zainteresiran za decata nadvor od slikanje slika pred da si prodolzhi so igranje igrici, a nego prashaj go zoshto otide na vasektomija posle vtoroto.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Ме изнасмеа. Ако тој не сака дете има начин, а тој во погорните постови е наведен, да не се повторувам.
    Нејќе нејќе помири се со тоа и готово или ајт клоцата вгаз.
     
    На Скопјетесакам му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    А чеј не збореле за деца пред да се земат?
     
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Секоја жена си има свој став и свои критериуми во животот, што сака и што не сака и тој факт не треба да биде осудуван од страна како што го толкува нашиот народ. Но малограѓанштината наша е мање битна во случајов. Јас знам што сакам и од моментот кога ќе го запознаам дотичниот ми потенцијален партнер ќе го ставам на астал и има да го прашам се што ми лежи на срце и душа, има да разговарам и да протолкувам дали покрај физичката привлечност и љубов можеме да фунционираме заедно како единка во брак или не, дали нашите желби и гледишта се совпаѓаат или пак не треба воопшто да се губи времето.

    Ако некоја "плитка" или "плиток" седи на увото дека ќе "подметне" нешто што го смета автоматски како "предмет" за нејзини желби и каприци а притоа другиот не го сака тоа нешто гадно се лаже дека бракот ќе им цвета.

    Јас не ги сваќам подлите луѓе кои живеат за да ја хранат својата подлост во себе, не дека не ги сваќам не ги сакам таквите што мислат дека животот би го реализирале на тој начин, но има еден мал милион и доказ на истите такви кој порано или подоцна паѓаат во сопствената дупка која си ја копале, онака со љубов!
     
    На theowndemon и kjukli им се допаѓа ова.
  16. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Не можам да се начудам, нели пред брак се познаваат партнерите... како тоа останување бремена без негово одобрување? алоо (facepalm)а таа би сакала ли да остане бремена без нејзино одобрување ?? Постои брак, за вакви крупни прашања по кои нема слога постои развод и брак потоа кој ќе вклучува и деца.
     
    На galapce и joy1 им се допаѓа ова.