babylove кашички

Травар Дрешевич

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од fairy88, 26 септември 2013.

  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    6.868
    Имали некој искуство со овој травар?Го најдов на интернет http://haskoo.jimdo.com/travar-dresevic/ , гарантира за подигање имунитет и дека организамот сам ќе се избори со болеста.Му ѕвоневме да го порачаме лекот и вели 600еу за цела година.Тоа се некои капки за нос или чај кој се пие и го подигал општиот имунитет, па дури влиае за излекување на рак.Имав слушнато и пример за една асистентка од Штип што ја излечил со метастази по целото тело, па не и се верувало и отишла во Германија каде и потврдиле дека болеста се повлекува.Е сега кога му ѕвоневме не беше воопшто сериозен прво платете ми 600 еу на сметка, а јас ќе ви дадам лек за 20 дена, а понатаму на секои 20 дена ќе ви го праќам лекот по автобуси :o , мислам цело време разговорот што го водеше не беше баш озбилен.Па од кај ми гаранција дека ќе ми го праќа лекот цела година и нема да ме зафркне.Исто така му кажавме за нарачка вика ќе ви звонам за 20 мин , а после 40 мин ние пак му ѕвоневме, бидејќи не се јави.Инаку лекот ако делува навистина ми треба, оти мајками има крацином со блиски метастази.Затоа ве молам за помош ако некој е знае нешто повеќе за делотворноста на неговиот лек и искуство со овој травар.
     
  2. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    261
    Тоа е најобичен пример за измама, немојте да верувате на некои такви кои бараат незамисливо огромни пари за тревки. Дури и навистина да ти ги прати тревките и капките, тие нема да ви помогнат. Нема шанса тие тревки да зголемат имунитет или да излечат рак. Гарантирам, не постои такво нешто.
    Ако веќе давате пари, дајте ги на право место каде што гарантираат дека може да направат нешто, не се лажете по некои трчи лажи кои сакаат да искористат ситуација на безизлез и очај.

    Ви посакувам подобрување
     
  3. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    6.868
    На моменти мислам дека е измамник, но некогаш не можеш да расудуваш нормално поготово кога некој близок страда тогаш пари ќе дадеш само за да се спаси.Не знам викаше дека ќе се јави да го прати лекот откако се нафативме да го купиме, и пак го нема да се јави зема само име и презиме и град во кој живееме(не улица и број), а до душа и не верувам дека ќе се јави.Само ако влиае на имунитет пак иде поевтино од суплиментите кои и ги давама(месечно доага по 50 еу, годишно 600).Моментално пие сода и вода со лимон, Г-125, и правам домашни природно цедени сокови на големо.Ама мислеше дека и овоа ако го земеме ќе се постигне нешто ... :(
     
  4. protonce

    protonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Majka mi zima CRVEN ZDRAVEC i semki od kajsija od bilna apteka MATIJA i ima podobruvanje. Mnogu e anemicna i cesto i paga pritisokot. Za ovoj zdravecot sum slusnal deka mnogu luge si go konzumirale za prevencija od rak, imunitet i plodnost.
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.