Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025 во 06:34.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    13.280
    Пол:
    Машки
    Да биди најтрагично, лично беше поканета од претседателот на УСС-УКИМ, значи се берат поени.

    Па микрофони, говори, дрн-дрн. Таа е изгорена за зборување и филозофирање. Го имала дадено најдолгиот говор од говорница во собрание! :drunk:

    Нејсе, таа многу добро знам каков човек е, не ми е ништо ново. Меѓутоа, многу се разочарав од претставниците на УСС-УКИМ, се уште имав надеж за нив, до вчера.
     
    На Izaabella, Miss666, Pixi5 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    7.911
    Пол:
    Женски
    Зошто ЖМС, Ремедика, Санте немаат ниту еден пациент? Сега кажаа на Телма дека само во Систина има 7 пациенти. Толку од приватното здравство изгледа, или само кога е за купови пари.
     
    На sj *O*, Miss666, Pixi5 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.217
    Допаѓања:
    226.296
    Пол:
    Женски
    Во ЖМС имаше пациенти мислам.
    А другиве којзнае дали имаат пластика.
    Ремедика знам се понудија.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.545
    Допаѓања:
    127.645
    Пол:
    Женски
    Таа како удрена во главата.
    Ама и дел од студентите претераа, непотребно ќе ја ескалираа ситуацијата и дечкото арно направи што им укажа. Беше организиран собир за оддавање почит, не протест. Немаше потреба од скандирање.
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.646
    Допаѓања:
    40.390
    Пол:
    Машки
    Со кои ресурси да ти помогне Црна Гора? Помалку жители има само од Скопје.

    И конечно да заклучиме: Вучиќ не помага. Помага медицинскиот персонал, полицијата и војската на Србија. Вучиќ со овој ПР одмага. Браво и за "докторите" кои му дозволиле.
     
    На Rhododendron, sj *O*, Pixi5 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    7.911
    Пол:
    Женски
    Баш се зачудив, не ги споменаа, а кажаа список на сите установи.
     
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.217
    Допаѓања:
    226.296
    Пол:
    Женски
    Па не им е јак толку ПР-от. Ко на некои други. Од старт знам се понудија Ремедика пошто ги следам на фб.

    а за ЖМК знам дека пријавија пациент дека е таму уште кога се бараа.
     
    На JoyJoy, eliesaab и Abel им се допаѓа ова.
  8. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.759
    Допаѓања:
    14.535
    Пол:
    Женски
    PR-от на Вучич е одвратен и нехуман и не знам како може некој да го оправдува со тоа дека барем помогнал. Исто како за Скопје 2014 кога некои викаа- барем се гради…

    За болниците, навистина не знам како си замислувате дека било која држава е спремна да прими во еден момент 150 луѓе со изгореници. Ниедна држава нема толку стручен кадар за таа проблематика.
    Да беше така едноставно, една држава ќе ги примеше сите наши пациенти.
     
    На Ivan4e04, Rhododendron, Angie1432 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    12.665
    Пол:
    Женски
    Два дена плачам без престан…
    Ама кога ми излезе видеово како копаат гробови…И кога ми текна какви млади и златни луѓе ќе одат внатре… Толку………..
     
    На Ivan4e04, sj *O*, queen19 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.646
    Допаѓања:
    40.390
    Пол:
    Машки
    Сега демантираат дека била повикана, наводно сама се поканила. Говор требало да држи само ректорката (пак, ЗОШТО?), и оваа добро познатава 5 минути претходно си рекла дека и таа ќе зборува. Е зошто не била спречена, може да претпоставуваме.
     
    На Izaabella, Rhododendron, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  11. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    5.428
    Грција и Бугарија во сенка со помошта поради српската хегемонија и самобендисаниот популист кој излегува од фрижидер.
     
    На smooch, Izaabella, Ivan4e04 и 16 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.756
    Допаѓања:
    254.041
    Па не за џабе му стана цел народ на Вучиќ. Јас очекував дека ќе се слика.
    Се сеќавате на Данка? Шоу направи и он објави дека е мртва.
    За Рибникар исто имаше претстава.
    За коронота па беше ненадминлив.
    Па фацијални експресии, па припаѓање. Човекот е само за Холувуд.
     
    На smooch, Izaabella, Ivan4e04 и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.066
    Допаѓања:
    6.016
    Пол:
    Машки
    Нема што да бара министерка таму да собира поени и да држи говор. Се знае кој требаше да држи говор, но не им дадоа.
     
    На Rhododendron и JoyJoy им се допаѓа ова.
  14. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    4.174
    Пол:
    Женски
    Никој!
    Не беше место за говор..

    А Вучич.. Позер.
     
    На sj *O*, JoyJoy, Lollipop_123 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.860
    Допаѓања:
    117.343
    Пол:
    Женски
    Првиот официјален Центар за изгореници е формиран со формирањето на Воената болница во Скопје, со самото формирање на болницата под раководство на Д-р.Крсте Митановски, према стратегијата на здравството на ЈНА. Центарот е затворен за да се ослободи за приватната Кардиохирургија ,,Жан Митрев".

    Вториот Центар за третман на изгореници е отворен во 2000 година во Градска општа болница - Хирургија, сегашна Клиника за хируршки болести ,,Св.Наум Охридски" во Скопје, а е ставен вон функција во 2016 година.

    Во Центарот работеа специјалисти и субспецијалисти по Пластична и реконструктивна хирургија:

    * Прим.д-р.Спиро Јовевски
    * Прим.д-р.Добрила Андоновска - одбранила јавен труд на ниво на магистерски труд на тема
    * Прим.д-р.Грета Марцикиќ,
    * Нау. сор. Д-р.Маре Стевковска - докторирала на тема
    * Асс. Д-р.Емилија Атанасова,
    * Асс. Д-р.Елизабета Обочки,
    * Асс. Д-р.Биљана Шапова и
    * Асс. Д-р.Јасна Угриновска.

    Центарот функционираше како посебен оддел на одделението за Пластична и реконструктивна хирургија, сместен во посебен дел од болницата со посебен надворешен влез.

    Центарот беше опремен со најсовремена опрема од Јапонската Влада - Интензивна нега со два Клинитронови системи од француско потекло, какви што постоеја во регионов единствено во Пирогов - Софија (околу 40 - 50 на број). Овие компјутеризирани системи овозможуваа специјални микроклиматски услови: аерација, температура, влажност и пациентите лежеа како во бестежински простор на ,,кади" исполнети со силиконски песок кој ,,врие" поради проток на воздух.
    Центарот располагаше со посебна операциона сала за изгореници каде шесте специјалисти по пластична хирургија, тимски со врвните анестезиолози, вршеа оперативни зафати и преврски во општа анестезија. Центарот беше опремен и со респиратор донација од Макстил.
    Освен интензивната нега постоеше и болничка соба со два кревети, што значи дека капацитетот беше за 4 пациенти со екстензивни изгореници, а со нивно подобрување се префрла, по потреба, на одделението за Пластика со 15 кревети.

    Беше формирана и Банка на амнионски мембрани (во соработка со Гинекологија - Чаир) по пример на Пирогов и други центри.

    Докторите се обучува во Пирогов,
    КЦ Љубљана, КБЦ Ребро - Загреб, Прага, Франкфурт, а во 2005 година после обука во Оксфорд се воведе и третман со сребрени преврски и други артефициелни преврски. Континуирано се надградуваа учествувајќи на бројни меѓународни симпозиуми и работилници.

    Докторите се бавеа и со научно - истражувачка дејност од што произлегоа еден докторат и еден јавно одбранет труд на ниво на магистерски труд, стотина авторски и коавторски трудови и презентации на бројни меѓународни конгреси, како и работа со студенти и едукација на специјализанти.

    Пет медицински сестри беа на едномесечна обука во Пирогов - Софија, како и еден пластичен хирург и анестезиолог.

    Најтешките интубирани пациенти првите години се третираа во интензивната во Центарот, но понатаму беа третирани во централната болничка Интензивна за да бидат под ,,будно око" и третман на врвните анестезиолози и реаниматолози. Во интензивната се вршеше и хемофилтрација на одреден број на пациенти со екстензивни изгореници.

    Се работеше тимски со специјалистите од сите дијагностички, хируршки и интернистички гранки, а особено со детските хирурзи.

    За период од петнаесет години и осум месеци во Центарот се лекуваа 1316 пациенти со екстензивни изгореници (према званична документација), просечно 84 пациенти годишно со ,,тешки" изгореници, а не два пациенти годишно, како што изјавија надлежните.

    Дополнително околу 20 - 30 пациенти годишно со друга тежина на изгореници кои се лекуваа на одделенијата за Пластична хирургија и за Детска хирургија, што значи дека во оваа болница се лекуваа нешто над 100 пациенти годишно.
    Да претпоставиме дека се лекувале уште 20 во други установи, тоа се 120 пациенти годишно, на државно ниво.

    Во Центарот се лекуваа и страни државјани како приватни пациенти и имаше тенденција да прерасне во регионален Центар
    Секвелите од изгорениците како лузни, контактури и други деформитети се решаваа во истата установа.
    Треба да се напомене дека огромен беше бројот на пациенти со изгореници кои се третираа и во амбулантно - поликлинички услови.

    Значајно е да се нагласи дека лекувањето на тешките изгореници е повеќемесечно и ,,скапо" го чини Фондот, но ништо не е поскапо од човечкиот живот.

    Ако се иземе актуелната ситуација каде бројни пријателски држави прифатија лекување на повредените (најбројни во Србија и Бугарија) треба да се напомене дека искуството покажало дека лекување на еден пациент со изгореници во европска држава би го чинело Фондот минимум 150 - 250 илјади евра, а бидејќи сме социјална држава, секој пациент за чие лекување нема услови во македонското здравство има право да се лекува во друга држава на товар на Фондот.

    Па, се поставува прашањето дали државата ќе ја чини помалку да формира современ Центар за изгореници или да испраќа пациенти на повеќе - месечно лекување надвор?

    Од ова сето изнесено се заклучува дека не се во ред паушалните изјави дека во државава се лекуваат само два пациенти со тешки изгореници на годишно ниво (очигледно информацијата е добиена од погрешен извор).

    И да нагласам, не се обвинуваат властите што немаме Центар за изгореници, на истите им се честита за огромниот напор да се згрижат тешките пациенти во други центри и држави, тоа е одличен потег, но се актуелизира проблемот дека ние мора да формираме современ Центар за изгореници кој би требало да има минимум 50 легла.

    Имаме неискористени капацитети кои може да се пренаменат, имаме врвни активни пластични хирурзи, детски хирурзи, трауматолози, врви анестезиолози и реаниматолози и други специјалности, одличен и искусен медицински персонал.

    Останува да помине овој шокантен период, да заврши со добро лекувањето на сите пациенти независно дали се лекуваат во Македонија или во други држави, па да се седне со ладна глава и да се направи стратегија за формирање на современ Центар за изгореници кој би бил од огромно значење за пациентите, здравствените работници и државата не само од здравствен туку и од стратешки аспект.

    Уште еднаш, длабоко сочувство до семејствата кои се скршени од болка, нека почиваат во мир нивните најмили.

    Да биде успешно лекувањето на сите пациенти кои се лекуваат во Македонија и во странство.

    Поддршка за сите здравствени работници. Треба да веруваме во нив.
     
    Последна измена: 18 март 2025 во 10:32
    На Bella •••, Ivan4e04, JuLleE и 22 други им се допаѓа ова.
  16. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.066
    Допаѓања:
    6.016
    Пол:
    Машки
    Мислам дека имаше пациенти во Жан Митрев и некоја друга болница.
    Можно е да се однесени од таму во странство.
     
    На JoyJoy и drFoxFire им се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    7.911
    Пол:
    Женски
    Ако имало, значи и новинариве селективно известуваат. Свесни се ваљда дека се важни и точни информации, не само кажи шо било колку редот да помине.
     
    На JoyJoy, Ahoy и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.646
    Допаѓања:
    40.390
    Пол:
    Машки
    Апсењава се суштински и реални или само се гледа поголема бројка на приведени да има? Зошто побогу се уапсени членовите на обезбедувањето и БИЛЕТАРОТ? Во меѓувреме градоначалникот невин и ослободен, аха.
     
    На sj *O*, sweet-cherry, Ivan4e04 и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    9.223
    Пол:
    Женски
    Абе се супер што помогнале, муабетот е за тоа што им влегле таму у скут на повредени, за поени. Што е нехумано.
    Вучиќ каков таков си го гласаат они, фала на помош, ама поени преку болни луѓе не собирај.
     
    На sj *O*, WarriorAngel и nextredstyle им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.860
    Допаѓања:
    117.343
    Пол:
    Женски
    Зашто е од ВМРО. Да беше од СДС одма ќе го апсеа.
     
    На Sofi.ja, Ahoy, Компир Манџа и 2 други им се допаѓа ова.