Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025 во 06:34.

  1. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    3.620
    Пол:
    Женски
    Не знам статистика, не ми е работа тоа ваљда го има негде. Во 2006 ако била последната генерација што биле во војска, тогаш тие луѓе имале по мин 18 години. Значи сега имаат околу 40 години. Тие генерации се моментално родители на мали деца, ова грубо зборено… значи родителите на децата кои денес имаат по 15,16,17 години се малку повозразни од 40. Они го фатиле и другиот систем на државата.
    Моите родители имаат 50+ години, татко ми бил во војска… не знам зошто ја праам целава анализа ама нејсе. Како и да е, и погоре ти напишаа, у војска не те учат да гасиш пожар. Ние на пример на работа имавме обука за тоа и по закон должни се фирмите да имаат обуки за тоа, е сега колку ги прваат тоа е др.
     
    На TammiB5, sj *O* и Anyshka им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.150
    Допаѓања:
    20.457
    Пол:
    Женски
    Eве јас ќе ви кажам, ако ти се запали тенџере, ставаш капак на него, да нема кислород, да се загуши огнот.
    Манете глупостите сега, @Lilit најубаво си кажува, доста ја напаѓате. Нема населението елементарни познавања за справување пи било какви кризи, сакале вие прифатете - сакате не. Генерациски, освен да паничиме или да снимаме со телефон при криза, друго не знаеме.
    Војската може не те учи да гасиш тенџере, ама те учи на многу други работи. Предмети и вежби за заштита при пожари, земјотреси мора секој да има. Одбрана и заштита, основни познавања за укажување помош, вежби за сталоженот и организација при непогоди. Се расправаме дали предмети за ЛГБТ или религија да имаме, шо требало, шо не... ама предмети кај што би учеле било какви вештини за живот се укинаа нема ни да ги има некогаш.
    Цела генерација не знае конец низ игла да протне, не па повеќе од тоа. Мора да се учи младината, ако сакаме децата да ни се безбедни, освен што сакаме организирана и функционална држава, сакаме и вешти луѓе во неа.
     
    На Karamela12, sj *O*, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    3.142
    Пол:
    Женски
    Дечки, со закон е казниво. И за сите е. Ако законите не се почитуваат кажува оваа трагедија. Жално е ама тоа е.
     
    На Снегулк@23, nextredstyle и Gosh им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.391
    Допаѓања:
    158.996
    Во фирмите имаат по закон како да изгасиш, ама во војска не те учат...
    Види бога ти...
    Некои работи некогаш некои луѓе ги знаат од некои причини.
    Те учат и те како...

    Кривично се одговара ако сведочиш трагедија, а не пружиш помош. Полицајците што не постапиле па и по службена одговорност...лузери.
     
    На simoncelicius, sj *O*, Miss666 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.110
    Допаѓања:
    7.969
    Пол:
    Машки
    Бугарите вчера и денеска чекаат во редици за дарување крв во болницата Пирогов во Софија.

    Ова било од пред 2 часа каде околу 120 луѓе се собрале да даруваат крв во пунктот за крводарителство
    :l:
    FB_IMG_1742304571995.jpg
     
    На TammiB5, Karamela12, simoncelicius и 44 други им се допаѓа ова.
  6. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    13.280
    Пол:
    Машки
    Дали и во оваа тема предмет на разговор дојде да е потребата од војска и воен рок?

    Па надмудрување за гасење тенџериња… :drunk:
     
    На TammiB5, Feniksgirl, Karamela12 и 30 други им се допаѓа ова.
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Многу од нив се македонци студенти или работници таму. Ама верувам дека и многу бугари има така да алал да им е на сите.
     
    На simoncelicius, Снегулк@23, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.066
    Допаѓања:
    6.016
    Пол:
    Машки
    Панчо го кажа тоа, ама несвесно и во шок. Во таков момент се можеш да кажеш.

    Го виде ли некни тој таткото што го изгубил единствениот син. Не знаеше каде се наоѓа, а телевизииве и медиумиве за гледаност го снимаа. :envy::puke:
     
    На Снегулк@23, nena2010, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    3.142
    Пол:
    Женски
    И ова со Полицијава е точно. Ако има и такви манипулативни портали. Ана Карова статус има.
     

    Прикачени фајлови:

    На Miss666, eliesaab и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    7.911
    Пол:
    Женски
    На форумов одредени членови се благословени со многу таленти: за медицина, за нутриционизам, за чување деца, за гаснење пожар, за маркетинг, за психологија/психијатрија, за шминкање, за пишување, за закони, за војска, за пиротехника, за све све што постои. На секоја тема, пред нив потоп, после нив потоп.
     
    На Feniksgirl, Bezimenka90, L.i.n.a.a и 31 други им се допаѓа ова.
  11. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    5.943
    Пол:
    Женски
    Пробав да се воздржам и да не пишам ништо ама не можам...
    Читам читам и не можам да ВИ се изначудам како во ваков момент имате сила и енергија да се расправате и докажувате?!
    Ова што НИ се случи малку е да се каже дека е трагедија, а во никој случај НЕСРЕЌА!
    Ова што го чувствуваме сите до еден не може со зборови да се опише... јас не можам од глава да ја извадам сликата што ми се мота, колку ли само исплашени и во невидена болка биле кутрите додека ЖИВИ гореле?!
    Како ли им е само на родителите кои ги изгубија своите деца и блиски?! ;(
    Треба да бидеме сплотени како никогаш до сега, прво заедно да истагуваме а потоа заедно да се бориме против сета неправда, безобразлук, алчност и корупција. ОВА МОРА ДА ПРЕКИНЕ, МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ И МОРА ДА СЕ СЛУЧАТ ПРОМЕНИ.

    Дојдете си во 6 на плоштад, да си се гушнеме, да си се исплачеме, да си бидеме поддршка и да оддадеме почит кон тие што за жал ги изгубија своите животи во тој проклет пожар!
     
    На TammiB5, Nausicaa, sj *O* и 16 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.216
    Допаѓања:
    269.862
    Дај олабавете со муабетиве, најсериозно.

    НИКОЈ не треба да биде помилуван, ама му наредиле така. И мене може да ми наредат да фалсификувам документи, па мое е да прифатам или одбијам.

    Вратарите не се службени лица кои смеат да бараат лични карти, иако можеле да не пуштат деца, АМА ПАК Е ТОА НАЈМАЛИОТ ПРОБЛЕМ ТУКА.

    Малолетните и нивните родители ниту биле мнозинство, ниту лиценци ваделе, ниту техничка исправност на објект проверувале, ниту донеле пиротехника несоодветна.

    И ова препукување КОЈ донел пиротехника, демек ДНК против дискотекава... абе криви се сите, никој со сила не може да ги натера да има пиротехника, ни тие што настапуваат, ни тој што е сопственик на локалот.

    Се фаќате за "ситната боранија", а сите, баш сите, се виновни, од министер за економија, ДПИ, општина итн.
     
    На TamaraSJ, MarijaMi90, L.i.n.a.a и 16 други им се допаѓа ова.
  13. xGenius

    xGenius Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    13
    Ајде сега, нема потреба да се праиме слепи при очи. Интернет имаат сите, потребни се само 2 минути да го отвориш профилот на ДНК на инста и да пролисташ по сликите објавени скоро.

    Ова се истите прскалки што се гледаат на видеата кога избувнува пожарот и немаат врска со тие пиротехнички средства што ги имало порано во клубот, а ги објавиле и Елена и Каролина.

    Прскалките се на ДНК, тоа е факт, исто така тоа не значи дека кривицата за оваа трагедија е нивна. Или само нивна, како сакате.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На simoncelicius, sj *O*, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.066
    Допаѓања:
    6.016
    Пол:
    Машки
    Полицијата функционира само кога некој ќе украде ќебапи. За друго не ги бива.
     
    На simoncelicius, L.i.n.a.a, butterfly_91 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.403
    Допаѓања:
    182.736
    Не се работи од општа култура, работи од тренинг се.
    Може биле од општа култура во времето на некоја друга држава, кога во основно имавме тест вежби од областа, ама ете, таа друга држава била крива за ова денес. Кај ќерка ми на училиште сеуште имаат тест вежби (во сосем трета држава).

    Ама каква врска има исплачувањето со муабетот што го праиме? Еве, да правиме сега муабет за Веаповска што без органи се врати од пораѓај ако не?
    Нормално дека токму сега е моментот да излезат експерти на темата и да се почне да се мисли како да се поправа тоа што е труло. Еве, сега на пример знаеш дека објект што прима повеќе од 100 луѓе (во еден момент), треба да има повеќе од 1 излез, ко за почеток.
    И искрено, стварно е мање битно дали работеле до 4 или до 1 по полноќ, и дали имале ваква или онаква лиценца- правиме муабет за елементарни мерки на заштита, елементарни стандарди кои никој нит ги знае, нит ги применува, нит ги проверува.
     
    На MarijaMi90, sj *O*, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.066
    Допаѓања:
    6.016
    Пол:
    Машки
    Што сакаш да кажеш, дека си ги носеле во ѓепек во кола на секој настан?

    Менаџерот и газдата не знаеле?
     
    На simoncelicius, Flower27 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  17. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    3.142
    Пол:
    Женски
    Точно и вакви работи има скоро на 90% од настаните...свадби, родендени и долга е листата.
     
    На Miss666, Ahoy, Dennings и 2 други им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.765
    Допаѓања:
    35.996
    Пол:
    Женски
    Не се гневни само на власта, туку на сите минати влади, гарнитури, функционери, политичари.
    Сите придонесоа до трагедијава. Да не амнестираме никого.
     
    На JuLleE, Ahoy, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.110
    Допаѓања:
    7.969
    Пол:
    Машки
    За помалце од 24 часа ќе пристигни и Британски стручен тим за изгореници во Македонија

    Во текот на оваа вечер и утре, треба да отпатуваат повредени и во Италија, Белгија и Холандија.

    Италија и Британија се новите земји кои се вклучија во солидарноста.
     
    На Кена Рис, KateKane, sj *O* и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.932
    Допаѓања:
    20.234
    Пол:
    Машки
    Во момент на тага нервоза и очај се носат секогаш радикални одлуки, затоа сеуште стојам на тоа само мирни протести, ама и тоа може да ескалира, оти во оваа влада и општо немам воопшто доверба како и сите луѓе и се и сешто може да се случи. :)

    Го верглам едно исто ама се плашам на некој начин.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.