Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025 во 06:34.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    8.145
    Пол:
    Машки
    Официјално во Македонија се лекуваат само 75 пациенти, останатите сите се во СТРАНСТВО!

    Во текот на оваа вечер ќе бидат испратени и други пациенти низ Европа и соседството, со тоа што бројката од 75 пациенти ќе се намали значително.

    Скоро сите ќе заминат надвор. Толку е способна државата наша, еве на дело се докажа, гревој..
     
    На Ivan4e04, Brinetka, H.VAGA и 22 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.404
    Допаѓања:
    159.090
    И јавноста не знае што сака...
    А власта малце се губи со потезиве.
    Зошто да се забранат дронови денес?
    Добро бе, сакате побрзо да го заборавиме ова?!
    На никого не му е дојдено до новинари, никој не сака да гледа тага, ама достоинствено снимање и изведстување треба да има. Треба светот да ја види болката! Треба народот да ја види болката за да се опаметиме.
    Многу се правиме фини од Финска, декларативно, со нагласување на СЕГА ЌЕ СЕ ПРАВИМЕ ДЕКА ЗНАЕМЕ ШТО Е ИСПРАВНО и сега ќе глумиме многу осеќајни. Абе ајде...
    Не треба да се крие. Треба да си ја видиме сировата болка, сировиот крик.


    Можеше да одбијат од суета, за да се заштитат од вакви коментари, па многу од децата да не добијат соодветна грижа и да се заврши покатастрофално.
    На прва, да, делува така, но на втора - на волкав наплив на пациенти, ниедна држава од соседството нема толкав капацитет ако направиме во пропорција.
    Така да... добро е што е и вака.
     
    На Ivan4e04, Bella.alleB, Skorpija25 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. ataneR

    ataneR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Си размислувам вака иако може не е време, се правиме најизмачен и најистрауматизиран народ, а сме најголемо ѓубре. Цел свет срипа да ни помогне соседите околу нас ден на жалост прогласуваат, знам дека е преголема бројка, ама што направивме ние кога тие имаа катастрофи? Србите со паднатиот дел од железничката, Грци со автобусот.. абе статус не пишавме, после сите лоши ние најарни :envy: Нека не земе секој под нивно ние не сме за сами.
     
    На Ivan4e04, Brinetka, Trexane и 13 други им се допаѓа ова.
  4. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Абе само да се јадело нешто што не треба, знаеме дека здравствово кај нас е мизерно, ама и најсовремена држава неможе да се справи со олкав број на лица со изгореници, дај олабавете малце
     
    На Stefi_555, Konfetka, L.i.n.a.a и 7 други им се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.111
    Допаѓања:
    26.911
    Не. Активирана е системот за цивилна заштита на ЕУ, што значи дека сите кои се во можност прифаќаат жртви на лечење без надомест.

    Македонија имала центар за изгореници до 2016. Затворен е.
    За воља на вистината, овој обем на пациенти не може да го прими ниту една развиена држава. Во цел Велика Британија има капацитет за лечење. На 25 лица со тешки изгореници во исто време.

    Од Велика Британија денес дојдоа и доктори на посета да направат план за рехабилитација на повредените кога ќе го поминат првичното лечење. Лекувањето и за тие кои ќе преживеат е долго и мачно. Психички исто така многу тешко (скоро невозможно) е да се опорават.

    Не се загинати само 59 лице. Уништен е животот и на сите повредени и на целите фамилии.
     
    На Ivan4e04, azelea, Annath и 19 други им се допаѓа ова.
  6. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    3.711
    Пол:
    Женски
    Би те замолила да го прочиташ мислењето на abel, една страна поназад.
    Ова нема никаква врска со способност на медицината и државата. Овие се специфични медицински ситуации. Ова не се луѓе со скршена рака или нога и ги ставивме во гипс. Изгорениците бараат многу … буквално ниту една земја на светов нем капацитет ни способност за згрижи 150+ жртви на пожар. Не збореге вакви работи некој ќе прочита и ќе си помисли стварно така е
     
    На Ivan4e04, Stefi_555, Feniksgirl и 24 други им се допаѓа ова.
  7. marristovska1

    marristovska1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/share/v/14wNQzroNms/?mibextid=wwXIfr

    Ново видео ми искочи сега од евакуацијата од дискотеката.. По ова како полека излегуваат очигледно не биле свесни што може да се случи.. Наајмногу ми западна во очи полицаецот што дреме наместо он да реагирал да вика да праи нешто не знамм да искачаат побрзо, којзнае може повеќе дечиња ќе преживеале не знам
     
    На Skorpija25, Снегулк@23, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    И јас истото го помислив.За гревови сме.
     
    На JoyJoy, SummerGirl и ataneR им се допаѓа ова.
  9. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    720
    Пол:
    Женски
    Во последниов саат време 5-6 пати помина брза помош у Центар со вклучена сирена, којзнае што се дешава со децава по болнициве...
     
    На eliesaab и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    8.145
    Пол:
    Машки
    Има има.
    Словенија е речиси земја колку нас па има ИНСТИТУТ за изгореници, Србија, Бугарија исто. Ајде да не ја спомнуваме Италија, Австрија, Германија.

    Ние што имаме? Една соба немаме.
    Објкетите 100% се под влага прво и основно а не пак да се безбедни.
     
    На Brinetka, Trexane, Снегулк@23 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    4.520
    Пол:
    Женски
    Намерно не влегував на Фемина овие денови пошто знаев дека ќе се пишува свега и свачега.
    Дојдов само да го изјаснам својт став а тоа е :
    Во време на 7 дневно жалење кога на цела Мк и се случи најголемата катастрофа не е време за препукувања и теории на заговор. Има време за се.
    Болката е да се одболува, болеста е за да се молиме, а утехата и рамо за плачење е за живите.
    Додека 100тици луѓе се борат за живот, а 60тина чекаат да го испратат своето чедо за последен пат ако не друго барем малку емпатија.
    Дроновите, обвинителите и кој што како да ги оставиме за кога ќе им дојде редот.
    Вечна им слава, а на повредените Господ да им помогне.
     
    На Ivan4e04, rainbowec, 6utterfly и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.656
    Допаѓања:
    40.560
    Пол:
    Машки
    Би сакал и тука да ги направиме познати директорите на средните училишта од Ресен и Прилеп кои со закани не ги оставаат своите ученици да оддаваат почит кон нивните трагично починати врсници.

    Додека цела Македонија е сплотена во едно, со единствена тага и болка, некои луѓе сè уште не можат да разграничат некои работи и најсилно говорат зошто сме тука кај што сме. За некои дното не постои очигледно.

    Ќе ставам во спојлер зашто ми е стварно гадно и ајде ради приватност, иако сликите се преземени од јавни платформи.

    Screenshot_20250318_222624_Instagram.jpg
    Screenshot_20250318_222654_Facebook.jpg

    Скопје браво. Македонијо браво. Вечерва се докажа дека има сплотеност. И достоинство.
     
    На Ivan4e04, Skorpija25, An-na и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    2.005
    Пол:
    Женски
    Дајте навистина не трескајте глупости во врска со погребите, оставете да им се смират душите на починатите. И родителите да може на свој начин да се опростат од нив. Сепак се гробови, деца јадни што ќе лежат таму, тие веќе светло не гледаат. Животот прерано им згасна а вие трскате глупости во вакви моменти.
    За сите нас сонцето уште свети и ако сте толку болни во тоа главите одете таму и пребројте, на сите ист датум пишува.

    И дајте кои се модератори нека ја надгледуваат темава и да не дозволат секакви глупости да се пишуваат.
     
    На azelea, Anyshka, DragonFly22 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.404
    Допаѓања:
    159.090
    Замисли на големина на земја, да речеме 300 пациенти во Србија од еднаш.
    Нема да имаат капацитет.
    И да ја имавме болницата немаше да постигнеме...
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    3.087
    незнам зашто ама лошо ја разбравте Тања.
    Цифрите кои ги наведе се за купување на кревети за еден центар за рехабилитација кој би требало да го имаме и е затворен. Денеска се пишувааа овие цифри низ медиумите


    Инаку бесплатно е лекувањето на сите во странство.
     
    На Priroden, Bubish26 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.182
    Пол:
    Женски
    Како тече видеото убрзуваат. Ама мое мислење секоја журка е еуфорична, еве гледате секој настан е да видиме што се случило, плус тука е касно навечер, неспиење, гласна музика, алкохол...и затоа вака не се свесни што се случило и колку голема опасност ги демне...
     
    На marristovska1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    3.711
    Пол:
    Женски
    И да сме го имале центаарот бил наменет за помалку од 10 души прва работа. Второ и капацитетот на словенија не е за 150 души. Не знам дали си свесен колку многу изгорени луѓе се тоа и тоа со 2/3 степен. Насила се правиш будала и одиш контра место да размислиш. Најлесно е да се плука
     
    На No Makeup и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    8.145
    Пол:
    Машки
    Да да.
    А да имавме еве 3 клинички центри современи во државата во Скопје, Штип и Битола немаше да се постигни ништо?

    Еве Словенија и со територија и со население е приближна колку нас. Како бе ти е успеваат да се справат со се и притоа да имаат НАУЧЕН ИНСТИТУТ за изгореници а ни е да немаме ни еден доктор и соба за тоа??
     
    На Emy867, Aschenputtel, Аргентина * и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    9.236
    Пол:
    Женски
    Не е ок. Нека ги заштитат семејствата.
    Ама нема што да бркаат новинари и камери од јавни собири на јавно место.
     
    На Milobebence и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.404
    Допаѓања:
    159.090
    Колку пациенти се таму?
    Сите 150?
    Ај малку логика вклучи.
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.