Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025 во 06:34.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    8.057
    Пол:
    Женски
    Одлично ја разбрав јас Тања што си замислува дека е возможно Македонија да има 250 кревети, ама пишувавме веќе во темава и за Центарот за изгореници кој секако имал капацитет за неколку пациенти. Центар кој би собрал волку многу пациенти за жал нема, барем не во Европа, а веројатно и во светот. Затоа и пациентите се распоредуваат во различни земји. Не знам Тања како мисли од цел свет, баш Македонија да биде единствена и да успее да одговори на волку тешка задача, никому не успеало досега. Сосема е океј да бараш функционален здавствен систем, нешто сосема друго е да кризираш и да коментираш дека е фијаско зошто Македонија не можела да помогне на толку многу пациенти, со толку тешки последици.
     
    На Stefi_555, Feniksgirl, LiquidLuna и 7 други им се допаѓа ова.
  2. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    4.226
    Пол:
    Машки
    Ја можам само да ги пофалам кичевските директори на трите основни училишта и единственото средно дека не правеле никаков проблем, дури дознав дека од едното основно училиште и директорот, стручната служба и наставниците се придружиле на собирот.
     
    Последна измена: 18 март 2025 во 23:14
    На Ivan4e04, piglet1, eliesaab и 15 други им се допаѓа ова.
  3. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    4.226
    Пол:
    Машки
    Приведени биле и домашни и странски новинари што го снимале со дрон собирот во Скопје.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    991
    Пол:
    Женски
    Откако цел свет ни ја виде ШУПАТА од дрон, (вклучително и кинески национален сервис), денеска забрана да се види насобраниот народ со дрон.
    Статус на новинарка од слободен печат. Она ако не знае, тука повеќе знаат.
     
    На sj *O*, wendy2, La.RagazzaMisteriosa и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    4.480
    Пол:
    Женски
    Дроновите се забранети во Штип и Кочани каде што во следните денови ќе има МНОГУ погреби па еве нека ти текне.
     
    На Oriental, Annath и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    3.711
    Пол:
    Женски
    Браво. А видов и од тетовското училиште видео со поддршка. Браво и за нив
     
    На Milobebence, eliesaab, Malesia и 7 други им се допаѓа ова.
  7. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    991
    Пол:
    Женски
    Апсени се вечерва на плоштад у сред Скопје.
     
    На JoyJoy и Ahoy им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.232
    Допаѓања:
    270.044
    Дронови не треба да има, тоа не значи дека на новинари им е забранет пристап.

    За сите можни трагедии имало и ќе има новинари, нема потреба со ДРОН да ги снимаат луѓето и погребите, направете малку разлика.

    Новинари треба и мора да има, само да има и полиција која на оние бескруполозните лешинари ќе им објасни дека не треба во гроб и во фаца да снимаат на луѓето, туку од дистанца.

    Можам да советувам и да не читате курир, хајп и слични (да ти се скрши срцето: мајка на еден од починатите легна врз ковчегот) ама џабе, немаше да постојат да немаше кој да ги чита.
    Ако немале дозвола и треба да се казнуваат. Има правила за летање дронови.
     
    На Ivan4e04, DragonFly22, jacqueline.s и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    8.057
    Пол:
    Женски
    Споделив поназад линк, кој стварно сака да се информира, може да дознае дека и Македонија помага кога е потребно во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во рамките на можностите на една педа држава. Кој пишувал статуси, тоа не знам. Кој индивидуално се ангажирал некако да помогне, исто не знам, секој си знае за себе.
     
    На Milobebence, JoyJoy и awkey им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.555
    Допаѓања:
    127.678
    Пол:
    Женски
    На sj *O*, Fenix05 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  11. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    3.711
    Пол:
    Женски
    Јас на плоштад не видов никакво апсење, а точно дека имаше два дрона. На крај од денот, забраната е за штип и кочани со околината односно чешиново пблешево или у превод таму кај шо ќе има најмногу погреби. Колку што разбрав тоа е по апелот да не се прави сензационализам од погребите. Официјална вест за приведување не прочитав еве некој ако има нека сподели, не рекла казала муабети

    едит: по споделеното мислење на членот погоре повлекувам кажаното за на плоштад.
     
    На Milobebence и angel4444 им се допаѓа ова.
  12. Лејди Гага

    Лејди Гага Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Да така е. Новинариве се ненормални и им влагаат на луѓе и приватност, наместо да се повлечат... Сега ги замолија организаторите на погребот да ги отстранат новинарите за да не ги сликаат фамилиите на децава. Така треба!
     
    На eliesaab и awkey им се допаѓа ова.
  13. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    4.480
    Пол:
    Женски
    Правила ималоо??? Па како така кај нас се е дозволено. Што е тоа дозвола? Еве гледаш тука не не прашале дали сакаме лајв од погребите и да видиме мајките дали доволно плачат или сметаме дека можат повеќе.
    Едно е професионално новинарско известување друго е пикање камера/дрон во ковчег. Новинарите често не ја знаат разликата затоа и треба да има забрани/казни.
     
    На Trexane, Oriental, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  14. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    3.711
    Пол:
    Женски
    Баш така. Само што мислам дека секое летање на дрон мора да ти биде пријавено, мислам дека не може ми текна ќе си го летам.
     
    На Stefi_555 и Anyshka им се допаѓа ова.
  15. Лејди Гага

    Лејди Гага Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Оф кутрите... Тој чад што го дишеле е отров за бели дробови ако не се лажам. Се молам на Господ да оздрават
     
    На Stefi_555, sj *O*, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    991
    Пол:
    Женски
    Да ја затворам дискусијава за дроновите.
    Дај боже да не се оправдани спиновите по цел интернет и недовербата и гневот на народот кон институциите.
    Отворете видете интервјуа на граѓани од Кочани денес.
    Закани, приведувања, притисоци..во ова време додека децата сеуште не се закопани и душите не им се упокоени.
     
    На eliesaab, st-el, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    8.057
    Пол:
    Женски
    Не е баш така Гош. И да е мала зафатеноста со изгореници (процентуално), за жал локализацијата е на горните дишни патишта, системите за инхалација се многу компромитирани, може и ич да нема изгореници, а да има многу проблеми. Плус, Клиника и Карил (за внатрешноста ич не правиме муабет) се и онака преоптеретени, има други пациенти кои се критично, кои чекаат интервенција, невозможно е да им се помогне на толку многу луѓе одеднаш, чачни по интернетот ќе видиш дека сите барале помош кога имале вакви катастрофи, и Луксембург и Германија и Италија и незнамкој. Не би да се споредуваме со Бугарија, Словенија (ние имаме скоро дупло помалку жители од Словенија, за БДП поарно да не збориме), со Луксембург па ич, земјите од ЕУ имаат пристап до многу повеќе ресурси и во однос на едукација и во однос на ЕУ фондови, многу повеќе и порано од нас (ако ја гледаме големата слика). Не е за оправдување, меѓутоа мислам дека ова би ја преполнило чашата и на многу поспремни и побогати од нас. Многу е, премногу.
     
    На Ivan4e04, piglet1, Gosh и 20 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.232
    Допаѓања:
    270.044
    Точно, Агенција за цивилно воздухопловство издава дозвола (да, постои обука, постои закон, постои сертификат и дозвола) и летањето се пријавува во МВР. Освен тоа, постојат различни дронови и си има специфични правила. Не знам детали оти не ме интересирало, ова што го знам е оти близок мој е професионален управувач или како и да се вика нештото.

    Да, кој стигна купи дрон и си го лета, ако не го фатиле/казниле не значи дека смее така. Мислам дека има супер аматерски дронови за кои не постои посебна дозвола, ама истите смеат да се летаат доста ниско и никако врз приватен имот (и логично не онаму каде што има забрана).
     
    На DragonFly22, eliesaab, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.256
    Допаѓања:
    89.382
    Пол:
    Женски
    Така е.
    Единствени кои имаат се Бугарите и Турците бидејки имале голема армија порано и затоа с еправеле специјализирани болници за изгореници.
    Во Србија остана некогашниот југословенски ВМА исто воена.
    Ниту Словенија има капацитет за олку пациенти со изгореници.
    Хрватска исто ама е единствена со болница каде има банка и одлгледува човечка кожа, нема многу вакви болници.
    Да не заборавиме, овие повреди се многу специфични и лекувањето ќе трае многу многу долго.
    Најверојатно ќе ги стабилизираат и ќе го продолжат лекувањето кај нас.
    Исто така мора да се забележи дека Таравари добро менаџираше.
    Криво сечи, право збори.
     
    На Ivan4e04, DragonFly22, Flower27 и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.087
    Допаѓања:
    6.094
    Пол:
    Машки
    Деко изгледа е приведен, а другиот колку што разбрав од медиуми е во пациентите што се лечат во странство.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.