Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025 во 06:34.

  1. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Женски
    Дајте линк од снимката
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.257
    Допаѓања:
    3.736
    Пол:
    Машки
    Сите се поврзано криви.
     
    На JoyJoy и Lisandra им се допаѓа ова.
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    20.254
    Пол:
    Машки
    Да не го окрка тој најмногу на крајот. :(
     
    На JoyJoy и Lisandra им се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.110
    Допаѓања:
    33.508
    Пол:
    Женски
    На CameliaMiller, Lisandra и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.861
    Допаѓања:
    25.112
    Пол:
    Женски
    Само за инфо, Австрија 9милиони жители вкупно има околу 20 фиксни кревети за тешко повредени лица со изгореници од кои 6 се во Виена во центарот за изгореници кој е и единствен центар за изгореници во Австрија, во другите градови си е Пластика.

    Дека треба да се има центар за изгореници во Мк треба, дека би се справила друга Европска земја без помош на толкав број повредени, не би. 100 пати пишаа тука некои објаснија и упорни сте.

    За условите во болниците е друга тема
     
    На L.i.n.a.a, DragonFly22, Feniksgirl и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    3.087
    за цифрите зборувам што ги спомна. Толку се за да се купат еден кревет, а не дека толку чини за лекување некаде па и во странство, како што се прошири дискусијата.
     
    На JoyJoy, Снегулк@23 и Anyshka им се допаѓа ова.
  7. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    3.101
    Пол:
    Женски
    Не знам луѓе секој си носи одредена кривица, секој си знае шо правел, но сепак и тие работат како шо му е наредено.
     
    На DragonFly22, JoyJoy и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.232
    Допаѓања:
    270.044
    МСУ исто така има бесплатна психолошка поддршка, за професорките Слаѓана и Соња знам дека се одлични, со останатите немам искуство.

    https://psiholoshkapoddrshka.msu.edu.mk/
     
    На JoyJoy и sj *O* им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.784
    Допаѓања:
    44.222
    Пол:
    Женски
    Ох не сум јас од тие храбрите, ама…газдите мои не дозволија ниту да затвориме за време на протестот, а со болново дете одвај набрзина успеав свеќа да запалам, толку ми е криво. Ама на погребот ќе одам, нема да си простам ако не оддадам последна почит.
    Јас и немам меѓу жртвите ептен блиски луѓе, ама ги знам сите и немам зборови за оваа тага, а како им е на оние кои им се блиски….
    Има и други членки кои се од тука, ќе се согласат сите дека градов ни умре заедно си децата.
    Нема да се опорави никогаш од ова. Никогаш.
    Во мои 33 год, веќе знам преку 60 млади починати луѓе, некои ептен блиски, премногу е, и тоа млади млади…

    Инаку да појаснам некои работи.
    Александар и синот на газдата се во болница во странство. Девојката на синот ја знам, прекрасно девојче беше, се вратила по него и така се загушила.
    Мажот што збори денес на собирот ми е многу добар пријател, бивши колега, помагал при извлекувањето…он имаше таква воља за живот, весел човек, а сега го видов со фамилијата, пепел.
    И они загубиле дете од братучед, другарки на девојките…

    Градоначалникот никаде не е избеган.
    Има уште документи кои треба да ги потпише во собрание и уште ќе оди на работа.
    Сите претреси во Собрание немаат баш ништо ефективно до сега, оти објектот е реновиран на диво, постои од 1999 и тој што го легализирал е мртов.
    Не е ни прва ни последна дивоградба…

    Што да ви кажам луѓе.
    Пепел.
    Деновиве нит ми се јаде нит ми се спие…ниту воља за ништо.
     
    На Ivan4e04, strelec231992, macka91 и 38 други им се допаѓа ова.
  10. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Ме чудите со пишувањава и сум вистина збунета. Неспорно е дека здравството ни е малтене непостоечко - но во било која држава (ајде да збориме за помалите каде нема толку болници во повеќе градови и капацитет на доктори), да не речам е пракса да се испраќаат по околни држави и секоја која ќе понуди помош за справување со ваква ситуација, мора да се растерети капацитетот за да може да се помогне на сите и да се помогне соодветно. Не е ништо ново ниту страшно! Скраја да е при вакви случувања нормално е да се појавуваат и уште куп полесно повредени, мора да се задржи капацитетот за справување...

    Друго што ми лежи на душа е надежта дека во четврток ќе имаме новинари кои нема да се однесуваат како хиени како по обичај и ќе можат родителите и семејствата да си го задржат достоинството да си ги испратат своите чеда. Уште не можам да се свестам колкава трагедија не снајде.

    Туку, ме интересира нашиве бизнисмени, донираат ли нешто бе луѓе? Големиве бизниси и компании? Или се јачаат само на Линкедин дека имале мултимилионски фирми? Многу сакам да грешам, да сум испуштила објава или да го прават тоа без експонирање по социјални медиуми.
     
    На DragonFly22, IRBBB, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.499
    Допаѓања:
    38.686
    Пол:
    Женски
    Зошто надлежните не ги бараат родителите на децата што треба да се лекуваат надвор, туку по социјални мрежи се бараат? Се губи време вака дури чекаат согласности, а и на кој му е дојдено од нив до социјални мрежи..
     
    На JuLleE, Bella •••, Flower27 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    3.101
    Пол:
    Женски
    Овие шо зеле мобилен и снимаат за време на трагедијата, отпосле па и објавуваат место да помогнат не се арни во умот!!
     
    На JoyJoy, Gosh, Снегулк@23 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Многу ми се чини дека тие објави се излезени од муабети, слушнал, наслушнал, па постирал, а и голем дел се стари објави па допрва ги споделуваат пак, не верувам до толку дека не успеваат директно да ги исконтактираат луѓево?
     
    На JoyJoy и awkey им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.232
    Допаѓања:
    270.044
    Бројче, низ годиниве сме се поддржувале секогаш, посебно за животинките оти не секој разбира, не е ништо поразлично ни сега. Слободно пиши ми било кога.

    Ова во спојлер, на кој му се чита нека чита, искрено на сто ума сум.
    Нареднава недела ќе дипломирам, барем треба. Година ипол максимално посветив да довршам факултет, довршив со просек... дипломската ја спремав уште недовршено, баш ми е љубов, тема за која сум генерално, цел живот заинтересирана... и на некој начин има допирни точки со ова што ни се случи.

    Но, не можам некако, ми тежи на совест да излезам и да презентирам без ништо, без спомнување на настанов. Се чувствувам како да треба да сум лажно самоуверена, како да глумам дека нема "слон" во собата.
    Дали мислите дека е во ред, дека е пристојно да оддадам некаква почит пред да презентирам? Се мислев, веќе е отштампана, па не можам да ги вклучам луѓево или барем градот во посветата, но барем во самата презентација на почетокот? Ако се дознае идентитетот на починатите до тогаш, мислев слајд (или три, многу се :( ) да направам пред официјалното презентирање.

    Не ми одговарајте тука да не ја труеме темава, кој има било какво мислење нека ми пише ПП, отворено ми е сандачето...
     
    На Ivan4e04, DragonFly22, rainbowec и 15 други им се допаѓа ова.
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.499
    Допаѓања:
    38.686
    Пол:
    Женски
    Мене ми е чудно и што не се таму веќе од првиот ден, требаше да се организира превоз и престој за сите најблиски на децата што се во други градови, а не сами да се снаоѓаат.
     
    На JoyJoy и Pixi5 им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.232
    Допаѓања:
    270.044
    Организирано е, од сите страни се нуди помош...
    Не верувам дека болниците немаат контакт, но веројатно телефоните на семејствава не престануваат да ѕвонат, па да не можат да ги добијат единствено...

    Инаку првично не се знаеше кој каде е пошто ги разнесоа по различни болници, не сите имаа лични карти итн., а и за починатите за половина требаше идентификација да се прави...

    Едит: во толку наплив на информации, на крај информации се губат, но за Скопје знам дека се понуди и смештај, и храна, и за хигиена производи... вака од памет ми текнува на Костарика дека понуди храна и достава на истата, сместување понудија и приватни лица и хотели, хостели...
     
    На JoyJoy и kristina.k им се допаѓа ова.
  17. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    3.101
    Пол:
    Женски
    На merriel0 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.656
    Допаѓања:
    40.560
    Пол:
    Машки
    Господинот во црвената јакна... ништо пореално не сум слушнал за трагедијава и целата ситуација. Сите сме со вас. Нека ви дава Бог сила, друго не знам што би кажал.

     
    На Ivan4e04, sj *O*, rainbowec и 29 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.404
    Допаѓања:
    159.090
    Мене ме мачи едно.
    Мал град, сите се знаеле ... и знаеле што се случува... и сега сите изненадени, ќе протестирале, градиначалник ќе барале... А се знаеле...
    Како бе?!
    Деко ви бил другар, па ај не се кренале да го пријават...
    И така почнува секој проблем.
    Човеков шо збори, глупости збори..
     
    На black20, Gosh, Bitolchanecot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.421
    Допаѓања:
    8.589
    Дечки, денес се чув со вработен на КАРИЛ, од медицински персонал е.

    Хаос е таму... Доктори, сестри се извикани уште во 4 сабајлето кога беше несреќата, и до сега само по еднаш или два пати си имаат отидено до дома за да се истушират и пресоблечат. Верувајте, максимумот го даваат од себе.

    Инаку има живото-загрозувачки пациенти и на Клиника. Не е дека тие се сите во странство пуштани. Бројката не е 59, повеќе се за жал. И има многу тешко повредени, изгорени до коска. Многу од преживеаните за жал ќе имаат трајни последици...

    15тина мин пред пожарот, полиција влегла таму поради дојава за голема количина на дрога во локалот.

    Да се помолиме да нема повеќе жртви, сите што се борат за живот да се спасат и колку што може побрзо да закрепнат максимално што може.
     
    На Ivan4e04, sj *O*, L.i.n.a.a и 22 други им се допаѓа ова.