Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025 во 06:34.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.232
    Допаѓања:
    270.044
    Која е логиката да се крие број на починати? Мислам секако дур не се идентификуваат сите логично нема да се шпекулира со нивниот идентитет, но не сфаќам зошто би викале 59, ако се 75 на пример. Тие луѓе колку и да се секако ќе мора да се погребаат, имаат семејства, имаат пријатели, постојат, треба спроводни листови, умреници да им се издадат.
     
    На Ivan4e04, sj *O*, Mumoftwo30 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.421
    Допаѓања:
    8.589
    Можеби не ја кријат, туку едноставно немаат дадено официјална изјава за бројките. Оваа бројка е кажана непосредно после несреќата, но е променета. Можеби не сакаат да направат дополнителна паника и стрес, не знам.

    Инаку таман работа дека ќе може да сокријат мртви луѓе... Луѓе се тоа со фамилии.

    Верувам дека после извесен период ќе се каже точната бројка. Вака цело време се менува и здравствената состојба на пациенти, и ако известуваат цело време, ќе биде невистина стресно.

    п.с. Сите се истоштени до максимум, по 15 пати мин врват до аеродром во денот, лекување тука... Толку ни е и капацитетот на нас. Гледам апсат, обвиненија се покренуваат. Така е хаотично се, кога нема никаков проблем. Не пак сега...
    Мора да излезат со официјалн бројка на крај, не може да се скријат лица.
     
    На Ivan4e04, sj *O*, Stefi_555 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    3.007
    Пол:
    Женски
    Дали се нормални?????!

    Во моменти на ваква трагедија како имаат идеа за вакви работи……Кај ке им оди душата….

    IMG_4815.jpeg
     
    На Mumoftwo30, Stefi_555, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.421
    Допаѓања:
    8.589
    Wtf???
    Што им е на луѓево?
    Ненормални дегени, не знам како да ги наречам. Имаат ли трошка жал и осет, што луѓе се мајка му стара.
     
    На Skorpija25, Stefi_555, merriel0 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.232
    Допаѓања:
    270.044
    Припазете си баби, дедовци и родители од измамници, на нив највеќе ќе им се пуштат сега, полековерни се.
     
    На sj *O*, Ahoy, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.708
    Допаѓања:
    16.204
    Пол:
    Машки
    Апел на Канал 5 ТВ до сите медиуми во Македонија

    Како сериозен и одговорен медиум барам медиумските чинители во Македонија никако да не праќаат ниту една камера/фотоапарат/микрофон со цел снимање на погребниот процес во Кочани и другите градови во четврток.

    В недела наутро се разбудивме во една нова, речиси апокалиптична Македонија, која не окова во прангите на тагата, болката и немоќта.
    Затоа како медиумски чинители мораме да им оставиме на семејствата кои ќе ги испраќаат своите најблиски до вечното почивалиште во четврток во сите градови, простор да се простат од своите најмили на начин кој ќе биде одраз на болката и тагата во нивното срце и душа во тие моменти.

    Кога веќе 59 наши млади и невини сограѓани живи изгореа на крајно недостоинствен начин, барем ние медиумите да им оставиме на нивните родители и роднини да ги испратат на елементарен достоинствен начин.
    Убеден сум дека граѓаните во Македонија и овој четврток ќе бидат - Кочани.

    Иван С. Мирчевски
     
    На Ivan4e04, Mumoftwo30, smooch и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.862
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    Не можам да верувам дека некој ја гледа трагедијава и си мисли како да извлече пари од сево ова. Страшно, одвратно.
     
    На Stefi_555, Anyshka, Pixi5 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    77.688
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/share/v/169ppTHGYD/

    Жителите на Кочани и околината не знаат главата кај им е, овие им пратиле полиција да ги апсат.
    Господи Боже и сите светци и на небо и на земја.
    Во право е човекот.
    Нека не прогласат за евреи и да почнат да не стрелаат сите до еден.
    Цел исток го закопуваа со децении наназад, пола млади не иселија а сега и ова, капак на се.
    Наместо да помагаат, тие уште повеќе разгоруваат ситуација.
    Разочарана сум ама не сум изненадена.
     
    На Ivan4e04, Anyshka, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.767
    Допаѓања:
    107.274
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 19 март 2025 во 08:09
    На Снегулк@23, Ahoy, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.756
    Допаѓања:
    323.218
    И на оваа тема политика:puke:
    Која политика ја имаме ние?
    Вмро-сдсмовската?

    Ај манете се од глупости и да се сподели нешто битно за преживеаните и блиските на жртвите.

    На пример, следете ги апелите за крв дарување, бидејќи за оние кои мораат постојано да примаат сега има дефицит.
    Потребна е Б- за жена која нема врска со несреќата ама мора да прима крв бидејќи се оди за жртвите.
    Бар и тоа што го имаме да го зачуваме.
    Ако некој е оваа крвна група, во ЛП нека пише, ќе му дадам број.Се дарува со намена, за кој човек е.
    Незз дали е момент да го пишам бројот јавно.
     
    На Mumoftwo30, Anyshka, M.B. и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.669
    Допаѓања:
    22.094
    Да дечки за 150 повредени немаме капацитети.
    Ама да беа некој мал број, 5, 10 ќе имавме?
    Вас недајбоже да ви се случи, има кај да ве носат?
    Центар за изгореници немаме ни за еден.
    Клинички саглам во државава имаме само еден.

    И неќам да паламудам сега ама еден совет - во затворен простор кога сте со многу луѓе, СЕКОГАШ знајте каде е излезот. Дали е лево, десно, право од вас. Не знаете кога ќе ви притреба.
     
    На Ivan4e04, sj *O*, christinnn и 11 други им се допаѓа ова.
  12. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    6.780
    Пол:
    Женски
    Ај малку контрола на постовите за преживеаните, какви последици ќе имале, дали сте нормални. Ќе бидат добро. КРАЈ!!!
     
    На L.i.n.a.a, Izaabella, TammiB5 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.446
    Пол:
    Женски
    Работел до 2016. Престанете со дезинформации. Тогаш почнале да го реконструираат и повторно не го отвориле.
     
    На Снегулк@23, nextredstyle, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Машки
    Што било вчера со огнометот железара во денови на жалост?
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bonnie Top

    Bonnie Top Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Женски
    Извини ти незнаеш како функционира општество полно со корупција?
    Мал град во кој секој со секој се знае и секој за секој знае што работи и каде работи, дали има приватна фирма или што и да е. Е во тоа наше мало јадно градче ако некој крене глас веднаш се активираат штабовите за да го избркаат од работа или да му ја затворат фирмата… е затоа последиците од корупција се овие.
    Човекот што зборува точно знае што зборува, незнаете вие што зборувате тука што паламудите овде по цел ден на форум наместо сите да придонесеме за да го смениме барем малку овој трул систем.
    Читам забранувале директори протести, заклучувале врати… е па како тогаш ќе имаме промени како ќе спречиме повторна трагедија? Уште што повеќе треба да доживеееме за да се свестиме…
    градот ни е умрен град, нема некој кој што нема некој што изгубил во пожарот.
    Затоа ве молам почит и сплотеност да ги издржиме овие претешки моменти, а после да постигнеме промени во ова коруптивно општество што за жал ни го зеде најсветото… нашата младина ;(
     
    На Ivan4e04, Billy Idol, smooch и 29 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.228
    Допаѓања:
    226.372
    Пол:
    Женски
    Бутел.
    Шиптарана провоцира. Стандард.
     
    На Ivan4e04, Billy Idol, Waverly Raven и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Wow работел до 2016 г, 2025 година сме иначе, срамота е да нема основни услови во една т.н држава
     
    На Billy Idol, Anyshka, DragonFly22 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.155
    Пол:
    Женски
    Утрешниот ден треба да се прогласи за неработен на цела територија дефинитивно никој нема да биде способен за ништо...

    И не за дронови јас сум да се забрани пристап на новинари на километар од погребот хиени се нема што тоа да се емитува или објавува. Овде некој бараше зошто да не сме гледале срамота па тоа ли треба некој да го гледа на тв ко филм да е?! Оставете ги луѓето да се простат од своите чеда во мир....има време и место каде ќе се кренеме.

    За дроновите - нели баравме почитување на закони и правила? Промената почнува од најмала ситница - немале дозвола - соодветна санкција. А не зошо јако видео извадија дроновите за инста стори, па реакции зошто апселе. Нека се апси и казни секој што некаде потфрлил во системов само така може ќе не биде.


    Прегратки за членките што се од Кочани..друго за утеха немам да понудам ;(:hug:

    Бројче биди силна испиј нешто посилно за смирување, најди некој да го чува утре детулето и исфрли сè од тебе :l:
     
    На Ivan4e04, Billy Idol, Coco31 и 26 други им се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.767
    Допаѓања:
    107.274
    Пол:
    Женски

    Линков го поставив бидејќи на претходните страници се зборуваше дека никогаш немало центар за лечење на лица со изгореници во Мк. Многу луѓе не го знаат ова.
    Како и да е, криво ми е што никој до сега не се нафати да го отвори овој центар за изгореници
     
    На Anyshka, DragonFly22, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.878
    Допаѓања:
    11.962
    Пол:
    Женски
    И да постоел, ќе имало 5-6 кревети. Ниту една држава нема капацитет за третман на голем број лица со изгореници.
    Ако добро слушнавте, ни околните земји веќе немаат капацитет да примаат пациенти па затоа се бараат подалечни дестинации.
     
    На Konfetka, Annath, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.