Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Discussion in 'Политика и настани' started by Kataklinkers, Mar 16, 2025.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    9,200
    Likes Received:
    222,312
    Gender:
    Female
    Од секогаш се прашувам шо мајка бараат овде да живеат, ете им ја Албанија кај им е, ама изгледа ниту Албанија не ги сака баш, среќа па кај нас ги нема, голема среќа, секоја чест на исклучоци за жал многу малку ги има.
    Каква мизерија од човек треба да бидеш, немам коментар.
    @malerozna @1209 и сите останати од истокот, само ние си знаеме како ни е, како сме живееме /живееле, на гробишта веќе беше младелашки масакар од секакви последици а сега? Каков рој солзи исплакувам на секое идење на гробишта а одам, колку имам закопано, многу млади. Сега и ова .. одамна беа завршени гробните места исполнувајки ги со млади луѓе.. кај да се заврштиш наоколу повеќето млади.. всушност нашата слика за нашата Македонија, срце ти се корне. Грутка во душа засекогаш. Пече и боле.
    @Cosmi пола кочани е под торино во канели асти и александрија, пола, а другата пола изгоре жива. Вака сумирано. Имам многу блиски. Слика за нашата Македонија. Вистината.
     
  2. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2019
    Messages:
    4,002
    Likes Received:
    44,688
    Gender:
    Female
    И тука да кажам внимавајте и предупредете, поголемо ѓубре од овој нема.

    Screenshot_2025-03-19-08-19-18-740_com.facebook.katana.jpg
     
  3. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2015
    Messages:
    1,189
    Likes Received:
    11,959
    Gender:
    Female
    Позитивна вест: двујца од пациентите во Бугарија се екстубирани (дишат сами). Прогнозите биле добри. :l:

    Од друга страна хоспитализирано е девојче кое била во придружба на брат и. И таа била во дискотеката, по преглед докторите одлучиле дека треба да се хоспитализира.
     
  4. shz

    shz Форумски идол

    Joined:
    Sep 1, 2012
    Messages:
    6,367
    Likes Received:
    51,285
    Gender:
    Female
    Некои нема да работат, ние нема.
    А и кој ќе работи сите скоро ќе одат на погреб, има и колеги повредени што се лечат во странство.
    Баш вчера од работа ми звонија јас сум на боледување ме замолија ако можам да се вратам на работа немало кој да работи.
    А и така било колешки ми кажаа.
    На кој близок,братучед, зет, пријател има починато, страшно е.
     
    JoyJoy, vitamina, awkey and 2 others like this.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,919
    Likes Received:
    9,878
    Gender:
    Female
    Разбрав, колку и да чинат креветите, ниту една земја нема толку многу кревети колку што нѝ се потребни, за жал.
     
    Konfetka, Sielo❤️, sj *O* and 4 others like this.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    22,473
    Likes Received:
    142,323
    Gender:
    Female
    Статус на д-р.Добрила Андоновска

    Првиот официјален Центар за изгореници е формиран со формирањето на Воената болница во Скопје, со самото формирање на болницата под раководство на Д-р.Крсте Митановски, према стратегијата на здравството на ЈНА. Центарот е затворен за да се ослободи за приватната Кардиохирургија ,,Жан Митрев".

    Вториот Центар за третман на изгореници е отворен во 2000 година во Градска општа болница - Хирургија, сегашна Клиника за хируршки болести ,,Св.Наум Охридски" во Скопје, а е ставен вон функција во 2016 година.

    Во Центарот работеа специјалисти и субспецијалисти по Пластична и реконструктивна хирургија:

    * Прим.д-р.Спиро Јовевски
    * Прим.д-р.Добрила Андоновска - одбранила јавен труд на ниво на магистерски труд на тема
    * Прим.д-р.Грета Марцикиќ,
    * Нау. сор. Д-р.Маре Стевковска - докторирала на тема
    * Асс. Д-р.Емилија Атанасова,
    * Асс. Д-р.Елизабета Обочки,
    * Асс. Д-р.Биљана Шапова и
    * Асс. Д-р.Јасна Угриновска.

    Центарот функционираше како посебен оддел на одделението за Пластична и реконструктивна хирургија, сместен во посебен дел од болницата со посебен надворешен влез.

    Центарот беше опремен со најсовремена опрема од Јапонската Влада - Интензивна нега со два Клинитронови системи од француско потекло, какви што постоеја во регионов единствено во Пирогов - Софија (околу 40 - 50 на број). Овие компјутеризирани системи овозможуваа специјални микроклиматски услови: аерација, температура, влажност и пациентите лежеа како во бестежински простор на ,,кади" исполнети со силиконски песок кој ,,врие" поради проток на воздух.
    Центарот располагаше со посебна операциона сала за изгореници каде шесте специјалисти по пластична хирургија, тимски со врвните анестезиолози, вршеа оперативни зафати и преврски во општа анестезија. Центарот беше опремен и со респиратор донација од Макстил.
    Освен интензивната нега постоеше и болничка соба со два кревети, што значи дека капацитетот беше за 4 пациенти со екстензивни изгореници, а со нивно подобрување се префрла, по потреба, на одделението за Пластика со 15 кревети.

    Беше формирана и Банка на амнионски мембрани (во соработка со Гинекологија - Чаир) по пример на Пирогов и други центри.

    Докторите се обучува во Пирогов,
    КЦ Љубљана, КБЦ Ребро - Загреб, Прага, Франкфурт, а во 2005 година после обука во Оксфорд се воведе и третман со сребрени преврски и други артефициелни преврски. Континуирано се надградуваа учествувајќи на бројни меѓународни симпозиуми и работилници.

    Докторите се бавеа и со научно - истражувачка дејност од што произлегоа еден докторат и еден јавно одбранет труд на ниво на магистерски труд, стотина авторски и коавторски трудови и презентации на бројни меѓународни конгреси, како и работа со студенти и едукација на специјализанти.

    Пет медицински сестри беа на едномесечна обука во Пирогов - Софија, како и еден пластичен хирург и анестезиолог.

    Најтешките интубирани пациенти првите години се третираа во интензивната во Центарот, но понатаму беа третирани во централната болничка Интензивна за да бидат под ,,будно око" и третман на врвните анестезиолози и реаниматолози. Во интензивната се вршеше и хемофилтрација на одреден број на пациенти со екстензивни изгореници.

    Се работеше тимски со специјалистите од сите дијагностички, хируршки и интернистички гранки, а особено со детските хирурзи.

    За период од петнаесет години и осум месеци во Центарот се лекуваа 1316 пациенти со екстензивни изгореници (према званична документација), просечно 84 пациенти годишно со ,,тешки" изгореници, а не два пациенти годишно, како што изјавија надлежните.

    Дополнително околу 20 - 30 пациенти годишно со друга тежина на изгореници кои се лекуваа на одделенијата за Пластична хирургија и за Детска хирургија, што значи дека во оваа болница се лекуваа нешто над 100 пациенти годишно.
    Да претпоставиме дека се лекувале уште 20 во други установи, тоа се 120 пациенти годишно, на државно ниво.

    Во Центарот се лекуваа и страни државјани како приватни пациенти и имаше тенденција да прерасне во регионален Центар
    Секвелите од изгорениците како лузни, контактури и други деформитети се решаваа во истата установа.
    Треба да се напомене дека огромен беше бројот на пациенти со изгореници кои се третираа и во амбулантно - поликлинички услови.

    Значајно е да се нагласи дека лекувањето на тешките изгореници е повеќемесечно и ,,скапо" го чини Фондот, но ништо не е поскапо од човечкиот живот.

    Ако се иземе актуелната ситуација каде бројни пријателски држави прифатија лекување на повредените (најбројни во Србија и Бугарија) треба да се напомене дека искуството покажало дека лекување на еден пациент со изгореници во европска држава би го чинело Фондот минимум 150 - 250 илјади евра, а бидејќи сме социјална држава, секој пациент за чие лекување нема услови во македонското здравство има право да се лекува во друга држава на товар на Фондот.

    Па, се поставува прашањето дали државата ќе ја чини помалку да формира современ Центар за изгореници или да испраќа пациенти на повеќе - месечно лекување надвор?

    Од ова сето изнесено се заклучува дека не се во ред паушалните изјави дека во државава се лекуваат само два пациенти со тешки изгореници на годишно ниво (очигледно информацијата е добиена од погрешен извор).

    И да нагласам, не се обвинуваат властите што немаме Центар за изгореници, на истите им се честита за огромниот напор да се згрижат тешките пациенти во други центри и држави, тоа е одличен потег, но се актуелизира проблемот дека ние мора да формираме современ Центар за изгореници кој би требало да има минимум 50 легла.

    Имаме неискористени капацитети кои може да се пренаменат, имаме врвни активни пластични хирурзи, детски хирурзи, трауматолози, врви анестезиолози и реаниматолози и други специјалности, одличен и искусен медицински персонал.

    Останува да помине овој шокантен период, да заврши со добро лекувањето на сите пациенти независно дали се лекуваат во Македонија или во други држави, па да се седне со ладна глава и да се направи стратегија за формирање на современ Центар за изгореници кој би бил од огромно значење за пациентите, здравствените работници и државата не само од здравствен туку и од стратешки аспект.

    Уште еднаш, длабоко сочувство до семејствата кои се скршени од болка, нека почиваат во мир нивните најмили.

    Да биде успешно лекувањето на сите пациенти кои се лекуваат во Македонија и во странство.

    Поддршка за сите здравствени работници. Треба да веруваме во нив.
     
    Last edited: Mar 19, 2025
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Joined:
    Jun 27, 2012
    Messages:
    3,016
    Likes Received:
    11,257
    Центарот во градска/сега хируршка работеше, меѓутоа веќе не работи за жал.
    Имаше одлична опрема. Асистентката која мене ми беше хирургија работеше таму - др. Шапова.

    Јас познавам човек кој беше со 80% изгореници на тело од струен удар. Во центарот за изгореници кај нас во Македонија го лекуваа, околу 75% има опоравување, што е одлично! Најнормално си функционира сега, уште е жив. Баш доби професионална нега и лекување.

    Зошто не работи, не знам. Тоа е некој македонски синдром - да се уништи се' што е вредно кај нас. Наместо напред да одиме, ние се уназадуваме цело време.

    Но и да работеше, секако не беше доволен за волкав број на луѓе.
     
  8. quattro

    quattro Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2020
    Messages:
    4,543
    Likes Received:
    11,072
    Gender:
    Male
    Цел пост ти е напишан за во минато кое никој не ни бил свесен за тоа дека имало и притоа сето тоа било од донации, "беше" "имаше" "работеја" "постоеше" итн.

    Него што е сега? Што има направено државата во оваа иднина за тебе, за нас? Ништо. Апсолутно ништо.
    И со ова што сега го располагаме најчесто се од странски донации. Од донации и кредити ни живее државава, дали ни е некогаш нешто свое сме направиле?

    Никој не ги критикува здравствените работници, целосно се посветија на случајов, се снаоѓаат било како, но проблемот е што од независноста оваа држава вози со крената рачна. Основни работи немаме, основни а не пак да е спремна за од ваков размер.
    Никој не вели државата да има капацитети од голем размер и да е развиена како Франција, Кина, Јапонија или некоја друга, никој апсолутно никој. Ама бар малце од малце да се вложеше напор да се подобри здравствениот систем барем на ниво од соседниве држава, еве Бугарија и Србија. Додека државата се занимава со патни трошоци на пратеници, ова она, можеше да се направи нешто а не да чекаме Јапонија да се сожали или некоја друга земја. Ок, можеби државата нема можност да прими 150 пациенти, ама барем 3% од повредените да беа сместени тука во опремено одделение специјално за изгореници како што има еве Србија. Србија ни зеде 30+ повредени, ни е на 15 не можеме да им понудиме лекување.

    Апарат за магнетна резонанца не можеме да купиме оти било "голема инвестиција" па ќе чекаме да се смилуваат јапонците да ни донираат.
     
    Last edited: Mar 19, 2025
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    22,473
    Likes Received:
    142,323
    Gender:
    Female
    Затворен е за да се отвори Жан Митрев во Воена. Ако ти цртам да ти кажам дека Воена болница во Скопје требаше да биде пандан на ВМА во Белград. Некогаш здравството функционираше. Тоа е поената на постот. Не е мој. На др. Добрила е. За бизниси се затвори центар кој бил опремен како болницата во Бугарија каде што се сега.
     
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2020
    Messages:
    4,543
    Likes Received:
    11,072
    Gender:
    Male
    Епа тоа е она кое сите го зборуваме, мито, корупција, перење пари, крадење итн. Значи државата не сака да се посвети на општото за сите, него тие неколку поединци кои раководат гледаат само за личниот интерест и после зошто вака така, примерот шо го даде со Жан Митрев.
    Факт е дека на државата (тие што ја раководат од независноста па до денес) не и е гајле за обичниот народ, него си го гледаат личното само.
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    22,473
    Likes Received:
    142,323
    Gender:
    Female
    Системски уништена држава од 91 ва навака. Едни, други, трети сите исти гомна.
     
  12. Malesia

    Malesia Популарен член

    Joined:
    Apr 1, 2020
    Messages:
    1,873
    Likes Received:
    3,718
    Gender:
    Female
    Мито и корупција е најпоследно ниво од обичниот народ. На овие кај ќе им оди душата. Жан Митрев, Систина....Се тоа е морничаво сите тие газди имаат трула позадина. Обичниот народ само ги величи
     
  13. Lavender13

    Lavender13 Популарен член

    Joined:
    Aug 15, 2022
    Messages:
    1,763
    Likes Received:
    5,596
    Скроз непрофесионално и од нивна, а и од твоја страна да споделуваш вакви информации.
    Ако веќе сакаме да имаме општество кое функционира во секоја сфера, треба под итно тие што ги споделиле информациите да летаат од работа. И ти како лекар треба да го знаеш тоа, а не да споделуваш вакви информации на јавен форум.
    Срамота, засрамете се што споделувате вакви сензитивни информации.
     
    Ivan4e04, Izaabella, Anyshka and 17 others like this.
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,919
    Likes Received:
    9,878
    Gender:
    Female
    После системот не нѝ чинел. Ама не е ново, пиша некој поназад дека тоа за нас претставува престиж, да се курчиш дека знаеш некого/некаде (штаб, партија, болница, институција) и да споделуваш најнови/најточни информации за било што, кој бил уапсен, кој бил приведен, кој бил во станица, кој потпишал, кој не потпишал, па еве и за ова. А скандлизирани сме што Вучиќ се сликал со болни, што снимале дронови, што пуштиле повеќе луѓе од што продале карти.... Тоа е, човек раската во туѓото око ја гледа, дрвцето во своето не.
     
  15. izgubena:)

    izgubena:) Истакнат член

    Joined:
    Dec 4, 2021
    Messages:
    48
    Likes Received:
    170
    Gender:
    Female
    Само за инфо за тие што зборуваат за центарот за изгореници.

    живеам во Хамбург. Работам на многу висока функција во болница една од поголемите болници со 800 кревети.

    во Хамбург има скоро 2 милиони жители. И имаме само една клиника, се вика БГ Клиникум (BG Klinikum) со само 7 кревети, интензивна за пациенти со високи изгореници, така што истиот проблем е и во другите градови и Bundesländer во Германија. Повеќето од тие кревети нажалост се повеќе за изгореници од втор град 2а и 2б (2 стадиум А и стадиум Б) и многу помалку кревети за изгореници од 3 град поточно (3стадиум). Кога ќе дојде до кнап, пациентите се пренесуваат со хелихоптери во други градови и понекогаш дури соседни држави.

    Нажалост истиот проблемот во Германија е многу често критикуван, но ретко кој доктор се нафаќа да работи во таков центар или на такво интензивно одделение. Не се потребни за тие пациенти само доктори и медицински сестри, него и физиотерапевти, психолози за посттрауматско советување итн., коишто исто се голем недостаток во Германија.

    Точно е дека треба да има таков центар и во Македонија, али не верувам дека го има капацитетот на персонал и апаратура.

    фацит: како што видовме и за време на корона пандемијата, сега еве и за овој случај е ретко која држава е спремна 150 пациенти со тешки изгореници да превземе т.е да лекува.

    тажно и никогаш да не се повтори. Дебакл од корупција.
     
    Ivan4e04, Kris80, L.i.n.a.a and 17 others like this.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Joined:
    Mar 30, 2017
    Messages:
    5,896
    Likes Received:
    40,124
    Gender:
    Female
    @Lilit аман престани. На крај жртвите спорес тебе се самозапалиле. Го толерирале Деко зашто пријател им бил. Аман. На сите. До еден пријател им бил. Достате веќе со правдање сисѕемска корупција. Доста. Престанете. Не долевајте сол на рани.
    Треба да изградиме систем каде што секој ќе се смета лично одговорен за секој документ што го потпишува. За секоја дозвола. Виновни се тие во системот. Не тие што пиеле кафе и оделе на журки таму каде што луѓето од системот им дозволиле да пијат кафе и да се журкаат.
     
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,919
    Likes Received:
    9,878
    Gender:
    Female
    Србија е дупло поголема од нас, има 6-7 милиони жители, Белград бил главниот град на претходната нѝ држава, со распадот има задржано најмногу од сите добра (не смао пари туку и ресурси во смисла на луѓе, експерти и специјалисти од секоја гранка), има образование на ниво какво ние ќе сонуваме, здравство исто, а и е далеку посоцијална држава од нашата во секој аспект. Тоа е, не можеме, го знаевме ние ова и пред да се случи трагедијава. Ама пак е до луѓето, јас работам во Белград повремено и никогаш не сум фаќала врска за ништо, а секогаш сум завршувала работа, така да, да размислиме уште еднаш да не е случајно нешто од ова до нас, ама нема да мислиме, пак партии и штабови.
     
    Stefi_555, Gosh, happygirl and 7 others like this.
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2020
    Messages:
    4,543
    Likes Received:
    11,072
    Gender:
    Male
    Не треба да е изговор ова, особено не населението.
    И Словенија и Литванија се дупло помали од Србија, па успешно се справуваат со здравствениот систем за разлика од нас, дури имавме и донација нивна. Не секогаш бројот на население е пресуден за се.

    И дополнително кога ја спомна бившата држава, лидерот нејзин се лекувал во Љубљана а не во Белград (ако одиме по моќност на држава дека Србија е голема и Белград бил главен град).

    Единствен проблем кај нас е тоа што нашава држава не сака да вложи напори и труд да смени нешто кон подобро, тргнувајќи од врвот па до обичниот народ. Се тапка само во место за разлика од другите.
     
    Last edited: Mar 19, 2025
    Gosh, happygirl, DragonFly22 and 2 others like this.
  19. LadyR

    LadyR Популарен член

    Joined:
    Jun 27, 2012
    Messages:
    3,016
    Likes Received:
    11,257
    Како сакаш ме разбери, не е никаква тајна што е кажано. На нивните фамилии не кријат ништо докторите, сите се известени за состојбата каква е на пациентите. Исто, ниту последиците од ваков размер на повреди не се тајна. Можеш да прогуглаш и да прочиташ. Се гледа и на видета од политичариве што ги посетуваат.
    Апсолутно ништо што споделив не е тајна. Сензитивните детали ги чувам за себе.
     
    Gosh, MarijaMi90, Angie1432 and 2 others like this.
  20. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Joined:
    Apr 9, 2016
    Messages:
    1,927
    Likes Received:
    5,284
    Gender:
    Female
    https://www.threads.net/@kristinacv...QGz3RQFX5pfVSNn26K1AqiGVld6zPfpTeHGIS10YTwaYA

    Не само на видеото ти што го сподели се гледа дека лагано се излегува туку и од ова видео што ви го пуштив се гледа дека внатре нема луѓе, има чад и неколку машки кои евакуираат и гасат, диското е празно, доле не лежи никој, како е можно 59 жртви во испразнето диско? Дечково од видеово не преживеал може уште тие 2-3 што се со него и гасат исто ама 59 луѓе не ни има внатре. Каде биле жртвите во тој момент? И да биле во веце ќе излегле.
     
    Last edited: Mar 19, 2025