Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025 во 06:34.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.110
    Допаѓања:
    33.508
    Пол:
    Женски
    Сами од себе патиме. Патиме зашто ќутиме.
    Алал вера на машинеријата. Ги растурија и студентите. Изгледа за разлика од Србите нас нема да не биде. Зашто дозволуваме злобни, пакосни, корумпирани нелуѓе да опстојуваат.
    Алал на вера на партиските ботови. Очигледно овде само такви гниди преживуваат. За сите други потоп.
    @Iva:) за жал студентите убаво почнаа, ама ете ги замолчаа. Брзопотезно. Нема да имало веќе собири. А тоа вчера на Техничките факултети беше толку моќно и добро организирано цела се наежив. Не знам зошто тоа им смета ама ете им смета. И за жал не се нашите студенти како оние во Србија. Од сенката сопствена се плашиме. А можеби и мнозинството не сака да живее во средена, некорумпирана држава. Не знам.
    Се борев и верував во ова мало парче земја. Не ме скрши трагедијата во Кочани, ме скрши сега оваа трагедија каде што партиските ботови повторно надвладуваат. На крај пак ќе испадне жртвиве се криви. Си се сапозапалиле и изгореле. Се надевам само дека душите ќе им горат во вечен оган на сите што посакуваат да нема отпор околу ова и тие што свесно и намерно притискаат ништо да не се дознае и се да си остане по старо зашто арам парите слатки им се.
     
    Последна измена: 19 март 2025 во 10:31
    На Ivan4e04, Bozica1980, Anyshka и 20 други им се допаѓа ова.
  2. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    2.191
    Пол:
    Машки
    Десетдневна војна
     
    На ideniki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    8.832
    Пол:
    Женски
    Ај малку олабавете со бројката .
    Толку се. 59.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.778
    Допаѓања:
    36.067
    Пол:
    Женски
    Друго ме мачи за лиценциве :^)
    Дали некој проверил тие лиценци како се издадени? Дали објектите со лиценци ги исполнуваат условите или само провериле дали имаат важечки лиценци и толку? Оти, и шупава имала во минатото важечка лиценца :@
     
    На Bozica1980 и Thinkerbell. им се допаѓа ова.
  5. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.151
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Женски
    Ако не смеат тогаш оставка нека си дат, не ќе трпи цел народ заради 5мина гниди
     
    На Miss666 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.087
    Допаѓања:
    6.094
    Пол:
    Машки
    Од 12 легални лиценци, преку ноќ се зголемија на 22. Како тоа? :^)
     
    На Erika.greeneyes, Anyshka, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    4.935
    Ама вие изгледа не разбирате или не можете да разберете за каква огромна несреќа се работи.
    Колку жители има Кочани, 25 000? Колку доктори може да има гратче со 25 000? И колкумина од нив се обучени за интубации, за третирање такви повреди? Колку дежурни доктори имало во брза помош, еден? Еве и Штип што е на пола час, со колку пациенти истовремено може да се справи?

    Јас ви тврдам дека истово да се случеше во било која европска метропола, повторно ќе се кубуреше со кадар. Никој не може да се справи со толкав наплив на пациенти во екстремно тешка состојба, и за жал тука веќе мора да се прави тријажа и приоретизирање на пациентите. Кој има највисоки шанси да преживее, ќе добие кислород.
     
    На Ivan4e04, TammiB5, Anyshka и 16 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.555
    Допаѓања:
    127.678
    Пол:
    Женски
    Дај не летајте со trust me, bro за бројката. Ќе долеете на стресот непотребно.
     
    На Mumoftwo30, sj *O*, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. MarTaa1

    MarTaa1 Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Помош дали некој знае како би ме пуштиле на посета барем 2 минути во Наум Охридски, вчера оставив пратка не е ни доставена, се работи за дечко ми на интензивна во стабилна состојба
     
    На Lisandra, Mumoftwo30, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.446
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека ќе замолчат млади студенти и средношколци. Ако се обидат тоа да го направат ќе има контраефект. Во Србија на почеток само оддаваа почит, протестите почнаа откако полицијата ги истепа студентите од Факултетот за драмски уметности. Ќе им се удри од глава ако пробаат да ги спречат младите да го искажат својот револт. Затоа е битно да се остави на нив и на народот, ако почнат како организатори и протестирачи да се шлепаат штабските паразити, ќе пропадне бунтот. Народот е со право бесен, не е ова против индивидуи ова е бунт против 30 годишното коруптивно владеење и целиот естаблишмент. И да се сменат индивидуално некои луѓе ако не се искорени од корен проблемот џабе е. Затоа треба борба.
     
    На Lisandra, DragonFly22, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.880
    Допаѓања:
    117.460
    Пол:
    Женски
    Разбирам. Ама едно е да немаш воопшто а едно е да немаш доволно капацитет.
     
    На Mumoftwo30, Gosh, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    165
    Читам секој ден. Ве пратам што дискутирате...
    Трагедијава е од НЕВИДЕН размер. Нема збор да се утеши ниеден од нас а посебно фамилијата на загинатите и поврдените....
    Е сега сакам нешто да потенцирам. Пишувате корупција, систем, се чудите ЛИЦЕНЦИ немало , се чудите ФИЗИОЛОШКИ немало.... патни трошоци спомнувате бла бла бла... дечки, ај да не се лажеме дека ова е нешто за коешто прв пат слушаме. Да нр се лажеме дека сме изненадени од фејк лиценци и фејк дозволи. Да не се правиме дека сме изненадени физиолошки што немало. Сите ние сме дел од овој коруптивен систем. О сите знаеме како функционира и сите си ќутиме добри 30 и кусур години :)
    Појдете од себе, за појас дс ве допре полиција да сака да ви пише казна, роднини пријатели фаќате да помине само со СЛОБОДЕН СИ АЈДЕ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ.
    Значи муабетот ми е дека знаеме и сме знаеле. И ние имаме вина што дојде до ова за жал. Само да не бидр ова свако чудо за 3 дана и да оставиме да се заташка како што оставивме за модуларна, дурмо и останати!!!
     
    На Ivan4e04, TammiB5, Anyshka и 14 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.880
    Допаѓања:
    117.460
    Пол:
    Женски
    Болдот: Ме изнасмеа. Они успеаа фамилијата на Фросина да ја заќутат, а не ова.. ајде бе не ми споредувај Србија со нас.
     
    На Stefi_555, Gosh, Trexane и 4 други им се допаѓа ова.
  14. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    165
    Има една перална кај што живеаж која сигурно нема лиценца дозвола за работа што и да е ... на сам тротоар е , за да пројдеш мораш да пројдеш на ФРЕКВЕНТНА УЛИЦА, е сеа никој не реагира сите проаѓаат на сред улица, арно ама да згази некого кола заради таа перална, сите ќе се дигнеме. Јер чекаме да дојде бељата па да се дигнеме. Исто и за ова
     
    На Flower27, Anyshka, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.446
    Пол:
    Женски
    Кој млад го интересира политика? Ниту еден што го знам и сите би протестирале. Оваа младина не е како сите претходни генерации, ќе најдат начин и ќе се органзираат. Јас верувам во тоа.
     
    На L.i.n.a.a, DragonFly22, Trexane и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.404
    Допаѓања:
    159.090
    Па шо кажав јас?
    Се читаш ти шо пиша?
     
  17. xGenius

    xGenius Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    23
    За жал најверојатно точни се муабетите, и видеово во кое се гледа празна/полупразна дискотека го потврдуваат истото.

    Првично коа почнува да гори кровот и Панчо им вика да излезат никој истово не го сфаќа многу сериозно, поголемиот дел од нив излегле надвор со пијачки во рака, со намера да почекаат да се се среди ова и да се вратат назад.

    Целиот проблем настанал кога паднал кровот, а голем дел од овие што излегле се вратиле внатре.
     
    На Anyshka и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  18. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.446
    Пол:
    Женски
    Таравари: добрата вест е што поминаа 72 часа и нема починати. Сите пациенти се во стабилна состојба.
    – Добрата вест е што поминаа 72 часа и нема ниту еден починат од тие што ја преживеаја трагедијата во Кочани. Вкупно, се третираат 178 пациенти низ различни здравствени установи, од кои што 64 се во болниците во Македонија во државните болници, и 13 пациенти се во приватните болници. Сите се во релативно стабилна состојба, додаде министерот.
    Тој напомена дека во моментот, 101 пациент се третираат надвор од државата и тие се во релативно стабилна состојба.

    Сите што преживеале како повредени се живи и стабилни. Така да лицитирачите на бројки нека се замолчат.
     
    На Ivan4e04, Tinaaa, Skorpija25 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Не можам да опишам колку ми е жал за жртвите, не знам сакам да е сон ова, зашто се случуваат вакви работи, зашто сме ваква баксуз држава, колку дена поминаа не можам да поверувам ниту познавам некој, се чуствувам како некој свој да имам изгубено, има ли крај ова веќе? Овој живот ништо не вреди изгледа не се знае кога ни е последен ден, греота :(
     
    На sj *O*, JoyJoy, Снегулк@23 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.710
    Допаѓања:
    39.972
    Пол:
    Женски
    Ова со центарот за изгореници малку се преувеличи. Прво, имаме специјалисти и тимови, тоа се истите оние кои би работеле во тој толку зборен центар. Значи, не знам што си замислувате, дека моментално ги лечат пациентите од ѓутуре. Друго, точно дека немаме единствена болница само за третирање изгореници, ама и да имавме, можда 10 пациенти ќе имаше таму и пак другиот дел ќе беше трансфериран по други земји.
    Ова е огромна несреќа што по развиените земји се нема случено од втора светска војна, не очекувајте дека треба рандом Македонија да има центар за изгореници кој ќе собира 500 луѓе. Немаат логика некои муабети, башка што моментално половина изгорени пациенти се лечат во Скопје, што воопшто не е мала бројка кога ќе се земе предвид дека има и еден куп други итни пациенти со други патологии.
     
    Последна измена: 19 март 2025 во 11:08
    На L.i.n.a.a, Waverly Raven, sweet-cherry и 10 други им се допаѓа ова.