Форумџика на годината

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. MarTaa1

    MarTaa1 Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Или барем контакт до некој број, бидејќи фиксните што се оставени никој не крева
     
  2. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.200
    Допаѓања:
    5.014
    Мислам дека никој од нас сеуште не е свесен за размерот на оваа трагедија. Изгубивме музичари, професори, професионалци и огромен дел од иднината на нашата земја, идни интелектулаци и родители. Ова не е погубно само за Кочани, ова е погубно за целата наша земја и нејзината иднина. И следните 100 години ќе има тешки последици. Само како никој да не е баш свесен за тоа…Што и да се каже сега е излишно, за жал времето ништо нема да го врати назад…

    Само едно ќе ве замолам, погледнете околу вас. Кога ќе ги однесете вашите деца утре во градинка/школо погледнете дали има слободен обележан паркинг за противпожарно возило што во секоја секунда е слободен, ако нема прашајте зошто нема, ако има, а има некој несвесен паркиран таму - пријавете. Погледнете околу зградата каде што живеете - дали има пристап за противпожарно возило. Прашајте ги воспитувачките и учителките на вашите деца дали редовно ги обновуваат сертификатите за прва помош, дали имаат сертификат и едукација за гаснење пожари. Прашајте ако вашите бебиња и деца што сеуште не одат се сместени во некоја градинка на кат, прашајте што ако се случи нешто, каков е планот за евакуација, гледајте околу вас и прашувајте и пробајте да промените нешто, не замижувајте. Отворете ги очите, превземете мерки за безбедност за вас и вашите најблиски. Политичарите за жал нема да го направат тоа. А верувајте дека познавајќи ја нашата историја, ситно одбројуваме до следната ваква трагедија. Животот не треба да се живее на среќа.
     
    На M&M, Anturium, Ivan4e04 и 41 други им се допаѓа ова.
  3. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.753
    Допаѓања:
    4.635
    Пол:
    Женски
    Имаше броеви за контакт по болници побарај наназад во темава или прогуглај. Посети нема за никого како што зборат. Или оди дирекно во болницата и барај
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Ама имаше слики од подалеку со огромен пожар што беа постирани а тука гледам не гори ништо и кровот си стои. Кога настанал пожарот навистина? Можно е кога паднал кровот како што викаш, можно ли е навистина да се вратиле внатре, душички.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.853
    Допаѓања:
    3.674
    Пол:
    Женски
    Девојче мислам време за посети не е. Жалам многу, жалиме сите. Пробај однеси на некој од фамилијата. Тука не е местото да прашаш и тоа да отвараш профил за тоа.
     
    На eliesaab, JoyJoy и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.798
    Допаѓања:
    135.400
    Пол:
    Женски
    Нема да те пуштат. Можеш само да пробаш да оставиш нешто ако треба, па некој од персоналот да го подаде.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.700
    Допаѓања:
    4.757
    Пол:
    Машки
    Не верувам дека ќе кренат на телефон.

    Бај д веј, се бараат родители за некое друго девојче сега.
     
    На Mumoftwo30 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.873
    Допаѓања:
    42.533
    Пол:
    Машки
    Луѓе нема потреба да се расправаме за болницата во Кочани т.е. ресурсите со кои располагала, зошто сериозно не располагаше со којзнае какви ресурси. Кадарот не го коментирам, не се сомневам во стручноста и дека дале максимум во тие моменти. Ама за жал не зависи само од нив, мора да имаат соодветни алатки и опрема за работа. А тоа во Кочани го немало одамна.

    И не само во Кочани, сиве болници во внатрешноста се катастрофа, што води до преоптовареност на Скопските, и така во круг.
     
    На M&M, 1209, Ivan4e04 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    276.740
    Точно, истово вчера на мајка ми и' го зборував, имам сестра студентка.
    Вакви паметни деца, со волку елан за борба не се сеќавам да имало (генерација 91 сум) ние бевме - наведната глава сабја не сече - малкумина бевме бунтовници.

    Овие деца, сегашниве студенти, и додека беа средно и сега, се мојата надеж за земјава.
     
    На M&M, Mother of 2boys, 1209 и 20 други им се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    17.938
    Пол:
    Женски
    Незнам ни какви очекувања се има кога ти носат наеднаш 300 луѓе кои мртви кои повредени.И во Ск да се случеше немаше да успеат да ги примат сите и да им помогнат
     
    На Herrera, 1209, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.512
    Допаѓања:
    8.216
    Пол:
    Машки
    Нема да те пуштат
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.449
    Пол:
    Женски
    Кога го спомна ова, живеам во зграда која не излегува директно на улица, прво е булевар, па паркинг, па од паркингот пешки се доаѓа до влезот. Има 3 влеза за итни случаи на паркингот со гумени стубчиња низ кои може да пројде возило за итен случај. Секогаш ама секогаш на нив има паркирано возило. До луѓето е, луѓето треба да се свестат и да имаат осет.
    Од денес натаму ќе почнам пајак да им викам.
     
    На Ivan4e04, Anyshka, sparklie и 13 други им се допаѓа ова.
  13. snowqueen

    snowqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    907
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    Ke se zataska....sekoe cudo za 3 dena...kolku tragedii, nastani se zaboravija...treba da pocnat da odgovaraat site od 1991 sto napravile zlo a momentalno I seuste ziveat vo mk...slobodno setaat...
     
    На Anyshka, Mumoftwo30, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Во ваков случај ни големи градови не би се снашле, ете читам една Виена имала само 6 кревети за изгореници.
    Реално, секоја чест за докторите. Со оглед на состојбата во здравството успеале сите примени да ги згрижат и што е најбитно сите повредени преживеале и се стабилни. Треба да се поздрави способноста и напорот кој го дале докторите во сите центри.
     
    На Konfetka, Mumoftwo30, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.656
    Допаѓања:
    5.353
    Пол:
    Женски
    Има сегде по порталиве, еве последно Камај објавија.
     
    На Снегулк@23 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    27.009
    Пол:
    Женски
    Сите сме свесни дека несреќата е од огромни размери.
    Само болниците по малите градови и за операција од кила праќаат во Скопје, а не за нешто покомплицирано. Ма каква кила, за ехо, томографија, третман за канцер, све у Скопје.
    Ќе си рече човек најсовремено здравство имаме, само ова сега нѐ најде у небрано.
    А кога сме кај амбулантни возила.
    По правило на 10000 жители треба да имаме едно. Или Скопје би требало да има 50-60. Имаме толку?
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, Mrs. right и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.384
    Допаѓања:
    26.775
    Пол:
    Женски
    Затоа треба да се има аларми, тука Австрија во новиве згради секој стан има аларм, ела искади дом или запали цигара, кога ќе писне наеднаш алармот ете ја пожарната нацртана, па кога ќе лупнат казна, ќе почнеш да пазиш и почитуваш. Шо сакате зборвете луѓе ама кажав уште на почеток, сите сме криви, понашање немаме луѓе како дивјаци некој, тука може се да се почитува оти рокаат казни за све и свашта, мора строгост пошо совесност нема.
    И пак ќе кажам знаеме да се бунтоваме кога нешто ќе се деси, а први бараме да се кинат казни и да се дојде до некој што ќе ни помигне за нешо кога ни гори под нозе.
    Не можи бе тука да чекам термин година дена и да можам да чекам, а Мк месец дена да е проблем за чекање и да се дава пари за побрзо или фаќа врски. Му даваш пари на доктор за шо те породил, а тоа му е работа. Не побарал тој, некој дал прв и тргнало како традиција, никој не вика отворено дај ми.
    Немам надеж дека тоа ќе се искоренит некогаш
     
    На Ivan4e04, Anyshka, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.
  18. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    12.738
    Пол:
    Женски
    За Панчо се знае ли нешто ново?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.779
    Допаѓања:
    114.375
    Пол:
    Женски
    И мене ме плаши овој молк за Панчо...
     
    На Снегулк@23, Oriental и krofnicka27 им се допаѓа ова.
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.512
    Допаѓања:
    8.216
    Пол:
    Машки
    Не
     
    На Снегулк@23 и krofnicka27 им се допаѓа ова.