Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Discussion in 'Политика и настани' started by Kataklinkers, Mar 16, 2025.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2012
    Messages:
    11,462
    Likes Received:
    183,594
    Gender:
    Female
    Како иначе партиите ќе се препуцаваат во чие време имало помалце жртви? Знам дека може и глупо звучи, ама кај нас се е причина за истакнување или кудење. Еве колку за компарација. Пред 4-5 години, сеуште живеев во Грција, во тоа време владеачка беше партијата на Ципрас. Атина и Пелопонез беа опфатени со најголемите пожари во нивната историја каде што загинаа над 150 луѓе. Загинаа исто поради корумпираниот систем, не само на владеачката партија туку и на сите претходни. Поради континуирани илегални градби на приватни вили како и резорти на кои им беше “давано” јавно земјиште за градба. Луѓето не можеа да стасаат до морето и да се спасат поради затворени патишта, поради високи огради изградени и заградени патишта илегално.
    Пред 2 години, сите ја памтите трагедијата со возот. Официјално беа 75 жртви чинам, меѓутоа реалната бројка е значително поголема од причина што тие официјални бројки се Грци или легални жители на Грција. Тоа што возот бил полн со илегални мигранти кои биле на поминување и никој не ги бара, никаде не се спомнува.
    Овие 2 години новинарите често ретерираа околу бројките и често како податок споделуваа дека се помалку жртви од оние во времето на Ципрас како да е тоа нешто битно. Така што.. да, ниедна влада не сака жртви од голем размер во нивното владеење оти ним им е битно да се “подобрите” макар тоа било и природна непогода. Пред некоја недела и Грците ги имаа најголемите протести во нивната историја оти цели 2 години ги мафтаат околу несреќата. По самата несреќа во рок од 2 часа сите вагони беа тргнати, слоеви од земјата наоколу беше тргната со што беше отежната работата на форензичарите, снимките од камерите мистериозно исчезнаа, цели две години кој и да имал било каков пристап до камери и можел да сподели било каква информација загина во сообраќајна несреќа. Вклучително последно и детето на јавниот обвинител кој го води случајот исчезнува, а потоа е најдено мртво. И ред други дешавки.


    Ми се врти во глава тоа “сценарио” знаејќи дека оваа влада има прилично искуство со прикривање… дури и убиства, а не дека па другите се нешто подобри. Ситуацијата е малку поинаква тука, сите жртви некој ги знае и заташкување бројки на загинатите веројатно не е толку возможно. Ама ете… кога во земја каде може кабелот да се обвини за несреќа, ме загрижува заташкување на целата ситуација. Овие први апсења, не ми влеваат голема надеж оти тоа е нешто што мора да се покаже дека ете нели нешто работат.


    Деновиве.. ја избегнувам темава поради нарушено здравје и дополнително ме вознемирува ама истовремено не можам ни да не мислам или да не отворам и прочитам нешто. Мислам дека сеуште сме сите под шок и дека тек допрва ќе се свестиме од колкави размери е оваа трагедија. И мислам дека ако ова не не обедини за народот конечно да се крене заедно, навистина мислам дека ништо друго нема.


    Сакам само да додадам. Јасно е дека се работи за голем број пациенти во исклучително тешка состојба и дека нема земја спремна да се справи со толкав број пациенти наеднаш, ама е особено поразително не постоење на таков центар. Без разлика што тој центар би имал капацитет само за неколку луѓе, би било големо олеснување моментална организираност на едно место, отколку дополнително организирање по сите поголеми клиники, кое секако би се десило во ваков случај, меѓутоа битноста на постоењето на таков центар не смее никако да се минимизира затоа што и една шанса за живот повеќе е доволна.


    Многу ми е жал за целата ситуација. Сочувство до семејствата. Посакувам секој да си го најде својот мир и оние што одлетаа на небото и нивните што останаа на земјата.
    За жал… за никого не е лесна оваа земја. Ни за мртвите ни за живите. :f:
     
  2. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Joined:
    Jun 27, 2018
    Messages:
    1,462
    Likes Received:
    4,385
    Gender:
    Male
    Според информациите на КОД инспекторите на Управата за јавни приходи (УЈП), последен пат на 21 декември 2024 година извршиле контрола во објектот и утврдиле дека не се издаваат фискални сметки.

    Поради тоа, сопственикот бил санкциониран, а дискотеката затворена и запечатена, наведуваат новинарите од КОД.

    Оттука, останува непознаница како овој локал повторно започнал со работа.
     
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Joined:
    Mar 3, 2017
    Messages:
    4,477
    Likes Received:
    22,806
    Gender:
    Female
    Мислам дека ќе ни остане траума и секој пат кога ќе помине хеликоптер и брза помош ќе ни гори душава ..
    Оф бе ... Утре ќе биде уште потежок ден.

    Како успевате дома да сокриете од малите?
    Само ме прашува мама што, мама што?
    Одложените настани оправдано секако, не знам како да и ги објаснам.
    Трет ден не сум способна за работа...
    Само душиве ги мислам.
     
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,953
    Likes Received:
    36,972
    Gender:
    Female
    Те разбирам, ама муабетов ми беше за сегашниве контроли.
    Поучени од трагедијава, зарем фокусот ќе се става дали некој имал или немал лиценца, без притоа да се истражи како е добиена истата, дали објектот има минимум услови кои ги исполнува, итн...
    Мене ми личи само како фокусот да е на лиценциве, као еве ние работиме нешто, ама на крајот пак „кучињата ќе лаат, карванот ќе си врви„
     
  5. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2011
    Messages:
    1,087
    Likes Received:
    1,151
    Овие па по соц мрежи болесни за лајкови и оптеретени со себеси, та јавни та непознати… Не смее да трпат чиа пудинзите и селфињата и аутфитите, реклами, терминчиња за трепки, патувања, акции, кафиња, абе сопрете се егоисти, сопрете. Никому не му е гајле за вас, посебно не во моментов. Колку и да е за вас тоа најстрашното нешто на свет, да сте небитни. Епа небитни сте,и ништо нема да пропадне ако се воздржите од глупата себепромоција неколку денови кога цела земја е во колективна агонија. Резил!
     
  6. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Joined:
    Aug 21, 2022
    Messages:
    942
    Likes Received:
    3,380
    што се чудиш тоа се класични партиски пиунчиња.
    Прво и основно за да влезеш во партија и да трчаш за неа треба да си опериран од се и да имаш образ ѓон.
    Затоа се и луѓето иселија и останаа само таквите што допринесоа до ова.
     
  7. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Joined:
    Dec 22, 2024
    Messages:
    774
    Likes Received:
    3,293
    Gender:
    Female
    Не треба да се сведува само на проверка на ливче хартија, треба надлежни органи на терен и кој дал изјава дека е комплетно опремен, а на лице место гледаш не е така казна. Ама ова е пообемна акција и се надевам доследно и регуларно ќе се спроведе и ќе наметне низа законски измени.
     
  8. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Joined:
    Dec 9, 2022
    Messages:
    263
    Likes Received:
    537
    Gender:
    Female
    Најнебитно е сега да ги напаѓаме кој што објавил, искрено…
    Јас не објавувам ама кој што сака нека прави, жалењето е подлабоко во душата и тој што не ставил стори за соучество не дека не жали или дека е психички добро во моментот
     
  9. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Joined:
    Jun 1, 2011
    Messages:
    1,087
    Likes Received:
    1,151
    Те разбирам и не велам дека е задолжително секој да објави содржина поврзана со трагедијата за да се знае дека сочувствува. Но не можам во себе да најдам разбирање за особи што во моментов се прават како да си продолжува најнормално секојдневието. Подобро ништо нема да ставам отколку лични и комерцијални објави кои ми покажуваат tone deaf бизниси и личности, ако веќе немаат како да помогнат.
     
  10. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2020
    Messages:
    1,368
    Likes Received:
    3,175
    Gender:
    Female
    Само си го потврдуваме менталитетот, реков јас, престиж дека знам човек и ќе завршиме работа. 137 страни се испишаа од неделата. Зборуваме за корупција и нефункционален систем. Зборуваме дека треба да се погледнеме во огледало и да почнеме од себе. А од друга страна имаш чувствителни фотографии, рекла казала муабети, кликбеит портали. И ова само од народ. Политичариве не можам ни да ги пофатам. Ужас е мал збор за нас.

    Фамилиите се едно, јавноста е друго. Не треба ни да знаеш сензитивни детали а не пак да ги споделуваш.
     
    Anyshka, Abel, WarriorAngel and 3 others like this.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2013
    Messages:
    4,790
    Likes Received:
    15,606
    Gender:
    Female
    Може не е момент, ама и тие што објавуваат (барем неколку, кај мене во пријатели) ни бутур ни ништо не им е за несреќата. Туку само да бидат дел од мнозинството колку да се шкртне нешто (нажалост, дека нема како да бидат присутни поинаку).
     
    Anyshka and JoyJoy like this.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Joined:
    Mar 30, 2017
    Messages:
    5,284
    Likes Received:
    35,396
    Gender:
    Female
    @Цвет88 детето заслужува да знае што се случува. Ние веднаш му кажавме (има 9 години). Му кажавме дека е во ред и ние да сме тажни ама дека тој ќе биде во ред и ние го штитиме (реално сам никаде не оди сеуште). И на школо зборувале во Понеделникот со наставничката. На секоја возраст има соодветни начини на соопштување.
    @Lilit ОК е. Сите сме ние криви само тие што треба да бидат не се. Ако така ти е тебе подобро така живеј си. Среќно и весело.
     
    Anyshka, Milobebence, crimson and 5 others like this.
  13. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Joined:
    Oct 17, 2014
    Messages:
    1,270
    Likes Received:
    22,068
    Не Лејди, овој е тој Карадакоски. Друг , кој само се водел како менаџер.
    Деко или Дејан ( не сум сигурна во информациите) ако не се лажам е газдата на објектот, и за тој јас никаде не чув дека е однесен на разговор , притвор , било што...

    Некој ? :?: Се знае нешто што е со газдава ?
     
    Sofi.ja and LadyC like this.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Joined:
    Nov 12, 2019
    Messages:
    4,251
    Likes Received:
    6,396
    Gender:
    Male
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Joined:
    Aug 28, 2021
    Messages:
    6,385
    Likes Received:
    31,675
    Gender:
    Female
    FB_IMG_1742390215590.jpg

    :l:
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,770
    Likes Received:
    141,831
    Во однос на екипираноста на Државниот пазарен инспекторат и дали има доволно кадар за над десет теренски тимови, портпаролката рече дека во тимовите за контроли учествуваат и стручњаци од други надлежни институции, вклучувајќи го и МВР, искусни градежни работници, од Трудовиот инспекторат, УЈП и Финансиската полиција, како што рече, „сите што може да придонесат во утврдување на условите“.

    На прашањето дали ќе се проверуваат работата и условите и за други угостителски објекти, освен за кабареа, ноќни и диско клубови, Митева одговори дека се актуелни тие со лиценци бидејќи „од таму и започна целата ситуација“.

    На прес-конференција вчера таа информираше дека во околу 50 контроли што Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ги извршил на 16 и 17 март на територијата на државата во угостителски објекти со лиценца за кабаре, ноќен клуб, диско клуб и за диско клуб на отворен простор, утврдено е дека 22 имале лиценци, на 15 им била истечена, а за неколку немало податоци дека воопшто поседувале лиценца.



    Се нека затворат.

    И се надевам нема да снимаат утре у фаците на луѓето на погребите, како вчера што снимаа за шоферот и поворка и мајка му, загреови луѓето. Толку па сериџии и крвожедни луѓе не сум видела.
     
  17. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Joined:
    Dec 9, 2022
    Messages:
    263
    Likes Received:
    537
    Gender:
    Female
    Абе како што гледаш и ние дремиме на фемина очигледно и не помагаме моментално ништо, не сакав искрено да коментирам и сите овие денови само читам ама цело време има коментари кои ми бодат очи… почнувајќи од тоа со малолетните, па како не знаеле дека нема лицента итн… и сега ќе мешаме во оваа тема зошто некој објавил пост надвор од несреќата.. најдобро да остане темата за информации поврзани со несреќата
     
    Anyshka and eliesaab like this.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Joined:
    Aug 7, 2012
    Messages:
    17,252
    Likes Received:
    118,914
    Gender:
    Female
    Не кријам од ќерка ми има 7 години сама виде на вестите и разбра што се случило. Знае да чита.
    Разговаравме после со мене, ми рече знам кај се децата од диското, знам дека се на небото :(
     
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Joined:
    Mar 2, 2019
    Messages:
    5,156
    Likes Received:
    26,054
    Gender:
    Female
    Ја се надевам дека имаат грам мозок, душа и образ тоа да не го направат. Ја сум згорзена од новинариве, посебно тие од Србија што буквално го пикаат носот кај што не треба. Рибникар,тоа детето Матеј што беше во Дунав најдено, ред други.. одвратни се
     
    Anyshka, wendy2 and Cka like this.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,770
    Likes Received:
    141,831
    Разговарам како со возрасен.
    Вести не сме пуштиле, нема видено ништо, ама на школо зборуваат и и објаснивме се што може да се објасни. Имаше вчера насоки од МОН како да се разговара со децата за пожарот, се понудија и психолозите ама ние не дозволивме да ја трауматизираме. Лошо на пример дека е надвор од рутината што нема музика на радио насабајле, а нас тоа ни беше утрински ритуал, музика и хороскоп. И праша до кога ќе жалиме и ќе бидеме тажни? Деца.