Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Колку и смешно да звучи, на народот му треба пред се морално и духовно освестување и просветлување. Не можеме да очекуваме да запре корупцијата ако ги учиме децата дека се глупави ако му паднала раката во медот и не лижнат од истиот!! Крадењето, земањето мито се косат со моралните вредности! Се додека се нормализираат некои работи, нема ништо да може да се смени.
    И џабе ако поединци се свестени, маса на народ треба да се свести за да има промени!

    Бтв: ми се гади од сите што во денови на жалост ги полититизирате настаните. И од едните ама и од другите што едвај чекате прилика. Остај то шо можевте да спречите модуларни, дурмо турс настани па не успеавте ни да лечите, сеуште кабелот е на слобода. Дадовме колективно шанса на други, остајте да видиме како ќе изиграат овие сега. Мизерни сте, денови на жалост се а гледате очите да си ги ископате едни со други. Може и вмро да го снајде истото што го снајде и сдсм - го знаат тоа многу добро и верувам дека им е мило столчето и овај пат мора да има одговорност, инаку со време да се самоукинеме.
     
    На M.B., Victorian, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Ох девојче колку си само во право. Ама нема тоа да се случи. Ќе се продолжи со исто темпо, се додека они не наредат. Кај нас знаеш ли што се случува ако одиш по закон? Ќе те парчосаат...Ќе те најдат во некоја сообраќајка, или во долина како многу што најдоа? Не се работи тука за мито и корупција. Не бидете наивни...
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    98.987
    Се изнасобраа пари, денар нема да дадат лешинарите. Странски донации, од народот, од бизниси поголеми и помали... Нема да кусат од касата, ќе има за нив.

    Во однос на делување, делував и јас, поточно не изигравав партиски полтрон, паметна јас млада и полетна како децава сега, со работа ќе се докажувам(facepalm) Епа окркав 3 год мобинг од секој од кој што можев да добијам и на крај си седнав дома. Ништо не докажав, ништо не се смени, се си е исто години покасно, дури и полошо.
    Само парталите и адиос пеколу му е мајката.
     
    На Bezimenka90, M.B., potatoface и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.589
    Пол:
    Женски
    Ете и кај нас имало, сум изумила.
    Од некоја причина ним позната, секоја влада сака што помалку жртви да прикаже, тоа ми беше зборот. Во актуелниов случај е потешко да се заташка бројот на жртви, ама и те како може да се заташкаат сите останати работи поврзани со трагедијата.
    ————————


    Ви текнува на Дурмо? Газдата си остана слободен. Автобусите не престанаа да возат ниту еден ден. Знаете кој отиде во затвор? Синот на комшивката кај мајка ми, кој притиснат од газдата ставил потпис дека автобусот е во добра состојба и може да вози. Дали е виновен? Апсолутно да. Можел да одбие да потпише и да не учествува во загрозување на животите на други луѓе. Газдата секако е највиновен ама секогаш помалите риби одат зад решетки.

    Дали треба да ќутиш и трпиш и да вратиш к15 оти иначе ќе те отпушти? Дали треба да ќутиш и да учествуваш во се што е погрешно во системот? Апсолутно не. Ама треба сите што враќаат к15 да пријават. И да заминат од таму. Сите што биле вака или така притиснати да направат нешто што е против законски треба да одбијат.
    И да те отпушти, ќе бараш друга работа. Ако не можеш да најдеш таму ќе смениш град, ако не ќе смениш држава, континент.
    Ама не, не мораш да учествуваш во криминал само оти платичката ти е сигурна. Сите сме системот. И сите носиме одговорност за него. Само затоа што има големи криминалци, не го амнестира нашето мало учество. Системот е слика на сите нас, не само на големите.

    Кај нас, најлошо е тоа што не доведоа до тоа дереџе да не осиромашат толку многу за да можат да не контролираат полесно. Да живееш од плата до плата и секако тогаш е потешко да даваш отпор. Ама, во меѓувреме секогаш можеш да бараш друга работа.
    И залудно е да очекуваме свеста да се смени толку лесно, а и не доаѓа кај сите наеднаш. Доволно е еден по еден да почне да се буди и да почне да дава отпор. Иначе во право е Лилит, ситуацијата е само мојот гз да е сигурен. Затоа се тоне.
     
    На Victorian, CameliaMiller, JuLleE и 12 други им се допаѓа ова.
  5. vans001

    vans001 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2025
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    52
    Кажа еден татко од преживеаните деца дека не се проширил толку брзо пожарот, дури неговата ќерка излегла со пијалокот и по некоја минута пак влегла и пак излегла и дури после почнало стампедото, Survival instincts 0, јбт толку ли луѓево не знаат колку опасен е огнот, чадот, јаглеродот моноксид итн. не се дечиња, возрасни се. Некои работи не ми се јасни. И на видеото кај што е пламенот уште мал требало одма да се реагира со таа една пумпа што ја имаа а не они искулирани (facepalm)
     
    На Снегулк@23, Bitter-Sweet, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.395
    Пол:
    Машки
    Барем јас колку што знам, има и од Пробиштип и Виница што се починати.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.395
    Пол:
    Машки
    Сеуште се чудам, како видеото од тоа малото дете во Кочани кое збори на англиски за корупцијата, не стана толку вирално кај нас и во странство...:^)

    Дали некој намерно пробува да не стане вирално и гледано?.
     
    На Снегулк@23, winnie02, Аргентина * и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    9.543
    Се пишува по тоа што има инфо. Погреби ќе има само во Бутел и Лисиче.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    12.728
    Пол:
    Женски
    Душа ќе немам утре цел ден……..
     
    На Miss666, Bubish26, Hellobeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  10. dejanadejana777

    dejanadejana777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    438
    Пол:
    Женски
    Владата донесе заклучоци и протоколи за утре. Пуштете Канал 5.
     
    На Снегулк@23, ALISA0000 и krofnicka27 им се допаѓа ова.
  11. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    959
    Епа добро, ама тоа не е точно, за жал.
     
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Епа, кога ќе пишеме тука дека се заплашуваат луѓе, сме го политизирале случајов :^)
    Ај, важи |(
     
    На Mother of 2boys, JoyJoy и DS10 им се допаѓа ова.
  13. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    3.958
    Пол:
    Женски
    Што кажаа?
     
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    98.987
    Стварно ли на луѓево не им е во волку мн години јасно дека - ДА, ИМА И ЗАПЛАШУВАЊА И УЦЕНИ од политичката партија која e актуелно на власт. Па овде и нема друг начин на функционирање.
     
    Последна измена: 19 март 2025
    На Mother of 2boys, Bubish26, Компир Манџа и 3 други им се допаѓа ова.
  15. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Кога пријавив дека ми бараа мито во пиом и дека на вибер ми пишуваше човекот што работеше на шалтер, што е злоупотреба на лични податоци нели, го избркаа човекот од работа. После неколку дена ми дојде дома на врата, трудна бев и сама. Повеќе не сум била исплашена во животот. Не раскажувам понатаму ама што сменив јас со тоа освен што од тогаш сум во стравови кога и да заѕвони некој дома?
     
    На Anyshka, MeowMeow, sparklie и 17 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    доискажи се.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Ама јас 100% се согласувам со тебе ама едноставно не секој може да си го дозволи тој “луксуз” да пријави, за жал.
     
    На Anyshka, MeowMeow, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Не знам, добар дел од тие што зборат за политизација се партиски поттрчковци, другиве најверојатно се наивни и веруваат во еднорози :nod:
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dejanadejana777

    dejanadejana777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    438
    Пол:
    Женски
    Накратко, на подрачје на Кочани, ослободени од работа сите, протоколи за безбедност при известување (ќе има посебна зона за новинари), забрана за дронови секако.
     
    На Снегулк@23, Victorian, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  20. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Со цел памет отворив без да ѕирнам кој е, се стаписав кога го видов, тргна да влегува да ја бутне ширум вратата и не знам со која сила успеав да затворам и заклучам. Одма се јавив на маж ми, одма полиција, он избега. Дадов изјава еднаш иако бев преплашена дека ќе влошам ситуација, отпосле рекоа го викнале на разговор да го предупредат и толку. Тоа беше тоа.
     
    На MeowMeow и JoyJoy им се допаѓа ова.