1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.772
    Допаѓања:
    323.473
    Од Кочани беше.
    Јас не сум толку вешта , ама колега ни покажа.
    Дури коментираше како се познавале јаки камери со незнамколку пиксели како оддалеку можеле да снимаат.
    ...абе во ковчегот се пикнаа.

    Жива беда од луѓе
     
    На simoncelicius, JoyJoy и LiliBoz им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.282
    Допаѓања:
    89.614
    Пол:
    Женски
    Никаква етика од странските медиумски куќи.
    Лешинари.
    Исто се лешинари сите кои 1 евро не донираат за семјествата ама за мудрување и плукање се први.
    Сега е најважно да собираме пари.
    Лекувањето ќе биде екстремно долго.
    Можеби година , две, три.
    Семејствата на болните треба да функционираат цело време.
    Да, државата ќе плати престој, превоз за родителите но да собираме пари луѓе.
    Ќе им требаат.
    Вие исто во дијаспора имате сигурно некој клуб, црква, здружение.
    Да напоменам,ученици и студенти во државава први собраа пари.
     
    На Oneo, tambelina, malerozna и 18 други им се допаѓа ова.
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    15.616
    Секоја чест и пофалба за солидарноста и разбраноста на нашите телевизии и медиуми (со исклучок на неколкуте пАртали). :bow:
     
    На kozuf, TammiB5, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.371
    Допаѓања:
    137.758
    20250320_174203.jpg
     
    На Ivan4e04, ideniki1, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.133
    Допаѓања:
    27.432
    На Skorpija25, perlaa1, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    3.770
    Пол:
    Женски
    Ахх бре Македонијо како проколната да си,најцрни клетви,поцрни не можеа да бидат…Цел живот имаме рани и истите никако да зараснат..

    Кој водич ќе дојде нас да не оправи после толку наталожени години и после волку маки..Пуштените корени оддамна се тука трули.

    Како и Бог да кренал раце од нас…

    Толку убаво парче земја,толку убави деца имаме,паметни деца,таленти имаме како сите да ги загушуваме во оваа темнина..

    Кривците-убијците на иднината се многубројни,тие големците ќе се заштитат,пак,како и секогаш.И тие и нивните деца..Нивните фамилии црно нема да носат цел живот..

    Ниту сите ние ќе носиме црно цел живот,ниту ќе плачеме цел живот..Ќе помине недела,две,месец за некој и два.Светлината кај нас пак ќе светне.Душата нам ќе ни се разбуди од овој кошмар,ќе ни пропее пак душата..

    Децата,најблиските,домашните низ дома пак ќе си ги гледаме..Баш коа се ова ќе стивне ние со нив ќе си бидеме ќе си ги гушнеме,ќе си се поткараме и чекорите и животот кај нас ќе продолжат.

    Ќе одиме може и на протести и на собири,да ја добиеме правдата (и го молам Бога правдата да ја добиеме) ама дома кога ќе се вратиме фамилиите,децата,родителите пак ќе можеме да си ги гушнеме.

    Белег и болка најголема ќе остане кај родителите на тие 59 души.Болка за цел живот,болка додека не се сретнат повторно,некаде на подобро место,некорумпирано и чесно..

    Сите ние ќе зборуваме и пишуваме за нив додека е се вака уште свежо.Додека старата миризба на ова општество и на нашите “нормални” секојдневни животи не се врати..А,родителите,е тие навистина вечно ќе си ги паметат децата и болките за цел живот..Никој од оние што споделија на стори,никој од оние ожалостени пејачи,глумци,политичари,никој од нас..Ние пак ќе се насмееме,заиграме,гушнеме но тие не..Тие заедно како да ги закопавме денеска со нивните ангелчиња,со нивните деца…Е,за нив веќе навистина нема ништо да биде исто…

    Нека почиваат во мир,оваа никогаш веќе да не се повтори.

    Ова е еден од најтешките денови во нашата историја.
     
    На Sofia*, Herrera, kozuf и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Dekorado

    Dekorado Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Мене за среќа ништо не ми излезе ни на фб ни на инста. Јутуб немам отворено со месеци.
     
    На Anaroz1 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  8. Dekorado

    Dekorado Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    За жал или за среќа така е ... се се менува се тече ... се надевам само дека нема сите денес да лааеме како бесни кучиња, а утре нигде да не нема кога ќе треба да се бара правдата.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.997
    Допаѓања:
    118.052
    Пол:
    Женски
    Море би земала пред нос би им пуштала најморничави слики на секој оној кој дал амин за да работи "клубов".. би ги врзала на столици и нон стоп пред очи би им пуштала. Со крици со се.
     
    Последна измена: 20 март 2025
    На Mother of 2boys, JoyJoy, Dennings и 3 други им се допаѓа ова.
  10. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    5.182
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за нив...
    Да, да донираме...
    На 143400 има можност да се донира, :l: 100 ден за мене ништо не значат, но за некого се многу :)
     
    На tambelina, Cosmi, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.893
    Допаѓања:
    9.293
    Пол:
    Женски
    На другар фирмата Протон донираше 10000 долари.
    Халк банка донираше 50000 евра.
    Телеком донираше 100000 евра.
    Телекабел донираше 1.000.000 денари.
    Мојата фирма (помала е) донираше 1500 евра.
    Да ги пишам овде тие што направија добро дело.
     
    На Oneo, Sielo❤️, MeowMeow и 56 други им се допаѓа ова.
  12. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    1.795
    Пол:
    Женски
    Не е изградено по правила, имало сунгери ставено кога го спуштиле кровот и лесно запалив материјал заради звучна изолација така објасни обвинителот, целото диско било така обложено. Прскалките малку фаќаат и лесно се запалило. Од огинот паднал кровот, едно дете рече слушнало како нешто да пукнало, можда спој со струјата тоа ќе покаже ваљда истрагата. Доста жртви се заради падот на кровот, ете фамилија на една од жртвите кажа дека паднал кровот врз него и добил струен удар.
     
    На 1209, JoyJoy и Ana.brojka им се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.148
    Допаѓања:
    27.206
    БРАВО.
     
    На Konfetka, anggell, flower30 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    5.182
    Пол:
    Женски
    Доказ дека сеуште постојат луѓе со големо Л :l:
     
    На flower30, JoyJoy, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.306
    Допаѓања:
    13.349
    143 400 јас донирав вчера или завчера.

    Еден од националните канали, објави прилог како тоа сите ни завидувале, како брзо реагирале сите, многу спремни, па пуштија дури 7-8 граѓани како тоа сите брзо реагирале, па потоа и една докторка како се фали дека многу сработеле. Пропаганда. Истиот канал прекрши ден на жалост со народни приказни каде оди музика рампппраррараарам, тамтам, опаа иха.

    Реално, да не ни е Европа, кучињата алот не ни го јадат. Истата Европа која злобниците ја навредија и распаднаа 1.000 пати. Дно. Бугарски пратеник собрал 35.000 евра за повредените. Србите собираат, кој стигне помага, за среќа.
     
    На Sofia*, JoyJoy, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Sleepy

    Sleepy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Сивус/Киншифт знам дека исто донираа 1.000.000 денари.
    Да се надополнам и Крис Павловски од Rumble, исто така 1.000.000 денари.
     
    На MeowMeow, Ivan4e04, Malesia и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.906
    Допаѓања:
    12.189
    Пол:
    Женски
    И фирмата кај што работам 17.000 евра донираше плус директна финансиска помош за вработените засегнати од случајот и психолошка поддршка за сите вработени.
     
    На MeowMeow, Ivan4e04, Malesia и 12 други им се допаѓа ова.
  18. ataneR

    ataneR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    354
    Пол:
    Женски
    Аман Тања секој еден коментар поврзан со државата ти е негативен. Океј државата далеку од тоа дека ни цвета, ама мора ли до толку во секоја тема за политика да се јавиш со теории на заговор и како ништо не чини? Едно е да се коментира за ваков ставичен настан, друго е постојано да се сее негатива и незадоволство
     
    На MeowMeow, Ivan4e04, Konfetka и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Женски
    Самата иницијатива е бесцелна.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    8.331
    Пол:
    Женски
    Да бидеме реални, сите најголеми човечки катастрофи се овековечени, дали преку звук, слика, видео кадар. Од сите светски војни, земјотреси, поплави, погреби, судења, убиства. Оваа трагедија нѝ е најсвежа рана, наша е и најмногу нѐ боли. Ама е во низата на уште стотици други. Секоја чест на новинарите кои одлучија овојпат да биде поинаку, иако можеби мотивацијата за некои беше повеќе страв од јавен линч, не вистинска етика.
     
    На Konfetka, жули, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.