Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Немој за докторите овој пат.
    .. Немој.
    Знаеш како е да се грижиш за сите оние кои се во болница моментално?
     
    На MeowMeow, rainbowec, Ivan4e04 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Машки
    Немаше ни забрана за снимање.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Машки
    Додека бараме водич, државата ќе ни се расцепи. Не треба да чекаме водич. Јас, ти, другиве од форумов, целата младина, треба да бидеме водичи на Македонија и народот. Државата е на младите, а не на сектите од сдс и дпне.

    Системот е трул. Ако сега не кажеме ,,доста е", може да ја дадеме државава на присвојување на соседите. Никој не сака да живее во вакво труло општество, полно со корупција. Рачунајте дека и вие утре ќе имате семејство и деца. Дали ќе сакате и вашите деца да го поминуваат истото?

    Ако има протест, јас ќе искочам, а за вас не можам да кажам или да ве повикам тука јавно. Самите треба да си знаете.
    Не се плашам од следбениците на Сорос што ќе излезат на протестите. Ќе ги препознаеме, ќе ги исшамараме и ќе ги пратиме дома.

    Народот е гневен. Јас сум гневен. Сите сме гневни. Ова е трагедија од огромни размери. ДЕЦА ИЗГОРЕА, а не цвеќиња. :@
    Замислете од сега како ќе живее Кочани, па и целиот тој исток, кој е утепан на секаков начин.

    Ставете си сите прст на чело и размислете што ќе се прави. Тие што сте партиски испопикани во администрација и било каква државна работа, и вие ставете си прст на чело. Ние што не сме на државно вработени ќе се иселиме, а вие ќе останете со кучињата на улица да се дружите и да пиете кафиња во кафичи.

    Од мака сите ќе се иселиме, а не од што ни е убаво во Германија и Америка.

    Извини, да не ме сфатиш погрешно, но на сите се обраќам, не само на тебе, но твојот коментар ме мотивираше да го пишам ова.
     
    Последна измена: 20 март 2025
    На tambelina, Trexane, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    12.724
    Пол:
    Женски
    Која е женава што гостува на Канал 5 моментално?
     
  5. black20

    black20 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2025
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    123
    Ѓулистана Марковска
     
    На krofnicka27 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.865
    Допаѓања:
    129.712
    Пол:
    Женски
    На Сител пред малку ги кажаа имињата на починатите. Срцето да ти се прекрши на парчиња... ;(
     
    На Victorian, Anaroz1, simoncelicius и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    2.478
    Пол:
    Женски
    Така е не мора за се да се биде негативен, за многу работи не сме како што треба но не е само да се плука, овој пат не спрема докторите па и спрема новинарите. За многу работи имаме недостатоци но овој пат ме боли кога ќе речат нешто за докторите. Не 200 туку 300÷ имаат дадено, со оглед на тоа што 170 тешко повредени им се донесени во ист момент и што е најбитно сите повредени се спасени и стабилизирани. Тој европски фонд што фала богу министерството или владата го активираше сабајлето одма, постои за вакви трагедии зошто нема здравствен центар што може да се справи со ваква катастрофа. Романија во пожарот во диското пред некоја година не го активирала и имала многу повредени што починале. Новинарите денес исто беа на висина на задачата и не пренесуваа снимки и слики.
    За донациите пак ние стално донираме како град Скопје и како држава исто, па и знам имаше хуманитарни акции и за Србија поплавите и за Турција земјотресот, нормално е и за нас да донираат. Битно е да оздрават повредените а виновниците да одат во затвор. Исто битно е да се оди во војна со корупцијата, тоа е најголем проблем во државава реално и оваа трагедија немаше да се случи да беше се по закон.
     
    На simoncelicius и JoyJoy им се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    13.482
    Пол:
    Женски
    l6d5e9.jpg
     
    На Mother of 2boys, Victorian, Trexane и 5 други им се допаѓа ова.
  9. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    5.530
    Пол:
    Женски
    Има објавено список на сајтот на МЗ и по порталите...
    Туку, денес дознав убава вест, еден од повредените заздравува,добар е, да не губиме надеж, да бидеме позитивни :l:
    Им посакувам што поскоро заздравување на сите повредени во несреќата, што побрзо да се гушнат со најмилите...
     
    На Trexane, mal.ecka, Fenix05 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    17.549
    Пол:
    Женски
    Треба и имиња да кажат и слики да стават и да се раскажува колку биле успешни,да си патиме за тоа што го загубивме.
    Да не ги заборавиме и децата што се по болници,зошто во глобала таква нација сме,секое чудо за три дена.А тек почнуваат трошоците на родителите кои со месеци ќе бидат на лекување по целиот свет.
    Бог да ги прости
     
    На Herrera, Victorian, Trexane и 7 други им се допаѓа ова.
  11. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.842
    Допаѓања:
    7.096
    Кој ги пушти албанските медиуми да снимаат? Лешинари.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.269
    Допаѓања:
    35.190
    Пол:
    Женски
    Докторите се хеори. Нашите доктори се ѕверови од доктори. Чуда прават имајќи во предвид како лошо ги третираме и колку гнидите од политичари малку пари им даваат (другото го кркаат) ѕверови се.

    А нашиве корумпирани покитичари додека не можат да се откажат од пола денар Бугарски пратеник собрал 34000 евра https://tocka.com.mk/vesti/512813/bugarski-pratenik-sobra-34-200-evra-za-nastradanite-vo-kocani. Ете нека трепка за сите "патриоти".

    Од Понеделник сите да ги реметиме сите градоначалници, полицијаци и се за секоја грешка што ќе ја направат. Да не им попуштиме за ништо. Ама и да не фаќаме врски.
    Не е битно која партија е на власт. Сите треба да работат за државата, не за партијата и сопствениот џеб.
     
    На Oneo, GirlVolley, MeowMeow и 39 други им се допаѓа ова.
  13. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Женски
    Малку ќе сум оффтопик Хрватска немала ден за жалост.
    Албанија и Косово имаа ?
     
  14. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    2.478
    Пол:
    Женски
    Што зборува?
     
  15. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Србија,Црна гора и Босна имаа.
    Мислам дека и Бугарија,некаде прочитав така.
     
    На sj *O* и Lotus Girl им се допаѓа ова.
  16. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Приведен е градоначалникот на Кочани и двајца негови претходници.

    Им текна…
     
    На Trexane, mal.ecka, KuklickaSk и 14 други им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.274
    Допаѓања:
    226.755
    Пол:
    Женски
    таман си е
     
    На mal.ecka, simoncelicius, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.028
    Допаѓања:
    117.521
    Пол:
    Женски
    IMG_20250320_191613.jpg
    Во првото има кривични дела кои се делат на: кривично дело со СТОРУВАЊЕ или со НЕСТОРУВАЊЕ.
    СО сторување знаете веќе пример убиство.
    НЕсторување е кога нешто ти е должност да правиш по опис и попис на работа ама намерно НЕ го правиш. Таков примерот кога пример инспекциите надлежни за тоа НЕ провериле дали дискотеката исполнува услови за она за што е пријавена да работи односно - кабаре
    Ова погоре е извадок од закон за полиција и внатрешни работи.
    Нема повеќе да ја коментирам така наречената полицајка.
    Не сум правник ама ова го знам. Нека ме поправат правничките ако грешам.
     
    Последна измена: 20 март 2025
    На Herrera, tambelina, Ahoy и 7 други им се допаѓа ова.
  19. black20

    black20 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2025
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    123
     
  20. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Женски
    Го гледав затоа прашав за ,,најблиските,, соседи