Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.270
    Допаѓања:
    89.537
    Пол:
    Женски
    Мислам сите треба да се обидеме малку да бидеме рационални и прибрани.
    На сите ни е жал.
    Ама Не е тема, ни време, а и не е убаво да читаме само колку на нам ни е тешко, или во каква ментална состојба сме, кога има луѓе на кои им е најтешко денес.

    За погоре што пиша некој, да за респект е што се притворени сите тројца градоначалници.
    Тоа е исправен почеток.
    Не ме интересираат кој од која партија бил.
     
    На Oneo, BlackNight, sj *O* и 29 други им се допаѓа ова.
  2. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.844
    Пол:
    Женски
    Пробав да избегнувам да не читам ама не бива. После 4 дена уште ми е неприфатливо, нереално и несфатливо. Неописливо ми е жал за сето тоа низ што поминале. Изминативе 4 дена сакам само да се лош сон од кој треба секој момент да се разбудам. Нека почиваат во мир, а не преживеаните им посакувам трпение да го издржат целиот период што им претстои и брзо закрпенување.
     
    На Konfetka, Victorian, elenaa0805 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.680
    Допаѓања:
    40.892
    Пол:
    Машки
    Кабарето „Пулс“ од Кочани работело 12 години. За тоа време се смениле три градоначалници – двајца од ВМРО-ДПМНЕ и еден од СДСМ. Еден од нив, бизнисменот и поранешен градоначалник Ратко Димитровски, живее на околу 100 метри од локалот, но со „очи широко затворени“. Сите тројца градоначалници, полициски началници, претседатели на локални судови, пратеници од власта и опозицијата, обвинители и инспектори членувале во локален совет за превенција - тело кое требало да ја подобрува. безбедноста и сигурноста на Кочанчани. ИРЛ разговараше со дел од нив. Некои не се ангажирале многу, други никогаш не биле на седница оти не знаеле дека се членови. Прочитајте ја целата сторија на линкот.

    480973987_1401112384626205_4369642549035385867_n.jpg

    @ИРЛ
     
    На tambelina, IRBBB, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.673
    Допаѓања:
    8.602
    Пол:
    Женски
    А вие знаете како дејствува јаглеродот моноксид од чадот?
     
    На IRBBB, Angie1432, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.680
    Допаѓања:
    40.892
    Пол:
    Машки
    Веб - страница со податоци за индивидуални сметки и состојби за деца повредени трагедијата, моментална и редовно ажурирана:

    *Направено од Кочанчани, за Кочанчани, затоа што донираните средства од Црвен Крст, GoFundMe и другите места стигнуваат бавно и потешко до оние на кои им се најпотребни. Вака донирате директно на сметка на засегнатите на кои средствата им се неопходни и тоа брзо.
     
    Последна измена: 20 март 2025 во 22:04
    На awkey, rainbowec, Ivan4e04 и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.949
    Допаѓања:
    4.086
    Пол:
    Женски
    Или излегле или се задушени во другиот дел и мене не ми е јасно
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vans001

    vans001 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2025
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    51
    Се знае во каква состојба е детето Јован што спасувало?
     
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.673
    Допаѓања:
    8.602
    Пол:
    Женски
    Нема. А немаат ни другите настапувачи.

    Клубов однадвор изгледа како да е пред распаѓање а внатре како space shuttle, со какви светлосни ефекти и тоа видео бимот позади сцената....
    Што им требал огнометот покрај сето ова не знам.
     
    На Mumoftwo30, CameliaMiller, MarijaMi90 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.579
    Допаѓања:
    127.823
    Пол:
    Женски
    Прееска на вести кажаа дека е во стабилна состојба.
     
    На sparklie, tambelina, Smart.Girl и 18 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.945
    Допаѓања:
    117.768
    Пол:
    Женски
    Знаете кој ќе биде крив? Управителот и задолжениот за пиротехника кој е починат. Е така. Дека нешто градоначалнициве ќе го јадат, тешко. Евентуално некое писарче од Мин за економија и ДПИ што не ни знаел што потпишува или не смеел ни да праша. Евентуално и Панчо ако се извлече може да му накалемат нешто. Ниту еден политичар нема да иде у затвор, а Газда Деко ќе ја кидне.. како и многу други.

    Еве сега ќе има избори. Најголема казна... БОЈКОТ!! И едни и други и трети и шести.
     
    Последна измена: 20 март 2025 во 22:35
    На Oneo, sparklie, winnie02 и 28 други им се допаѓа ова.
  11. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    12.126
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе за жал, не знаат дека јаглеродниот моноксид е наречен уште и тивок убиец. Ја спречува нормалната оксигенација на ткивата, особено на виталните органи (мозокот и срцето). Жртвата едноставно не чувстува што и се случува и за жал, од изложеност на јаглерод моноксид се умира буквално за неколку минути.

    Затоа, на снимките жртвите во одредени моменти изгледаат како да не им е ништо.
     
    На sj *O*, christinnn, tambelina и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.010
    Пол:
    Машки
    Многу тешка година а скоро почната , секојдневно црни хроники по порталиве од сообраќајки , несреќи , пукотници, убиства. Колку ли само фамилии се зацрнеа за толкав период, кому ли згрешивме толку.
     
    На Снегулк@23, sj *O*, JoyJoy и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    12.126
    Пол:
    Женски
    Сами си згрешивме, сами.

    “Уживај, имам човек таму, ќе среди” - тоа нѐ уништи.
     
    На Oneo, simoncelicius, sj *O* и 21 други им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.793
    Допаѓања:
    36.133
    Пол:
    Женски
    Ај, аирлија ]:)
     
    На JoyJoy, CameliaMiller и Cosmi им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.945
    Допаѓања:
    117.768
    Пол:
    Женски
    Мачкање очи..
     
    На senza.parole, JoyJoy, Realist1 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.805
    Допаѓања:
    44.471
    Пол:
    Женски
    Луѓе огномет имашеми предходно во Пулс, не е прв пат.
    Лани е реновирано диското и се ставени тие сунѓерите, и веројатно се спуштил плафонот.
    Како што реков тоа е зимно диско и не работи повеќе од 3-4м преку сила.

    Градочалниците можат да ги апсат ама веројатно нема да можат да ги обвинат. Од нив нема дозвола потпишано дискотеката да работи, всушност има јасна одлука дека не се дозволува работа на истата.
    Вина има у сите, ама конкретно не знам што да кажам.
    Реално ако нема сомнение вајда никој нема да оди да провери, а како би имало сомнение кога имал фалсификат дозвола за работа…
    Исто дискотеката немала дозвола за пренамена, газдата платил дебела пара за лиценца.
    Многу е заплеткан случајот. И сите тие што се во притвор веројатно нема да останат таму оти нема да можат да најдат докази за осуда.

    За Ратко не барајте правда да делел, Особа која ја знам ја смени од позиција кога дојде на власт оти сакала многу според закони да работи, не бивало тоа така.
    А таа е еден од најпочитуваните и најправедните членови на општината и еден од најучените, секој од градов ќе го каже тоа ако го прашаш, ама он ја отстрани од позиција која таа ја владееше оти почитувала закони….така да ништо не ме чуди.
     
    На MeowMeow, rainbowec, JuLleE и 19 други им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.120
    Допаѓања:
    27.159
    Обвинет е Панчо. А и без обвинение животот што ќе му биде кога останал без 6 најблиски, 53 луѓе загинале дури го слушале и над 100 останале со вечни лузни.

    На едно видео кога почнува огнот се слуша Панчо како вика на микрофон 'Деко гори тука '. А Деко прв низ врата според кажаното...
     
    На Oneo, sparklie, Sielo❤️ и 19 други им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.945
    Допаѓања:
    117.768
    Пол:
    Женски
    А не знаев дека е меѓу обвинентите..
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.680
    Допаѓања:
    40.892
    Пол:
    Машки
    Извини што те цитирам, само да го додадам ова, не сакав прееска, не беше моментот.

    FB_IMG_1742507227274.jpg
     
    На Waverly Raven, awkey, JoyJoy и 6 други им се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.120
    Допаѓања:
    27.159
    Полиција го чува 24ч пред интензивна нега. Во кома, интубиран.. да не избега.
     
    На simoncelicius, Seaborn, Waverly Raven и 6 други им се допаѓа ова.