Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025 во 06:34.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.713
    Допаѓања:
    40.009
    Пол:
    Женски
    Опасноста зависи од количината која ќе се вдише. Јаглерод моноксид не се ослободува само од согорување дрво, друг почест пример ти се цигарите кои исто така испуштаат јаглерод моноксид и секој кој е изложен на чадот го вдишува. Затоа и има различни нивоа на ефекти од јаглерод моноксид, почнувајќи од слаба изложеност без симптоми па сѐ до труење кое може да е полесно или потешко и смрт која настапува кога тоа се веќе многу високи концентрации, како при пожари или gas leaks. Улога има и дали човекот кој е изложен е во затворена и отворена просторија, т.е дали има циркулација на воздух. Трето нешто кое е битно и колку време си изложен. Затоа од седење покрај Бадников оган не се умира туку така.
     
    На Mumoftwo30, Waverly Raven, Puellapulchra и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Jokiii4

    Jokiii4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Дечки донирајте ако можете.
    Фала ви ❤️
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    3.296
    Пол:
    Женски
    Бев на свадба во Велес, не знам како се викаше ресторанот. Со базен и стаклени лизгачки врати. Апаратот за дим, за младоженците да играат валцер во облаци, почна неконтролирано да испушта дим кој гушеше. Не знам што е тој апарат ама да не го изгасеа уште 5 секунди ќе беше страшно. Почнаа луѓе да креваат паника и да бегаат. Од играчка плачка за малку.
     
    На Anyshka, sj *O*, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Во мојот град, таа една дискотека што имаше лиценца, вчера и е одзедоа, дискотеката работи нецели две години со еден влез и ред други неправилности.

    Не треба само да се одземе туку за таа неправилност што е направена да се бара виновникот зошто издал лажен документ на локално ниво.


    1.Општината и дала Употребна дозвола (Оделение за урбанизам)
    (Употребната дозвола потврдува дека објектот е изграден согласно со одобрението за градење и може да се користи за наменетата дејност.)

    2. Добиле согласност дека Исполнува минимално- технички услови од Дирекција за заштита и спасување.

    3. Добиле согласност за противпожарна заштита од Дирекција за заштита и спасување

    4.Добе согласност од државен санитарен и здравствен инспекторат од подрачното одрление

    5. Добиле извештај за мерење на бучава од општинската инспекција за животна средина.

    На основа на сите овие погоре спомнати дозволи и согласности се оди во министерство за економија се поднесува барање за лиценца .
     
    На Anyshka, Mumoftwo30, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    8.099
    Пол:
    Женски
    Луѓе некој од врчак нешто да не прочитал? Скоро од сите јавни личности прочитав објави со кои искажаа сочувство за децата што загинаа во пожарот,и за членовите од ДНК. Ама од Врчак не видов никаква објава. Па нели тој имал настапено со нив на претходниот настап. Вака блиски изгледаа.
     
    На Mumoftwo30 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  6. DonaLita

    DonaLita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Потпокно се согласувам со ова за Фросина фро што го кажа!
    Фросина постојано меша националности и шири негативност, користејќи трагични ситуации за внимание. Наместо конструктивна дискусија, нејзиниот пристап е провокативен и непочитлив. Ваквиот начин на однесување не носи ништо добро, освен дополнителна омраза и поделби. Еден ден ке го јаде стапот од некој.. нека продолжи така
     
    На ocicka2014, Компир Манџа, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    2.447
    Пол:
    Женски
    Не беше и џабе пишуваат така. Секакви гости имало. Од законски аспект - да. Ама такви се и речиси сите други.
    Се адаптираат секакви можни простории и секакви места се дискотеки. Дури и да била адаптирана, морало да се обезбеди соодветна адаптација и да се запазат сите законски мерки НАЈМАЛКУ. Вака кога ќе размислам во многу градови што имам одено, ниту една немам видено ништо од тоа што било задолжително. На крај, не треба ние како посетители да се грижиме за тоа, мора задолжените органи да си ја вршат работата. Зарем треба некој прво да провери што е потребно за некое место да биде такво место како што се нарекува, па да провери дали има два излези, има обележено место за излез, има лиценца за работа и еден куп други или да излезе за да си помине убаво на концерт...
     
    На CameliaMiller, JoyJoy и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  8. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    4.298
    Пол:
    Женски
    Не го чуваат да не избега, не бидете смешни..
    Го чуваат дека , 59 души загинаа на негов настап. Го чуваат дека јавно го обвинија него. Го чуваат да не во болка, гнев, му текне на некој дека Панчо е виновен.
     
    На elenaa0805, Ivan4e04, happygirl и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.345
    Допаѓања:
    137.496
    Негрижа кон малолетни деца. Кривично дело е. Едно од децата од 14 години е извадено надвор и однесено во полиција 10 мин пред пожарот, оти имал дрога. Еден од полицајците останал во диското да бара други малолетни. Го знам тој полицаец, загина, две мали дечиња имаше и фб му беше полн со храна што ја правеше за децата. Кога имаш дете на 14 год и у 3 ноќеска не ти е дома и не правиш ништо. Крив си
    Точно. Еднострано се гледа премногу, многу ограничени.
     
    На Ivan4e04, Anyshka, Mumoftwo30 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.766
    Допаѓања:
    80.273
    Пол:
    Женски
    Кога стигна Панчо на некој да му каже дека нивни се прскалките? Кој тоа го праша па министеров одма на прес стигна за тоа да изјави?
     
    На Mumoftwo30, Erika.greeneyes, Miss666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.920
    Допаѓања:
    117.697
    Пол:
    Женски
    Беше... за влакно се спаси. Не би да кажувам детали.
    @Bitter-Sweet Панчо пред да му се влоши состојбата бил контактибилен и свесен само на кислород. Состојбата му се влошува преку ноќ..
     
    На strelec231992, Sofi.ja, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.473
    Допаѓања:
    20.373
    Пол:
    Женски
    Ова истото го кажа една пејачка српска, што често настапувала. Вика првпат кога дојдовме мислевме дека сме утнале локација. Не личи на диско во ниту еден случај. Кога влеговме внатре , сосем друго видовме.
    Аххх…
    Што и да кажеме, нема да ги врати назад. Само Господ да е со тие што се лекуваат и да се најде вистинскиот кривец за ова.
     
    На L.i.n.a.a, sj *O*, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.802
    Допаѓања:
    44.458
    Пол:
    Женски
    На многу им се има така влошено состојбата. На мојата матична синот го испратиле дом уште вечерта само со гребнатинка и навидум здрав, за неколку часа му се слошува и сега е во странство.
    Не сакам да кажувам такви лоши детали ама многу од повредените иако се стабилни, физички се во многу лоша состојба.
     
    На macka91, L.i.n.a.a, strelec231992 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    11.731
    Дали се знае нешто за синот на Деко газдата? Зборуваат дека е сериозно повреден во болница а девојка му починала, колку е точно не знам.
    Многу шпекулации се пуштаат во јавноста, ете за Карадаковски испадна само изигран е во случајот, со тоа што го ставиле управите ќе биде.
     
    На Mumoftwo30, tambelina и JoyJoy им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.802
    Допаѓања:
    44.458
    Пол:
    Женски
    Точно е.
     
    На riba79 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.119
    Допаѓања:
    27.073
    Плуќаат на сите е во многу лоша состојба а дел се и со изгорени трахеи. Белите дробови не се регенерираат, сите што ќе преживеат ќе бидат со намален капацитет на бели дробови. Тоа што го доживеале е страшно.
    Мене ме плаши што по сите вакви пожари, после има голем број самоубиства кај преживеаните. Мора системов да најде начин да помогне и после првава фаза на опоравување.
     
    На Seaborn, Konfetka, strelec231992 и 25 други им се допаѓа ова.
  17. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    994
    Пол:
    Женски
    Ако ги апсат нив што биле наназад низ годините градоначалници тогаш треба и други функционери и лица коишто во тоа време биле на позиции како државни секретари, инспектори и други засегнати....
     
    На L.i.n.a.a, Anyshka, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    331
    А, кој би мислел дека нешто вакво ќе се случи?Еве прва јас излегував на 15-16 години, а и многу други. Дали е за пофалба? Не е. Дали моите дома знаеле?Да и ме утепуваа од пишување на пораки и од звонење. После прекинаа да пуштат малолетници секаде, буквално лична бараа за да седнеш на кафе, барем во мојот град па затпа прекинавме да излегуваме и почнавме пак кога наполнивме 18.
    Сега сите светци глумиме дека ние до 18 години ништо не сме правеле и дека хормоните не ни биле до плафон па сме сакале секаде да присуствуваме.
    И не сум само јас што сум излегувала на 15-16, цело мое средно и пола Балкан е. Плус, да речеме дека клубот бил полн со луѓе 21+ , која ќе беше разликата? Жртва е жртва и 80 години ако сака нека е. Целата ситуација е прежална што сите отидоа за да си поминат убаво и да си видат симпатиите и на крајот некои не ни излегоа од тој кокошкарник.
     
    На Seaborn, L.i.n.a.a, Coco31 и 29 други им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.802
    Допаѓања:
    44.458
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.
    Психичката траума ќе биде огромна. Мора да им де помогне на секој можен начин.
    Инаку да за белите дробови е точно, ама и последици од изгорениците има премногу надворешно, што исто така треба да биде тема на разговор со психолози секојдневно за да се стабилизират психички и физички.
     
    На Ivan4e04, Mumoftwo30, Ahoy и 10 други им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.764
    Допаѓања:
    254.186
    Чка, зошто прават рација, а не се прекинува музиката? Тоа ме мачи мене.
    Инаку затоа се скриени малолетниците во вецето.
    Башка наоѓаат дрога и забавата продолжува. Ова се пропусти.
    Има рација, затвараш дискотека и прекинуваш музика.

    Инаку законски е така, колку и нам да ни е нелогично, Панчо е обвинет, затоа е полицијата. Дали е и друго во прашање, не би рекла, со оглед што народот е гневен кон газдите и системот, а не кон ДНК.

    Инаку оние кои биле внатре, велат дека дискотеката била многу убава. Ете нашминкана испадна.

    А да, во Словенија пациените се во тешка состојба, со изгорена плуќа и изгорени повеќе органи. Нема прогнози се уште.
     
    На Sofi.ja, Ivan4e04, sj *O* и 15 други им се допаѓа ова.