1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025 во 06:34.

  1. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.155
    Допаѓања:
    4.255
    Пол:
    Женски
    Мене тој језиво ми изгледа денес. Којзнај шо му се десило, како чупенце некое е и само забите вештачки му се во прв план колку ослабел… и тој е уште во музичките води?
     
    Последна измена: 21 март 2025 во 09:31
    На Konfetka, Bebce1, Erika.greeneyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.703
    Допаѓања:
    115.337
    Пол:
    Женски
    Да така треба да е, апсолутно.
     
    На Konfetka, Dennings, Ivan4e04 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.984
    Пол:
    Женски
    Два пати имаше рација за малолетници и дрога во ноќен клуб пред еден месец кај што сум била. Клубот беше опколен со полиција и инспектори, музиката свиреше 5 минути и газдата им кажа да прекинат и да се запалат ламби. Обезбедувањето беше тргнато на страна да не може да се реагира. Ама таму вријаше полиција што и да сакаш не можеш да мрднеш. Дел од нив влегуваа насилно и во вц.
     
    На simoncelicius, Cosmic Girl, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.881
    Допаѓања:
    25.170
    Пол:
    Женски
    За донирање на нивна сметка и црвен крст да ама со ова нудење авиокарти и смештај мора да се престане. Кажаа неколку пати дека платени им се сите трошкови, имаат смештај, пациентите се на безплатно лекување. Бројот е достапен за јавување доколку им е потребно нешто и упорно се нудат смештаи к авиокарти. Во ред да бевме ок народ ама веќе има некои кои покушале да се докопаат до пари или патовање. Мора предпазливост.

    сега ќе бидам и многу сурова можда и глупа ама уствари за што контретно се донира?
     
    На Anyshka, Malesia, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.984
    Пол:
    Женски
    Точно, ама законот што вика?
    Малолетниците во тоа време кај треба да бидат и кој одговара за нив?
    Нели бараме закон?
    Па ако гледаме така на работите и газдата не знаел што ќе се случи, да знаел веројатно немало да дозволи пиротехника.
    10 минути пред тоа малолетно лице е изнесено со марихуана. Мислам за предходниот случај со Васил јасно ни е што се осудуваше. Ај ако не и за тоа да кажеме, па нели знаете дека и ние сме направиле грешка па родителите ни помогнале?
    Луѓе, закон треба да има и да се почитува, голема е тагата знам, на никој не би посакала, но време е да тргниме од себе.
     
    На Anyshka, sj *O*, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.293
    Допаѓања:
    13.241
    Во цела држава има само две-три фирми што можат да ти организираат пиротехника по закон, пријавена итн.
     
    На Freckles., JoyJoy и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.120
    Допаѓања:
    27.139
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.345
    Допаѓања:
    137.499
    Не знам, никогаш не ми се десило да има рација кај што сум одела. Ама па како малолетна никогаш не ми дозволиле после 12 да сум надвор. Знам дека врататрот еднаш у кафич не не пушти оти немавме лични карти, а беше 10 саат и се лутевме.
     
    На Konfetka, Cosmic Girl, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  9. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    1.160
    Пол:
    Женски
    Над 100 фамилии се надвор од државата. Незнам и јас точно како иде, ама сигурно е многу тешко да се организира и се потребни многу финансии.
    Децата ќе бидат на лекување подолг период, не е 5-10 дена. Родителите треба да бидат со децата. Освен што стасале до таму, за таму ќе треба сместување, храна и финансии за секојдневен живот. Некои патуваат секој ден по 20-30км за до болница да стасаат. Тоа во странство за наш стандард многу кошта. Во исто време овие родители не одат на работа, кој колку и дали зема плата е прашање. Плус платите во малите градови се многу ниски и голем дел од фамилиите живеат месец за месец. Кој колку има финансии за да го издржи ова.....кој знае.
    Сигурно и за пациентите ќе требаат дополнителни средства, иако се на беслпатно лекување сепак има дополнителни работи што ќе им требаат. Ете знаеш ко мајка, за едно растечено носе, ќе идеш на лекар и успат во аптека 1.000ка ќе отиде ко ништо.

    И за повредените кои се останати во мк исто сигурно ќе бидат потребни финансии. Лекувања, испитувања, психолошки поддршки. Иако сега имаме многу што се понудија за бесплатно, не е ова за недела - две. Долг процес на лекување ќе биде.

    Донирани се големи пари, потребно е сега добра огранизиација за парите да стасаат таму каде што треба.
    Еве на пример Роби Телекабел донираше 1.000.000. Ова е огромна сума, сега е битно само да се распределат каде треба. Да не се злоупотребува
     
    На Giovanna, Bozica1980, Konfetka и 24 други им се допаѓа ова.
  10. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    892
    Многу страници наназад, не знам дали некој од вас веќе спомна, но јас ќе пишам уште еднаш.
    Молкот за состојбата на Панчо и натаму трае. Последно некој од форумџиките пиша му е критична, но меѓувреме никој надлежен (доктор, специјалист), не се изјасни, веројатно од две причини.
    Или е премногу рано или ако е пододбро мудро ќе биде да не се изјавува, бидејќи како гледам на него ќе ја товарат одговорноста за прскалките.
    Но, дури и тоа да се случи, во вакви ситуации според закон треба да има олеснителни околности.
    Сепак, како постапката натаму ќе се одвива останува да видиме, ама не би да сме му во кожа.
     
    На Konfetka, eliesaab, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    233
    Нена, како се спасила Ана? Некаде надвор од форумот прочитав дека не била на овој настап воопшто, а на други места дека била али е во стабилна состојба. Ако била, она и Сара се секогаш една до друга, освен ако ете можеби била во подобра физичка состојба па не вдишила многу чад за среќа.
     
    На simoncelicius и JoyJoy им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.924
    Допаѓања:
    117.733
    Пол:
    Женски
    Сериозно ме прашуваш како се спасила? Како се спасила се спасила, тука да пишувам да потресувам луѓе за сензации не ми паѓа на памет.
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.766
    Допаѓања:
    254.223
    Па така се прави рација. Ова нивното не било рација.
     
    На Ivan4e04, eliesaab, sj *O* и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    892
    Мислам дека не се работи за сензации.
    Сите сакаме да знаеме што се случува со членовите од бендот кој го сакавме. Прашањето не е со негативен одзив, и мислам нема потреба од ваков одговор.
    Доволно е само да се пише општо, никој не побара детали.
     
    На Konfetka, simoncelicius, Seaborn и 27 други им се допаѓа ова.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.927
    Допаѓања:
    13.599
    Pa ti pisa deka se spasila za vlakno, a potoa se bunis zosto prasuva. Togas ne pisuvajte voopsto takvi raboti.
     
    На Dulceee, potatoface, sparklie и 33 други им се допаѓа ова.
  16. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.984
    Пол:
    Женски
    И да напоменам, инспекторите беа од друг град, нема фаќање врски..
     
    На Konfetka, fana, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.119
    Допаѓања:
    33.644
    Пол:
    Женски
    @nena2010 бојкот на избори е најлоша опција. Се додека мислиме дека само избори ни се решение ќе тонеме подлабоко. Партиите тоа и сакаат. Додека ние бојкотираме тие со партиски послушници доаѓаат на власт. И потоа истите тие партиски послушници ги држат во рака за се и сешто.

    Ако мене ме прашате ВМРО сега имаат историски шанса да се покажат државотворна партија. Да ја средат вистински државата. Ама од моабети они навистина не го сакаат тоа. Се жалат дека многу ги реметат. Оние што се запослени и на високи позиции а беа нешто многу знаења почнуваат да квичат дека народот не ги оставал на раат. Демек еве види некој ги организира студентите. А студентите јадни само сакаат да се безбедни. Само ако си се докопал до фотеља без знаења и од сенката ќе се плашиш и ќе бидеш послушник.
    Не знам зошто не сфаќаат дека во моментов сите сакаат промена на системот, не промена на власта. Само како што тргнале може и ќе им побараат смена на власта.
    Тошковски прави паради и попречува истрага со тие неговите прес-конференмции. Пак се мешаат во работа на обвинителство. За жал вака изгледа дека навистина не сакаат ништо да сработат вистински. Затоа е и овој сензационализам. Ете некој го сподели тоа што го напишала обвинителката од Тетово што работела на случајот со болницата. Истиот човек кој тогаш ја зезнал истрагата и сега е пратен во Кочани. Не сакам да верувам дека се до толку малициозни одредени структури во државава. Ајде еве да се даде шанса. Ама постојано да се следат што прават и да се реагира.
    И секој што е виновен нека одговара. И вратари и Панчо и сите. Нема сите исто да добијат пресуда. Секој според делото што го сторил. Мислам дека сите реагираме вака зашто сме гневни и бесни на политичари и локални моќници на кои им е дозволено да прават глупости. Затоа сакаме обичниот човек да не биде гонет. Ама се додека така мислиме го храниме ова чудовиште од систем. Сите да одговараат колку и болно тоа да звучи. Ама сите да одговараат и сите подеднакво да си отслужат казните. Да не биде градоначалникот слободен, а вратарите во затвор.

    И родителите имаат вина колку и жално и тешко тоа да звучи. Немаат кривична ама имаат морална. Не може сите да чекаме некој друг децата да ни ги среди. Имам дете. Знам како родители кукаат дека немаат контрола над децата (децата им се 9/10 години). Како не можеле да се погодат што да облечат па сакаат ако може униформи да се вовеле за да немале проблем. Сопствените грешки чекаат јадните наставници да им ги исправаат. Е па со тој менталител потоа не можеш да кажеш на некој на 16 години дека не смее да остане до 3 надвор. Тоа дете нема да те слуша. Зашто си попуштал од старт. За работи за кои не треба.

    Сите сме виновни. Затоа што молчиме и трпиме. Корупиранион Стевчо Јакимоски, што врапците знаат како се збогати, дозволи да се гради во двор на болница. Со фалсификуван документ од Завода за заштита на споменици. Со другар му Пуцко Петрол. И никому ништо. Утре нема да може Амбуланта да се пробие до бониците: главната Брза Помош за Скопје Запад, Воена Болница, ПЕТ Центар и Жан Митрев и тогаш ќе следат апсења. Па џабе ќе биде. Не сфаќаме дека секое ќутење води до ова до кое што сме сега.
    Ако дозволиме сега само контроли на клубови да се направат дубоко сме за жалење. Треба веднаш да се стопираат на активности кои загрозуваат безбедност на сите (пример ете таа зградата која е секако нелегална), да се контролираат сите градежни дозволи дадени во последните години. Да се види безбедност на болници, училишта итн итн. Да се протестира против земање патни трошоци од пратениците. Се да се донесе до некое пристојно ниво.

    За донации се сложувам дека требаат. Ќе требаат многу средства на живите за да го преживеат ова. Ние на работа собираме донации за долници за нормални основни работи како средтсва за дезинфекција, пелени за возрасни (од ова срце ми се кине) и со список даден од Црвен Крст. Ќе ги срапоредуваат каде што треба од Црвен Крст потоа. И сега е пак кој колку може да помогне. Психолошка помош ете има бесплатна организирана. Добри сем по душа сите (освен избраните на власт).
     
    Последна измена: 21 март 2025 во 10:07
    На Konfetka, boo3, Ivan4e04 и 24 други им се допаѓа ова.
  18. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    335
    Точно е дека закон треба да се почитува. Никаде не напишав дека е океј 14 години да поседува марихуана, мислам дека некои работи се подразбираат и точно дека малолетници не треба да бидат во диско ама што кога ги пуштаат?
    Еве јасно имам напишано, сме оделе се додека ни дозволувале локалите да присуствуваме на сите забави. Кога рекоа нема без 18 и тогаш прекинавме.
    Таквата работа треба дискотеките и локалите да си ја регулираат и да се има добар разговор со родителите пред да се излезе некаде. На пример, моите знаеле каде сум, со кој сум, што правам па никогаш не сум се дрогирала и не сум правела скандали.
    Ви се молам, се зафативте за работата што пола Македонија ја прави. Ако се одговара за малолетници тогаш треба и моите родители и сите родители да одговараат.
    Малку нанесена болка им е на родителите од тоа што децата им починаа во нелегална дискотека, па и пријави треба да де поднесуваат.
    Плус, газдата нели можел да претпоставува што ќе се случи во место каде НЕМА одобрение за пиротехника и целата дискотека е направена од сунгери?
    Стварно што мислел дека може да де случи????
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.924
    Допаѓања:
    117.733
    Пол:
    Женски
    Доволно е да се каже дека жената се спаси. Детали не знам кој би го интересирал освен жени на чешма. Олабавете со трачарење.
     
    Последна измена: 21 март 2025 во 10:28
    На rainbowec, JoyJoy, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.984
    Пол:
    Женски
    Се фативме за работа што пола Македонија ја прави?
    Сакаш да ми кажеш дека таа другата пола Македонија не го прави тоа од газдата?
    И тоа ли е нормално?
    До ова дереџе сме стигнати од тој муабет.


    Не можеме да чекаме другите да се сменат па на крај ние. Сите НИЕ сме системот, ако не нудам мито и не барам пријатели, ќе нема кој да земе. Додуша ако почитувам закон нема ни како да дојдам до пријател и мито…
     
    На Anyshka, azelea, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.