Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.984
    Пол:
    Женски
    Таму веќе донирав.

    Објавив на мојот профил и тука ќе апелирам, донирајте и таму прво на тие со 0 донации.
     
    На Thinkerbell., sj *O* и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  2. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    12.126
    Пол:
    Женски
    Да, и јас така сугерирам, да се пушти прво кај тие со 0 денари.
     
    На simoncelicius, eliesaab, Miss666 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.859
    Допаѓања:
    9.237
    Пол:
    Женски
    Инаку тие што имаат 0 денари не е со сигурност дека се 0. Кажаа дечките дека сумата не се корегира автоматски, туку уплатите им ги праќаат на вибер па така ги евидентираат. Ако некој уплати, а не прати на вибер, нема начин да се евидентира.
     
    На Ivan4e04, tambelina, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.120
    Допаѓања:
    33.651
    Пол:
    Женски
    Јас supportkocani не можам да ја отворам. Ми ја блокира некој антивирус од Телеком.

    Така што донирав на Црвен Крст и на Ecrowd.

    До сега преку Црвен Кртс собрани се 700000 евра. Црвен крст: Досега собрани 700.000 евра за настраданите - Канал 5.

    Останува сега да се молиме критичните да се опорават. Најкритично е во Словенија. Тројца од четворица се критично. Има критични и во Турција, Грција и Србија (кажаа Србите некој во Ниш е ептен критичен случај) БЕСПЛАТНО Е ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ, НЕМА ПОТРЕБА ОД СОБИРАЊЕ ПАРИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, РЕЧЕ ТАРАВАРИ - Сакам Да Кажам.
     
    На CameliaMiller, tambelina, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.680
    Допаѓања:
    40.892
    Пол:
    Машки
    Срамота.

    Screenshot_20250321_114325_Instagram.jpg
     
    На simoncelicius, CameliaMiller, Waverly Raven и 11 други им се допаѓа ова.
  6. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Женски
    Синоќа гледав немаше можеби денес ставиле повеќе.
    Знам така е, само што не е фер да одлучиме за кого ќе донираме. Кај тие што имаат најмалку пари таму да се донира.
     
    На Anyshka и JoyJoy им се допаѓа ова.
  7. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    4.940
    Затоа што на Владата не и текна, или нема кадар да организира една сметка која ќе распределува кај што треба. За некој да отвори таква сметка и да пререспределува пари од неа му требаат еден куп одобренија, не е само отвори и пуштај.
     
    На simoncelicius, Thinkerbell., FlowerMarija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    3.789
    Пол:
    Машки
    Судот го прифати предлогот на Обвинителството и одреди притвор за 13 лица од 19-те кои се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 луѓе, а околу 190 беа повредени.

    Меѓу 13-те за кои е одредена мерката e и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши. За останатите шест ќе се одлучува во текот на денешниот ден.

    НАЈНОВА ВЕСТ: Одреден притвор за 13 лица за пожарот во Кочани – News 24
     
    На Konfetka, CameliaMiller, Herrera и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.887
    Допаѓања:
    25.189
    Пол:
    Женски
    Ете пак кажаа дека лекувањето е безплатно тоа се подразбира се додека трае без разлика на временскиот период.
    И пак ќе кажам, не на секое дете му треба исто пари донација т.е за родителите ако им треба.
    Некако од многу помош што сакамњ да направиме све се испомеша и не е организирано како треба
     
    На BlackNight, H.VAGA, ForeverYoung и 3 други им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    219.746
    Пол:
    Женски
    Јас би донирала одма и веднаш финансии доколку знам лично на која сметка ќе заминат т.е на сметката лична на засегнатите.
    Лично од сега па понатаму ќе се заангажирам да пронајдам точни имформации, да донирам по линковите по фб, нема.

    Се зборува кој колку донирал, телекабел, бугарски пратеник итн ме интересира кој од нашава “политичка елита донира” милиони поседуваат ама јас не прочитав, мицковски, заев итн, не ги ни знам веќе кој се на функции да донирале… пу ј’зк ќе останат со милионче у минус, ќе осиромашат јадните, на миконос и монте карло нема да можат да одат да ги ожали човек.

    Два дена бараа човек Македонец од Пиза конкретно за превод, едвај најдоа изгледа и тоа не е сигурно, ја мислам фамилијата .. после се ми се оди директ у Пиза ама најискрено, можда луѓето и ги познаваме ;(
    Ах да ми беа овде во Падова и Венеција се ќе направев- се за нив. Рака во оган ќе ставев.

    20 те камермани во Србија што снимаа снимаа наши деца, наше блиско дете, им благодарам до небо и назад на Србија, али 20 камермани и што ти ја знам е нехумано и неетнички. Уствари не постои парола да се објаснеме. Срам и грев. Тешко повредените беа изложени на најразличен вид на тешки инфекции па како да не е доста 30 души се пикнаа да снимаат што? Изгорени деца? Деца во шок? Масакрирани деца?
    Шоу бре шоу, си правиме шоу од трагедии, што да кажам да не згрешам. Дно дна, мизерија ни е втор збор ко добро утро.

    Уствари не знам зошто и коментираме кога нема коментар само мизерија и трагедија и пепел.

    Зошто министерот за здраство не кажува дека се тешко повредени, со тешки последици дека не дишат самостојно дека се изгорени итн а тоа е вистината бидејки од странство ниту еден не кажа дека се добри ами критични и осакатени.

    Еве во Италија кажаа дека состојбата е очајна, има тим на специјалисти во специјални болници да се грижат за жал тешко критични луѓе, осакатени. И соопштија дека во нив има канцерогени честички кои се отровни од 1 степен, луѓето се изолирани на страна од можноста да не ги префрлат истите низ болницата и луѓето во нив.

    Па убаво кажа човекот во црвената јакна, еден меѓу единствеите што не се плашеше зда зборува транспарентно, на нас психијатри ни требаат а не политика во Кочани и министри и што ти ја знам што. Е сега ќе сределе. Што ќе средат? Знаете како оди кај нас муабетот.. “брат од горе не држат бе почекај смири се, не е време, нека спласне работата, нека се подзаборави, се ќе средиме брат немој да се секираш ама почекај не смееме да мрднеме сега од горе, од Скопје. Е така. Тоа е тај муабет за запалени за осакатени за мртви за све живо и диво.
    Да излеземе на протест не дај боже, абе главата ќе им ја отсечат ќе завршат несреќно у некој дел по нашиов ни исток никој ни чул ни видол несреќа беше. Ако не дај боже некој се осуди било што да каже.

    кој ќе каже @1209 бројче мило, се знаеме, знаеме како живееме на кој начин фунционираме, се плашат, со право, цел живот не држат на конци и јавно се закануаат, секоја чест на луѓето што од неподносливата болка почнаа да цркаат офкаат и зборат. И јас би и мојот маж би, искршија се, се нека искршат ништо не ни треба од тоа нивното корумпирано и мафијашко. И јас богами ќе кршам шо видам пред мене. И многу други верувам.

    Па може и намерно да била од надвор таква каква што е да не боде у очи, дрога, мафија, корупција и кој ти знае уште што не, тоа кај нас така фунционира нема што да те чуди, полицаецот, апсел све живо и диво а сега слушам го колнат ако му било ко апсел “наш народ” заслужено било оти апсел и бил еден од единствените што апсел све живо и диво и си ја работел работата.
    Рација, од други градови, абе луѓе истокот сме грст народ сите со сите се знаеме, да така паѓа у вода ова, а ако му било кажано да вака и така ќе направиш ко ќе влезиш а не онака и така како што е по закон тогаш тоа е друго 12 есет, оти па може да му лета главата за брзо и брзо ако е “немирен и не слуша” .
    Се самоубија полицајци, началници испектори ? Се испоубија? Кој знае, дел заминаа по америките зошто? Се прашуваш?

    Па нема да биде ако им имаат дадено иструкции за “мачкање очи” рација во наводници, тоа така оди кај нас, јас не се чудам на ништо све е веч видено, со години фунционираме како најголемо можно срање и мизерија.

    Нема нема, па ние сите се знаеме у исток, ја нисам одавде тешко дека ќе пројде.
    Мислам имало дојава за големо количество дрога. :puke:
    Али можда е кажано “од горе” рација со усул уствари да си играте рација а младината кутра преплашена испогорела у ве це 2 на 2 шо има врска овие играле рација од ваљда што им било кажано точно што како да прават.

    Не е тајна дека градоначалници и бивши градоначалници све тоа има диска клубови кафичи од секогаш. Се тоа е изврзано како црева од секогаш елај напрај му нешто. :yawn:

    Вчера зборев со мојата најдобра другарка за пријателка блиска роднина пријател колешки за многу плачевме и се тешевме, вика а улезеш у кочани на секој чекор врисоци плачења и брза помош само тоа се слуша ништо друго.
    Пепел не сторија , пепел.. не знам како ќе живееме навистина не знам, засекогаш се смени животот, засекогаш,не оти не бил ваков икс младина загина што од дрога што од мафија што од корупција тешко дишевме години умазад, грст свеќи една шака носиме на гробишта и не стигаат.. сега ова баш капакот од котелот беше. Уште ете ова ни фалеше.

    Наши роднини ќе ни дојдат сега, викаат не можеме мораме да ги извадиме децава од тука не бива, мора да смениме да се рехабилитираме инаку тешко нас.

    Пак нека продолжат од штабовите нека идат на митинзи фатени за уво или по куќи да делат пенкала :puke::puke::puke: за мочани 30 000 дали и толку и нека ќутат на заканите и уцените ете толку.
    Кој сака да избега од таму нека бега како може и колку може, пола сме у странство лично јас би помогнала на сите што сакаат да се спасат и да живеат подостоинствен живот.

    мила моја Македонијо, те носам секој ден во срце дел од душата си ми пеплосана распарчена мизерна секој еден ден си ми у душата, луѓето улиците … за џабе, ама Македонец си не можеш поинаку, ќе голташ кнедли ќе пиеш седативи и ќе се смееш по потреба е толку.
    Од одамна вака сме ние, сега што поматаму?

    со икс мајки сме пиеле кафе на дечињата, кажете ми за мајките.. кажете ми… јас да сум јажето, тоа е. И пре извесно време викав не е нормално бе, сега стана нормално ејј, стана нормално. Не им треба мицковски таму и оној другиот им треба психијатри им треба закон, им треба луѓе со емпатија, со култура со свест со осет, пијавици цицаат 35 години нели им беше доста?

    се искажав….. и јас сум дел од голготава и јас имам имот у голготава и јас еден ден не знам кој ќе биде ќе се вратам у голготава мизеријава.

    сите што ги знам се осакатени и критични не знам министерот ни за каква состојба под контрола зборува, во некаква заблуда е надеж или благослов од бога?!
     
    На Oneo, La-loca, dunika и 23 други им се допаѓа ова.
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.121
    Допаѓања:
    6.166
    Пол:
    Машки
    Кои се останатите 6?
     
  12. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.757
    Допаѓања:
    3.679
    Пол:
    Женски
    Некој прати линк погоре дека владата ги покрива трошоците за лекувањето на децата. Не верувам дека така се оставени луѓето сами на себе со сместување, пари, преводи.
    Се створи малце хаос од што сакаме сите да помогнеме. Во секој случај, никоја помош не е на одмет. Особено материјална.
     
    На JoyJoy и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  13. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.292
    Допаѓања:
    77.730
    Пол:
    Женски
    Се направи нова страница заради тоа што повеќето луѓе донираа на црвен крст, а родителите кажуваат дека немаат пари а се во странство, што не е срамота да се каже, напротив, и треба да се каже.
    Од црвен крст не кажаа дека префрлиле пари на фамилиите.
    Владата упорно тврди дека се е платено за лекувањето. Не велам дека не е платено, ама тие луѓе имаат потреба од храна, може таа што им е "платена" не ја јадат.
    Знам дека има наши што им помагаат со смештај и колку можат, ама обврска е на државата да се погрижи за се.
    Арно им ја направија страната со сметки, сега од владата фино лепо нека префрлат по 1 милион на сите родители.
    Ама дека немаме држава, народот сам ќе се организира и ќе си помага.

    Гледаме 30 и кусур години како се грижи државата за нас.
    Сами нека се фалат колку сакаат.

    Зарем после вакво колективно убиство на младите мислиш дека навистина им помагаат на родителите?
    Мислиш апелите за директна помош се онака само?
     
    На dunika, CameliaMiller, H.VAGA и 8 други им се допаѓа ова.
  14. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.757
    Допаѓања:
    3.679
    Пол:
    Женски
    Сега еве и на радио чув дека се ќе им биде покриено. Не видов директен апел од некој, прати линк ако можеш. Напротив, синоќа на вестите еден родител кажа дека се задоволни од поддршката.
     
  15. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.831
    Допаѓања:
    12.516
    Пол:
    Женски
    Не се апдејтирани сумите, мојата сума пример ја нема, а парите се веќе префрлени на таткото. Дечкото кај што се пуштаат скриншотс од донациите сабајле бил во утринска емисија и сигурно не стигнал да преброи.

    Затоа пишуваат сума до секое име и оставаат на нас да одлучиме кај да донираме. Сега треба да се донира кај тие со помалку средства.

    Оваа страна е моментална и ќе се донира додека луѓето не ги добијат парите од Црвен крст. Не знам што ви е чудно, луѓето преживуваат во странски земји, патуваат секој ден до болница, треба да јадат, вода да пијат, смештај итн. Колку мислите дека има заштеда просечен македонец? Повеќето живеат на кредити, месец за месец со минимална плата. Еве конкретно има две самохрани мајки со децата, едната во Белгија, другата во Шпанија (едната го изгуби синот во пожарот, а сега треба да биде до ќерката). Сигурно немаат заштеда за да преживеат неколку месеци во странство. Сметките се нивни лични, ако можете донирајте, ако не шерувајте, само не поставувајте глупи прашања.
     
    На Mother of 2boys, CameliaMiller, H.VAGA и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.831
    Допаѓања:
    12.516
    Пол:
    Женски
    Ќе биде ама кога? Парите им требаат сега.
    Еве директен апел, ова го имаше објавено брат му.
    IMG_9943.jpeg
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.146
    Допаѓања:
    8.203
    Пол:
    Женски
    Таравари кажа дека,лекувањето, сместувањето и патувањето за двајца придружници за сите кои се лекуваат во странство се бесплатни и апелираше да не се донира никаде на друго место освен на официјалните сметки наменети за тоа. Не знам како Црвен Крст може да си ги чува парите, реално не помина ниту една недела од трагедијава, неколку дена од остварањето на сметките, Црвен Крст кажа дека се во контакт со партнерските организации во сите земји ( значи ЦК во другите земји, тие помагаат на лице место во реално време) и дека прераспределбата на средствата оди по принцип на тоа кому му се најпотребни во моментот (по принцип на итност ако добро разбрав), собрани се околу 42 милиони денари. Реално во толку краток рок мислам дека повеќе и не е можно, треба само да се продолжи со исто темпо. Не може на сите исто да се префрлува од парите, затоа што некои пациенти ќе бидат згрижени две недели, некои можеби два месеци, нема логика, веројатно ЦК најдобро знае како постапува во ситуации на криза, секако подобро од нас овде, не им е сефте.
     
    На CameliaMiller, ForeverYoung, Lollipop_123 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.703
    Допаѓања:
    115.338
    Пол:
    Женски
    А што ли прават црвен крст бре? Кога ќе распределат пари на фамилиите? Немормални се???? Едно нешто не може ко шо треба да се истера. Срам да му е.
     
    На Flower27, joy1, Ivan4e04 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    1.610
    Пол:
    Женски
    Да не е на одмет секоја помош, јасно е дека е покриено за превоз, смештај и лекување ама не сите семејства имаат пари за трошок во странство и им треба помош. Додека се чека црвен крст да префрла пари убаво е сите по колку можеме да помогнеме преку страната supportkocani, ќе им се најде на луѓето, некои од нив може немаат доволно пари за јадење, автобус и сл. во Шпанија, Ливанија или Шведска.
     
    На eliesaab, baguf4e, SanelaS и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    336
    Тоа секако дека идеалната правда и идеалниот закон е никој да не оди малолетен во дискотеки. Истото важи и за мене кога сум била малолетна и за сите други што оделе.
    Ама моментално сметам дека во целата оваа трагедија дека тој проблем Е проблем, НО е најмал.
    Сметам дека треба да се фокусираме каде одиме и во кои шупи се буткаме сите колективно.
     
    На MeowMeow, Dennings, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.