Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Bube15

    Bube15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
     
  2. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    8.770
    Пол:
    Женски
    Ужас. Ужас. Ужас.

    Молам Бога да нема жртви во пожарот.

    :(
     
    На ЕмилијаEma му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.376
    Пол:
    Машки
    Сите се виновни, ама македончето е навикнато на селективна правда, па така сега се браниме ама овој вака ама оној така.
    Е тоа е причината шо сме тука кај шо сме !
    СВЕ ПО ЗАКОНУ !!! кој сака нека биде шо сака нека биде само тогаш ќе не биде иначе другото се е чукај празна слама.
     
    На Milaaaaaaaaaa, CameliaMiller, Снегулк@23 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.958
    Пол:
    Машки
    Апсолутно сите што се во осомничени се криви, се надевам барем уште толку ќе има. Ниедна работа нема по пропис направено. Да им речеле на сите 3еве 20 точки вака е според закон, се ова направете го спротивно на прописите, може ќе напраеле се ко шо треба. Од инат или пошо му се може

    Не е битно за родителите кој е најкрив, кој е помалку крив, кој е херој оти спасувал откако ги запалил прскалките.

    Од обезбедување, до прскалки, до малолетници, до абе ај некој мито земал за лиценца шо па ја данок да платам ако имам формален договор. Буквално се контра секое правило.

    Воопшто не се ослободени од одговорност членовите на групата, ако сите останати праеле криминал (градоначалник, министер, државен секретар, обезбедување, полицајци, газда земале и давале мито)
     
    На Malesia, simoncelicius и ЕмилијаEma им се допаѓа ова.
  5. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    1.610
    Пол:
    Женски
    Ги подметнуваат, секогаш се потпалени ваквите пожари. Градоначалникот кажа дека е ставен под контрола. Се надевам ќе го фатат пироманот.
     
    На Bube15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    8.770
    Пол:
    Женски
    Кажаа на вести не се знае уште од што причината. Но нетипично е за ова време од годината вакви големи пожари. Аман, да не се случи уште нешто:(

    Ако е причината човечки фактор, се надевам дека ќе го/ги фатат и ќе му/им лупнат дебела казна. Сè едни те исти палат, не размислувајќи за човечкиот живот. Нивното ѓубриште поважно од човечки живот не е! Сакам да се добие дебела казна ако е од луѓе направено. Во опасност ни е ставен животот на сите од вакви.
     
    На Anyshka, Malesia, Adidas888 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.988
    Допаѓања:
    9.149
    Пол:
    Женски
    Пратеникот Миле Лефков од Кочани не е засегнат од несреќава? Он не знаел што се случувало? Во нормална држава тој ќе си поднесеше оставка. Па уште и на толку патни трошоци што ги земаа не кажуваат колку пари донирале.
    Инаку бугарски пратеник собрал околу 30-40 000 евра донации. Нашиве појма немаат кај се, се кријат го кртови по дупки.

    ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВЛАСТА ДОНИРАА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ „Само заедно можеме да ги надминеме предизвиците“ - plusinfo.mk
     
    На Victorian, sj *O*, Miss666 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    3.333
    Пол:
    Женски
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.950
    Допаѓања:
    48.199
    Пол:
    Женски
    Што да кажам за бендов, сите што се над 30год ги знаат нивните почетоци и како се и тие дел од оние кои воведоа промена на мак. Музичка сцена, едни од најубавите мак поп песни.



    Да затворам очи и да слушам песна за прв пат веднаш би го познала гласот на Андреј …

    За младината што загина, гледав рилс на ФБ со нивните лица, преубава генерација замина во неповрат.

    Секоја година-две се поголеми и поголеми разочарувања, ова земја е дефинитивно проколната, џабе им мачкање очи ова ни во иднина нема да сопре.

    тешко тие што заминаа, тешко нас што остануваме неми сведоци на катастрофи.
     
    На Golden, Ivan4e04, Sielo❤️ и 35 други им се допаѓа ова.
  10. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.003
    Допаѓања:
    3.160
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да е успешно, повеќе сакам таму да се излечат како шо треба а не тука да се долекуваат.. немаме никакви услови за жал
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.146
    Допаѓања:
    8.203
    Пол:
    Женски
    Леле јас ѝ заборавив на ТНТ, Во боја е ептен убава песна :l: Слава им, живите да најдат утеха :l:
     
    На Mother of 2boys, Viktorijaaa5, Miss666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.120
    Допаѓања:
    27.159
    Шкртнете ги ДНК, и ставете било кое име на друг изведувач, исто ќе се случело.
    Шкртни го Пулс, стави друго диско и прскалки, исто ќе се случело. Порано или покасно.

    Темпирана бомба и таа, и многу други во држава во која се води сметка само да се наполни џебот.

    Моментално не излегувам често па не ги знам дискотеките какви се. А не искачам зошто ми е све иживеано, зошто ете и јас ко нападнативе деца искачав до 3, 4, до изгрејсонце на 16г, 17г, 18г, а замислете имав само 5ки, примерен ученик бев и станав успешен човек. Зошто нема ништо лошо во тоа млад човек во сабота да излезе на свирка на бенд кој го сака. Ко што и во ваква трагедија се прикажува дека младите се криви што излегле.

    Да се вратам на дискотеките, еве ќе кажам за дискотеките и од тоа време пред 20г и тогаш биле жив ризик. Ла фабрик во подрум со тесен излез. Тоа во гтц диското што менуваше имиња често, едни тесни скали нагоре двајца не можеа да се разминат, не па да се евакуираат. За места за до сабајле ко Балет и Џубокс не ни праиме муабет.

    И не се случувало ништо, се терал бизнисот, луѓето супер си проаѓале..

    Ниедна мајка не рекла 'сине те молам кога ќе влезеш во диско провери дали има излез за евакуација'. Ниеден газда не си помислил 'абе што ако избие пожар'. Ниеден млад човек не си помислил 'каде да одам ако има пожар'...

    се до 16 март, кога дошол ѓаволот по своето. На ДНК. Во Пулс.

    Затоа системски ова треба да се реши со длабоки промени. На секое можно ниво. Индивидуална одговорност, посебно не на пејач, нема да смени ништо ако системот остане трул. А ќе остане.
     
    На Ugly Duckling, Ivan4e04, MilaSs12 и 67 други им се допаѓа ова.
  13. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    1.610
    Пол:
    Женски
    Ирл имаа добар текст вчера, двајцата пратеници од Кочани појма немале дека се членови во Локалниот совет за превенција надлежен да ја подигне сигурноста и безбедноста на граѓаните на Кочани. Им се јавиле и ги прашале и овие не знаеле ни дека се членови, никогаш не се појавиле на седница. Толку од одговорноста, реално да од морални причини можеше да се даде оставка.
     
    На Antebellum, fashion-addict, Miss666 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.086
    Допаѓања:
    6.669
    Пол:
    Женски
    Знаеме како функционира ова со малолетниците, знаеш ли кој ми е татко и одма го пуштат.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    1.610
    Пол:
    Женски
    Точно, можеше да биде и Џубокс и Мусандра. И во Скопје не се нешто подобри диската. Еве и новово Пјур (бев еднаш после свадба и никогаш више) огромно е може и 1000 да собере мислам, и пак само еден влез. Во последно време сите диска се дувло на дилери и наркомани, не можеш во ве це да отидеш и служат само за да цути бизнисот со дрога. Пјур и Днк се последица на огромни пропусти и една темпирана бомба која кога тогаш ќе пукнеше. Реално можевме да бидеме и ние пред 15-20 години и било кое диско во Скопје.
     
    На TammiB5, Malesia, Снегулк@23 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    707
    Допаѓања:
    2.506
    Ова ми е една од најтешките недели. Црнила висат.
    Толку многу млади животи згаснаа. А секој од нив си имал зацртано цели, имале соништа, љубов, желби и штотуку почнале да живеат. Излегуваш среќен да си поминеш убаво и ете.. ;(
    Ах животе, една секунда те има друга те нема.

    За Андреј немам збор. Сите најдобри луѓе прерано ги снемува, од Тоше, Влатко, Андреј и ред други.
    Каков уникатен глас, срце поголемо од планина, и душата во момент му згасна.
    И возачот на брзата помош, маж во вистинска смисла на зборот, хуман.

    Лесна им земја на сите..
    Сакам да знаат дека нема да се заборавени никогаш.:l:
    Овие се лица за пример и љубов.

    И да додадам. Во нормална држава, барем еден ќе се прогласеше за неработен.
    Себично е. Гнасно.
    Вчера на работа секој се прави наудрен ко да не знаеме што црнило ни се фрли овие дена. Пукнав и од тага и од нервоза. Па чекај бе човек застани! Никој не е робот. Камен да е ќе пукне.
    Да бевме здружени еден со друг од самиот почеток наместо поделени, ова немаше да се случи.
    Али, алчноста дојде до овој највисок степен. Срамота за секој што е облиен во неа.
     
    Последна измена: 21 март 2025 во 21:44
    На Ivan4e04, Erika.greeneyes, ЕмилијаEma и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Bonnie Top

    Bonnie Top Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Ич не сакам да мешам политика ама мора темелно да се реформира цела администрација. Ако и во новите диска повторно ги има истите пропусти значи ништо не добиваме со затварање на претходни функционери. Сите треба да си ја сносат одговорноста, Преголема е. Почнувајки од тие што се приведени до актуелните што се сеуште на позиции кои се од значење за добивање на лиценца.

    Исто и мене кога ми текне по какви дупки сме излегувале, со тесни единствени влезови/излези никој не би спасил жива глава.
    За жал се падна во Пулс на 16 ти ;(
     
    На Erika.greeneyes, Malesia и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  18. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    8.438
    Пол:
    Женски
    Истото го размислував, за Пулс бидејќи се случи трагедијава и е од мало место ја прикажуваат како штала и како не била по стандарди, а уствари не знам дали има диско клуб во земјава по стандарди. Па во главниов град на сите места што ги паметам каде што сме излегувале како Ла Фабрик, Колосеум, зимското Хавана спроти ЈБТ, Миднајт од наше време или Мусандра во ГТЦ и многу други сите биле со еден влез по скали, а внатре преполни, нешто вакво да се случело тогаш, немало да заврши поинаку.

    Исто и за новиве згради што ги прават, фабрики, работни места мислам дека нема ништо безбедно и сигурно во државава, а тоа е затоа што не се почитува закон и се е корумпирано.

    Нека почиваат во мир сите што настрадаа, ама и ова ќе биде секое чудо за три дена, како за се кај нас, за жал.
     
    На Ivan4e04, Kate Rina 93, Scott Weiland и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.949
    Допаѓања:
    4.086
    Пол:
    Женски
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.945
    Допаѓања:
    117.768
    Пол:
    Женски
    Да да ама си ги носи изведувачот. Тоа што не се деси трагедија на некој друг е само случајност... тоа и други носеле не е оправдување
     
    На Konfetka, mal.ecka и Снегулк@23 им се допаѓа ова.