Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.836
    Допаѓања:
    12.546
    Пол:
    Женски
    Кои надлежни? Фирми си ги оддржуваат пп апаратите, ги проверуваат и затоа си плаќа газдата. Кој будала ќе плаќа на фирма само за да му стават печат? Кога веќе плаќам сакам се да биде сервисирано.

    @Karamela12 Државен инспекторат, ако успееш денеска да ги добиеш, крајно полиција.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dilajla123

    Dilajla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Верувај,не ги проверуваат,само ставале печат дека се исправни.Ова од луѓе што го виделе.Тоа дали фирма или ,некој од инспекторат го прави не знам искрено .
     
    На eliesaab и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  3. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.836
    Допаѓања:
    12.546
    Пол:
    Женски
    Инспектор само ќе те исконтролира, си има фирми што ги оддржуваат, законски мораш да ги оддржуваш, мада пред се треба да си човек прво ради себе и вработените, а после ради инспекција.
     
    На H.VAGA, Lotus Girl и Dilajla123 им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.360
    Допаѓања:
    137.625
    Администрацијата е корумпирана. Се тоа треба да се избрка од работа. Да се најдат и да летаат и јавно имињата да се кажат

    Да, МВР ќе ги собере Screenshot_2025-03-22-14-40-34-659_com.android.chrome-edit.jpg
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Да таму се, со парите шо не испокрадоа нас граѓаните и ни сменија име бизниси навелико си тераат у Дубаи.
    Додека ние му се смеевме на секоја изјава колку е глуп он си го пунел џебот без усул и си го токмел животчето у Дубаи.
    Племе
     
    На Sielo❤️, Skorpija25, Konfetka и 3 други им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.799
    Допаѓања:
    36.159
    Пол:
    Женски
    А, што да очекуваш кога во училиште ги учат вака? Еве, кај ќерка ми имаве ситуација каде наставничката ги советуваше дека треба да се борат за да бидат први, инаку немало да бидат приметени т.е ќе ги згазеле другите, поагресивните. :x
     
  7. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    1.720
    Пол:
    Женски
    Да, во Мвр, еве споделија вест од вчера, Свр уапсиле двајца. Вечер е Младенци па претпоставувам ќе има турбо работа за Мвр зошто невестите "мора" да слават.
     
  8. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    16.320
    Пол:
    Машки
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.279
    Допаѓања:
    270.568
    Закони постојат, гледам сега во групава на станари во координација со фирмава што ја одржува зградата, ги оспособиле на сите катови хидрантите.
    Инаку биле тргнати цревата оти претходно биле крадени (боже сачувај, ама тоа е).
    Инаку живеам во нова зграда, изнајмувам па не знам детали, ама скаливе за евакуација стварно ги чуваат слободни и вратите исправни, има два излеза од зградата, со тоа што едниот е преку гаражата, но има сигнали што работат. Тоа е ок, ама сега размислував и се сетив дека во претходната зграда каде што живеев, станарите што имаа гаражни места, си го имаа заклучено тој излез само за нив. Што ефективно направи таа зграда да има само еден единствен излез.
     
    На Bozica1980 и Цвет88 им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    41.052
    Пол:
    Машки
    Прилеп денес повторно од 18:00 како и цела недела, утре и Охрид:

    IMG_0023.jpeg
     
    На LejlaD, Miss666, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.275
    Допаѓања:
    22.458
    Пол:
    Женски
    Немаме скали помошни, ниту пп апарат, ниту хидранти, ниту аларм..
    Еден излез зошто на тарасата горе заедничка која меѓу другото беше и втор излез си доградија станови..
    Пред две години скоро имаше поплава, на цела зграда, и мојот стан, струја не е проверена, лифтот се бунеа зошто сме го изгасиле а истиот имаше до колена вода.
    И јас размислувам, после земјотресот, проверка немаше, после поплавата проверка немаше...
    Еве сега конечно најавија, па ги ставија малтене пред свршен чин комшииве што за се викаа не ни треба..
    Се молам да ги казнат и станарите, иако и јас би плаќала нели..
    Можда ќе им дојде памет.
     
    На eliesaab и Ahoy им се допаѓа ова.
  12. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Машки
    Редно е да се направи крупен исчекор во промена на политичкиот систем со цел да се скратат одредени средства кои непотребно се издвојуваат за хранење на бирократијата и реалокација на тие средства во секторите кои се од суштествено значење на нашава држава, како здравството и образованието. Мене ми е срам кога ќе прочитам дека во болниците има недостаток од постелнина! Тоа е есенцијален материјал во секоја болница. Мене ми е срам кога просиме донации за возила за брза помош, па и противпожарни возила. Очигледно од пандемијата, со посебен акцент на болничкиот капацитет и условите во самите болници, и од големите пожари кои не зафатија минатите години, повторно, неспремни, врегуваме во нова година во која ќе мора да се молиме дотрајноста на возниот парк да издржи уште една година! И повторно, догодина, ќе го обновиме овој наш ритуал, со некаква си можност некоја држава да ни донира одредени возила кои се од есенцијален карактер за функционирање на цел еден сектор!

    Не знам, имаме премногу општини, премногу министерства и премногу пратеници. Непотребно се трошат милиони евра на месечно ниво, а имаме болнички услови кои резултираат со една од највисоките стапки на мртви новороденчиња и родилки на европско ниво, и една од највисоките стапки на починати од Ковид, во болнички услови, на глобално ниво! Јасно, постои и недостаток на кадар, ама во истиот мора да се инвестира.

    Целата држава е во мрак поради бирократскиот механизам за добивање на потпис и печат благодарение на блиски врски, познанства и/или политички донации. Не е касно за редовни и вонредни инспекциски надзори, во сите институции и тела, може ќе се превенира некоја нова идна несреќа, ама мора да се плати и одредена политичка цена. Вака постои само пренесување на одговорноста за на крајот некој јадник, без политички врски и дебел паричник, да преземе најголем дел од вината. Алудирам на овој кој ги внел пиротехничките средства, а притоа настада во пожарот. Тоа не смее да се случи! Мора целосна и детална истрага и непристрасно судење.

    Починатите нека почиваат во мир, на нивните семејства им изразувам сочувство. Повредените што побрзо и што повеќе да зацелат, на нив и на навните семејства им изразувам поддршка во тој долг и мачен процес.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.245
    Допаѓања:
    36.458
    Пол:
    Женски
    Вака да апсеа за се' што ни се случило во државава ќе цветавме, колку народ се на слобода, а треба да се во затвор, ама полесно им е да апсат за музика што пуштале.
    Точно, денови на жалост се и не треба да се пушта музика, ама нека ги апсат сите.
     
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    41.052
    Пол:
    Машки
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.279
    Допаѓања:
    270.568
    Немаме посебни скали за евакуација, истите си се нормални скали карши лифтот. Опремени се со врати за евакуација на секој кат, и ако некој реши да остави цвеќиња, велосипеди и сл. го опоменуваат.
    Исто излезот кон гаражата е секогаш исто отклучен, со знаци за евакуација.

    На постарите згради што имаат посебни скали за евакуација надворешни, си имаат доградено кујни, шпаизи...
     
    На SummerGirl, fana и Цвет88 им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    41.052
    Пол:
    Машки
    Герила акција во Струга :u:

    IMG_0030.jpeg IMG_0031.jpeg IMG_0032.jpeg IMG_0033.jpeg
     
    На Ugly Duckling, Sielo❤️, Ivan4e04 и 38 други им се допаѓа ова.
  17. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    13.329
    Пол:
    Машки
    Еве во зградата кај шо живеам со соопштение од општината и советот на зградата, ќе се проверуваат хидрантите, хидрантската мрежа и пп алармите.

    Додека на работа, редовно има проверки на пп системите, пп апаратите и многу е принципиелен за тоа секторот за БЗР.
     
    На SummerGirl, BlackNight и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.093
    Допаѓања:
    34.546
    Пол:
    Женски
    https://vm.tiktok.com/ZMBBttjPf/

    Според ова што го кажува девојчето кое било во диското, секогаш имало прскалки, не само за ДНК.
    Сигурно нема да лаже.
     
    Последна измена: 22 март 2025 во 16:20
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.378
    Допаѓања:
    8.159
    Пол:
    Женски
    Може да ми кажеш во кој дел го слушна ова. Најдов еден подкаст каде што кажа дека не бил во Америка никогаш, дека уствари брат му бил. Ама дека не бил добар со паметот не го слушнав ова.
     
    На Bitter-Sweet и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.522
    Допаѓања:
    76.738
    Пол:
    Женски
    Јас како што видов имало да, ама имало мн пати (ЛАДНИ) прскалки, кои патем не палат, горат. На едно видео се гледа дури удира ептен во плафонот горе тоа што прска (а на друго видео во звучник удира).. но пак ќе речам тоа се сосема други прскалки. Дури и бојата им е поразлична, побело светат. Додека обичнава пиротехника е жолта, прскалката прска и постепено стивнува се до доле. А тие кога се гасат, наеднаш се гасат.. Побарај ги баш видеата и ќе приметиш... Не смеело да дозволат вакви обични да се запалат... ем за плафонот, ем ќе прсне во публика (некоја коса со лак може лесно да се запали)...
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.