1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.771
    Допаѓања:
    323.427
    Извини ама не се донации од народот тоа.
    Тоа се Буџетски пари кои се чуваат на конто за недајБоже за поплави, пожари и несреќи.
    Точно е дека не дал никој од нив од џеб ама парите ги насочуваат за овој настан.
    И од Црвен Крст парите не се нивни, донација од народот се ..
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    4.450
    Пол:
    Женски
    Кога ќе сватите, сватиме, сите, дека и од цигар можело да се деси ова, во оваа шупа, тогаш покажете со прстот накај Панчо, Андреј или кој и да е..
    Или инсталација да пукнела..

    Ако се било по пропис, немало да дојде до ова.. Крај.
    Ќе има вина Панчо, не викам не.. Прописно треба да има.. Ама да не остане само на него..
    Сите да сносат одговорност..
     
    На Erika.greeneyes, Ivan4e04, Trexane и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    3.458
    Пол:
    Женски
    Како поминуваат деновиве и колку подлабоко си размислувам правда целосна нема да има.Главна причина-тие деца никогаш повеќе нема да се вратат!

    Како што не се вратија ни оние со болницата,со Беса и со Дурмо.Ниту пак Фросина.

    Се споменуваат сите овие претходни случувања од трагедија на трагедија.Е,само во такви моменти се потсетуваме на нив.Или пак во случај на некое препукавање политичко ама меѓу народот.И после пак секој си продужува со темпото.

    И се молчи.Се молчи до секоја следна трагедија.И после некое време се плаче.Додуша некој плаче некое време,а некој цел живот.Зашто за жал само да плачат и им останало.Тоа за кое се радувале,заминало далеку.

    И така во круг,како да се чека само нова трагедија.Е,до тој левел чувствувам дека сме.

    И,немам надеж дека ќе има целосна правда бидејки тие што треба ја носат правдата,назначените потајно не водат до трагедии.Тие до овде не доведоаа.

    Меѓусебно се поврзани.А,законите кај нив се избришани.
     
    На elimkd, JoyJoy, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Крондилка

    Крондилка Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2025
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    65
    Што има врска чиви се прскалките, ако може да ми објасните?
     
  5. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Па за донацијата од народот зборам? Тоа се тие пари што во прва исплата ќе бидат по 150.000 за секој, тоа се собраните од донациите кон Црвен Крст. За тоа и е муабетот, само си го зборат како божем они од дома ги дадоа.
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.300
    Допаѓања:
    13.267
    Чекајте, тие пари се од тие што ние ги дониравме? И Владата тие пари ги дава и се фали со нив? Срамота е владава да става број за донации додека оди прес на портпаролката. Срамота. Имаат пари, нека си дадат, тоест немаат тие, тоа се народни пари. И што се 2.500 евра? Па малку е. Којзнае колку интервенции ќе им требаат на луѓево.

    Сите пратеници нека донираат, тоест досега требало да донираат. Дали донираа? Бугарскиот пратеник дошол во Кочани да ги донесе парите на семејствата. Ние сме шупа народ. Кај се нашиве пратеници? Бугарин дошол донел пари. Нашиве? Од Кочани, Штип, од секаде? И власта веќе се нервира што ќе има собири и дури објави во медиуми беа тргнати за собирот во понеделник. Ставено, па тргнато. Не забележавте? Ние не заслужуваме ништо, ич ништо, не сме само Турчинот да се врати, да не окупира тука, да ни стави еден кадија, и со стап да не отераат во задружните блокови да копаме како во песната на Рацин, од утро во мрак, е за тоа сме.

    Светиниколчани не се обештетени од пожарот, така? Па поминаа месеци, што чекаат? Како има за папаја, нема за изгорени куќи?
     
    На JoyJoy и spacegirl92 им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.589
    Допаѓања:
    127.930
    Пол:
    Женски
    Арно ти вели членката. Тие 150 илјади се од Владата за кои што СОЗР вели дека ќе се реализираат преку ЦК. Не се народните донации, тие се посебни.
    @Tanjamm
    https://sitel.com.mk/tomovski-po-15...oj-nastradan-za-prvichni-sekojdnevni-troshoci
     
    На JoyJoy и baguf4e им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.300
    Допаѓања:
    13.267
    Добро, првична помош пишува, се надевам и натаму ќе дадат.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.279
    Допаѓања:
    270.567
    Јас само се надевам дека Панчо нема да дојде ден да ги чита препискиве, си има суд, си има вештаци, за што е виновен и колку е виновен ќе си одговара.

    АМА, имајте ЧОВЕЧНОСТ.

    Панчо (и Андреј) лично не ги слушав, но знаев кои се од проста причина што секаде и за сè трчале да помогнат. Последни се што би посакале некому зло, и тие, исто како сите ние, терале "како и сите други". Апсолутно не биле во право што немале договор, што веројатно најчесто така и настапувале, ако е нивна пиротехниката, ќе одговара Панчо за тоа и верувам нема да проба да бега од одговорност.

    Виновни се и вратарите, баш затоа што "така им е кажано" и послушале, пуштиле премногу народ, пуштиле малолетници.

    Виновен е многу повеќе од овие газдата на дискотеката, а од него повиновни се само државните органи што ДОЗВОЛИЛЕ ова да се случува.

    За Панчо, јас не знам како тој човек ќе живее понатаму, колку физички ќе се опорави е едно, а психички опоравок од ова луѓе, нема. Не само што ги изгуби луѓето што 20 и кусур години соработуваше, на совест ќе му се и сите останати.

    Затоа, кога правиме муабет, посебно за него, воздржете се од суровост. Не сакаме да е следната жртва тој, несреќи се случуваат, за истите постои суд што ќе си пресуди, а ние може да не сме крвожедни и бесот да го насочиме кон оние што сè ова дозволуваат - ИНСТИТУЦИИТЕ.

    Ниту е само ДНК, ниту е само Пулс, ниту се само овие вратари, ниту се само овие келнери, ниту е само овој Деко, проблемот е многу, многу поголем.
     
    На neno0o, Kate Rina 93, Masnickaaa и 53 други им се допаѓа ова.
  10. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Јас не го сфаќам така затоа што истовремено ги збори донациите кои ќе се исплаќаат од понеделник. А воедно државата ќе ги покрие трошоците за странство заедно со Владата. Нејсе, да не се разбереме погрешно, јас изреагирав затоа што звучат како да се промовираат преку донации. Баш затоа и пишав дали е до мене работава :|
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.225
    Мислам за одредена катност треба скали,не сум сигурна можеби беше над 5 ката. И исто рака не мора да се надворешни, може да се внатрешни изолирани со јадро
     
    На JoyJoy и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  12. Dekorado

    Dekorado Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш не бунт, нема да знаат што чума ќе им се деси и на власт и на св. власт
     
  13. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    2.507
    Пол:
    Женски
    Не е уште докажано дека е од тоа. Гледав искази во емисии дека пожарот настанал подоцна. Можно е да се работи и за нешто друго, како што е електрична инсталација. Можеби е само случајност што токму над искрите се појавува, ама не знам дали има и од други агли да се види. Ако според извештајот на сите првичната причина за загинување е јаглерод моноксид, гас без мирис и вкус, се сомневам дека можеби настанало и претходно.
    Нека ги казнат за недозволено користење пиротехнички материјали секако, ама мислам дека треба и тој агол да се разгледа.

    Пак ќе си повторам, ако ова не допре до врвот на пирамидата, џабе ќе биде сѐ. Да не бил тој корумпиран врв, немало да стигне воопшто до ова. А ако не стигне, тогаш мора сите на улици. СИТЕ!
     
    На JoyJoy и Iva:) им се допаѓа ова.
  14. light <3

    light <3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2023
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Машки
    Нека почиваат во мир сите жртви на корупција во оваа држава , тоа што работите одма земаа политички замав говори дека тука никогаш нема ништо да се смени , после ова дефинитивно човек треба 100 пати да размисли дали сака да создаде семејство тука.Правда во Македонија никогаш нема да има !!!
     
    На JoyJoy, Miss666, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Крондилка

    Крондилка Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2025
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    65
  16. Крондилка

    Крондилка Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2025
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    65
    Едно прашање до сите тука, ако клуб ПУЛС ги повикал Рамштајн и Рамштајн си ја донесат цела пиротехника (затоа што им е во програма), дали Рамштајн ке се дрзнат да ги вклучат сите ракети и пламени без амин од газдата?

    Што е битно кој ги донел прскалките освестете се.
     
    На H.VAGA, elimkd, MB993 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    2.507
    Пол:
    Женски
    И на тебе е исто како и на сите нас да излеземе сите и да се побуниме. Луѓе уште не се свесни каква катастрофа се случи. Тие што мешаат политика помножете ги со 0 и НЕ дозволувајте да бидат погласни од останатите.
    Пишувал за политика - игнор.
    Спомнал нешто политички - игнор.
    Не му давајте никакви внимание. Нека пропадне во сопствените....
    Ако не му е мил животот нека продолжи така додека не дознае како е на сопствена кожа.
    Евентуално може да му пуштите снимки од криците на најблиските од протестите. Да слушнат, да почувствуваат болка случена заради партии и корупција.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.055
    Пол:
    Женски
    Ццц, Вучиќ, ми излезе на од некаде на you tube, оди кај повредените на интезивна нега и им збори, муабет им прави...
    Реклама прави, глупак, зар нема некој од медицинарите да му рече оти ги става во голем ризик од инфекции и на организмот му треба мир за да се опорави?
    Инаку, сите повредени беа свесни, кутрите, дали побарал согласност од нив :| за да ги снимаат?
    А дали и помислил на нивните семејства, дека ете како мене случајно можат да видат, посебно за оној дечкото што беше во кома.... :u:
     
    На elimkd и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.589
    Допаѓања:
    127.930
    Пол:
    Женски
    Таа што си ја споделила очигледно нема поим дека сите спомнати имаат вина. Разликата е само во тоа чија е помала, а чија е поголема.
    Тоа чии се прскалките е битно за Панчо оти тоа ќе му одреди колкав е неговиот удел. Само работата е да не му стават све на него бидејќи повеќе лица треба да одговараат, а дел од нив секако се повиновни од него.
     
    На JoyJoy, SummerGirl, jacqueline.s и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    3.458
    Пол:
    Женски
    И тој еден Деко е,ќе се дрзнам да кажам па колку сакајте нападнете ме на еден начин жртва,пиунче од системчево скапано.

    Да биле реални,чесни и одговорно да си ја работеле работата СООДВЕТНИТЕ ОРГАНИ И НИВНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ никој немало да оди и да се осуди да подмити,потплати и помине така.

    Им одговарало и на тие,нечовечните.
    Виделе пари.Се нашле овци и стрижи.

    Деко и уште многу во Македонијава како Деко нашле шанса,виделе дека може се така да си пројде и си рекле ајде што да не.Поише пари,а лошото сигурно нема кај мене на дојде.Уствари,не верувам ни дека некој и помислил на лошото.

    Чист пример имате професорки,универзитетски.

    Кај едната се поминуваа со бајадера и плико,кај другата со загреана столица пошто од генерации наназад мито или врски немало,се слушнало,се прашало и немало.

    И ај погодете кај која се дрзнал уопште некој да бара оценка и положено?

    Примеров е банален за ваква трагедија.Знам.Ама ако подлабоко размислите ќе ги протумачите малку корените.
     
    На Dekorado, Trexane, JoyJoy и 5 други им се допаѓа ова.